ковид пропусници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 Nov 2021 09:20:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ковид пропусници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Влошена епидемиолошка ситуација во Данска, повторно воведени ковид пропусници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vloshena-epidemioloshka-situacija-vo-danska-povtorno-vovedeni-kovid-propusnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vloshena-epidemioloshka-situacija-vo-danska-povtorno-vovedeni-kovid-propusnici/#respond Wed, 10 Nov 2021 09:20:23 +0000 https://kurir.mk/?p=593499

Епидемиолошкиот одбор на данскиот Парламент вчера ги одобри владините планови за повторно воведување ограничувања поради пандемијата на коронавирус. Министерот за здравство, Магнус Хеунике, изјави дека огромното мнозинство пратеници се согласило дека Ковид-19 треба да се редефинира како болест што му се заканува на општеството. Одлуката првично ќе важи еден месец. Ова и дава на владата овластување да усвои мерки за ограничување на ширењето на коронавирусот без потреба од дополнително одобрение од парламентот. Доволно е одборот да се согласи со предложените мерки. Министерот за економија, Сајмон Колеруп, изјави дека од петок повторно ќе треба да покажуваат сертификати за Ковид-19 за да се влезе во ресторан или клуб. Ковид пропусниците сведочат дека лицето било вакцинирано, прележало Ковид-19 или има негативен тест. Тие мора да ги покажуваат возрасните и деца над 15 години. Сертификатите ќе бидат потребни и за настани со голем број учесници. Ова се однесува на концерти, конференции, саеми и забавни паркови. Нив че м,ора да ги покажуваат и посетители на болниците. Данска на 10 септември ги укина последните ограничувања наметнати во земјата за време на пандемијата, наведувајќи дека пандемијата е под контрола, но од средината на октомври, бројот на заразени повторно почна да расте.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vloshena-epidemioloshka-situacija-vo-danska-povtorno-vovedeni-kovid-propusnici/feed/ 0
Во Европскиот парламент ќе може да се влегува само со ковид пропусници: Некои европратеници сметаат дека ова е кршење на основните права https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-evropskiot-parlament-kje-moze-da-se-vleguva-samo-so-kovid-propusnici-nekoi-evropratenici-smetaat-deka-ova-e-krshenje-na-osnovnite-prava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-evropskiot-parlament-kje-moze-da-se-vleguva-samo-so-kovid-propusnici-nekoi-evropratenici-smetaat-deka-ova-e-krshenje-na-osnovnite-prava/#respond Thu, 28 Oct 2021 09:03:13 +0000 https://kurir.mk/?p=586929

За влезот во просториите на Европскиот парламент во Брисел, Стразбург и Луксембург од 3 ноември ќе биде потребна дигитална ковид-пропусница. Таа мерка, како што пренесува бриселскиот Политико, важи и за пратениците и за вработените во парламентот. Одликата ја донел генралниот секретар Клаус Веле, откако мнозинството претседатели на одбори и потпретседатели го поддржаа воведувањето на сертификатот. Новата мерка предизвика и бес меѓу поедини европратеници кои на тоа гледаат како кршење на нивните основни права. Во писмото до претседателот на парламентот, Дејвид Сасоли, тие посочија дека ЕП ќе биде првата институција во Европа што ќе воведе ваква мерка. - Тоа ќе биде кршење на основните принципи на демократијата. Избраниот претставник кој ги исполнува законските обврски, никогаш не смее да биде спречен да влезе во Парламентот, се наведува во писмото. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-evropskiot-parlament-kje-moze-da-se-vleguva-samo-so-kovid-propusnici-nekoi-evropratenici-smetaat-deka-ova-e-krshenje-na-osnovnite-prava/feed/ 0
СРБИЈА ВОВЕДУВА НОВА МЕРКА: Во угостителски објект ќе може без сертификат до 10 часот навечер, после 10 САМО СО СЕРТИФИКАТ! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-voveduva-nova-merka-vo-ugositetlski-objekt-kje-moze-bez-sertifikat-do-10-chasot-navecher-posle-10-samo-so-sertifikat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-voveduva-nova-merka-vo-ugositetlski-objekt-kje-moze-bez-sertifikat-do-10-chasot-navecher-posle-10-samo-so-sertifikat/#respond Wed, 20 Oct 2021 11:12:32 +0000 https://kurir.mk/?p=582508

