ковид пасош – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Aug 2021 10:26:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ковид пасош – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од денеска во Франција за секојдневните активности ќе ви треба ковид-пасош https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-deneska-vo-francija-za-sekojdnevnite-aktivnosti-kje-vi-treba-kovid-pasosh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-deneska-vo-francija-za-sekojdnevnite-aktivnosti-kje-vi-treba-kovid-pasosh/#respond Mon, 09 Aug 2021 10:26:11 +0000 https://kurir.mk/?p=548300

Во Франција, од денеска, секојдневните активности, како што се одење на кафе или возење со воз, ќе им бидат дозволени само на оние кои покажуваат потврда дека се вакцинирани, дека го прележале Ковид-19 или имаат негативен ПЦР-тест за коронавирус. Од денеска на сила стапи нова мерка. Новите построги правила, вклучително и задолжителна вакцинација на сите здравствени работници до 15 септември, ќе бидат на сила до средината на ноември и ќе важат за сите возрасни лица. Тинејџерите на возраст од 12 до 17 години ќе треба да имаат таков сертификат до 30 септември. Ресторани, меѓуградски автобуси, авиони, саеми и здравствени установи се само некои од местата каде што ќе треба да се покаже дигитална здравствена карта, која веќе е потребна од средината на јули за посета на кино, музеј или на поголем настан. Но, министерот за здравство, Оливие Веран, во неделата изјави дека некои правила нема да бидат толку строги како што е планирано, како што е валидноста на негативен ПЦР-тест до 72 часа, наместо 48. Самотестирањето е исто така можно, доколку се изведува под медицински надзор. Протестот против ковид-мерките во Франција привлече повеќе од 200.000 луѓе во текот на викендот. Масовни протести се одржуваат секој викенд откако претседателот Емануел Макрон објави промени од средината на јули за да го спречи растот на инфекциите со коронавирус. Од 67 милиони луѓе во Франција, околу 63 проценти примиле барем една доза од вакцината против Ковид-19. Повеќе од половина од нив се целосно вакцинирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-deneska-vo-francija-za-sekojdnevnite-aktivnosti-kje-vi-treba-kovid-pasosh/feed/ 0
Франција ја усвои проширената употреба на ковид-пасошот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-ja-usvoi-proshirenata-upotreba-na-kovid-pasoshot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-ja-usvoi-proshirenata-upotreba-na-kovid-pasoshot/#respond Mon, 26 Jul 2021 05:48:28 +0000 https://kurir.mk/?p=541721

Францускиот Парламент доцна синоќа ја усвои проширената употреба на ковид-пасошот, по викендот за време на кој се одржаа протести против таа обврска низ целата земја. Долниот дом на Парламентот со 156 гласа „за“, 60 „против“ и 14 воздржани го усвои текстот за задолжителна санитарна пропусница за влез во ресторани и превоз, како и за задолжителна вакцинација на здравствените работници. Горниот дом, Сенатот, веќе усвои текст претходно, за кој многумина сметаат дека ја ограничува слободата. Според усвоениот текст, нема да има отпуштања на лица кои не се согласуваат на задолжителна вакцинација против коронавирусот. Сепак, на тие вработени им се заканува суспензија на плата. Вакцината е задолжителна за медицинските работници, пожарникарите и оние кои работат со стари лица, додека санитарната пропусница (ковид-пасош), односно доказ за вакцинација, прележан вирус или негативен тест за коронавирус, ќе биде задолжителна за кафулиња, ресторани, саеми и патувања со авион и воз. За тој текст треба да расправа Уставниот совет на Франција. Во исто време, властите продолжуваат да промовираат вакцинација. Речиси 60 проценти од населението примило едина доза од вакцината против Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-ja-usvoi-proshirenata-upotreba-na-kovid-pasoshot/feed/ 0
ВО ГРЦИЈА ОФИЦИЈАЛНО ВОВЕДЕН КОВИД ПАСОШ – ова мора да го знаат сите што во иднина ќе патуваат во земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-oficijalno-voveden-kovid-pasosh-ova-mora-da-go-znaat-site-shto-vo-idnina-kje-patuvaat-vo-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-oficijalno-voveden-kovid-pasosh-ova-mora-da-go-znaat-site-shto-vo-idnina-kje-patuvaat-vo-zemjata/#respond Mon, 31 May 2021 08:37:50 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517122

