кракен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 20 Feb 2023 07:23:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кракен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кракен варијантата на Ковид откриена кај пациент во Софија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kraken-varijantata-na-kovid-otkriena-kaj-patsient-vo-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kraken-varijantata-na-kovid-otkriena-kaj-patsient-vo-sofija/#respond Mon, 20 Feb 2023 07:23:56 +0000 https://kurir.mk/?p=802481

Случај на Омикрон варијанта на Ковид-19 - XBB.1.5 е идентификуван во Бугарија, соопшти Националниот центар за заразни болести. „Кракен“ е откриен кај човек во Софија. СЗО ја следи таа варијанта поради нејзиниот потенцијал за забрзано ширење и намалена неутрализација со вакцина и природен имунитет од претходните варијанти на Ковид, соопшти Центарот. Пациентот е на домашно лекување, јави БТА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kraken-varijantata-na-kovid-otkriena-kaj-patsient-vo-sofija/feed/ 0
„Кракен“ откриен и во Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kraken-otkrien-i-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kraken-otkrien-i-vo-srbija/#respond Tue, 14 Feb 2023 20:45:56 +0000 https://kurir.mk/?p=800562

Во Србија е детектиран Кракен, подваријанта на Омикрон на вирусот на Ковид-19 што шири низ целиот свет, објави Јуроњуз Србија повикувајќи се на Институтот за молекуларна генетика и генетско инженерство. „Подваријантата XBB 1.5 (Кракен) е откриена во примероци во Србија“, изјави д-р Сања Јеремиќ, заменик директор на Институтот за молекуларна генетика и генетско инженерство, каде што сега се врши секвенционирање на коронавирусот. Во Србија во изминатите 24 часа биле тестирани 10.350 лица за присуство на коронавирус, од кои вирусот е потврден во 825. Од заразата починале две лица. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека подваријантата XBB.1.5 е „најпреносливата подваријанта досега откриена“. Лекарите се загрижени дека „Кракен“ ги избегнува постоечките антитела во телото, кои се добиени како резултат на претходни инфекции со коронавирусот. Колку брзо се пренесува најдобро кажуваат податоците од САД. На крајот на октомври во државата Њујорк беше откриена нова подваријанта на омикрон, а до декември повеќе од 40 отсто од случаите на Ковид 19 во таа земја биле предизвикани од сојот XBB.1.5, покажуваат податоците на американските центри за Контрола и превенција на болести.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kraken-otkrien-i-vo-srbija/feed/ 0
Совети до македонските граѓани: Како да се заштитите од „кракен“, новиот сој на Ковид-19? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soveti-do-makedonskite-gragani-kako-da-se-zashtitite-od-kraken-noviot-soj-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soveti-do-makedonskite-gragani-kako-da-se-zashtitite-od-kraken-noviot-soj-na-kovid-19/#respond Wed, 25 Jan 2023 06:54:23 +0000 https://kurir.mk/?p=791443

Заштитата од новиот сој на Ковид-19, „кракен“, е идентична со претходните. Неопходен е сериозен пристап на граѓаните и придржување до дадените препораки. Тоа се носење маска во здравствени институции, во затворен простор како што е јавниот транспорт, како и избегнување на затворени простории преполни со луѓе, вели во изјава за МИА директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ. Во земјава е регистриран првиот случај на „кракен“ кај пациент од Гевгелија. Очекувањата се дека овој сој на вирусот ќе почне да осцилира и кај нас, како и во другите земји, но, како што нагласува Стевановиќ, нема место за паника. -Таа не помогна ни во највисоките трендови на развој на пандемијата, па нема ни сега, вели Стевановиќ. Додава дека станува збор за вирус кој е лесно пренослив, но дека не предизвикува тешка клиничка слика. Ризик да се развие потешка клиничка слика постои кај пациентите со тешки хронични болести. -Од клиничките искуства во светот, засега не се остава впечаток дека предизвикува потешка клиничка слика или различни симптоми од досегашните. Ризикот за потешка клиничка слика сѐ уште го има приматот кај пациенти со тешки хронични болести, како и кај повозрасните лица. Секако, постои можност за копликација, посебно поради сезоната на грип, каде може да има и повеќе вирусни инфекции одеднаш, а во деференцијали дијагностички сѐ потешко се разликуваат, нагласува Стевановиќ. Институтот за јавно здравје во неделата соопшти дека во земјава е регистриран првиот случај на „кракен“ кај пациент од Гевгелија, кој, како што вели Стевановиќ во изјава за МИА, не патувал надвор од државата и нема тешка клиничка слика. Третиран е амбулантски. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soveti-do-makedonskite-gragani-kako-da-se-zashtitite-od-kraken-noviot-soj-na-kovid-19/feed/ 0
ВО МАКЕДОНИЈА ОФИЦИЈАЛНО ПРИСТИГНА НОВИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУС – еве од кој град е заразениот пациент https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-ofitsijalno-pristigna-noviot-soj-na-koronavirus-eve-od-koj-grad-e-zarazeniot-patsient/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-ofitsijalno-pristigna-noviot-soj-na-koronavirus-eve-od-koj-grad-e-zarazeniot-patsient/#respond Sun, 22 Jan 2023 09:36:50 +0000 https://kurir.mk/?p=790259

