краков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Jun 2023 19:17:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png краков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сребро за Дејан Георгиевски на Европските игри во Полска https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/srebro-za-dejan-georgievski-na-evropskite-igri-vo-polska/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/srebro-za-dejan-georgievski-na-evropskite-igri-vo-polska/#respond Mon, 26 Jun 2023 19:17:44 +0000 https://kurir.mk/?p=849851

Македонија го освои првиот медал на Европските игри во Краков, Полска, откако нашиот најдобар таеквондо-фајтер, Дејан Георгиевски загуби во финалето во категоријата над 83 килограми, губејќи со 2:0 од британскиот ривал Кејден Луис Канингем. Со ова се комплетираше фантастичниот настап на сребрениот од Олимпијадата во Токио, а Георгиевски на патот до финалето ги совлада Италијанецот Матија Молина и Украинецот Андриј Харбар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/srebro-za-dejan-georgievski-na-evropskite-igri-vo-polska/feed/ 0
Свечено отворени Европските игри во Краков, настапуваат 17 македонски спортисти https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/svecheno-otvoreni-evropskite-igri-vo-krakov-nastapuvaat-17-makedonski-sportisti/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/svecheno-otvoreni-evropskite-igri-vo-krakov-nastapuvaat-17-makedonski-sportisti/#respond Thu, 22 Jun 2023 08:28:35 +0000 https://kurir.mk/?p=848484

Во полскиот град Краков синоќа свечено беа отворени третите Европски игри на кои до 2 јули ќе настапат и 17 македонски спортисти во седум дисциплини. Европските игри на стадионот „Висла“ во Краков ги отвори полскиот претседател Андреј Дуда, а македонското знаме на церемонијата на свеченото отворање го носеа каратистот Емил Павлов и таеквондистката Милијана Рељиќ. Околу 7.000 спортисти од 48 европски земји настапуваат на Игрите чиј домаќини се Краков и уште 12 полски градови, а ќе се натпреваруваат во 29 спортови или дисциплини, од кои дури 19 се бодуваат за директни норми за настап на Олимписките игри 2024 во Париз. На церемонијата на свеченото отворање, полските организатори изразија гордост што се домаќини на најголемата мултиспортска манифестација во Европа по Олимписките игри 2012 во Лондон. Пораката на Игрите гласи „Мир во Европа“, бидејќи Полска е домаќин на оваа манифестација во екот на руската агресија врз Украина и бројните економски предизвици ширум Стариот континент. На церемонијата на отворањето, покрај домаќинот, најсилен аплауз доби Украина, додека руските и белоруските спортисти не учествуваат на манифестацијата. Македонските спортисти ќе настапат во карате (Емил Павлов), спортско стрелаштво (Анастасија Мојсовска, Мартин Ангелески), таеквондо (Дејан Георгиевски, Анамарија Георгиевска, Милијана Рељиќ), текбол (Димитар Пејчиновски), кајак (Анѓел Петрушев. Никола Малевски, Владимир Малевски), мечувалство (Никола Николовски, Петар Србиновски, Петар Дамјановски, Матеј Тодороски) и бокс (Атила Илхан Озмен, Ален Рустемовски и Архан Исени).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/svecheno-otvoreni-evropskite-igri-vo-krakov-nastapuvaat-17-makedonski-sportisti/feed/ 0
Ќе гори Краков – позната е локацијата за фан зоната на македонската фаланга! https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ke-gori-krakov-poznata-e-lokatsijata-za-fan-zonata-na-makedonskata-falanga/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ke-gori-krakov-poznata-e-lokatsijata-za-fan-zonata-na-makedonskata-falanga/#respond Fri, 13 Jan 2023 10:52:22 +0000 https://kurir.mk/?p=786763

