крај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 Sep 2023 20:45:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png крај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Азербејџан прогласи крај на воената операција во Нагорно-Карабах https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdhan-proglasi-kraj-na-voenata-operatsija-vo-nagorno-karabah/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdhan-proglasi-kraj-na-voenata-operatsija-vo-nagorno-karabah/#respond Wed, 20 Sep 2023 20:45:31 +0000 https://kurir.mk/?p=880019

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во телевизиски говор вечерва го прогласи за завршено распоредувањето на неговите војници против регионот населен со Ерменци Нагорно-Карабах, пренесе ДПА. Азербејџан го врати својот суверенитет над областа, рече тој од Баку. Засега нема коментар од ерменската страна. Околу три години по последната војна меѓу двете поранешни советски републики, Азербејџан вчера почна воена операција за освојување на спорниот регион во Јужен Кавказ. Според Ерменците, повеќе од 30 луѓе загинале, а повеќе од 200 се повредени. Двете страни денеска се согласија на прекин на огнот со посредство на Русија, по што борбите стивнаа. Азербејџанската страна се согласи на прекин на огнот под услов ерменските сепаратистички борци да се откажат од отпорот и да го положат оружјето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdhan-proglasi-kraj-na-voenata-operatsija-vo-nagorno-karabah/feed/ 0
Крај на учебната година за средношколците, матурантите утре ќе полагаат втор екстерен испит https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kraj-na-uchebnata-godina-za-srednoshkoltsite-maturantite-utre-ke-polagaat-vtor-eksteren-ispit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kraj-na-uchebnata-godina-za-srednoshkoltsite-maturantite-utre-ke-polagaat-vtor-eksteren-ispit/#respond Fri, 09 Jun 2023 05:53:42 +0000 https://kurir.mk/?p=843825

Учебната 2022/2023 година денеска завршува за средношколците, но не и за основците за кои крајот на наставата ќе биде в среда, 14 јуни. Во основните училишта учебната година е продолжена три дена затоа што беше продолжен зимскиот распуст заради заштеда на електрична енергија за греење на училиштата. Второто полугодие од учебната година наместо на 18 јануари почна на 23 јануари. Матурантите, пак, утре ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој е изборен. Пријавените кандидати имаа можност да избираат од седум предмети: Математика, Англиски јазик, Француски, Германски, Руски јазик, Естетика или Филозофија. Првиот екстерен испит, задолжителниот Мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература 15 620 матуранти го полагаа на 27 мај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kraj-na-uchebnata-godina-za-srednoshkoltsite-maturantite-utre-ke-polagaat-vtor-eksteren-ispit/feed/ 0
Во Хрватска прогласен крај на епидемијата на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-hrvatska-proglasen-kraj-na-epidemijata-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-hrvatska-proglasen-kraj-na-epidemijata-na-koronavirusot/#respond Thu, 11 May 2023 13:48:05 +0000 https://kurir.mk/?p=833084

Хрватската влада денеска официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирусот. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на седница на Владата изјави дека ваквата одлука е донесена откако Светската здравствена организација соопшти дека тоа повеќе не претставува опасност по јавното здравје. - Од оваа голема опасност по здравјето, најголемата пандемија во последните 100 години, мора да извлечеме поуки за понатамошни потенцијални кризи од овој тип, рече Пленковиќ. Со одлуката престануваат да важат сите мерки, вклучително и обврската за употреба на маска во здравствените установи и изолација за болните. Дел од мерките ќе останат во сила само за медицинскиот персонал и тешко болните во болниците и домовите за стари и изнемоштени лица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-hrvatska-proglasen-kraj-na-epidemijata-na-koronavirusot/feed/ 0
Клуге: Омикрон може да стави крај на пандемијата на Ковид во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kluge-omikron-moze-da-stavi-kraj-na-pandemijata-na-kovid-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kluge-omikron-moze-da-stavi-kraj-na-pandemijata-na-kovid-vo-evropa/#respond Mon, 24 Jan 2022 07:51:40 +0000 https://kurir.mk/?p=622365