Преку законски акт потпишан од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и објавен во Службен весник, Грција е меѓу првите земји што официјално и во пракса го воведува европскиот дигитален ковид сертификат, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретниот законски акт ги предвидува начинот на издавање и содржината на сертификатот, а генералниот секретар за координација на Владата Танасис Кондогеоргис, за грчката телевизија ЕРТ утрово објасни дека „Грција заедно со првите неколку земји ќе почне од утре да го спроведува“. Согласно објавениот акт, дигиталниот ковид сертификат содржи информации за состојбата на физичкото лице, односно за оној кој го поседува, во случај на вакцинација, резултат од последен брз молекуларен тест (рапид) или ПЦР тест или прележан Ковид-19. За сите три опции вклучени се основните лични податоци како што се име и презиме и датум на раѓање. Во случај на вакцинација, неопходни податоци се вид на вакцина, производител, број и датум на примените дози. За втората опција, односно негативен резултат од направен тест, сертификатот содржи податоци за видот на тестот, производител на тестот, датум на спроведување и установа во кој бил направен, како и резултатот. Доколку лицето кое го поседува сертификатот, прележало Ковид-19, тогаш потребен е податок за датумот на позитивен резултат. Европскиот дигитален Ковид сертификат официјално беше презентиран во петокот во Атина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-oficijalno-voveden-kovid-pasosh-ova-mora-da-go-znaat-site-shto-vo-idnina-kje-patuvaat-vo-zemjata/feed/ 0
Не се фалете на социјалните мрежи дека сте имунизирани, пасошот за вакцинација најбарана фалсификувана „роба“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ne-se-falete-na-socijalnite-mrezi-deka-ste-imunizirani-pasoshot-za-vakcinacija-najbarana-falsifikuvana-roba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ne-se-falete-na-socijalnite-mrezi-deka-ste-imunizirani-pasoshot-za-vakcinacija-najbarana-falsifikuvana-roba/#respond Sun, 30 May 2021 08:09:26 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516730

Во Германија во моментов најбарани се пасошите за вакцинација, а се појавуваат се поголем број на фалсификувани документи. Јавното обвинителство во Минхен соопшти дека сега пасошот за вакцинација е „најбарана факсификувана роба“. Преку онлајн платформи, може да се дојде до ваков фалсификат. -Цените на фалсификуваните пасоши за вакцинација со внесени вакцини против Ковид-19 се меѓу двоцифрен и низок троцифрен број, се наведува во соопштението. Постојат и „акции“ за оние кои нарачуваат повеќе од еден пасош. Полицијата укажува дека овие пасоши лесно се фалсификуваат, бидејќи бланко обрасците може легално да се нарачаат, а печатот на лекар лесно се добивал. Потребниот сериски број на вакцината фалсификаторите го превземаат од лицата кои се вакцинирале и со тоа се пофалиле на социјалните мрежи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ne-se-falete-na-socijalnite-mrezi-deka-ste-imunizirani-pasoshot-za-vakcinacija-najbarana-falsifikuvana-roba/feed/ 0
Постигнат договор за Ковид пасошите во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/postignat-dogovor-za-kovid-pasoshite-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/postignat-dogovor-za-kovid-pasoshite-vo-eu/#respond Thu, 20 May 2021 20:44:30 +0000 https://kurir.mk/?p=513074

Европратениците и земјите членки конечно постигнаа договор по четири часа преговори за дигиталните зелени сертификати кои треба да ги олеснат патувањата во ЕУ летово, јави дописничката на МИА од Брисел. Информацијата ја потврдија неколку дипломатски извори за медиумите, се очекува да биде официјализирана наскоро. Европската Комисија пред неколку недели предложи зелени сертификати, еден вид пасош кој содржи информации дали лицето е вакцинирано, дали прележало Ковид-19 и има антитела или негативен ПЦР тест. Европскиот Парламент бараше неколку измени за овие документи, како на пример името, но бараше и ПЦР тестовите да бидат бесплатни. Според првичните информации што пристигнаа Европската Комисија се заложила да мобилизира дополнителни сто милиони тестови за овие сертификати, главно за лицата кои патуваат често, додека земјите членки на ЕУ се заложиле да спречат дополнителни рестрикции како карантин и изолација, освен ако се пропорционални. Со усвојувањето на договорот пред крајот на овој месец Ковид пасошите би требало да станат реалност за почетокот на летната сезона и да помогнат да се намали штетата врз туризмот ширум ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/postignat-dogovor-za-kovid-pasoshite-vo-eu/feed/ 0
ЕУ се уште без договор за ковид-пасошот, разговорите продолжуваат утре https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-se-ushte-bez-dogovor-za-kovid-pasoshot-razgovorite-prodolzuvaat-utre/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-se-ushte-bez-dogovor-za-kovid-pasoshot-razgovorite-prodolzuvaat-utre/#respond Wed, 19 May 2021 07:01:47 +0000 https://kurir.mk/?p=512210

