козјак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 01 Apr 2023 11:46:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png козјак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кисела Вода: Асфалтирање и партерно уредување на ул. “Козјак” https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kisela-voda-asfaltirane-i-parterno-ureduvane-na-ul-kozjak/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kisela-voda-asfaltirane-i-parterno-ureduvane-na-ul-kozjak/#respond Sat, 01 Apr 2023 11:46:50 +0000 https://kurir.mk/?p=818826

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес е во урбаната заедница Кисела Вода, каде од утрово започнаа градежни активности за санација на улицата “Козјак”, како и партерно уредување на просторот во непосредна близина. Нов асфалт ќе добие коловозот на “Козјак”, ќе бидат опфатени и тротоарите. Со павер елементи ќе се поплочат пристапните патеки, а со нова урбана опрема, клупи и корпи за отпад, ќе се овозможи жителите да имаат современи услови за одмор и дружење. Воедно, ќе се разгледа и можноста за изградба на ново катче за нивните домашни миленици, како и за оплеменување на просторот со нови дрвца. -Денес сме во централниот дел на нашата општина, на улицата "Козјак" каде во периодот што следи ќе работиме на целосно менување на ликот на просторот, преку градежни зафати на самата улица, но и на просторот околу неа. Се работи за дел од Кисела Вода, каде има повеќе станбени објекти, повеќе жители кои години наназад барале подобри услови и не биле слушнати од сите претходни градоначалници. Со отпочнатите активности, во кои се вклучени досегашните барања кои стигнувале до Општина Кисела Вода, сакам да упатам јасна порака дека нема да дозволам тие да се почувствуваат заборавени. Покрај асфалтирањето на улицата Козјак и санацијата на тротоарите, ги уредуваме и пристапните и пешачките патеки, поставуваме и нова урбана опрема, а ќе ја разгледаме и можноста за уште едно од поновите барања за изградба на паркче за нивните миленичиња. Сакам да нагласам дека додека работиме, добредојдени се идеите и сугестиите на жителите на улица Козјак и останатите граѓаните кои живеат во непосредна близина. Заеднички ќе го промениме ликот на овој дел од градот и ќе го направиме овој дел од Кисела Вода подобро место за живеење-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kisela-voda-asfaltirane-i-parterno-ureduvane-na-ul-kozjak/feed/ 0
Рибар потонал во езерото Козјак, полицијата го бара телото https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ribar-potonal-vo-ezeroto-kozjak-policijata-go-bara-teloto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ribar-potonal-vo-ezeroto-kozjak-policijata-go-bara-teloto/#respond Sun, 26 Sep 2021 14:50:52 +0000 https://kurir.mk/?p=568509

На 25.09.2021 во 17:40 часот во Полициската станица Македонски Брод, А.Д., пријавил дека, додека со чамец ловеле риба на езерото Козјак заедно со Б.Л.(55) од с.Пополжани, кичевско, чамецот се превртел. Според пријавеното, А.Д. останал на чамецот и дошол до брегот, а Б.Л. пливал, но на околу 30 метри пред брегот потонал во водите на езерото. Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за пронаоѓање на Б.Л. и за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ribar-potonal-vo-ezeroto-kozjak-policijata-go-bara-teloto/feed/ 0
НОВИ ФОТОГРАФИИ од гробницата на патот кон Јасен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/novi-fotografii-od-grobnicata-na-patot-kon-jasen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/novi-fotografii-od-grobnicata-na-patot-kon-jasen/#respond Sat, 16 May 2020 11:10:46 +0000 https://kurir.mk/?p=346639

Секторот за внатрешни работи Скопје (СВР Скопје) синоќа пронајде гробница на Матка, дознава КУРИР. Според првичните неофицијални информации, гробницата е пронајдена после полициската станица на патот кој води кон Козјак. Според нашите информации на терен пристигнал јавен обвинител, при што беше започнато со копање. Очекуваме повеќе информации во текот на денот. ФОТО: Курир]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/novi-fotografii-od-grobnicata-na-patot-kon-jasen/feed/ 0
Акција за чистење на езерото Козјак https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akcija-za-chistenje-na-ezeroto-kozjak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akcija-za-chistenje-na-ezeroto-kozjak/#respond Sun, 22 Apr 2018 14:10:56 +0000 https://kurir.mk/?p=44508

