ковид сертификати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 Jun 2022 05:37:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ковид сертификати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕУ: Дигиталните сертификати за Ковид-19 остануваат на сила уште една година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-digitalnite-sertifikati-za-kovid-19-ostanuvaat-na-sila-ushte-edna-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-digitalnite-sertifikati-za-kovid-19-ostanuvaat-na-sila-ushte-edna-godina/#respond Tue, 14 Jun 2022 05:42:00 +0000 https://kurir.mk/?p=690470

Правилата на Европската унија за дигиталните сертификати за коронавирусот ќе останат во сила уште една година поради се уште актуелната пандемија на болеста. Претставниците на Европскиот парламент и на владите на земјите-членки синоќа се согласија да ги продолжат правилата до 30 јули 2023 година, соопшти француското претседателство со Советот на ЕУ, додавајќи дека прописите би можеле да бидат укинати и порано доколку ситуацијата го дозволи тоа. Сертификатите беа воведени како мерка за олеснување на движењето на луѓето за време на пандемија. Користејќи QR-код сертификатите даваат информации за тоа дали некое лице било вакцинирано против Ковид-19, имало негативен тест или ја прележало болеста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-digitalnite-sertifikati-za-kovid-19-ostanuvaat-na-sila-ushte-edna-godina/feed/ 0
ЕП го поддржа продолжувањето на шемата за ковид-потврдите за уште една година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-go-poddrza-prodolzuvanjeto-na-shemata-za-kovid-potvrdite-za-ushte-edna-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-go-poddrza-prodolzuvanjeto-na-shemata-za-kovid-potvrdite-za-ushte-edna-godina/#respond Thu, 05 May 2022 13:08:55 +0000 https://kurir.mk/?p=672405

Европскиот Парламент денеска ја поддржа одлуката за продолжување на шемата за употреба на дигиталните ковид-сертификати за уште една година, за што веднаш ќе започнат преговори со Советот.

За да се осигури дека граѓаните на ЕУ имаат корист од слободното движење без оглед на развојот на пандемијата на Ковид-19, Европарламентот на пленарна седница ја поддржа одлуката за отворање преговори со земјите-членки за 12-месечно продолжување на шемата за употреба на дигиталниот ковид-сертификат, која треба да истече на 30 јуни.
Покрај продолжувањето на шемата за употреба на ковид-сертификатите до 30 јуни 2023 година, ЕП го поддржа и предлогот да им се дозволи на земјите-членки да издаваат потврди врз основа на нови видови тестови за антигени. – Пандемијата не е завршена, најлошото да, но пандемијата не е. Потребно е временски ограничено продолжување, изјави известувачот, социјалдемократот Хуан Фернандо Лопез Агилар. Одлуката за дигитални ковид-сертификати беше донесена во јуни 2021 година, со цел да се олесни слободното движење во Европа за време на пандемијата, за ограничен период од 12 месеци кој истекува на 30 јуни оваа година. Во февруари, Комисијата предложи продолжување на нивната важност за уште една година. Европратениците сметаат дека земјите-членки треба да избегнат дополнителни ограничувања на слободата на движење за оние кои имаат ковид-потврда, освен ако тоа е апсолутно неопходно.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-go-poddrza-prodolzuvanjeto-na-shemata-za-kovid-potvrdite-za-ushte-edna-godina/feed/ 0
Мехмедовиќ: Нема никаква логика во овој момент да ги укинеме ковид-сертификатите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mehmedovikj-nema-nikakva-logika-vo-ovoj-moment-da-gi-ukineme-kovid-sertifikatite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mehmedovikj-nema-nikakva-logika-vo-ovoj-moment-da-gi-ukineme-kovid-sertifikatite/#respond Tue, 08 Feb 2022 14:31:26 +0000 https://kurir.mk/?p=628707