Институт за Јавно Здравје (ИЈЗ) утрово соопшти дека кај еден пациент е детектиран новиот подсој на омикрон познат како „кракен“. -Кај еден примерок, од вкупно 32, е детектирана XBB.1.5 омикрон сублинијата позната како Кракен. Пациентот кај кој е детектирана новата сублинија е од Гевгелија, a примерокот е земен на 11.01.2023 година, соопшти ИЗЈ. ИЗЈ додава дека 32 примерока се позитивни на SARS-CoV-2, а селектираните примероци биле од месеците декември 2022 година и јануари 2023 година. -Кај 8 примероци е детектирана BA.2 сублинијата на Омикрон сојот. Кај останатите 23 SARS-CoV-2 примероци е детектирана ВА.5 сублинијата на Омикрон, додава Институтот. Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски во врска со сојот кракен, во четвртокот изјави дека сите податоци што досега ги имаат укажуваат дека повторно се работи за една варијанта која предизвикува благи симптоми и не се очекува неговото ширење драстично да го оптовари здравствениот систем. Тој тврди дека нема простор за загриженост помеѓу граѓаните. Според д-р Петличковски, епидемиолошката состојба во земјата е стабилна, а сезоната на инфлуенца започна пред две недели и би требало да трае седум – осум недели.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-ofitsijalno-pristigna-noviot-soj-na-koronavirus-eve-od-koj-grad-e-zarazeniot-patsient/feed/ 0
КРАКЕН ОФИЦИЈАЛНО НЕ Е ВО МАКЕДОНИЈА, НО ВЕРОЈАТНО Е ПРИСУТЕН – тврди Комисијата за заразни болести, утре се очекуваат 10 резултати! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kraken-ofitsijalno-ne-e-vo-makedonija-no-verojatno-e-prisuten-tvrdi-komisijata-za-zarazni-bolesti-utre-se-ochekuvaat-10-rezultati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kraken-ofitsijalno-ne-e-vo-makedonija-no-verojatno-e-prisuten-tvrdi-komisijata-za-zarazni-bolesti-utre-se-ochekuvaat-10-rezultati/#respond Thu, 19 Jan 2023 19:18:55 +0000 https://kurir.mk/?p=789479

Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски изјави дека кај нас се уште официјално не е регистрирана подваријантата на ковид Кракен, меѓутоа многу е веројатно дека е тука. Утре се очекуваат резултати од секвенционирање на десетина примероци. -Во тек е во моментов нова рунда на секвенционирање на неколку десетина примероци. Очекуваме утре да имаме резултати од тоа секвенционирање. Не е исклучено помеѓу некои од примероците да се појави и Кракен варијантата. Добро е што сите податоци што досега ги имаме укажуваат дека повторно се работи за една варијанта која предизвикува благи симптоми и не очекуваме неговото ширење драстично да го оптерети здравствениот систем, изјави д-р Петличковски за Тема на денот на Сител телевизија. Тој тврди дека нема простор за загриженост помеѓу граѓаните. Според д-р Петличковски, епидемиолошката состојба во земјата е стабилна, а сезоната на инфлуенца започна пред две недели и би требало да трае седум – осум недели. -Се уште се движиме кон врвот, сезоната годинашаната на инфлуенца започна пред две недели и би требало да трае седум – осум недели, но според податоците од соседните земји, веќе се приближуваме на некое плато. Ова топло време не погодува многу за ширењето на грипот, така што можно е за скоро недела – две да го достигнеме максимумот. Притоа овој максимум не се разликува од максимумите кои години наназад просечно ги достигнуваме што значи ништо не очекувано во овој момент не се случува, изјави д-р Пеличковски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со зголемениот број лица со респираторни проблеми.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kraken-ofitsijalno-ne-e-vo-makedonija-no-verojatno-e-prisuten-tvrdi-komisijata-za-zarazni-bolesti-utre-se-ochekuvaat-10-rezultati/feed/ 0
БРЗО ДОЈДЕ ВО СОСЕДСТВОТО НОВИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУС – во оваа земја е регистриран првиот случај https://arhiva.kurir.mk/svet/region/brzo-dojde-vo-sosedstvoto-noviot-soj-na-koronavirus-vo-ovaa-zemja-e-registriran-prviot-sluchaj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/brzo-dojde-vo-sosedstvoto-noviot-soj-na-koronavirus-vo-ovaa-zemja-e-registriran-prviot-sluchaj/#respond Thu, 19 Jan 2023 15:36:49 +0000 https://kurir.mk/?p=789408

Во Црна Гора денеска е потврден првиот случај на зараза со подсојот на омикрон XBB.1.5 (кракен), соопшти Институтот за јавно здравје. Со тоа, како што се наведува во соопштението од Институтот, Црна Гора се приклучи на листата на земји каде е регистрирана мутација на високо заразниот сој. XBB.1.5. е нова подваријанта на омикрон создадена со комбинирање на другите две подваријанти на овој вид. „Кракен“ прв пат е регистриран во октомври во САД, каде моментално доминантно циркулира.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/brzo-dojde-vo-sosedstvoto-noviot-soj-na-koronavirus-vo-ovaa-zemja-e-registriran-prviot-sluchaj/feed/ 0
Пристигна во соседството: Во Грција потврдени првите случаи на новиот сој „Кракен“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pristigna-vo-sosedstvoto-vo-grtsija-potvrdeni-prvite-sluchai-na-noviot-soj-kraken/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pristigna-vo-sosedstvoto-vo-grtsija-potvrdeni-prvite-sluchai-na-noviot-soj-kraken/#respond Thu, 12 Jan 2023 16:49:24 +0000 https://kurir.mk/?p=786595

Во Грција се потврдени шест случаи на новиот сој на коронавирусот ХББ.1.5, познат под името „Кракен“. Според Националната организација за јавно здравје на Грција, сите случаи, што воедно се и првите потврдени во земјата, се во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pristigna-vo-sosedstvoto-vo-grtsija-potvrdeni-prvite-sluchai-na-noviot-soj-kraken/feed/ 0
ДОАЃА КОН ЕВРОПА НОВИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУС – за прв пат откриен во оваа земја, се вика „КРАКЕН“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/doaga-kon-evropa-noviot-soj-na-koronavirus-za-prv-pat-otkrien-vo-ovaa-zemja-se-vika-kraken/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/doaga-kon-evropa-noviot-soj-na-koronavirus-za-prv-pat-otkrien-vo-ovaa-zemja-se-vika-kraken/#respond Thu, 12 Jan 2023 11:11:53 +0000 https://kurir.mk/?p=786404

Новиот подвид на Омикрон, Кракен, првпат е откриен во Русија, соопшти денеска Руската државна служба за заштита на потрошувачите и благосостојба на граѓаните (Роспотребнадзор). Првиот случај на инфекција со сојот XBB. 1.5 е потврден во регионот на Пенза при секвенционирање на геномот на коронавирусот, се наведува во соопштението на „Роспотребнадзор“. Кракен првпат е регистриран на 22 октомври во Њујорк и оттогаш се прошири во САД, но и во 30 други земји, главно во Европа.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/doaga-kon-evropa-noviot-soj-na-koronavirus-za-prv-pat-otkrien-vo-ovaa-zemja-se-vika-kraken/feed/ 0
Нема потврден случај на сојот „кракен“ во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-potvrden-sluchaj-na-sojot-kraken-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-potvrden-sluchaj-na-sojot-kraken-vo-makedonija/#respond Wed, 11 Jan 2023 12:34:40 +0000 https://kurir.mk/?p=785985

