ковид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 10:42:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ковид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕК ја одобри третата подобрена вакцина против Ковид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-ja-odobri-tretata-podobrena-vaktsina-protiv-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-ja-odobri-tretata-podobrena-vaktsina-protiv-kovid/#respond Wed, 01 Nov 2023 10:42:54 +0000 https://kurir.mk/?p=895306

Европската комисија објави дека ја одобрила третата подобрена вакцина против Ковид, произведена од Новавакс. Вакцината дека се препорачува лицата над 12 години - само една доза, без разлика дали претходно биле имунизирани. Комисијата појаснува дека настојува да обезбеди вакцини прилагодени на новите соеви на вирусот Ковид за оние за кои се препорачува имунизација. Станува збор за лица со слаб имунитет, постари лица над 65 години, трудници и здравствени работници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-ja-odobri-tretata-podobrena-vaktsina-protiv-kovid/feed/ 0
Во Србија поради Ковид задолжително носење маски во сите здравствени установи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-poradi-kovid-zadolzhitelno-nosene-maski-vo-site-zdravstveni-ustanovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-poradi-kovid-zadolzhitelno-nosene-maski-vo-site-zdravstveni-ustanovi/#respond Tue, 19 Sep 2023 11:40:55 +0000 https://kurir.mk/?p=879512

Работната група на српското Министерство за здравство за справување со состојбите од пандемијата на Ковид донесе препораки за постапување на ниво на примарната здравствена заштита и болничките установи, а една од нив е задолжителното носење заштитни маски во сите здравствени установи, јави дописникот на МИА од Белград. - Се одредува задолжително тестирање на Ковид на сите вработени во здравствените установи доколку имаат симптоми на акутна респираторна инфекција и нивна задолжителна контрола и тестирање по утврдена инфекција, се наведува во соопштението на институтот „Батут“. Во него се додава дека на ниво на болнички установи, задолжително е тестирањето на пациентите како услов за хоспитализација, потребно е тестирање за прием на хематолошки и онколошки одделенија, како и геријатриски одделенија и одделенија каде се лекуваат пациенти со примарна и тешка имунодефициенција. Воведена е и забрана за посета на болници кои се во надлежност на Комисијата за превенција на болнички инфекции. Комисиите за превенција од болнички инфекции во здравствените установи се должни во наредните седум дена да направат проценка на епидемиолошката состојба и да предложат мерки, како и редовно да ја следат епидемиолошката состојба. Во однос на болничките капацитети за сместување на хоспитализирани пациенти болни од Ковид, Работната група зазеде став дека засега не е потребно нивно дополнително проширување. Во Србија за само три недели, бројот на заразени со корона вирусот е тројно зголемен, а според епидемиолози, реалната бројка е 10-20 пати поголема, бидејќи заболените малку одат на лекар, а уште поретко се тестираат за Ковид - 19. Според последните официјални податоци, за една недела во Србија имаше 1.529 нови случаи, што е на ниво на статистичка грешка ако се знае дека на почетокот на 2022 година имало речиси 20.000 нови случаи на дневна основа.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-poradi-kovid-zadolzhitelno-nosene-maski-vo-site-zdravstveni-ustanovi/feed/ 0
СЗО: Внимателно ја следиме новата варијанта на вирусот Ковид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-vnimatelno-ja-sledime-novata-varijanta-na-virusot-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-vnimatelno-ja-sledime-novata-varijanta-na-virusot-kovid/#respond Fri, 18 Aug 2023 08:18:51 +0000 https://kurir.mk/?p=868268