Во овој момент нема апсолутно никаква логика тоа да биде направено затоа што ковид-сертификатите својата важност ја добиваат преку тоа што ги штитат оние што не може да ги имаат, рече докторот Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести. Тој вели дека е рано да се размислува за тоа бидејќи ние сè уште сме во фаза на широка трансмисија на вирусот и не може да правиме споредба со други европски земји затоа што кај нив има голем процент (над 80 отсто) вакцинирано население, додека кај нас тој процент е само 40 отсто. „Со укинување на сертификатите кои важат за контрола на движење на граѓани во затворен простор каде е најголема опасноста од трансмисија, многу е веројатно дека ќе направиме поголема трансмисија на вирусот со укинување на сертификатите без разлика на искуството кое го применуваат останатите земји како што Велика Британија, Данска и другите. Кај нив имунитетот постигнат преку имунизација или вкупниот имунитет преку имунизација и прележување на болеста е значително поголем отколку кај нас. Не треба да заборавиме дека кај нас процентот на вакцинација е 40 отсто од населението. Споредено со тоа, во Данска имате 85 проценти или во Велика Британија некаде над 80 проценти од населението е вакцинирано. Не може да ги гледаме работите индивидуално, односно да кажеме дека останатите земји кои ги укинуваат сертификатите даваат добар пример и дека треба да го следиме. Треба да видиме каква е епидемиолошката состојба кај нив, каков е имунитетот кој го имаат создадено и ако тоа одговара на нашата епидемиолошка состојба тогаш да го примениме“, рече Мехмедовиќ на денешната прес-конференција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mehmedovikj-nema-nikakva-logika-vo-ovoj-moment-da-gi-ukineme-kovid-sertifikatite/feed/ 0
Хрватска размислува за делумно укинување на Ковид сертификатите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-razmisluva-za-delumno-ukinuvanje-na-kovid-sertifikatite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-razmisluva-za-delumno-ukinuvanje-na-kovid-sertifikatite/#respond Mon, 07 Feb 2022 14:40:44 +0000 https://kurir.mk/?p=628132

Директорот на Институтот за јавно здравје на Хрватска, Крунослав Чапак, денеска изјави дека Европската комисија наскоро ќе ги признае брзите антигенски тестови и дека за тоа се залагаат 18 земји членки и најави делумно укинување на ковид сертификатите. Тој додаде дека ковид сертификатите ја губат својата важност откако се појави омикрон варијантата. Тој рече дека Хрватска размислува делумно да се откаже од сертификатите за ковид, како и некои европски земји. - Ковид сертификатите ја губат својата важност откако пристигна омикрон варијанта на вирусот. Омикрон варијанта го заобиколува имунолошкиот систем. Имаме околу 40.000 реинфекции од почетокот на годинава, а до нова година имало околу 10.000 вкупно - рече Чапак и додаде дека јавноста за се ќе биде навремено информирана. Чапак објасни дека Хрватска неколку пати кажала дека е неправедно да не се препознае надминувањето на болеста со брзи антигенски тестови. - Минатата недела добивме информација дека се подготвува акт на Европската комисија со кој ќе се препознае брз антиген тест. Се надеваме дека тоа ќе се случи што е можно поскоро - вели Чапак во изјава за Хрватската радио телевизија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-razmisluva-za-delumno-ukinuvanje-na-kovid-sertifikatite/feed/ 0
Од денеска се сметаат за невакцинирани: Во Грција престанува да важи сертификатот за вакцинација- еве за кои лица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-deneska-se-smetaat-za-nevakcinirani-vo-grcija-prestanuva-da-vazi-sertifikatot-za-vakcinacija-eve-za-koi-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-deneska-se-smetaat-za-nevakcinirani-vo-grcija-prestanuva-da-vazi-sertifikatot-za-vakcinacija-eve-za-koi-lica/#respond Mon, 07 Feb 2022 06:15:17 +0000 https://kurir.mk/?p=627841

Граѓаните во Грција кои вакцинацијата ја завршиле пред седум месеци и не примиле бустер доза од денеска се сметаат за невакцинирани, престанува да им важи сертификатот за вакцинација и ги губат сите привилегии, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретната одлука, првично, планирано беше да стапи во сила на 1 февруари, меѓутоа поради снежната бура и прекинот во процесот на имунизација, Министерството за здравство на Грција, на граѓаните им даде дополнителен период од неколку дена. Согласно министерската одлука објавена во Службен весник на Грција, од денеска, полнолетните лица кои се вакцинирани и поминале седум месеци од втората доза или три месеци доколку се работи за вакцина со една доза, се сметаат за целосно вакцинирани само доколку ја примиле и бустер дозата. Според грчките медиуми, околу 300.000 граѓани спаѓаат во конкретната категорија и од денеска веќе се сметаат за невакцинирани. Документ поврзан со Ковид-19, односно сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или негативен тест се задолжителни речиси за секаде во Грција, со исклучок на супермаркетите, аптеките, продавниците за храна,бензинските пумпи, а во одредени објекти, како што се затворените простори на угостителските објекти, кафулињата, но и ноќните клубови, не постои опцијата за влез со негативен тест. При влез во сите објекти, сертификатите се скенираат со специјална апликација, а потребен е и документ за личен идентификација. Правилата, како што е пракса во Грција од почетокот на пандемијата, освен за Грците, важат и за туристите. Иако за влез во земјата европските сертификати за вакцинација и за прележан Ковид-19 се со важност од девет, односно шест месеци, сепак во внатрешноста на земјата, времетраењето е седум и три месеци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-deneska-se-smetaat-za-nevakcinirani-vo-grcija-prestanuva-da-vazi-sertifikatot-za-vakcinacija-eve-za-koi-lica/feed/ 0
Да се продолжи употребата на ковид-сертификати, предлага Европската комисија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/da-se-prodolzi-upotrebata-na-kovid-sertifikati-predlaga-evropskata-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/da-se-prodolzi-upotrebata-na-kovid-sertifikati-predlaga-evropskata-komisija/#respond Thu, 03 Feb 2022 12:55:06 +0000 https://kurir.mk/?p=626472

