козма – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 14 Nov 2018 08:34:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png козма – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Денеска се празнуваат светите браќа Козма и Дамјан – беа големи чудотворци и за време на животот и после смртта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-se-praznuvaat-svetite-brakja-kozma-i-damjan-bea-golemi-chudotvorci-i-za-vreme-na-zivotot-i-posle-smrtta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-se-praznuvaat-svetite-brakja-kozma-i-damjan-bea-golemi-chudotvorci-i-za-vreme-na-zivotot-i-posle-smrtta/#respond Wed, 14 Nov 2018 08:34:20 +0000 https://kurir.mk/?p=127582

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 ноември. Денеска е Бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан Азијски и нивната мајка преподобна Теодотија (III) Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и по дух, родум негде од Азија, од татко незнабожец и мајка христијанка. По смртта на татко им, нивната мајка Теодотија целото време и труд ги даде на тоа да ги подигне и воспита синовите како вистински христијани. И Бог ѝ помогна, та нејзините синови израснаа како две слатки овошки и како два светилника на светот. Беа научени на лекарската вештина и бесплатно им помагаа на болните не толку со лекови колку со името на Господ Исус Христос. Ги нарекоа бесребрени лекари, бидејќи лечеа бесплатно и така ја исполнуваа Христовата заповед: „Бесплатно примивте, бесплатно давајте!“ (Матеј 10, 8). Беа толку внимателни во бесплатното лечење на луѓето што Козма вистински се налути на својот брат Дамјан зашто овој зеде три јајца од една жена Паладија, па нареди Козма по неговата смрт да не го закопуваат до брат му Дамјан. Всушност, свети Дамјан не ги зеде оние три јајца како награда зашто ја исцели болната Паладија, туку затоа што таа го заколна со Пресвета Троица да ги земе оние три јајца. Сепак, по нивната смрт, во местото Фереман беа закопани заедно според Божјо откровение. Овие свети браќа беа големи чудотворци и за време на животот и после смртта. На еден слуга на спиење му се беше вовлекла змија низ устата во стомакот и кутриот човек ќе издивнеше во најтешки маки, ако во последен миг не ги повикаше на помош светите Козма и Дамјан. Така ги прослави Господ со чудотворство засекогаш оние коишто Го прославуваа Бога на земјата со вера, чистота и милост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-se-praznuvaat-svetite-brakja-kozma-i-damjan-bea-golemi-chudotvorci-i-za-vreme-na-zivotot-i-posle-smrtta/feed/ 0
Денеска е Св. маченици и бесребреници Козма и Дамјан – браќа кои лечеа луѓе, но и животни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-sv-machenici-i-besrebrenici-kozma-i-damjan-brakja-koi-lechea-lugje-no-i-zivotni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-sv-machenici-i-besrebrenici-kozma-i-damjan-brakja-koi-lechea-lugje-no-i-zivotni/#respond Sat, 14 Jul 2018 09:37:53 +0000 https://kurir.mk/?p=76736

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 јули. Денеска е Св. маченици и бесребреници Козма и Дамјан. Браќата Козма и Дамјан потекнуваа од Рим. Беа крстени уште во детството и воспитани во христијански дух. Господ им даде таква благо¬дат што лечеа со обично положување на раце. И тоа лечеа не само луѓе, туку и животни. Со сила. Не со лекарства. А се држеа до зборовите на Спасителот: бесплатно добивте, бесплатно давајте, па за тој свој труд не сакаа да примат плата од луѓето. Дури, кога го наследија големиот имот од родителите, го раздадоа на сиромашни. Овие беспрекорни образи на православната христијанска светост пострадаа од зависта на некој нивен поранешен ученик, кој ги повика во планина божем да собираат лековити билки, а ги уби со камења. Пострадаа во 284 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-sv-machenici-i-besrebrenici-kozma-i-damjan-brakja-koi-lechea-lugje-no-i-zivotni/feed/ 0