По денешната седница на Кризната штаб во Србија, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека трговските центри, продавниците и јавниот превоз најчесто се контролирани, кога станува збор за носење маски. Правните лица и корона-редарите се казнуваат, а инспекциите ги посетуваат објектите во текот на денот. Одлуката на штабот е дека од оваа сабота, 23 октомври, од 22 часот навечер се воведуваат ковид сертификати за сите угостителски објекти. Тоа значи дека по 22 часот граѓаните нема да можат да бидат во затворен простор од овој тип, без владина пропусница. Инспекциите се подготвени, вели Брнабиќ, како и комуналните, кога станува збор за проверка на ковид-пропусниците. Комуналната полиција ќе ги контролира сите инспекции. Ковид-пропусниците не се само за вакцини - додава премиерката и забележува дека важечкиот сертификат е потврда за втората (не смее да помине подолго од 7 месеци од примањето на втората доза), односно третата доза од вакцината. Негативен PCR тест, не постар од 72 часа, е исто така задолжителен ако сакате да седите во затворени простории по 22 часот. Антигенскиот тест не смее да биде постар од 48 часа. - Ако сакате свадба на отворено, не ви треба ковид-пропусница. Исто така, ако сакате прослава во ресторан, која трае до 22 часот, исто така, не мора ковид-сертификат. Не треба да се вакцинираат сите гости што доаѓаат, но тогаш мора да се тестираат - додаде Ана Брнабиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-voveduva-nova-merka-vo-ugositetlski-objekt-kje-moze-bez-sertifikat-do-10-chasot-navecher-posle-10-samo-so-sertifikat/feed/ 0
Во Србија се бара воведување на ковид пропусници https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-se-bara-voveduvanje-na-kovid-propusnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-se-bara-voveduvanje-na-kovid-propusnici/#respond Mon, 06 Sep 2021 11:41:52 +0000 https://kurir.mk/?p=560120

Во Србија со зголемување на бројот на заболени од Ковид – 19, паралелно со апелите за вакцинација која слабо се одвива, се повеќе се зголемуваат и барањата за воведување ковид пропусници, јави дописникот на МИА од Белград. Координаторот на пунктот за вакцинација на Белградскиот саем, Зоран Бекиќ изјави денеска дека е за воведување ковид пропусници затоа што е дојдено „вистинско време“ за тоа и дека тоа е помошта со која се штитат животи. Бекиќ за ТВ Прва посочи дека интересот на граѓаните за вакцинација, со растот на бројот на заразени лица, не е зголемен. -Многу е потешко да се лекува пациент, отколку да се воведат ковид пропусници. Ако избираме помеѓу ова, мислам дека изборот е многу лесен, изјави Бекиќ. Според него, пропусниците треба да им помогнат на невакцинираните луѓе, „бидејќи тоа ќе ги намали контактите, нема да можат да влегуваат во ресторани или кафулиња“. -Тоа не е дискриминација, туку помош за јавното здравје, бидејќи така се штитат животите на невакцинираните луѓе, рече тој. И вирусологот и микробиолог во Ветеринарниот институт во Краљево, Миланко Шеклер денеска се заложи за воведување ковид пропусници, нагласувајќи дека оваа мерка требало да се воведе многу порано. Тој за РТС изјави дека би вовел ковид пропусници ако бројот на нови пациенти продолжи да расте, така што оние што го прележале Ковид-19 или биле тестирани, можат да влезат каде било. Според него, тоа е единствената мерка што треба да се почитува и спроведува, имајќи предвид дека главните жаришта се преполните спортски сали без никакви епидемиолошки мерки, како и големите прослави. -Не можете да дозволите да пуштите 20.000 луѓе, бидејќи игра репрезентацијата, и да ви е сеедно кој дошол и како влегол. Навивачите би дошле според некои принципи, за на тој начин да ги промовираме ковид пропусниците и да покажеме на дело дека тое се може, изјави Шеклер. Тој наведе дека 50 отсто од населението во Србија е вакцинирано и предупреди дека „никогаш нема да биде нормална ситуацијата ако продолжиме да се однесуваме вака“. -Бројот на хоспитализирани се зголемува, честопати ќе слушнете – видете го Израел, ја даваат третата доза, и што им вреди тоа. Здравствениот систем е растоварен, нема смртни случаи – наша идеја не е никој да не се разболи, туку што е можно помалку луѓе да бидат изложени на ризик за сопствениот живот или да го загубат животот, објасни Шеклер. Тој додаде дека минатата недела беа заразени повеќе од 3.500 луѓе. -Ќе видиме утре кога ќе се вратат бројките, рече Шеклер. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-se-bara-voveduvanje-na-kovid-propusnici/feed/ 0