Лидерите на ЕУ доцна синоќа не успеаја да ги договорат деталите за европските ковид-пасоши, што големите туристички центри ги сметаат за витални за спас на претстојната туристичка сезона, јави ДПА. Преговарачите од Европскиот парламент, Европската комисија и владите на земјите-членки разговорите ќе ги продолжат утре, соопшти португалското претседателство со ЕУ. Дигиталниот сертификат може да ги отвори повеќето земји на ЕУ да се патува во рамките на Унијата уште од крајот на јуни, дури и кога пандемијата на коронавирусот продолжува и загриженоста за новите мутации на вирусот останува голема, додава германската агенција. Документот треба да покаже дали некое лице имало негативен тест за Ковид-19, неодамна заздравело од вирусот што ја предизвикува болеста или е вакцинирано. Ова може да обезбеди основа за откажување од барањата за карантин, што се актуелни за многу патувања во Унијата. Меѓутоа, останува на секоја од 27-те земји-членки да одлучи какви поволности носи сертификатот во рамкиите на нејзините граници. Германската европратеничка Корнелија Ернст синоќа изјави дека преговарачите не успеале да се договорат за основните прашања. -Дискусиите се вртеа околу клучните точки од договорот, како што е барањето на ЕП за пристап до бесплатни тестови за секого, додаде Ернст по вчерашните преговори. Европските законодавци,исто така, одбија да им се даде можност на одделни земји на ЕУ да воведат свои ограничувања за влез на пристигнувања од други нации на ЕУ, дури и ако имаат сертификат. Извршната европска власт во март го изнесе предлогот за „дигитален зелен сертификат“ и веднаш почна со преговорите. Комесарот за правда Дидие Рејндерс претходно нагласи дека прашањето за бесплатно тестирање е на националните влади. Грција веќе ги ублажи условите за влез за странски посетители, а Шпанија им дозволува на туристите од ЕУ да влезат во земјата со негативен тест. Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, досега е целосно вакцинирана една шестина од возрасната популација на Европската унија. Целта на комисијата до септември овој процент да се зголеми на 70 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-se-ushte-bez-dogovor-za-kovid-pasoshot-razgovorite-prodolzuvaat-utre/feed/ 0
Овие држави во Америка збранија воведување на ковид-пасош https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovie-drzavi-vo-amerika-zbranija-voveduvanje-na-kovid-pasosh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovie-drzavi-vo-amerika-zbranija-voveduvanje-na-kovid-pasosh/#respond Mon, 17 May 2021 05:47:12 +0000 https://kurir.mk/?p=511148

Вајоминг им се придружи на другите американски сојузни држави, меѓу кои се Алабама, Минесота, Јужна Каролина, Арканзас, Аризона, Флорида, Ајдахо, Монтана, Тексас и Јужна Дакота, што досега или донесоа закони или издадоа наредби за да го спречат воведувањето на ковид-пасоши. Гувернерот на Вајоминг, Марк Гордон, ги забрани ковид-пасошите со издавање на директива според која на никого не смее да му се забранува пристап до места или услуги врз основа на статусот на вакцинација. Во директивата на републиканецот Марк Гордон се наведува дека „програмите за ковид-пасош можат потенцијално да ја политизираат одлуката што не смее да се политизира“ ​-Со тое ние ќе ги поделиме нашите граѓани во ситуација кога е потребно единство во борбата против вирусот и ќе им наштетиме на оние кои медицински не се во можност да примат вакцина, забележа Гордон. Гордон додаде дека вакцината е „личен избор, темелен на лични околности“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovie-drzavi-vo-amerika-zbranija-voveduvanje-na-kovid-pasosh/feed/ 0
Ако патувате во оваа земја од 17 мај ќе добиете ковид пасош https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ako-patuvate-vo-ovaa-zemja-od-17-maj-kje-dobiete-kovid-pasosh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ako-patuvate-vo-ovaa-zemja-od-17-maj-kje-dobiete-kovid-pasosh/#respond Sat, 08 May 2021 16:03:46 +0000 https://kurir.mk/?p=507643