Денеска, Европската комисија предложи да се продолжи употребата на дигиталните сертификати за ковид на ЕУ до 30 јуни 2023 година, со оценка дека вирусот Ковид-19 сè уште е распространет во Европа и дека граѓаните мора да се осигураат безбедно да патуваат во ЕУ и да користат сертификати. „Мора да бидеме подготвени за евентуално зголемување на инфекциите во вториот дел од оваа година или од појава на нови соеви“, соопшти ЕК. Комисијата наведува дека потврдите за ковид се вонредна мерка и дека ќе бидат укинати кога веќе нема да бидат потребни. Комисијата, исто така, предложи вклучување на висококвалитетни лабораториски антигенски тестови меѓу видовите тестови за кои може да се издаде сертификат за тестирање, како и евиденција за бројот на дози администрирани во која било земја-членка, а не само во онаа што издала сертификат. Европскиот парламент и Советот на ЕУ треба да одлучат за предлогот на Комисијата за да влезат во законска процедура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/da-se-prodolzi-upotrebata-na-kovid-sertifikati-predlaga-evropskata-komisija/feed/ 0
Полицијата влезе во Дојран, детали од МВР по информациите за фалсификувани сертификати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policijata-vleze-vo-dojran-detali-od-mvr-po-informaciite-za-falsifikuvani-sertifikati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policijata-vleze-vo-dojran-detali-od-mvr-po-informaciite-za-falsifikuvani-sertifikati/#respond Thu, 06 Jan 2022 13:20:39 +0000 https://kurir.mk/?p=616489

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Струмица- ОВР Гевгелија во текот на вчерашниот ден по претходно добиена судска наредба од Основен суд Гевгелија, извршија претреси на три локации поради основано сомнение за сторено кривично дело, а во врска со наводите за фалсификување сертификати во казино во Дојран. -Извршени се претреси кај три правни лица, при што е одземена службена медицинска документација која се однесува на извршени тестирања за присуство на Ковид 19, извршени претежно на лица од странство, одземен е електронски дневни (книга) на издадени сертификати за периодот од 19.12.2021 до денот на претресот, а исто така извршени се службени разговори со две лица. При претресот извршен е увид и преглед во компјутерската евиденција (списоци на грчки државјани кои се пријавиле за тестирање) на правното лице, како и во просториите на „импровизираниот“ медицински пункт во казино во Стар Дојран, информира МВР. По насоки на јавен обвинител целокупната одземена документација ќе биде доставена до ОЈО Гевгелија за нивно постапување, а МВР ќе ги преземе сите мерки и активности за кои ќе добие насоки од надлежното обвинителство со цел расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policijata-vleze-vo-dojran-detali-od-mvr-po-informaciite-za-falsifikuvani-sertifikati/feed/ 0
ДПИ: Извршени 1.290 надзори и затворени 20 угостителски објекти за непоседување сертификати или ковид протоколи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dpi-izvrsheni-1-290-nadzori-i-zatvoreni-20-ugostitelski-objekti-za-neposeduvanje-sertifikati-ili-kovid-protokoli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dpi-izvrsheni-1-290-nadzori-i-zatvoreni-20-ugostitelski-objekti-za-neposeduvanje-sertifikati-ili-kovid-protokoli/#respond Mon, 22 Nov 2021 11:50:00 +0000 https://kurir.mk/?p=598232

