ковид пасоши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Jun 2021 08:26:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ковид пасоши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хрватска од денеска издава ковид пасоши https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-od-deneska-izdava-kovid-pasoshi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-od-deneska-izdava-kovid-pasoshi/#respond Tue, 01 Jun 2021 08:26:40 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517530

Од денеска во Хрватска почнува издавање на ковид-пасоши, односно зелени потврди, а одлуката за тоа ја донела Владата на телефонската седница. Покрај олеснувањето на движењето на граѓаните при преминување на хрватските гранични премини, но исто така и граничните премини на земјите-членки на ЕУ со кои ќе бидат склучени билатерални договори, „ковид“ пасошите може да се користат и за други цели, во согласност со одлуките за болести на Централата. ЕУ-дигиталниот ковид сертификат го издава Министерството за здравство, а може да се побара и преку Интернет преку порталот е-Граѓани или физички на филијалите на Хрватскиот институт за здравствено осигурување. Граѓаните кои примиле една доза на вакцина можат да добијат сертификат, но тоа не значи дека ќе можат да влезат во сите земји на ЕУ, бидејќи на повеќето им е потребен влез со две дози, пренесоа хрватските медиуми. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-od-deneska-izdava-kovid-pasoshi/feed/ 0
СЗО со важна информација за ковид-пасоши: Даде препорака како да патуваме https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-so-vazna-informacija-za-kovid-pasoshi-dade-preporaka-kako-da-patuvame/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-so-vazna-informacija-za-kovid-pasoshi-dade-preporaka-kako-da-patuvame/#respond Mon, 19 Apr 2021 16:20:43 +0000 https://kurir.mk/?p=499395

Вонредниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) препорача потврдите за вакцинација да не бидат предуслов за меѓународно патување бидејќи вакцината е нерамномерно распределена меѓу земјите. Независни експерти од Комитетот, во соопштението објавено по состанокот минатиот четврток, се осврнаа на ограничените докази дали вакцинацијата против Ковид-19 го намалува ширењето на инфекцијата, како и на „нееднаквоста во глобалната дистрибуција на вакцините“. Затоа, Комитетот препорача државите да сметаат дека доказите за вакцинација ја продлабочуваат нееднаквоста и нееднаквата слобода на движење. Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ минатата недела донесоа сличен заклучок. Во договорениот заеднички став, кој ќе биде основа за преговори со Европскиот парламент, сертификатите за вакцинација не можат да бидат услов за слободно движење, нагласувајќи го принципот на недискриминација на лица кои не се вакцинирани. Европскиот парламент треба да се согласи за својата позиција подоцна овој месец, по што ќе може да започне разговори со Советот на ЕУ. Регулативата се очекува да биде донесена до крајот на јуни. Во средината на март, Европската комисија предложи воведување на дигитален зелен сертификат, т.н. ковид-пасош за слободно движење во ЕУ за време на пандемијата, што ќе биде доказ за вакцинација, негативен тест или прележан вирус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-so-vazna-informacija-za-kovid-pasoshi-dade-preporaka-kako-da-patuvame/feed/ 0
Јужна Кореја ќе издава дигитални „ковид пасоши“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzna-koreja-kje-izdava-digitalni-kovid-pasoshi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzna-koreja-kje-izdava-digitalni-kovid-pasoshi/#respond Thu, 01 Apr 2021 06:45:27 +0000 https://kurir.mk/?p=490608

Јужна Кореја ќе издава т.н. „пасоши за вакцинација“ на имунизирани граѓани против Ковид-19 и со тоа им се придружува на други држави со цел да го заживеат патувањето во странство, истовремено задржувајќи го под контрола ризикот од инфекција и ширењето на вирусот. Премиерот Чунг Сје-кјун изјави дека мобилната апликација, која ќе им овозможи на странските патници да покажат дигитален доказ за вакцинација, официјално ќе биде промовирана овој месец. – Воведувањето „ковид пасош“ ќе им овозможи на вакцинираните лица да доживеат закрепнување во нивниот секојдневен живот, истакна јужнокорејскиот премиер, објаснувајќи дека апликацијата користи блокчеин технологија за да се спречи фалсификување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzna-koreja-kje-izdava-digitalni-kovid-pasoshi/feed/ 0
ЕВЕ КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДААТ КОВИД ПАСОШИТЕ: Европскиот комесар го презентираше здравствениот сертификат (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eve-kako-kje-izgledaat-kovid-pasoshite-evropskiot-komesar-go-prezentirashe-zdravstveniot-sertifikat-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eve-kako-kje-izgledaat-kovid-pasoshite-evropskiot-komesar-go-prezentirashe-zdravstveniot-sertifikat-video/#respond Sun, 28 Mar 2021 18:45:01 +0000 https://kurir.mk/?p=488936

