кози – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Mar 2023 13:06:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кози – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Исплатени субвенциите за обележани грла овци, кози и маторици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/isplateni-subventsiite-za-obelezhani-grla-ovtsi-kozi-i-matoritsi-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/isplateni-subventsiite-za-obelezhani-grla-ovtsi-kozi-i-matoritsi-2/#respond Thu, 16 Mar 2023 13:06:16 +0000 https://kurir.mk/?p=812772

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска изврши исплата на директни плаќања за обележани грла овци, обележани грла кози и женски приплодни грла – маторици. Корисници на мерката за обележани грла овци се земјоделските стопанства одгледувачи на овци кои поседуваат најмалку 30 грла овци од сите категории евидентирани во Регистерот на одгледувалишта на овци. Вкупната исплатена финансиска поддршка изнесува 553,9 милиони денари за 2 664 одгледувачи. Корисници на мерката за обележани грла кози се земјоделските стопанства одгледувачи на овци кои поседуваат најмалку 10 грла кози од сите категории евидентирани во Регистерот на одгледувалишта на кози. Вкупната исплатена финансиска поддршка изнесува 53,5 милиони денари за 1 439 одгледувачи. Корисници на мерката за женски прилолдни грла – маторици се земјоделските стопанства кои поседуваат минимум 6 грла маторици. Вкупната исплатена финансиска поддршка изнесува 9,96 милиони денари за 375 одгледувачи. -Со силна динамика ја продолжуваме исплатата за мерките за сточарско производство. По исплатите за живинарско производство, денеска ја реализираме и исплатата за одгледувачите на овци, кози и маторици. Дополнително, следи и исплатата за огледувачите на говеда и корисниците кои имаат пријавено пчелни семејства, вели директорот на Платежната агенција Никица Бачовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/isplateni-subventsiite-za-obelezhani-grla-ovtsi-kozi-i-matoritsi-2/feed/ 0
Фудбалски клуб продал 18 играчи за да купи 10 кози https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/fudbalski-klub-prodal-18-igrachi-za-da-kupi-10-kozi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/fudbalski-klub-prodal-18-igrachi-za-da-kupi-10-kozi/#respond Fri, 17 Aug 2018 05:59:49 +0000 https://kurir.mk/?p=88753

Турскиот фудбалски клуб Ѓулспор, кој игра во една од пониските лиги во таа земја, продал 18 јуниори за да собере пари за купување 10 кози. Клубот од продажба на играчите заработил околу 2.500 долари, а ќе купи 10 кози од кои заработката би можела да биде уште 830 долари во иднина и тоа само од продажба на млеко. Претседателот на клубот Кенан Бујуклеблеб рекол дека овој потег е направен поради лошата финансиска состојба во клубот. -Ќе имаме повеќе приходи. Работевме во интерес на тимот, а, исто така, придонесовме за економскиот развој на државата, рекол претседателот на клубот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/fudbalski-klub-prodal-18-igrachi-za-da-kupi-10-kozi/feed/ 0
Нема „чума“ кај овците и козите во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-chuma-kaj-ovcite-i-kozite-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-chuma-kaj-ovcite-i-kozite-vo-makedonija/#respond Wed, 04 Jul 2018 10:23:20 +0000 https://kurir.mk/?p=72881

Кај овците и козите во Македонија не е евидентирана болеста „чума“ што беше потврдена на 22 јуни во Бугарија. На терен се спроведува мониторинг и ако се забележат какви било симптоми, ќе се реагира соодветно, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов. Според него, се преземаат мерки превентивно за да се подигне свеста на повисоко ниво и откривањето на болеста, ако случајно се појави, да биде навремено. - Преземени се сите мерки, изречена е и забрана за увоз и транзит на овци, кози и нивни производи. Во Бугарија болеста е ставена под контрола, нови жаришта нема и опасноста е сведена на минимум, потенцира Атанасов по настанот со кој и официјално заврши проектот на АХВ за поефикасна контрола на безбедноста на храната и јакнење на институциите во оваа насока. Атанасов во обраќањето по овој повод рече дека изминатите 18 месеци, со италијанска помош, е изработена првата стратегија за благосостојба на животните, подобрен е системот за контрола на болестите со акцент на „синиот јазик“, инфективната анемија кај коњите и „чворестата кожа“, како и на болестите што се пренесуваат со вектори, „западнонилска треска“ и „лајшманиоза“. Направена е и ревизија на Акцискиот план за бруцелоза, а верификувани се и процедурите за биосигурносните мерки на свињарските фарми. Исто така се подготвени и планови за следење и надзор на паразитските болести. Никола Бертолини од Делегацијата на ЕУ во Скопје нагласи дека особен напредок е постигнат во фитосанитарната политика но, како што рече, преостанува уште многу работа во делот на безбедноста на храната што мора да продолжи и по завршувањето на проектот. - Најголем е проблемот со координацијата меѓу државните институции. Ако тоа се подобри, тогаш секоја одлука за заштита ќе биде полесно и подобро менаџирана, односно полесно ќе се справите со евентуални нови жаришта или болести, порача Бертолини. Проектот вреден 751.473 евра се спроведуваше година и пол, а целта беше јакнење на пазарната економија и конкурентноста на македонските производи на европскиот пазар, како и гарантирање на заштитата на правата на потрошувачите преку обезбедување високи стандарди за безбедност на храната. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-chuma-kaj-ovcite-i-kozite-vo-makedonija/feed/ 0
Гром удри во трло со овци и кози https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grom-udri-vo-trlo-so-ovci-i-kozi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grom-udri-vo-trlo-so-ovci-i-kozi/#respond Mon, 07 May 2018 08:29:21 +0000 https://kurir.mk/?p=50892

Гром удри во трло со стада овци и кози викендов, при невреме  во Кавадарци. Повредени беа две животни, а сопствениците на фармата успеаја да го спасат само едното. Ѓорѓи Велков  раскажа за МИА какво е чувството да се биде сведок на моментот кога на човек му се чини дека се спојуваат небото и земјата. - Беше страшно. Трештеше на два метра меѓу мене и  мојот син, со кого бевме меѓу стоката. Како да се отвори небото над мене, па, чиниш се симна долу да ја допре земјата. Ги погоди двата прча. За среќа нас не не фати. Се подзавртевме лево, десно, колку да се преиспитаме себеси, затоа што во тие моменти на паника, како да не им верувавме на своите сетила дека куртуливме од громот. Едното животно умре веднаш, а другото успеавме да го спасиме полевајќи го со вода и триејќи му го телото со масажа. Не знам дали се спаси поради нашата помош или ете така било пишано. Во меѓувреме се јавувавме по медицински лица за да побараме совет како да постапиме, но за жал и тие не можеа којзнае колку да ни помогнат. Нема да кријам, толку блиску до смртта,  бевме исплашени, рече Велков. За тоа колку била  силна експлозијата, додава, говорел фактот што испукала целата внатрешност на настраданото животно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grom-udri-vo-trlo-so-ovci-i-kozi/feed/ 0