Светската здравствена организација (СЗО) и американските здравствени власти објавија дека внимателно ја следат новата верзија на вирусот „Ковид-19“, иако „можните последици од бројните мутации BA.2.86 сè уште се непознати“. „СЗО одлучи да ја класифицира новата варијанта во групата варијанти под надзор, поради многу големиот број (повеќе од 30) генски мутации што ги носи“, пишува организацијата во епидемиолошкиот извештај за пандемијата на Ковид-19 објавена во петокот вечерта. Новата верзија досега е пронајдена во Израел, Данска и САД. „Можните последици од мутациите BA.2.86 сè уште не се познати и се предмет на темелна анализа“, велат од организацијата, предупредувајќи уште еднаш дека е важно да се продолжи со следење и информирање за да се добие точна и сеопфатна слика од пандемијата на ковид-19. До 13 август 2023 година, ширум светот беа пријавени повеќе од 769 милиони потврдени случаи на Ковид-19 и повеќе од 6,9 смртни случаи. Вистинскиот број на заразени и починати се смета дека е многу поголем бидејќи многу случаи не се пријавени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-vnimatelno-ja-sledime-novata-varijanta-na-virusot-kovid/feed/ 0
Ново истражување: „Мозочната магла“ по Ковид е скоро еквивалентна на 10 години стареење https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/novo-istrazhuvane-mozochnata-magla-po-kovid-e-skoro-ekvivalentna-na-10-godini-stareene/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/novo-istrazhuvane-mozochnata-magla-po-kovid-e-skoro-ekvivalentna-na-10-godini-stareene/#respond Mon, 24 Jul 2023 06:04:13 +0000 https://kurir.mk/?p=859305

Состојбата наречена „мозочна магла“ поврзана со продолжен Ковид е споредлива со остарувањето за 10 години, посочува ново истражување на Кралскиот колеџ во Лондон, Велика Британија. Испитувајќи го влијанието на Ковид-19 врз помнењето, истражувачите откриле дека мозочните оштетувања се најголеми кај луѓето кои биле позитивни и имале симптоми повеќе од три месеци. Научниот труд објавен во „Лансет“, исто така, открива дека симптомите кај заболените лица биле продолжени речиси две години по првичната зараза. - Останува фактот дека две години по првото заразување, некои луѓе не се чувствуваат целосно закрепнати и нивните животи сè уште се под влијание на долгорочните влијанија на коронавирусот, рече Клер Стивс, професорка на Кралскиот колеџ. Според неа, треба да се работи повеќе за да се осознаат причините поради коишто тоа се случува и што може да се направи за помош. Поимот „мозочна магла“ се користи за опис на чувството на ментална бавност, зашеметеност, невнимание, недостаток на присуство, збунетост, расеаност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/novo-istrazhuvane-mozochnata-magla-po-kovid-e-skoro-ekvivalentna-na-10-godini-stareene/feed/ 0
Белгија ќе уништи околу осум милиони дози од вакцината против Ковид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-ke-unishti-okolu-osum-milioni-dozi-od-vaktsinata-protiv-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-ke-unishti-okolu-osum-milioni-dozi-od-vaktsinata-protiv-kovid/#respond Mon, 19 Jun 2023 09:15:15 +0000 https://kurir.mk/?p=847315

Во Белгија ќе бидат уништени околу осум милиони дози од вакцините против Ковид-19 на „Модерна“ и „Фајзер“, објавија локалните медиуми, цитирајќи изјава на министерот за здравство Франк Ванденбрук. Земјата располага со 15,3 милиони дози, но на некои од нив им истекува рокот, а други повеќе не дејствуваат на новите соеви на вирусот. Се додава дека за да се добијат нови дози, земјата мора да ослободи простор во ладилниците. -Уништувањето ќе се случи во најскоро време, објасни министерот.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-ke-unishti-okolu-osum-milioni-dozi-od-vaktsinata-protiv-kovid/feed/ 0
Одобрен првиот домашен тест кој открива и ковид и грип https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/odobren-prviot-domashen-test-koj-otkriva-i-kovid-i-grip/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/odobren-prviot-domashen-test-koj-otkriva-i-kovid-i-grip/#respond Wed, 01 Mar 2023 16:26:50 +0000 https://kurir.mk/?p=806758

Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот домашен тест кој може да открие и ковид и грип. Тестот користи брис од нос што и може да даде резултати за околу половина час, а во САД се продава без рецепт. Може самостојно да го користат сите лица над 14 години, како и возрасни за тестирање деца на возраст над две години. Тестот може да идентификува негативен резултат за вирусот тип А кој предизвикува грип со повеќе од 99 проценти точност и позитивен резултат со повеќе од 90 проценти точност. -Тој е 100 отсто прецизен за негативни примероци од Ковид и повеќе од 88 отсто за позитивни резултати, пишува Си-Ен-Ен. Истакнувајќи дека сите тестови носат ризик од лажно-позитивни или лажно негативни резултати, ФДА ги советува луѓето кои се позитивни на тестот за грип или ковид да преземат мерки на претпазливост за да избегнат ширење на болеста. Доколку е потребно за лекување на пациентот, негативните резултати треба да се потврдат со лабораториски тест, додаваат од ФДА. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/odobren-prviot-domashen-test-koj-otkriva-i-kovid-i-grip/feed/ 0
Најзаразен сој на коронавирусот се шири низ светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najzarazen-soj-na-koronavirusot-se-shiri-niz-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najzarazen-soj-na-koronavirusot-se-shiri-niz-svetot/#respond Thu, 05 Jan 2023 14:42:08 +0000 https://kurir.mk/?p=784038

