коза ностра – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Jul 2023 06:35:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png коза ностра – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Потврдена доживотната затворска казна за шефот на „Коза ностра“, Матео Месина Денаро https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrdena-dozhivotnata-zatvorska-kazna-za-shefot-na-koza-nostra-mateo-mesina-denaro/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrdena-dozhivotnata-zatvorska-kazna-za-shefot-na-koza-nostra-mateo-mesina-denaro/#respond Thu, 20 Jul 2023 06:38:22 +0000 https://kurir.mk/?p=858276

Жалбениот суд во Калтанисета, Сицилија, Италија, вчера ја потврди доживотната казна за веќе затворениот шеф на сицилијанската мафија „Коза ностра“ - Матео Месина Денаро, поради неговата вмешаност во десетици убиства, бомбашки напади, смрт на 12-годишно момче... Тука спаѓаат и бомбашките напади во 1992 година, кога загинаа судиите против мафијата, Џовани Фалконе и Паоло Борселино. Судот го прифати барањето на јавниот обвинител дента кога Италија ја одбележува 31-годишнината од бомбашкиот напад на Вија Д'Амелио во Палермо каде што загинаа Борселино и петмина негови обезбедувачи. Шефот на Коза Ностра, кој 30 години беше во бегство, е фатен во јануари во клиниката за рак во Палермо. Тој сега се наоѓа во затворот со максимална безбедност во Л’Аквила. Денаро, инаку, е осуден и за убиството на Џузепе ди Матео кој во 1993. имал само 12 години. Мафијашот го организирал киднапирањето на детето за да се принуди неговиот татко да се откаже од сведочењето против мафијата. Тој го држел момчето во заробеништво повеќе од две години (800 дена), потоа го задавил и го растворил телото во киселина. Меѓу пресудите е и онаа за бомбашките напади на верски и уметнички знаменитости во Милано, Рим и Фиренца во 1993 година, кога загинаа 10 лица, а 40 беа повредени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrdena-dozhivotnata-zatvorska-kazna-za-shefot-na-koza-nostra-mateo-mesina-denaro/feed/ 0
Уапсен Андреа Бонафеде, човекот кој му го позајмил идентитетот на шефот на Коза Ностра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-andrea-bonafede-chovekot-koj-mu-go-pozajmil-identitetot-na-shefot-na-koza-nostra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-andrea-bonafede-chovekot-koj-mu-go-pozajmil-identitetot-na-shefot-na-koza-nostra/#respond Tue, 24 Jan 2023 07:37:35 +0000 https://kurir.mk/?p=790949

Италијанската полиција на Сицилија го уапси Андреа Бонафеде, човек кој му го позајмил својот идентитет на еден од најбараните италијански мафијашки шефови, Матео Месина Денаро, кој се криел од законот 30 години до неговото апсење во Палермо минатата недела. Благодарение на Бонафеде, Месина Денаро „можеше слободно да се движи во Италија, да го избегнува законот и да ги користи услугите на италијанското државно здравство без да го открие својот вистински идентитет“, се вели во обвинението. Италијанските обвинители веруваат дека Бонафеде, наводно член на Коза Ностра, добил 20.000 евра од Месина Денаро за да купи куќа во западна Сицилија, која служела како едно од засолништата на шефот на мафијата. Месина Денаро беше уапсен на 16 јануари во клиника во Палермо додека примаше хемотерапија, кога ја искористи личната карта на Бонафеде на која била заменета фотографијата. По апсењето, полицијата извршила претрес во три куќи во кои во последните месеци се криел шефот на мафијата и пронашла сметки од луксузни ресторани, накит и филмски плакати, меѓу другото, од филмовите „Кум“ и „Џокер“. Месина Денаро беше осуден во отсуство на повеќекратни доживотни затворски казни, а се верува дека е еден од организаторите на серијата бомбашки напади во 1992 година во Италија. Во една од нив загина и познатиот италијански обвинител Џовани Фалконе.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-andrea-bonafede-chovekot-koj-mu-go-pozajmil-identitetot-na-shefot-na-koza-nostra/feed/ 0
10-те најбрутални убиства на Коза Ностра под водство на озлогласениот Матео Денаро https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/10-te-najbrutalni-ubistva-na-koza-nostra-pod-vodstvo-na-ozloglaseniot-mateo-denaro/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/10-te-najbrutalni-ubistva-na-koza-nostra-pod-vodstvo-na-ozloglaseniot-mateo-denaro/#respond Tue, 17 Jan 2023 15:57:30 +0000 https://kurir.mk/?p=788531