Државниот пазарен инспекторат досега има извршено 1.280 инспекциски надзори и вкупно се затворени 20 угостителски објекти, од моментот на носење на одлуката за задолжително поседување на сертификати во угостителските објекти, изјави на денеска на прес-конференција во Влада директорката на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска. Затворањето, посочи Симеска-Димоска, е врз основа на тоа дека дел од гостите не поседувале сертификати или пак поради констатирано поголемо присуство на лица во објектот од дозволеното или за непочитување на протоколите за одржување дистанца. – По месеци. Во август затворени се четири угостителски објекти, од кои два во Скопје и два во Тетово. Во септември затворени се четири угостителски објекти, два во Скопје, еден во Гостивар и еден во Тетово. Во октомври месец затворен е еден угостителски објект и издадени се 15 решенија по основ на Законот за заштита на населението од заразни болести, изјави директорката на Државниот пазарен инспекторат Симеска Димоска. Во ноември, посочи Симеска Димоска, досега се контролирани 173 субјекти и затворени се девет угостителски објекти, од кои еден во Гостивар, два во Скопје, четири во Кичево и еден во Тетово. Прашана зошто никој не казнува за влез во објекти без сертификат или со лажни сертификати, Симеска Димоска, нагласи дека секаде каде што се затекнати лица без сертификати биле предземени мерки, како и дека Државниот пазарен инспекторат нема единствена надлежност за постапување по ковид протоколите. – Ние немаме надлежност да ги контролираме лицата кои што влегуваат во угостителските објекти, околу тоа дали поседуваат или не сертификат и дали сертификатот е валиден. Надлежноста ја имаат редарите на угостителските објекти или вработен во угостителскиот објект. Апелирам до сите кои ја имаат таа надлежност да ја користат апликацијата за потврда на сертификатот од Министерството за здравство, затоа што при нашата контрола во угостителскиот објект, доколку се потврди дека лицата немаат сертификат одговорноста е на угостителот, изјави Симеска Димоска. Во однос на лажните сертификати, Симеска Димоска, рече дека утврдувањето е од страна на Министерството за внатрешни работи и постапката околу тоа ја води МВР. Како Државен пазарен инспекторат, Симеска Димоска нагласи, дека до овој момент имаат изречено глоба кон правни лица во износ од шест милиони денари и над 1,5 милион денари глоба кон одговорните лица во правните лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dpi-izvrsheni-1-290-nadzori-i-zatvoreni-20-ugostitelski-objekti-za-neposeduvanje-sertifikati-ili-kovid-protokoli/feed/ 0
Бугарија од четврток воведува ковид сертификати за влез на јавни места https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-od-chetvrtok-voveduva-kovid-sertifikati-za-vlez-na-javni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-od-chetvrtok-voveduva-kovid-sertifikati-za-vlez-na-javni-mesta/#respond Tue, 19 Oct 2021 15:17:08 +0000 https://kurir.mk/?p=582144

Бугарскиот министер за здравство, Стојчо Кацаров, најави дека од четврток, 21 октомври, во земјата ќе се воведат нови антиепидемиолошки правила во борбата против епидемијата на коронавирусот. За сите собири со луѓе во затворен простор ќе биде потребен сертификат за вакцинација, доказ за прележана болест или негативен ПЦР тест. Како што јави дописникот на МИА од Софија, за посети на кина, театри, галерии, трговски центри, хотели, базени, фитнес центри и спортски сали ќе биде потребен зелен сертификат. -Сите бизниси кои не сакаат да го прифатат овој метод, едноставно нема да работат, рече министерот Кацаров. Според новите правила, и рестораните и хотелите – како и посетителите и персоналот мора да имаат зелен сертификат. Нема да биде потребен таков сертификат за самопослугите, банките и аптеките. Сертификатите стануваат задолжителни за вработените во домовите за стари лица, центрите за дијализа и болниците во Бугарија. Дефинирани се новите критериуми за морбидитет, што ќе се користат за да се одлучи дали учениците ќе одат на онлајн настава. Општините во Бугарија ќе можат сами да одлучат дали ќе преминат на онлајн настава. Министерот Кацаров најави дека покрај тоа што ќе се контролираат местата, ќе се контролираат и лабораториите што издаваат потврди за вакцинација. -Доколку се најде лажен сертификат, ќе ја одземеме лиценцата за лабораторијата што ја издала, рече бугарскиот министер за здравство. Секој може да се здобие со зелен сертификат доколку не е вакциниран или не направил ПЦР тест со антиген, што ќе биди бесплатен. Сертификат не е потребен за деца под 12 -годишна возраст. Кацаров ги повика граѓаните во земјата повеќе да ги користат онлајн услугите и да намалат одењето во администрациите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-od-chetvrtok-voveduva-kovid-sertifikati-za-vlez-na-javni-mesta/feed/ 0