Репрезентацијата на Македонија денес со дуел против Норвешка ќе го стартува своето учество на Мундијалот 2023. Како и на секое Светско или Европско првенство, нашата репрезентација ќе има голема поддршка од трибините. Како што е познато, Македонија натпреварите од групната фаза ќе ги игра во Краков, а домаќин ќе биде „Таурон Арена“. Македонците во Краков ќе имаат и своја навивачка база. Станува збор за познатата пивница „Љубич“, која е основана во далечната 1840 година. Пивницата, која ќе биде навивачка база на „Фалангата“ се наоѓа во самиот центар на Краков, односно на два до три километри од „Таурон Арена“. Македонија на 13 јануари ќе игра против Норвешка. Два дена подоцна, односно на 15 јануари, избраниците на Лазаров ќе имаат дуел против Холандија, додека последниот натпревар од групната фаза ќе го одиграат против Аргентина на 17 јануари. Извор: 24rakomet.mk
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ke-gori-krakov-poznata-e-lokatsijata-za-fan-zonata-na-makedonskata-falanga/feed/ 0
ФОТО: „Таурон Арена“ спремна за „Фалангата“, Македонија се враќа во Краков https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/foto-tauron-arena-spremna-za-falangata-makedonija-se-vraka-vo-krakov/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/foto-tauron-arena-spremna-za-falangata-makedonija-se-vraka-vo-krakov/#respond Thu, 12 Jan 2023 14:34:41 +0000 https://kurir.mk/?p=786551

Нешто повеќе од еден ден на нè делат од уште едно големо натпреварување за македонската репрезентација. Најдобрите ракометари од цел свет ќе бидат дел од престојното првенство во Полска и Шведска. „Таурон арената“ е спремна за нов ракометен спектакл во наредните две недели. Погледнете ја внатрешноста на салата пред почетокот на првенството. Капацитетот на арената е 15.030 седишта за спортски настани, додека за концерти може да достигне и до 22.000 гледачи. На Европското првенство во 2016 година Македонија играше во истата сала кога беше во група со Франција, Полска и Србија. Годинава Македонија ќе започне на 13 јануари против Норвешка, додека последниот натпревар од првата фаза треба да биде на 17 јануари против Аргентина. Според најавите „Фалангата“ ќе ја обои големата арена и Македонија ќе има најмногу приврзаници на Светското првенство, во групите во Краков.

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/foto-tauron-arena-spremna-za-falangata-makedonija-se-vraka-vo-krakov/feed/ 0
„Фалангата“ се мобилизира – сите патишта водат кон Краков! https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/falangata-se-mobilizira-site-patishta-vodat-kon-krakov/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/falangata-se-mobilizira-site-patishta-vodat-kon-krakov/#respond Wed, 11 Jan 2023 11:35:14 +0000 https://kurir.mk/?p=785938

Македонската ракометна репрезентација и на ова Светско првенство ќе има поддршка од трибините. „Фалангата“ се мобилизира од сите страни. Дел од фановите ќе бидат од Македонија, дел ќе дојдат од земјите надвор, сите со една цел – да им дадат ветер во грб на младите ракометари. Во Арената Таурон треба да има над 500-македонски навивачи. Дел од нив веќе ги запалија автомобилите и тргнаа кон Краков, веќе добро познато место. Во овој град пред седум години Македонија играше на ЕП. Нашите ракометари уште денеска ќе бидат во Скопје, утре со чартер лет ќе заминат за Краков, а веќе на 13. овој месец го играат првиот меч, за противник ја имаат селекцијата на Норвешка. Фото: sportmedia.mk

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/falangata-se-mobilizira-site-patishta-vodat-kon-krakov/feed/ 0
Во Краков наместо сол, тие го фрлаат ова на снежните површини ! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-krakov-namesto-sol-tie-go-frlaat-ova-na-sneznite-povrshini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-krakov-namesto-sol-tie-go-frlaat-ova-na-sneznite-povrshini/#respond Thu, 11 Feb 2021 10:44:17 +0000 https://kurir.mk/?p=467233

Жителите на Краков, живописната средновековна престолнина на Полска, се разбудија со мирис на кафе, но не од своите филџани, туку од улиците, бидејќи тамошната служба одлучи да ги попрска снежните површини со кафе, наместо со сол. Одделот за одржување паркови и зеленило појасни дека кафето е корисно за животната средина, а истовремено е и поевтино од солта. Оваа одлука воодушеви многумина од жителите и многу кафулиња се согласија да го фрлаат остатокот кафе на улица, наместо во ѓубре. За таа цел се користи главно – талогот од испиено кафе. Властите, исто така, се надеваат дека ќе ги охрабрат жителите да купуваат повеќе кафе и да им помогнат на угостителите „во овие тешки времиња на пандемија“ на коронавирусот. На својата интернет-страница, Одделот наведува друга добра причина во корист на кафето: тоа било безопасно за кучињата, наспроти солта која им ги нагризува шепите.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-krakov-namesto-sol-tie-go-frlaat-ova-na-sneznite-povrshini/feed/ 0