По речиси 30 години бегство, Матео Месина Денаро, човекот означен како шеф на најозлогласената мафија во светот – Коза Ностра, беше уапсен во Палермо. Тој беше обвинет за некои од најмонструозните злосторства, поради што го доби прекарот „Дијаболик“. Не го почитуваше кодот, не ги избираше своите жртви, убиваше и деца и трудници, поради што ќе остане запаметен во историјата по овие 10 најсурови убиства. Тој беше уапсен во приватна клиника во Палермо. Веста за неговото апсење ги израдува и оние кои „имаат одредени симпатии“ кон криминалните активности. Причината за тоа е што „Дијаболик“ немал никакво симпатии кон никого, ниту пак имал проблем да биде одговорен за нападите кои резултираа со смрт на повеќе десетици цивили. Сега нивните семејства и пријатели можат да здивнат – како што изгледа правдата конечно ќе биде задоволена. Првото убиство на 18 години Неговиот пат не е изненадувачки со оглед на неговото воспитување и однесување во неговите тинејџерски години. Имено, „Дијаболик“ израснал под покровителство на строгите, но сурови правила на Коза Ностра. Првиот пиштол го земал пред да ја извади личната карта, а чкрапалото го повлекол кога имал само 14 години. Три години подоцна, тој пукаше по улиците секој ден, учествувајќи во крвавата војна за превласт во италијанското подземје, која однесе најмалку 32 животи, кога за прв пат ги извалка рацете. Не е познато колку членови на ривалските банди убил. Според тврдењата на оние од неговото поблиско опкружување, за прв пат убил човек кога штотуку наполнил 18 години. Бремена жена на крвавата листа Крвавата кампања потоа продолжи. Имаше се повеќе жртви, сè помалку почитување на кодот. Колку станал бездушен говори и тоа што една од неговите жртви била трудница, која ја задавил со голи раце. Како што пишуваат италијанските медиуми, за да стекне репутација на ладнокрвен убиец, Денаро задавил бремена жена, девојка на неговиот тогашен ривал шеф Винченцо Милацо од Алкамо. Бомбашки напади и најбруталното убиство Денаро беше еден од иницијаторите за бомбашки напади на знаменитости во големите италијански градови Рим, Фиренца и Милано. Тогаш загинаа најмалку 10 луѓе. Еден човек бил сведок на овој немил настан и сакал да даде исказ во полицијата. За да го спречи, „Дијаболик“ го направи она што тогаш беше незамисливо. Станува збор за убиството на момчето Џузепе ди Матео (12), кое се случило во 1993 година. Во знак на одмазда кон неговиот татко (кој наводно имал докази против него), Денаро го киднапирал момчето додека се враќало од јавање, што била негова голема љубов. Потоа го мачел, го држел две години во заробеништво и на крајот го задавил и му го фрлил телото во киселина. Џузепе бил киднапиран на 14 ноември 1993 година откако ја напуштил шталата, а му пришле група мафијаши кои биле облечени како полицајци. Му рекле дека ќе го однесат кај татко му, исто така поранешен мафијаш, кој бил на безбедна локација откако се согласил да соработува со властите, па момчето им поверувало. Киднаперите го мачеле момчето речиси 800 дена, помеѓу 1993 и 1996 година. Целта на киднаперите била да ја искористат таа уцена за да го фатат Сантино ди Матео, таткото на момчето. Убиства на судии
Не само несреќното момче го плати цехот. Во крвавиот празник на Коза Ностра под палката на Денаро загинаа двајца судии кои се бореа против мафијата. Едно од мафијашките убиства за кое е одговорна Коза Ностра, а кое привлече најголемо внимание на светската јавност, секако е убиството на судијата Џовани Фалконе, како и на неговиот пријател Паоло Борселино. Како истакнат борец против мафијата, Фалконе формираше антимафијашка комисија во раните 1980-ти. Токму тој е одговорен за тоа што тогашниот мафијашки бос Томазо Бушета се согласил да стане еден вид соработнички сведок и да ги открие најголемите тајни на сицилијанското подземје. Поради бројните закани, судијата Фалконе и тогаш беше под полициска заштита, но продолжи да се бори против членовите на мафијата. Така се нашол на мета на една од најозлогласените мафијашки организации Коза Ностра. Тој 23 мај 1992 година, членовите на Коза Ностра сокриле 500 килограми експлозив во канал за канализација ископан паралелно со еден од патиштата во областа Капаци. Кога експлозивот бил активиран, два автомобили полетале во воздух. Како што се испостави, во еден од нив седеше судијата Џовани Фалконе, најистакнатиот противник на Денаро и на мафијата воопшто. Покрај самиот Фалконе, убиена е и неговата сопруга, како и неговите телохранители, а возачот преживеал со чиста среќа. Борселино беше убиен само два месеци подоцна, на речиси идентичен начин. Атентаторот безмилосно го застрелал во автомобилот пред куќата на неговата мајка. Покрај него, загинаа уште пет негови телохранители. Повеќе од 50 мртви Се претпоставува дека всушност има многу повеќе жртви на Коза Ностра. Една од попознатите жртви е Никола Консалес, сопственик на хотел. Според неофицијални податоци, „Дијаболик“ нарачал убиства, убил или се обидел да убие најмалку 61 лице. Многу од нив никогаш нема да се најдат, а приказните за нивното страдање ќе продолжат да царуваат. Дека бројката би можела да биде многу поголема, говори и фактот што самиот Денаро се пофалил дека може да наполни „гробишта со своите жртви“. Корупција, дрога, грабежи Покрај наведените кривични дела, „Дијаболик“ е осомничен и за семејно рекетирање, нарачување разбојништва, како и учество во активности кои резултирале со смрт на стотина лица – трговија со дрога. За убиството на судиите Фалконе и Борселино, тој беше осуден во отсуство на доживотен затвор. Извор: novatv.mk