Европскиот комесар за единствен пазар, Тиери Бретон денеска во интервју за неколку француски медиуми го презентираше европскиот здравствен сертификат за вакцинација против ковид-19, притоа истакнувајќи дека „европскиот здравствен сертификат“ ќе им биде достапен на граѓаните од 15 јуни, но додаде дека нема да биде задолжителен. – Знаеме како ќе изгледа идниот здравствен сертификат, што ќе биде достапен од 15 јуни. Тоа ќе биде документ со информации за вакцинација и развиени антитела против ковид-19, истакна Бретон. Тој додаде дека сертификатот ќе биде достапен во дигитална или хартиена верзија, а ќе биде издаван од министерствата за здравство на земјите-членки на Европска Унија. „Ковид пасошот” ќе содржи информации за државјанството, видот на примената вакцината и за развиени антителата. Бретон наведе дека иако сертификатот нама да биде задолжителен ќе биде европскиот здравствен препорачан за авионските патувања, учество на важни настан или за влез на јавно место. Во отсуство на таков документ, неопходен ќе биде негативен ПЦР тест. Бретон наведе и дека забрзувањето на испораката на вакцини ќе и овозможи на Европа да го види „светлото на крајот од тунелот”. – Сега имаме 52 фабрики во Европа кои работат 24 часа на ден, седум дена во неделата за производство на вакцини против ковид-19, посочи Бретон. Тој додаде дека Европа има капацитет да ги произведе и да испорача 360 милиони дози вакцини до крајот на вториот квартал и 420 милиони дози потребни за постигнување колективен имунитет до средината на јули. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eve-kako-kje-izgledaat-kovid-pasoshite-evropskiot-komesar-go-prezentirashe-zdravstveniot-sertifikat-video/feed/ 0
ЕК предложи „ковид пасоши“- за да овозможи слободно движење на безбеден начин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-predlozi-kovid-pasoshi-za-da-ovozmozi-slobodno-dvizenje-na-bezbeden-nachin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-predlozi-kovid-pasoshi-za-da-ovozmozi-slobodno-dvizenje-na-bezbeden-nachin/#respond Wed, 17 Mar 2021 15:02:55 +0000 https://kurir.mk/?p=483752

Европската комисија денеска предложи воведување на Дигитален зелен сертификат за патување во земјите на ЕУ, познат како „ковид пасош“, кој ќе содржи податоци дали лицето е вакцинирано против коронавирусот, дали стекнало имунитет по прележаната зараза или има негативен ПЦР тест. – Функцијата на овој сертификат е да потврди дали лицето е вакцинирано, дали има негативен тест или дали закрепнува од Ковид-19 и има антитела, изјави пред новинарите претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Таа додаде дека податоците од „ковид пасошот“ ќе бидат признати од сите земји членки. – Целта на сертификатот е да овозможи слободно движење на безбеден начин, нагласи Фон дер Лајен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-predlozi-kovid-pasoshi-za-da-ovozmozi-slobodno-dvizenje-na-bezbeden-nachin/feed/ 0
ЕК: Ковид сертификатите ќе ја опишуваат медицинската состојба на лицето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-kovid-sertifikatite-kje-ja-opishuvaat-medicinskata-sostojba-na-liceto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-kovid-sertifikatite-kje-ja-opishuvaat-medicinskata-sostojba-na-liceto/#respond Tue, 16 Mar 2021 12:59:01 +0000 https://kurir.mk/?p=483201

Ден пред долгоочекуваниот предлог на Европската комисија за сертификатите со кои ќе треба да се олесни движењето во ЕУ, од оваа институцијата прецизираат дека целта на овој документ е да се опише медицинската состојба на лицето. Од Европската комисија уште еднаш потсетуваат дека овој документ не е “пасош“, ниту патна исправа, туку сертификат. -Документот ќе ја опишува медицинската состојба на лицата што го имаат. Има три димензии на здравствената ситуација: дали лицето е вакцинирано, дали лицето направило ПЦР тест или дали има имунитет по заздравување од инфекција со Ковид, рече портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер. Тој одби да открие повеќе детали од предлогот кој утре официјално ќе биде презентиран во Брисел од страна на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. Мамер додаде сепак дека Комисијата е свесна дека многу прашања остануваат отворени кои ќе треба да се проценуваат со тек на време, меѓу другото во однос на имунитетот и дали вакцинирано лице може да го пренесе вирусот. -Сертификатите имаат за цел да ја презентираат фактичката состојба за земјите членки да можат да спроведат политики поврзани за слободното движење, додаде портпаролот. Многу прашања остануваа неизвесни во овој момент, како на пример кои вакцини ќе бидат прифатени за влез во ЕУ. Според досегашните најави од Европската Комисија, не би требало да бидат прифатени вакцинации со руската или кинеската вакцини сѐ додека регулаторните тела во ЕУ не ги одобрат овие вакцини, и покрај тоа што некои земји членки веќе ги користат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-kovid-sertifikatite-kje-ja-opishuvaat-medicinskata-sostojba-na-liceto/feed/ 0
Лидерите на ЕУ се согласија да продолжат да работат на ковид-пасошите со цел да се овозможи туризомт за ова лето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-na-eu-se-soglasija-da-prodolzat-da-rabotat-na-kovid-pasoshite-so-cel-da-se-ovozmozi-turizomt-za-ova-leto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-na-eu-se-soglasija-da-prodolzat-da-rabotat-na-kovid-pasoshite-so-cel-da-se-ovozmozi-turizomt-za-ova-leto/#respond Fri, 26 Feb 2021 06:58:05 +0000 https://kurir.mk/?p=474047