Британските туристи од 17 мај ќе добијат ковид пасоши, под услов да ги примиле двете дози на вакцината. Министерот за транспорт Грант Шапс рече дека оние кои биле вакцинирани може да ја користат апликацијата на Националната здравствена служба (НХС) за да го покажат својот статус, објави „Сан“. Луѓето кои ја немаат апликацијата ќе можат да побараат писмо од НХС, кое би го носеле со себе за време на патувањето. Информацијата следи откако министерот Шапс откри „зелена листа“ на земји каде Британците можат да одат на одмор – Португалија, Израел и Исланд. „Денеска го одбележуваме првиот чекор кон претпазливо враќање на меѓународните патувања, со преземени мерки за заштита на јавното здравје и да се осигураме дека нема да се отфрли тешко освоената победа за која сите се стремевме оваа година“, рече министерот Шапс. Тој додаде дека луѓето можат да очекуваат патувањето да биде малку поразлично ова лето – со подолго чекање на граница, во рамки на построгите мерки за спречување влез на нови видови коронавирус во Велика Британија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ako-patuvate-vo-ovaa-zemja-od-17-maj-kje-dobiete-kovid-pasosh/feed/ 0
ОФИЦИЈАЛНО: Хрватска воведува ковид- пасош, еве од кога https://arhiva.kurir.mk/svet/region/oficijalno-hrvatska-voveduva-kovid-pasosh-eve-od-koga/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/oficijalno-hrvatska-voveduva-kovid-pasosh-eve-od-koga/#respond Fri, 07 May 2021 10:32:35 +0000 https://kurir.mk/?p=507059

На денешната прес конференција на Главниот штаб, хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ говореше за воведување на таканаречените ковид-пасоши. - Тоа не се пасоши, туку дигитални зелени сертификати кои се однесуваат на олеснување на патувањето, рече Божиновиќ. Тој вели дека тие ќе претставуваат една проверка на граница и признавање на сертификати за вакцинација, прележаност и тестирање. - Од 1 јуни ќе можеме да ги издаваме овие сертификати, што е важно за нашата туристичка сезона, но и целокупната борба против епидемијата, рече Божиновиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/oficijalno-hrvatska-voveduva-kovid-pasosh-eve-od-koga/feed/ 0
Лажни ковид-пасоши се продаваат преку интернет- еве колку чинат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lazni-kovid-pasoshi-se-prodavaat-preku-internet-eve-kolku-chinat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lazni-kovid-pasoshi-se-prodavaat-preku-internet-eve-kolku-chinat/#respond Thu, 08 Apr 2021 18:11:00 +0000 https://kurir.mk/?p=494475

Лажни ковид-пасоши се продаваат преку интернет по поволни цени во голема измама што ги вознемири властите на многу земји кои сакаат да ги оживеат патувањата и економијата, велат експертите за кибер безбедност. Од Исланд до Израел, голем број земји почнаа да ги укинуваат ограничувачките мерки при преминување на границите за луѓето кои можат да докажат дека биле вакцинирани. „Луѓето се обидуваат да ги заобиколат правилата правејќи лажни документи, ставајќи ги во опасност животите на другите“, изјави за Ројтерс Бен Арора, основач на компанијата за кибер разузнавање Сајбл. Тој додаде дека неговите колеги и тој виделе мноштво страници на „дарк-веб“ каде се продаваат лажни документи „по цена на кикирики“. – Лажни документи за вакцинација може да се купат за 12 долари, додаде Арора, велејќи дека бројот на продавачи е зголемен откако се појавија на „дарк-веб“ кон крајот на февруари. Одед Вануну од компанијата за кибер-безбедност „Чек Поинт“ изјави дека истражувачите во компанијата утврдиле постоење на бројни реклами на „дарк-веб“ што нудат документи кои наводно биле издадени во САД, Русија и други земји. „Постои голема побарувачка за овие лажни документи“, нагласи Вануну. – Измамници се појавија и на регуларни веб-страници и на различни платформи, вели Чад Андерсон, безбедносен истражувач во DomaineTools. Минатата недела 45 државни обвинители на САД потпишаа писмо со кое го повикуваат раководството на Твитер, Ибеј и Шопифај да преземат итни мерки и да спречат продажба на лажни податоци на нивните платформи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lazni-kovid-pasoshi-se-prodavaat-preku-internet-eve-kolku-chinat/feed/ 0