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/10-te-najbrutalni-ubistva-na-koza-nostra-pod-vodstvo-na-ozloglaseniot-mateo-denaro/feed/ 0
ФОТО: Прва фотографија од апсењето на шефот на Коза Ностра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-prva-fotografija-od-apseneto-na-shefot-na-koza-nostra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-prva-fotografija-od-apseneto-na-shefot-na-koza-nostra/#respond Mon, 16 Jan 2023 10:00:46 +0000 https://kurir.mk/?p=787825

Италијанските карабинери го уапсија најбараниот мафијашки бос во земјата, Матео Месина Денаро кој се смета за шеф на сицилијанската Коза ностра и беше во бегство од 1993 година. Денаро, чиј прекар е Дијаболик, бил уапсен во приватна клиника во Палермо. -Денес 16 јануари, карабинерите го уапсија бегалецот Матео Месина Денаро во санитарен објект во Палермо, каде бил на терапевтско лекувањето, изјавил Паскуале Анџелосанто, генерален на националната полиција карабинери. Премиерката Џорџа Мелони операцијата ја нарече „голема победа“. Денаро се соочува со доживотен затвор за неговата улога во бомбашките напади во Фиренца, Рим и Милано во кои загинаа 10 луѓе. Минатата година полицијата соопшти дека тој и натаму може да командува во врска со начинот на кој функционира мафијата на западот од Сицилија. Денаро се сметаше за кандидат за шеф над шефовите на сицилијанската мафија по смртта на Бернардо Провенца во 2016 година и Салваторе Рине во 2017 година. По апсењето е пренесен на непозната локација.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-prva-fotografija-od-apseneto-na-shefot-na-koza-nostra/feed/ 0
ПО 30 ГОДИНИ БЕГСТВО: Уапсен најбараниот криминалец во Италија, падна шефот на Коза Ностра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-30-godini-begstvo-uapsen-najbaraniot-kriminalets-vo-italija-padna-shefot-na-koza-nostra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-30-godini-begstvo-uapsen-najbaraniot-kriminalets-vo-italija-padna-shefot-na-koza-nostra/#respond Mon, 16 Jan 2023 09:36:44 +0000 https://kurir.mk/?p=787813