Преку 150 љубители на природата и совесни граѓани денеска учествуваа во акцијата за чистење на езерото Козјак од пластика, одржана во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на планетата земја, кој годинава се одбележува под мотото „Да се запре загадувањето од пластика“. Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадул, рече дека на денешната акција која е во организација на МЗЖСПП, Здружението „Гоу Грин“ и фондацијата „ЦНВП Македонија“, се собира отпад кој е создаден од луѓето. - Апелирам за сеопфатна акција на сите. Доколку сакаме да ставиме крај на пластиката како отпад, тоа да го направиме уште дома, да го селектирам во посебни контејнери, како и да се едуцираат децата уште во градинките и училиштата, рече Макрадули. Потеницраше дека е жалосно ваквата природа да биде изгнасена од човечката несовесност и најави дека МЗЖСПП, со дополнителни мерки со измените на Законот за отпад ќе се приклучи во акцијата за поефикасно справување со пластиката. Како една од мерките за чистење на езерото Козјак Макрадули, рече дека со градоначалникот на Македонски Брод Живко Силјаноски се договориле да постават мрежа која ќе има фунмкција да ги собира сите пластики од езерото, а доколку се покаже успешна мерката ќе се спроведе и на реката Вардар, кај Зелениково. Амабасадорот на Словачка во Македонија Хенри Маркуш рече дека Македонија е прекрасна земја, но дека денеска ја видел и другата страна на сликата и поради тоа се приклучил во акцијата за чистење на езерото. Тој апелираше до сите граѓани на Македонија да преземат мерки за почиста околина, бидејќи смета дека ситуацијата е ургентна и дека граѓаните треба да не ги фрлаат пластиките во реките, туку да се обидат да го соберат целиот отпад. Акцијата се одржа во близина на туристичката населба Близанско, на едно од најголемите вештачки езера во Македонија, Козјак, кое е изградено во 2004 година. Езерото е долго 32 километри, широко до 400 метри и на места длабоко до 130 метри. На брегот на езерото има голем број туристички населби и често е посетено од рибари, кои според мештаните се едни од најголемите загадувачи на езерото. Во акцијата учествуваа и Министерството за одбрана, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, „Јасен“, Агенцијата за млади и спорт, Асоцијацијата на колективни постапувачи со отпад, Нуркачкиот клуб „Врело“, Црвениот крст, ЕЛЕМ и други граѓански здруженија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akcija-za-chistenje-na-ezeroto-kozjak/feed/ 0
Акција за чистење на Козјак по повод Денот на планетата Земја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akcija-za-chistenje-na-kozjak-po-povod-denot-na-planetata-zemja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akcija-za-chistenje-na-kozjak-po-povod-denot-na-planetata-zemja/#respond Sun, 22 Apr 2018 08:16:35 +0000 https://kurir.mk/?p=44297

Акција за чистење на езерото Козјак се спроведува денеска по повод Денот на планетата Земја, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, здружението „Гоу Грин“ и фондацијата „ЦНВП Македонија”. Во акцијата најавено е дека ќе се вклучи и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули. Кон акцијата се приклучија и Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Агенцијата за млади и спорт, општина Македонски Брод со комуналното претпријатие, ЈП „Јасен“, Асоцијацијата на колективни постапувачи со отпад, Црвниот крст на Македонија, кајакари, нуркачи, планинари, граѓански здруженија и претставници од дипломатскиот кор. Организаторите ги повикуваа сите љубители на чистата животна средина да се приклучат кон оваа еколошка акција, да поминат еден ден во природа покрај езерото во исто време давајќи придонес кон чистотата и убавината на неговата околина. - Нашата цел е да се намали отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да се развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развијат механизми за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нивните заедници, појаснуваат организаторите. Денешната акција е дел од Националната акција за чистење на отпадот на целата територија на Македонија чија втора фаза ќе се спроведе во септември. Овие активности се дел од глобалната акција - Let’s do it! World Cleanup 2018. Акцијата е официјално поддржана од Европскиот Парламент и во неа учествуваат над стотина земји во светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akcija-za-chistenje-na-kozjak-po-povod-denot-na-planetata-zemja/feed/ 0