Омикрон означи почеток на нова фаза на пандемијата на коронавирус, а можеби и нејзин крај во Европа изјави шефот на европскиот огранок на Светската здравствена организациа Ханс Клуге. -Може да се заклучи дека регионот се ближи до своевидна завршна фаза од пандемијата, вели Клуге во интервју за АФП, дополнувајќи дека до март со омикрон би можело да се заразат 60 проценти од Европејците. Кога ќе се смири актуелниот бран во Европа, ќе се воспостави глобален имунитет кој ќе трае недели или месеци што благодарение на вакцините, што благодарение на имунитетот стекнат со заразување како и поради намалената сезоналност, толкува Клуге. -Очекуваме мирен период, но кон крајот на годината Ковид-19 би можел да се врати, но не обврзно како пандемија. По падот на бројот на нови случаи на северо-истокот на САД можен е пресврт и во целата држава, иако не би требало да бидеме претерано мирни, вели првиот човек на европскиот огранок на СЗО. Сепак тој потенцира дека е премногу рано за Ковид-19 да биде прогласена за ендемска болест како грипот. -Многу се зборува за ендемија, но ендемија значи дека можете да предвидите како ќе се развиваат работите. Вирусот веќе неколку пати не изненади па мора да бидеме внимателни. Омикрон се шири многу брзо, а би можеле да се појават и нови варијанти, нагласува Клуге. Со оглед дека омикрон премногу брзо се шири, според Клуге, европските земји не треба да се форкусираат на запирање на трансмисијата туку треба да настојуваат да го намалат ударот кон болниците, училиштата и стопанството. -Стабилизацијата на здравствениот систем не значи дека болниците нема да бидат полни, туку да се овозможи да можат да пружат основна заштита за други заболувања како што се карциномот и кардиоваскуларните болести, вели Клуге.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kluge-omikron-moze-da-stavi-kraj-na-pandemijata-na-kovid-vo-evropa/feed/ 0
СЗО: Да нема залажувања, далеку сме од крајот на пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-da-nema-zalazuvanja-daleku-sme-od-krajot-na-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-da-nema-zalazuvanja-daleku-sme-od-krajot-na-pandemijata/#respond Wed, 19 Jan 2022 08:41:53 +0000 https://kurir.mk/?p=620958

Првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адана Гебрејсус, ги предупреди светските лидери дека пандемијата на коронавирусот „не е ни блиску до својот крај“. Тој потсети дека некои европски земји бележат рекорден број на нови случаи поради сојот омикрон. Би-Би-Си пренесе дека Тедрос, на редовната прес-конференција во седиштето на СЗО во Женева, кажа дека сојот омикрон само минатата недела предизвикал 18 милиони нови инфекции ширум светот. -Иако овој сој може да се покаже дека е помалку сериозен, наративот дека се работи за блага болест е погрешен, рече тој. „Не правете грешка, омикрон предизвикува хоспитализации и смртни случаи, а уште потешки случаи ги поплавуваат здравствените установи“, рече директорот на СЗО. Тој ги предупреди глобалните лидери дека „со неверојатниот напредок на омикрон на глобално ниво, најверојатно ќе се појават нови варијанти на вирусот, поради што следењето и евалуацијата остануваат клучни“. -Исто така сум особено загрижен за многу земји кои имаат ниски стапки на вакцинација, бидејќи луѓето се многу повеќе изложени на ризик од сериозни болести и смрт доколку не се вакцинираат, рече тој. Директорот за вонредни ситуации на СЗО, Мајк Рајан, предупреди дека зголемената преносливост на омикрон веројатно ќе доведе до зголемување на хоспитализациите и смртните случаи, особено во земјите каде што се вакцинирани помалку луѓе. -Експоненцијалното зголемување на случаите, без разлика на тежината на поединечните варијанти, доведува до неизбежно зголемување на хоспитализирањата и смртните случаи, рече Рајан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-da-nema-zalazuvanja-daleku-sme-od-krajot-na-pandemijata/feed/ 0
Бил Гејтс: Крајот на пандемијата се очекува да биде следната година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bil-gejts-krajot-na-pandemijata-se-ochekuva-da-bide-slednata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bil-gejts-krajot-na-pandemijata-se-ochekuva-da-bide-slednata-godina/#respond Thu, 09 Dec 2021 11:08:21 +0000 https://kurir.mk/?p=606048

