кожуф – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 05 Feb 2023 18:17:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кожуф – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Четири лица исчезнале на Кожув: Среќен крај на спасувачката акција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetiri-litsa-ischeznale-na-kozhuv-sreken-kraj-na-spasuvachkata-aktsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetiri-litsa-ischeznale-na-kozhuv-sreken-kraj-na-spasuvachkata-aktsija/#respond Sun, 05 Feb 2023 18:17:53 +0000 https://kurir.mk/?p=796436

Четири исчезнати лица на планината Кожув, денеска биле пронајдени живи и здрави од гевгелиските службеници при Системот за управување со кризи и доцна попладнево биле упатени кон своите домови, информира Центарот за управување со кризи. - Пријавата на 112 во ЦУК за исчезнатите четири лица, е примена денеска во 14:50 часот. Се јавил загрижениот татко на едно од изгубените, бидејќи лицата повеќе од еден ден не биле достапни, времето било многу студено со ветар и снег, а последен пат таткото остварил телефонски контакт околу 15.00 часот, еден ден пред тоа, односно на 4 февруари, во саботата. Тој посочил дека, иако постојано се обидувал да ги добие телефонски, тие на сите четири броја биле недостапни. Конкретно, тие заедно, четворицата исчезнати, во текот на вчерашниот ден заминале од населба Смрдлива Вода, што е на подножјето на планината, кон месноста „Мала Рупа“ на планината Кожуф, информираат од ЦУК. Од ЦУК нагласуваат дека, Секторот за операции и координација во ЦУК, преку регионалните центри во Струмица и во Гевгелија, веднаш стапил во координација со надлежни локални институции: Полицијата – СВР Гевгелија, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), ЈП „Национални шуми“ – подружница Гевгелија и преку Кабинетот на градоначалникот до сите други надлежни локални институции, служби и претпријатија. - Тие рационално, заеднички и плански реагирале и по кусо време исчезнатите лица биле пронајдени на планината Кожув, конкретно кај месноста „Мала Рупа“ над населбата Смрдлива Вода, а во комуникација и помош и од граѓани, месни жители, а и членови на планинарски друштва. Пронајдените четири исчезнати лица, живи и здрави од страна на ангажираните субјекти на Системот за управување со кризи (СУК) од Гевгелија се упатени доцна попладнево кон своите домови, известуваат од ЦУК. Оттаму потенцираат дека ја координирале и ја следеле ситуацијата во согласност со стандардните оперативни процедури за вакви итни случаи.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetiri-litsa-ischeznale-na-kozhuv-sreken-kraj-na-spasuvachkata-aktsija/feed/ 0
СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН МИХАЈЛОВО – формирана нова снежна покрива од 30 сантиметри на Кожуф(ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/site-patishta-vodat-kon-mihajlovo-formirana-nova-snezna-pokriva-od-30-santimetri-na-kozuf-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/site-patishta-vodat-kon-mihajlovo-formirana-nova-snezna-pokriva-od-30-santimetri-na-kozuf-foto/#respond Thu, 28 Jan 2021 10:57:28 +0000 https://kurir.mk/?p=460944

Нова снежна покривка до 30 сантиметри е формирана вчера во Михајлово на Кожуф планина. Рекреативци и љубители на природата денеска за МИА изјавија дека Михајлово го посетуваат тиквешани, но и гости од други места. Сите тие сакаат да уживаат во снегот, убавата природа и чистиот воздух. Михајлово е богато со шума. Има бел и црн бор, ели, јасики, даб. Се наоѓа на четириесетина километри од Кавадарци, во срцето на Кожуф, на надморска височина од околу 1.200 метри. Важи за воздушна бања, оддалечена околу пет километри воздушно од соседна Грција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/site-patishta-vodat-kon-mihajlovo-formirana-nova-snezna-pokriva-od-30-santimetri-na-kozuf-foto/feed/ 0
МВР со детали за пронаоѓањето на планинарите на Кожуф https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-so-detali-za-pronaogjanjeto-na-planinarite-na-kozuf/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-so-detali-za-pronaogjanjeto-na-planinarite-na-kozuf/#respond Mon, 07 Dec 2020 06:10:31 +0000 https://kurir.mk/?p=439717

Министерството за внатрешни работи информира дека спасувачки екипи ги пронашле изгубените планинари на Кожуф. Во потрагата учествувале полициски службеници, Шумската полиција, Шумско стопанство Гевгелија, ловното друштво „Елен“ од Гевгелија и членови на семејствата. -Вчера околу 22 часот на две издвоени локации на планината Кожуф ги пронајдоа В.Д. (70) и К.А. (58), за кои денеска во 17.30 ч. во ОВР Гевгелија беше пријавено дека се изгубиле откако во утринските часови заминале рекреативно да планинарат на планината Кожуф, информира МВР. Лицата се во добра здравствена состојба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-so-detali-za-pronaogjanjeto-na-planinarite-na-kozuf/feed/ 0
Гевгеличани против геолошките испитувања во општината https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gevgelichani-protiv-geoloshkite-ispituvanja-vo-opshtinata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gevgelichani-protiv-geoloshkite-ispituvanja-vo-opshtinata/#respond Thu, 21 Dec 2017 23:40:56 +0000 http://creativa5.com/kurir/?p=545

Гевгелија го потврди негативното мислење за издавање концесија за детални геолошки истражувања за металични минерални суровини на планината Кожуф, за месноста „Матушница-Исток“. На денешната седница, советниците на гевгелискиот совет едногласно изгласаа против геолошки истражувања на територијата на нивната општина. Револтирани поради барањата за нови концесии во југоистокот, активистите на „Спас за Гевгелија“ се собраа пред општинската зграда и им дадоа поддршка на советниците да гласаат против рудници. Негативно мислење дала и општина Кавадарци, од каде велат дека главна причина е што истражувањата би требало да се прават во близина на извориштето „Лукар“ од каде што се снабдуваат со вода Кавадарци, Росоман и Неготино. Мислење за издавање концесија од двете општини бара министерството за економија, кое е задолжено за издавање на концесии. Во април гевгеличани на референдум се изјаснија против отворање на рудници на планината Кожуф.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gevgelichani-protiv-geoloshkite-ispituvanja-vo-opshtinata/feed/ 0