Лидерите на Европска Унија синоќа се согласија да продолжат работат на сертификати за вакцините, со кои би се овозможил туризмот оваа лето. Германската канцеларка Ангела Меркел на вчерашниот Самит на ЕУ истакна дека техничката работа на така наречените ковид-пасоши би требало да заврши до лето, а некои земји, вклучително Франција и Белгија изразија загриженост дека олеснетото патување за вакцинираните луѓе би ги дискриминирало другите. Лидерите на 27 земји-членки на Унијата потврдија дека ќе ги задржат „цврстите ограничувања“ на јавниот живот и слободното движење поради појавата на новите видови на вирусот. – Мораме да се подготвиме дека ќе мораме континуирано да се вакцинираме подолг временски период поради новите видови на коронавирусот, посочи Меркел. Исто така и претседателот на Франција, Емануел Макрон наведе дека ЕУ „долгорочно ќе мора да живее со овој вирус“. Премиерот на Италија, Марио Драги побара поостар став на ЕУ кон фармацевтските компании кои доцнат во испораката на вакцини против Ковид-19. Додека претседавачот со Самитот на ЕУ и претседател на Европскиот совет, Шарл Мишел побара „поголема предвидливост и транспарентност“ од фармацевтските компании кои не ги испорачаа договорените количини вакцини, поради што не може да се реализира целта – вакцинирање на 70 отсто од возрасното население до крајот на летото во ЕУ. Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен изрази уверување дека е можно постигнување на таквата цел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-na-eu-se-soglasija-da-prodolzat-da-rabotat-na-kovid-pasoshite-so-cel-da-se-ovozmozi-turizomt-za-ova-leto/feed/ 0
Лидерите од ЕУ ќе зборуваат за „ковид пасоши“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-od-eu-kje-zboruvaat-za-kovid-pasoshi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-od-eu-kje-zboruvaat-za-kovid-pasoshi/#respond Thu, 21 Jan 2021 06:42:58 +0000 https://kurir.mk/?p=457796

Лидерите на ЕУ на денешниот онлајн самит ќе разговараат за епидемиолошката состојба во Европа и усогласувањето на мерките за борба против пандемијата, а една од темите може да биде идејата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да се воведе „ковид пасош“ за кој членките на ЕУ имаат различни ставови. Во писмото до претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Мицотакис предложи сертификатите за вакцинација да ги користат луѓе кои патуваат. – Иако не сакаме вакцинацијата да биде задолжителна или предуслов за патување, луѓето кои се вакцинирани треба да имаат слобода да патуваат, рече грчкиот премиер. Претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека тоа може да се реши со комбинација на сертификати за вакцинација и негативни тестови за ПЦР за оние кои не биле вакцинирани. Романскиот претседател Клаус Јоанис го отфрли предлогот на Мицотакис, велејќи дека „не е добро да се подели Европа на два дела“. На денешниот состанок, покрај Јоанис, се очекува и некои други лидери на ЕУ да изразат несогласување за таквиот предлог. Предлогот да се воведат сертификати за вакцинација не е нов за Европската комисија, која го разгледува уште од раните фази на пандемијата. Оваа идеја веќе беше спомената во Стратегијата за вакцинација на ЕУ на почетокот на декември како начин за подобро следење на стапките на вакцинација низ цела ЕУ. Според „Еурактив“, Комисијата работи на насоки за сертификати за вакцинација и особено на нивната „компатибилност“ за да можат да се користат и да се препознаваат ширум блокот. Кипар беше првата членка на ЕУ што почна со лобирање во декември за укинување на ограничувањата за влез во земја, како што е тест или карантин, за патници кои биле вакцинирани против Ковид-19. Некои други земји, како Данска, објавија дека имаат намера да работат на „пасош за вакцини“. Во исто време, Франција, која има голем број скептици во врска со вакцината, ја отфрли таквата идеја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-od-eu-kje-zboruvaat-za-kovid-pasoshi/feed/ 0
СЗО до своите членки: Не воведувајте обврска за доказ за вакцинирање или имунитет при патување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-do-svoite-chlenki-ne-voveduvajte-obvrska-za-dokaz-za-vakciniranje-ili-imunitet-pri-patuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-do-svoite-chlenki-ne-voveduvajte-obvrska-za-dokaz-za-vakciniranje-ili-imunitet-pri-patuvanje/#respond Fri, 15 Jan 2021 20:03:10 +0000 https://kurir.mk/?p=456015