Новиот сој на коронавирусот – XББ. 1.5, со голема брзина се шири низ светот, а според податоците на Светската здравствена организација, тоа е најзаразниот вид откриен од почетокот на пандемијата. Новиот вид познат и како Кракен, откриен е во најмалку 29 земји откако првпат се појави во Њујорк на 22 октомври, објави „Дејли мејл“. По појавата на Кракен, забележан е голем пораст на бројот на заболени, што е прво забрзување од таа големина од појавувањето на Омикрон минатата зима. Кракен иако е многу заразен, според експертит сојот всушност е „роднина“ на омикрон и е релативно понеопасен од неговиот претходник. На здравствените работници во Велика Британија им е препорачано да носат маски, да работат од дома кога можат и да одржуваат социјална дистанца, со што се постои „ризик од колапс“ на британскиот здравствен систем, истакнува „Дејли мејл“. Според истражувањата открено е дека кракен е спој на подсоеви БА. 2.10.1. и БА.2.75 и сочинуваат 75 проценти од случаите во најпогодените делови на САД. Експертот од Мелбурн, Мајк Хани истакна дека во Велика Британија се регистрирани 28 случаи на кракен, од кои 24 во Англија, два во Велс и по еден во Северна Ирска и Шкотска. Водечките германски здравствени власти денеска изразија загриженост за новиот вид, а Германија досега пријавила еден случај.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najzarazen-soj-na-koronavirusot-se-shiri-niz-svetot/feed/ 0
Со коронавирус се заразиле вкупно 336.560 македонски граѓани, дознајте колку позитивни случаи има денес во вашиот град https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-koronavirus-se-zarazile-vkupno-336-560-makedonski-gragjani-doznajte-kolku-pozitivni-sluchai-ima-denes-vo-vashiot-grad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-koronavirus-se-zarazile-vkupno-336-560-makedonski-gragjani-doznajte-kolku-pozitivni-sluchai-ima-denes-vo-vashiot-grad/#respond Wed, 17 Aug 2022 12:19:17 +0000 https://kurir.mk/?p=719915

Досега во Македонија се направени вкупно 2.139.217 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 336.560, бројот на оздравени пациенти е 323.536, на починати е 9.429, а бројот на активни случаи изнесува 3.595 Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје      158402, Активни   1462 Куманово    17887, Активни    151 Битола      17459, Активни    245 Прилеп      15201, Активни    143 Тетово      14323, Активни    109 Кавадарци   11799, Активни    139 Велес 10625, Активни    117 Гостивар    10186, Активни    89 Охрид 10007, Активни    254 Струмица    8666, Активни     88 Штип  8624, Активни     85 Кичево      6005, Активни     51 Кочани      5423, Активни     67 Струга      5117, Активни     87 Гевгелија   4748, Активни     62 Неготино    4070, Активни     74 Ресен 2980, Активни     29 Радовиш     2788, Активни     60 Свети Николе      2759, Активни     16 Крива Паланка     2589, Активни     26 Делчево     2097, Активни     59 Берово      1797, Активни     27 Дебар 1789, Активни     24 Валандово   1583, Активни     9 Виница      1456, Активни     25 Пробиштип   1295, Активни     4 Богданци    1079, Активни     17 Кратово     1083, Активни     21 Крушево     1008, Активни     21 Демир Хисар 909, Активни      9 Македонски Брод   783, Активни      8 Демир Капија      622, Активни      7 Македонска Каменица     533, Активни      4 Пехчево     503, Активни      6 Дојран      365, Активни      0]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-koronavirus-se-zarazile-vkupno-336-560-makedonski-gragjani-doznajte-kolku-pozitivni-sluchai-ima-denes-vo-vashiot-grad/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Додека секојдневно умираа луѓе од Ковид-19, криминалците од СДСМ и ДУИ во прогласена кризна состојба краделе, местеле тендери и се луксузирале https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-dodeka-sekojdnevno-umiraa-lugje-od-kovid-19-kriminalcite-od-sdsm-i-dui-vo-proglasena-krizna-sostojba-kradele-mestele-tenderi-i-se-luksuzirale/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-dodeka-sekojdnevno-umiraa-lugje-od-kovid-19-kriminalcite-od-sdsm-i-dui-vo-proglasena-krizna-sostojba-kradele-mestele-tenderi-i-se-luksuzirale/#respond Sun, 14 Aug 2022 07:42:08 +0000 https://kurir.mk/?p=718211

