Со најновата одлука за Република Грција се утврдуваат новите услови за влез, кои важат за периодот од 7 до 24 февруари 2022 година. При тоа се наведува дека влезот на патници од земјите - членки на ЕУ и Шенгенскиот договор, како и од 33-те земји кои не се членки на ЕУ, а кои се приклучија на системот за дигитални сертификати COVID на Европската унија (European Union Digital Covid Certificate, EUDCC), меѓу кои е и Република Македонија влезот е дозволен со прикажување на Европски дигитален сертификат, односно алтернативно според следниот редослед:
Сертификат за вакцинација: доколку имаат навршено најмалку четиринаесет (14) дена од вакцинацијата и не повеќе од 9 месеци по завршувањето на основната вакцинација или без временско ограничување за патниците кои ја примиле и третата доза, потврда за прележана болест по лабораториско тестирање со методот PCR или по контрола со користење на брзи антиген тестови (rapid test). Европскиот дигитален сертификат за прележана болест се издава четиринаесет (14) дена по првиот позитивен тест и неговата важност трае до сто и осумдесет (180) дена по тестот; или негативни резултати од лабораториски тест со методот PCR спроведен во последните седумдесет и два (72) часа пред нивното пристигнување во Грција или со брз антиген тест (rapid test) во рок од дваесет и четири (24) часа пред пристигнувањето во Грција.
Додека, од утре (8 јануари 2022 година), нови услови за влез на патници од Македонија во Холандија. Министерството за здравство во Холандија ја класифицираше Република Македонија како „зона со многу висок ризик“, значи едно ниво повисоко од досегашното.
За сите патници од Македонија кои патуваат за Холандија, ќе важи правилото за задолжителен карантин.
Од друга страна, вакцинираните патници (две вакцини и дополнителна трета вакцина/бустер) кои патуваат од многу високо ризични земји не мора да одат во карантин.
Достапни информации на следниот линк: Exemptions to the mandatory quarantine requirement | Coronavirus COVID-19 | Government.nl.
]]>Со најновата одлука за Република Грција се утврдуваат новите услови за влез, кои важат за периодот од 7 до 24 февруари 2022 година. При тоа се наведува дека влезот на патници од земјите - членки на ЕУ и Шенгенскиот договор, како и од 33-те земји кои не се членки на ЕУ, а кои се приклучија на системот за дигитални сертификати COVID на Европската унија (European Union Digital Covid Certificate, EUDCC), меѓу кои е и Република Македонија влезот е дозволен со прикажување на Европски дигитален сертификат, односно алтернативно според следниот редослед:

]]>