Вонредниот одбор на Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги советуваше државите да не ги условуваат меѓународните патувања со докази за вакцинација или имунитет. Комитетот од 19 независни експерти го одржа својот шести состанок за една година, со кој претседаваше Французинот Дидиер Хосин, во време кога бројот на зпочинати од Ковид-19 се приближува на два милиони. Експертите дадоа голем број препораки кои генералниот секретар на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус ги прифати и им ги испрати на членките на Обединетите нации, се наведува во соопштението на организацијата. „Во овој момент не поставувајте обврска за докази за вакцинација или имунитет за меѓународно патување, бидејќи сè уште има клучни непознати информации за ефикасноста на вакцините во намалувањето на трансмисијата, а вакцините не се целосно достапн “, препорача комитетот на СЗО. „Доказите за вакцинација не треба да ги ослободуваат меѓународните патници од други ограничувачки мерки за намалување ризикот од зараза за време на патувањето“, се додава во извештајот. Комитетот ги повика државите да следат ја појавата на нови варијанти на коронавирусот, како што се оние во Велика Британија и Јужна Африка за да се процени ефикасноста на вакцините, лековите и дијагностичките тестови. СЗО исто така повикува на испраќање технологии до посиромашните земји за да се забрза глобалното производство на вакцини. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска, за време на посетата на Португалија, која го презеде претседателството со ЕУ, ја поздрави иницијативата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кој предложи воспоставување на потврда за вакцинација на ниво на ЕУ заради обнова на прекуграничните патувања во рамки на ЕУ. – Ја поздравувам оваа иницијатива. Овие сертификати мора да бидат заемно признаени и стандардизирани, рече таа. Постојат стравувања дека воведувањето на вакви сертификати може да ги дискриминира луѓето кои не ни имале пристап до вакцината. Фон дер Лајен вели дека ова може да се реши со комбинација на такви потврди и негативен тест за Ковид-19. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-do-svoite-chlenki-ne-voveduvajte-obvrska-za-dokaz-za-vakciniranje-ili-imunitet-pri-patuvanje/feed/ 0
Мицотакис бара воведување на ковид-пасоши https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-bara-voveduvanje-na-kovid-pasoshi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-bara-voveduvanje-na-kovid-pasoshi/#respond Tue, 12 Jan 2021 12:38:46 +0000 https://kurir.mk/?p=454279

Грчкиот премиер побара од ЕУ да воведе ковид-пасоши. Киријакос Мицотакис нагласува дека одлуката треба да се донесе што е можно поскоро со цел да се олесни слободното движење на луѓето кои примиле вакцина против Ковид-19. Очигледно, овој потег ги решава и дилемите за тоа како да се влезе во Грција ова лето, поточно, дека Атина нема да остави ништо на случајноста и дека, пред се за заштита на сопственото население, ќе воведе строги контролни мерки на граничните премини. Премиерот Мицотакис во писмото до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен подвлече дека „потребно е да се заземе заеднички став што е можно побрзо и да се договориме како ќе изгледа сертификатот за вакцинација за да можат сите земји да го прифатат“, пишува „Политико“. Мицотакис смета дека приоритет на ЕУ е што е можно поскоро да се обезбеди слобода на движење, иако Грција, како што нагласи, „нема намера вакцинацијата да ја направи задолжителна или задолжителен услов за патување, но дека на оние што биле вакцинирани треба да им се обезбеди можност да патуваат“. Премиерот Мицотакис очекува дека дискусијата за ковид-пасоши ќе биде една од главните теми на следниот самит на ЕУ, што ќе се одржи на 21 јануари. Со своето писмо, како што рече, сака да даде позитивен импулс за решавање на ова прашање, за што е неопходен заеднички став на сите европски земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-bara-voveduvanje-na-kovid-pasoshi/feed/ 0