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејт, новиот омикрон сој на корона вирусот го нарече „загрижувачки“, но додаде дека „акутната“ фаза на пандемијата ќе заврши во 2022 година. -Можеби е глупаво повторно да се предвидуваат работите, но мислам дека акутната фаза на пандемијата ќе заврши во одреден момент во 2022 година. Се надевам дека во иднина за вирусот ќе размислувате само еднаш годишно и тоа наесен додека примате заедничка вакцина против грип и коронавирус, напиша Гејтс на својот блог, пренесе „Раша Тудеј“. Фармацевтските компании и во историјата имале големи проблеми со продажбата на своите вакцини против грип, поради нивната релативно ниска стапка на ефикасност, како и поради фактот што научниците требаше да предвидат кој вид на вирус ќе биде вирулентен во дадената година. Гејтс, сепак, е оптимист за терапијата и истакнува дека фармацевтскиот гигант Мерк неодамна доби одобрение од ФДА за својот антивирусен лек молнупиравир, наменет за лицата со висок ризик од тешка коронарна болест. -Оваа пилула значително ги намалува шансите за хоспитализација или смрт од Ковид-19, напиша тој на блогот. Тој призна дека и покрај примената на вакцините против корона вирусот годинава од Ковид-19 починале повеќе луѓе отколку минатата, и додаде дека подобрувањето годинава не е драматично, како што се надевал. Тој се осврна и на појавата на сојот омикрон оценувајќи го како „загрижувачки“, но и нагласи дека „светот сега е подобро подготвен да се бори против потенцијално опасните варијанти отколку што беше претходно“. Богатството на Гејтс за време на пандемијата се зголеми на 137 милијарди долари и тој во моментов е четвртиот најбогат човек во светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bil-gejts-krajot-na-pandemijata-se-ochekuva-da-bide-slednata-godina/feed/ 0
Шест јасни знаци дека време е за крај на врската https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/shest-jasni-znaci-deka-vreme-e-za-kraj-na-vrskata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/shest-jasni-znaci-deka-vreme-e-za-kraj-na-vrskata/#respond Thu, 21 Oct 2021 07:50:15 +0000 https://kurir.mk/?p=582924

Секоја врска има свои подеми и падови и во различни етапи едниот партнер може да биде подоминантен или „столбот“ што ја одржува врската стабилна. Во здрава врска, треба да можете да се потпрете еден на друг, да верувате еден во друг и да се поддржувате во вашите соништа, лични и заеднички. Ако веќе некое време се чувствувате дека не сте еднаков партнер во вашата врска, проверете дали партнерот покажува некои од знаците дека не ве цени доволно. Ваквиот човек тешко ќе се смени и секогаш ќе гледа на вас „од високо“, што значи дека не може да очекувате еднаквост во врската. Нема време за вас За сите други може да најде време, а плановите со вас ги откажува без да му трепне око. Или воопшто не ги закажува бидејќи не покажува интерес да прави што било заедно со вас. Не покажува благодарност Го сакате, му угодувате, се трудите да му ја исполните секоја желба (и каприц!), се грижите за него, а тој не знае да каже (ни да покаже) благодарност за „кралскиот третман“. Не ве прашува за совет Кога носи одлуки, тоа го прави сам и никогаш не се консултира со вас, дури и кога тие одлуки се однесуваат на вас и вашата врска. Тоа значи дека вашето мислење му е небитно за неговите работи и дека нема што да кажете за заедничките работи. Прави планови без вас Ова се надоврзува на претходното – само ви соопштува дека нешто ќе прави сам или дека вие треба да одите со него, а дали вие сакате и можете, не е важно. Дури и се лути ако му кажете дека не можете – во неговиот свет вие сте му секогаш достапна. Вие сте „украсот“ со кој може да се пофали, а не партнерката со која се гордее. Мрзлив е Сосема ви ги има препуштено домашните обврски и никогаш не му паднало на памет да ве праша дали ви треба помош или да преземе некоја обврска. Уште и наоѓа маани за тоа како е нешто сработено и ви префрла. Мисли дека со него „ви паднала секирата во мед“ Постојано се фали со неговите квалитети и достигнувања и не пропушта прилика да ви покаже вам и на сите околу дека треба да му бидете благодарни што ве избрал вас и дека треба да сте пресреќна што сте со него. Верувајте, има многу подобри мажи и вие заслужувате еден од нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/shest-jasni-znaci-deka-vreme-e-za-kraj-na-vrskata/feed/ 0
Американскиот конгрес го изгласа 19 јуни за празник за сеќавање на крајот на ропството https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-kongres-go-izglasa-19-juni-za-praznik-za-sekjavanje-na-krajot-na-ropstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-kongres-go-izglasa-19-juni-za-praznik-za-sekjavanje-na-krajot-na-ropstvoto/#respond Thu, 17 Jun 2021 07:24:30 +0000 https://kurir.mk/?p=524633