Италијанската полиција го уапси најбараниот мафијаш во земјата, Матео Месина Денаро, јавува италијанската агенција АНСА. Денаро се смета за шеф на сицијаланската Коза ностра и беше во бегство до 1993 година. Матео, чиј прекар е Дијаболик, бил уапсен во приватна клиника во Палермо. Полицијата долго време се обидуваше да го фати, а покрај тоа што беше најбараниот во Италија, тој беше и меѓу 10-те најбарани криминалци во светот. Денаро беше осуден во отсуство на доживотен затвор за неговата улога во убиствата на судиите Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година. Тој, исто така, се соочува со доживотен затвор за неговата улога во бомбашките напади во Фиренца, Рим и Милано во кои загинаа 10 луѓе.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-30-godini-begstvo-uapsen-najbaraniot-kriminalets-vo-italija-padna-shefot-na-koza-nostra/feed/ 0
ФОТО: Голема потера на Сицилија, се бара кумот на Коза Ностра кој е во бегство од 1993 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-golema-potera-na-sicilija-se-bara-kumot-na-koza-nostra-koj-e-vo-begstvo-od-1993-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-golema-potera-na-sicilija-se-bara-kumot-na-koza-nostra-koj-e-vo-begstvo-od-1993-godina/#respond Sat, 02 Oct 2021 07:37:25 +0000 https://kurir.mk/?p=571688

Околу 150 припадници на италијанските специјални сили на Сицилија го бараат шефот на мафијата во бегство, Матео Месина Денаро. Од вчера изутрина на островот се претресени десетици куќи што им припаѓаат на блиски соработници на мафијата.   Месина Денаро се смета за „кум“ на Коза Ностра во Сицилија, една од најголемите мафијашки организации во Италија. Тој во отсуство е осуден на доживотен затвор за убиствата на судиите Џовани Фалконе и Паоло Борселино, кои во 1992 година беа убиени во двата бомбашки напади, заедно со нивните телохранители, како и за други убиства. Месина Денаро (56) е во бегство од 1993 година. -Шефовите на мафијата може да ги напуштат своите родни градови, но еден ден тие дефинитивно ќе се вратат, изјави обвинителот за борба против мафијата, Федерико Кафиеро за радио „Раи 1“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-golema-potera-na-sicilija-se-bara-kumot-na-koza-nostra-koj-e-vo-begstvo-od-1993-godina/feed/ 0
Европол: Уапсени 32 лица поврзани со „Коза ностра“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-uapseni-32-lica-povrzani-so-koza-nostra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-uapseni-32-lica-povrzani-so-koza-nostra/#respond Mon, 04 Mar 2019 19:40:25 +0000 https://kurir.mk/?p=171171

Италијанскиот Оддел за борба против мафијата и италијанските карабинери денеска уапсија 32 лица за кои постои сомневање дека се припадници на криминалната сицилијанска организација „Коза ностра“. – Рациите се организирани во неколку италијански градови на Сицилија – Катанија, Палермо, Парма, Трапани и Агриџент, по долга и темелна истрага спроведена од италијанските власти со помош на Европол и Белгиската сојузна полиција, соопшти Европол. Како што се наведува во соопштението, таа криминална организација се занимава со трговија на дрога, оружје и експлозиви, како и со киднапирање. Меѓу уапсените е и водачот на „Коза ностра“ и на навијачката група на Јувентус, „Брави рагаци“. „Коза ностра“ е позната по тоа што своето дејствување го прошири и во други земји-членки на Европската унија. Европол наведува дека операцијата била успешна благодарение на соработката со италијанската и белгиската полиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-uapseni-32-lica-povrzani-so-koza-nostra/feed/ 0
Рација во Палермо: Уапсен новиот шеф на Коза ностра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/racija-vo-palermo-uapsen-noviot-shef-na-koza-nostra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/racija-vo-palermo-uapsen-noviot-shef-na-koza-nostra/#respond Tue, 04 Dec 2018 10:06:09 +0000 https://kurir.mk/?p=135514

Италијанската полиција го уапси новиот новиот шеф на сицилијанската мафија Сетимо Минео, како и уште 45 осомничени мафијаши. – Со акцијата е зададен силен удар врз организираниот криминал на Сицилија, изјави денеска потпретседателот на италијанската Влада, Луиџи ди Мајо. Полицијата потврди дека меѓу уапсените се наоѓа и 80-годишниот Минео, шефот на локалните мафијашки семејства во главниот град на островот, Палермо. Официјални претставници наведуваат дека Минео неодамна е именуван за генерален шеф на Коза ностра. – Минео е избран за „наследник“ на Тото Рина по неговата смрт. Повеќе нема место за ваков тип на злосторници во Италија, напиша денеска Ди Мајо на Инстаграм. Претходниот „шеф над шефовите“ Салваторе Тото Рина почина минатата година в затвор, во кој помина речиси 25 години поради издавање наредба за извршување на десетина убиства, вклучувајќи и убиства на најпознати италијански судии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/racija-vo-palermo-uapsen-noviot-shef-na-koza-nostra/feed/ 0