Нема место за паника, досега во државава нема потврден случај на сојот на коронавирусот „кракен“, изјави за МИА Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести. – Сѐ уште нема регистрирано кај нас, бидејќи последното секвенционирање на позитивните примероци на ковид е направено на 5 декември и во таа рунда на секвенционирање, не е откриен овој сој, „кракен“. Засега нема точна информација кога би било следното, отприлика на месец дена се прават тестирањата. Веројатно следните денови би имало нова рунда на секвенционирање, појасни Петличковски. Но, од податоците што ги имаат од САД и од Европа, како што нагласи, не се очекува некаков драматичен пресврт ни со оваа нова варијанта. – Таа е малку повеќе заразна од претходните, како што сите нови варијанти што се појавуваат во изминатите месеци се однесуваат, стануваат малку повеќе заразни и малку поблага клиничка слика предизвикуваат на болеста. Така да, не очекуваме некој драматичен пресврт ниту со таа варијанта, истакна Петличковски. Тој информираше дека Комисијата за заразни болести следната недела ќе има состанок и в среда ќе се разгледува состојбата. – Но, на терен, извештаите од болниците укажуваат на навистина стабилна состојба. Вкупно 30 хоспитализирани лица минатата недела, ниедно од нив на инвазивна вентилација, вкупно два смртни случаи, сѐ е како во последните три-четири месеци. Многу стабилно. Апсолутно нема простор за паника, додаде Петличковски. Доминантниот сој на коронавирусот, омикрон, доби подваријанта ХББ.1.5, позната како „кракен“, што брзо се шири низ САД, како и низ дел од европските држави. Од балканските држави, во Србија засега нема официјални информации за присуство на кракен, но, како што пишуваат дел од српските медиуми, се очекува да има наскоро, бидејќи подваријантата веќе се појави во Романија.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-potvrden-sluchaj-na-sojot-kraken-vo-makedonija/feed/ 0
Најзаразен сој на коронавирусот се шири низ светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najzarazen-soj-na-koronavirusot-se-shiri-niz-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najzarazen-soj-na-koronavirusot-se-shiri-niz-svetot/#respond Thu, 05 Jan 2023 14:42:08 +0000 https://kurir.mk/?p=784038

Новиот сој на коронавирусот – XББ. 1.5, со голема брзина се шири низ светот, а според податоците на Светската здравствена организација, тоа е најзаразниот вид откриен од почетокот на пандемијата. Новиот вид познат и како Кракен, откриен е во најмалку 29 земји откако првпат се појави во Њујорк на 22 октомври, објави „Дејли мејл“. По појавата на Кракен, забележан е голем пораст на бројот на заболени, што е прво забрзување од таа големина од појавувањето на Омикрон минатата зима. Кракен иако е многу заразен, според експертит сојот всушност е „роднина“ на омикрон и е релативно понеопасен од неговиот претходник. На здравствените работници во Велика Британија им е препорачано да носат маски, да работат од дома кога можат и да одржуваат социјална дистанца, со што се постои „ризик од колапс“ на британскиот здравствен систем, истакнува „Дејли мејл“. Според истражувањата открено е дека кракен е спој на подсоеви БА. 2.10.1. и БА.2.75 и сочинуваат 75 проценти од случаите во најпогодените делови на САД. Експертот од Мелбурн, Мајк Хани истакна дека во Велика Британија се регистрирани 28 случаи на кракен, од кои 24 во Англија, два во Велс и по еден во Северна Ирска и Шкотска. Водечките германски здравствени власти денеска изразија загриженост за новиот вид, а Германија досега пријавила еден случај.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najzarazen-soj-na-koronavirusot-se-shiri-niz-svetot/feed/ 0