Американскиот Конгрес го усвои предлог-законот според кој 19 јуни е прогласен за празник во спомен на крајот на ропството и заминувањето на последните робови во 1865 година во државата Тексас. Претставничкиот дом на Конгресот го усвои нацрт-законот доцна синоќа со 415 гласа и 14 против, а Сенатот го направи тоа едногласно. И порано имаше барања овој ден да биде прогласен за празник, но тие станаа почести по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен на 25 мај 2020 година од бел полицаец. -Датумот 19 јуни не потсетува на историјата извалкана од бруталност и неправда, но, исто така, и на одговорноста што мора да ја имаме за да имаме иднина на напредокот, почитувајќи ја еднаквоста, рече спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси. И американскиот претседател Џо Бајден треба да го потпише овој нов закон. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-kongres-go-izglasa-19-juni-za-praznik-za-sekjavanje-na-krajot-na-ropstvoto/feed/ 0
ПСЖ објави за крај на соработката со тренерот Тухел https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/psz-objavi-za-kraj-na-sorabotkata-so-trenerot-tuhel/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/psz-objavi-za-kraj-na-sorabotkata-so-trenerot-tuhel/#respond Tue, 29 Dec 2020 10:47:30 +0000 https://kurir.mk/?p=449776

Францускиот шампион Пари Сен-Жермен, на својата официјалната веб-страница објави за прекинот на соработката со тренерот Томас Тухел. Четириесет и седумгодишниот Германец го предводеше парискиот клуб од мај 2018 година. Под негово водство екипа двапати стана шампион на Франција, освои два трофеја во францускиот Суперкуп, еднаш победи во Купот на Франција, еднаш стигна до трофејот во францускиот Лига куп, а исто така стигнаа до финалето во Лигата на шампионите во сезоната 2019/20, каде загубија од Баерн Минхен (0:1). – Би сакал да му се заблагодарам на Томас Тухел и неговиот персонал за сè што направија за клубот. Тухел вложи многу труд и енергија во својата работа. Ќе се сеќаваме на сите добри времиња низ кои поминавме заедно. Му посакуваме се најдобро, изјави за официјалната веб-страница на ПСЖ, претседателот на клубот Насер Ал-Келаифи. По 17 кола во француската Лига 1 парижаните се на третото место во поредокот, со еден бод помалку од водечкиот Лион. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/psz-objavi-za-kraj-na-sorabotkata-so-trenerot-tuhel/feed/ 0
Светот во 2020: Доаѓа ли крајот на глобализацијата? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-vo-2020-doagja-li-krajot-na-globalizacijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-vo-2020-doagja-li-krajot-na-globalizacijata/#respond Mon, 28 Dec 2020 07:12:13 +0000 https://kurir.mk/?p=449217