Во време на криза и кризна состојба криминалците од СДСМ И ДУИ местеле тендери врз здравјето на граѓаните. Додека ги тераа граѓаните да аплаудираат за „успесите“ на нивните министри, криминалците од СДСМ и ДУИ краделе, местеле тендери и се луксузирале со пари на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата истакнуваат дека додека десетици наши граѓани умираа во текот на еден ден, тендерашите од СДСМ И ДУИ во време на прогласена кризна состојба, заобиколувајќи го законот купувале возила, набавувале медицинска опрема со енормно висока цена дури за 500% повисока од реалноста, набавувале канцелариски материјали. -Па така, за време на прогласена здравствена криза, Здравствениот дом во Тетово ја искористиле ситуацијата и како потреба за справување со епидемијата се подновиле со нов автомобил Опел кросленд вреден над 21 илјади евра. Само 2 месеца по несреќата во тетовската болница, каде што живи изгореа 14 луѓе, Здравствениот дом во Тетово се подновил со ново возило од парите на граѓаните. Наместо заштита на здравјето на граѓаните и подобрување на условите во болниците и домовите, парите се трошеле за луксузирање на директорите и министрите на ДУИ и СДСМ. Да биде уште по трагично во извештајот кој испадна деновиве, за следење на јавните набавки во време на прогласена кризна состојба во државата, институциите вршеле злоупотреба и во набавувањето на здравствена опрема и материјали. Па така во ист временски период, за иста опрема од ист производител се плаќало различна цена. Иста заштитна маска од ист производител во ист ден се набавувала од 2,7 денари до 104 денари, се наведува во соопштението. Како неопходни во време кога имавме по илјадници заразени и десетици починати од Ковид-19 се набавувале и канцелариски материјали со предзнак - Ковид потребни. Како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, само одлепени од реалноста, луѓе како овие од СДСМ и ДУИ можат да се луксузираат и крадат додека граѓани умираа. За секој еден изгубен живот, за секој еден наместен тендер и секој еден криминал ќе има одговорност. Граѓаните ќе го казнат ова неодговорно и расипничко работење на функционерите на СДСМ и ДУИ на следните предвремени парламентарни избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-dodeka-sekojdnevno-umiraa-lugje-od-kovid-19-kriminalcite-od-sdsm-i-dui-vo-proglasena-krizna-sostojba-kradele-mestele-tenderi-i-se-luksuzirale/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорно е што власта ги тера учениците на настава со физичко присуство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-neodgovorno-e-shto-vlasta-gi-tera-uchenicite-na-nastava-so-fizichko-prisustvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-neodgovorno-e-shto-vlasta-gi-tera-uchenicite-na-nastava-so-fizichko-prisustvo/#respond Tue, 01 Feb 2022 08:04:37 +0000 https://kurir.mk/?p=625237

Огромниот број на смртни случаи од КОВИД одат на совеста на неспособната влада на СДСМ и ДУИ. Само во текот на вчерашниот ден како последица од КОВИД заболување животот го загубиле 26 лица, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Над 8.000 луѓе, колку што жители има едно Крушево, Берово или Кратово починале откако почна пандемијата. Власта прво не набави вакцини, туку бркаше провизии, и половина година народот немаше каде да се вакцинира па одеше во земјите од соседството. Откако се набавија вакцини продолжи негрижата преку монтирање на картонски болници, од кои една изгоре и одзема живот на 14 наши сограѓани, случај за кој до денес нема одговорност, се наведува во партиското соопштение. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат: „Во текот на целиот период на пандемијата власта се однесува неодговорно. Неодговорна е и сега кога учениците наместо со онлајн настава, ги тера на настава со физичко присуство“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-neodgovorno-e-shto-vlasta-gi-tera-uchenicite-na-nastava-so-fizichko-prisustvo/feed/ 0