Светската трговија во последните години бележи огромни загуби, а 2020 година не беше исклучок, пишува Вол Стрит Џурнал. Од светската финансиска криза во 2009 година, растот на светската трговија е бавен. Повисоките царини и трговските војни на администрацијата на Трамп исто така нанесоа удар. Обемот на трговијата падна во 2019 година, иако глобалната економија продолжи да расте. Оваа година, со доаѓањето на пандемијата, трговијата го поднесе својот најтежок удар и падна за со 9,2 проценти, покажуваат податоци на Светската трговска организација. Приливите и одливите во размената најчесто ги одразуваат промените во економскиот раст на светот. Затоа и прогнозата за следната година зависи најмногу од тоа дали светот ќе може да се извлече од пандемијата и да ја остави во историјата. Постојат неколку причини да се верува дека политичкиот одговор, како и зголемената загриженост за национална безбедност, ќе имаат долгорочен ефект во оформувањето – па дури и падот-на глобализацијата во иднина. Глобализацијата – зголемувањето на светската трговија и инвестициите во светот – беше клучен двигател на глобалната економија меѓу 1990 и 2010 година. Но заедно со финансиската криза и таа тенденција запре. Според Светска банка, светските ланци за испораки, престанале да се шират по 2008 година. Се забавија и економските реформи. За време на владеењето на Си Џинпинг, Кина усвои политики со кои ги зајакна државните претпријатија и локалниот развој на критичните технологии. Империјата полека почнува да се затвора во себеси. Извозот како удел во БДП се намали од 31 процент во 2008 година на само 17 отсто во 2019 година. И Кина не е сама. Национализмот се претвори во моќна сила во многу делови на светот, а со тоа дојде и економскиот национализам. Индискиот премиер Наренда Моди почна кампања „Произведено во Индија“. Претседателот Трамп водеше политика „Купувајте американско“, па дури и новоизбраниот шеф на државата, Џо Бајден, кој е поотворен за слободна трговија, поддржува слични програми. Да не зборуваме за Брегзит. Пандемијата веројатно ќе ги влоши овие постојни закани за глобализираниот свет. Многу земји се прашуваат дали не станале премногу зависни од други држави за увоз на лекови, на пример. Така, за време на пандемијата беа воведени привремени забрани за извоз на медицинска опрема поради недоволно снабдување на локалниот пазар. И иако засега промените воведени на политичко се релативно незначителни, ставовите се променија. Претседателот на Франција, Емануел Макрон, смета дека коронавирусот „ќе ја смени природата на глобализацијата“, додавајќи дека „оваа фаза на глобализацијата го завршува својот циклус“. Загриженост за безбедноста На сето ова се додава и загриженоста за националната безбедност. Односите меѓу САД и Кина ce влошија затоа што Вашингтон почна да стравува за безбедноста на технолошките производи и почна да се прашува дали Пекинг не им наредува на производителите во Кина да остават „вратички“ за сопствен пристап. Така што не само што беа воведени царини, туку Вашингтон забрани купување на американски технолошки компании од страна на кинески компании. САД не се сами во своите стравови, како што покажа дебатата околу опремата на Хуавеи. Јапонија исто така почнува да истражува како да ја намали зависноста од Кина и да произведува повеќе дома. Кина, пак, почна да ја користи трговијата како оружје. Државите како Австралија паднаа под „оганот“ на Пекинг и открија дека спротивставувањето на политики на комунистичката партија води о забрана на трговијата „од здравствени причини“, нови царини или задржување на стоките на граница поради неочекувани „здравствени проверки“. Комбинацијата од сите овие стравови и политики сугерира дека светот почнува да го менува правецот и одделните држави се движат кон самодоволност. Луѓето почнуваат да ја ценат безбедноста повеќе од ефикасноста. Ова повлекување нема да стави крај на глобализацијата – процес што го достигна својот историски врв пред една деценија. Но делумно ќе се сврти, претскажувајќи тешка иднина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-vo-2020-doagja-li-krajot-na-globalizacijata/feed/ 0