крал чарлс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 06 May 2023 18:55:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png крал чарлс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вознемирен коњ направи инцидент на крунисување на Чарлс Трети https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voznemiren-kon-napravi-intsident-na-krunisuvane-na-charls-treti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voznemiren-kon-napravi-intsident-na-krunisuvane-na-charls-treti/#respond Sat, 06 May 2023 18:55:31 +0000 https://kurir.mk/?p=831372

За време на денешното крунисување на британскиот крал Чарлс Трети, се случи помал инцидент кога вознемирен коњ, кој беше дел од кралската поворка, налета на толпата луѓе која го следеше настанот на улиците на Лондон. Според Sky News, во таа прилика нема повредени. Претходно, силниот дожд ја отежна поворката со коњи што ја јаваа припадници на војската и вооружените сили за време на парадата. Церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс заврши денеска со поздрави од членовите на кралското семејство од балконот на Бакингемската палата. Десетици илјади луѓе се собраа пред палатата за да ја поздрават новата британска кралска двојка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voznemiren-kon-napravi-intsident-na-krunisuvane-na-charls-treti/feed/ 0
Чарлс го понижи помалиот син: Хари го возврати ударот пред целиот свет – еве што се случи по крунисувањето https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/charls-go-ponizhi-pomaliot-sin-hari-go-vozvrati-udarot-pred-tseliot-svet-eve-shto-se-sluchi-po-krunisuvaneto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/charls-go-ponizhi-pomaliot-sin-hari-go-vozvrati-udarot-pred-tseliot-svet-eve-shto-se-sluchi-po-krunisuvaneto/#respond Sat, 06 May 2023 16:09:24 +0000 https://kurir.mk/?p=831315

„Крунисан крал Чарлс III“ е насловот кој моментално ги краси насловните страници на сите светски портали и весници. Сепак, она што можеби повеќе ја интересира јавноста се шпекулациите околу британските принцови и односот меѓу двајцата браќа - Вилијам и Хари. Иако сите кои се заинтересирани за оваа тема имаат свој фаворит во оваа кралска „драма“, се чини дека и кралот има свој фаворит. Откако беше крунисан, на Чарлс му пријде неговиот постар син принцот Вилијам и го бакна во образ. „Ти благодарам, Вилијам“, рече Чарлс тивко. Некои го окарактеризираа чинот на овој крал како показател за блискоста на таткото и синот, а сето тоа го забележа и „омразениот син“ Хари и тоа од третиот ред. Историската церемонија е прва средба меѓу Хари и Вилијам откако војводата од Сасекс ги објави сите валкани тајни на кралското семејство во неговите мемоари „Резерва“. Кралот и кралицата Чарлс и Камила традиционално излегоа на балконот на Бакингемската палата за да ги поздрават присутните граѓани по историската церемонија на крунисување. Таму беше и остатокот од семејството - сите освен помладиот син на Чарлс, принцот Хари. Според локалните медиуми, тој веќе го напуштил градот - автомобилот на принцот бил забележан како заминува од Лондон веднаш по церемонијата. Видното фаворизирање на Вилијам е навредливо за Хари, па тој со заминување го возврати “ударот“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/charls-go-ponizhi-pomaliot-sin-hari-go-vozvrati-udarot-pred-tseliot-svet-eve-shto-se-sluchi-po-krunisuvaneto/feed/ 0
Кралот Чарлс Трети и Камила ги поздравија граѓаните од балконот на Бакингемската палата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-charls-treti-i-kamila-gi-pozdravija-graganite-od-balkonot-na-bakingemskata-palata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-charls-treti-i-kamila-gi-pozdravija-graganite-od-balkonot-na-bakingemskata-palata/#respond Sat, 06 May 2023 14:59:39 +0000 https://kurir.mk/?p=831290

Британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила, придружувани од кралското семејство, денеска излегоа на балконот на Бакингемската палата за да ги поздрават десетиците илјади луѓе собрани по повод нивното крунисување. Заедно со кралот и кралицата со круни и во церемонијална облека беа и престолонаследникот Вилијам со сопругата Кејт и нивните деца, и братот и сестрата на кралот, Ана и Едвард. Од балконот го следеа свечениот прелет на воздухопловните сили, со помалку авиони поради дождот. Потоа влегоа во палатата, но набрзо се вратија на балконот за повторно да ги поздрават граѓаните. Најмладиот син на Чарлс, Хари и неговиот брат Ендрју не беа на балконот. Хари - војводата од Сасекс и Ендрју - војводата од Јорк, повеќе не се активни членови на кралското семејство. Хари и Ендрју присуствуваа на денешното крунисување во Вестминстерската опатија, но беа во третиот ред меѓу гостите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-charls-treti-i-kamila-gi-pozdravija-graganite-od-balkonot-na-bakingemskata-palata/feed/ 0
Меган одбива да трпи понижувања: Роденденот на Арчи НЕ е причина да не дојде на крунисувањето – еве што велат експертите https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/megan-odbiva-da-trpi-ponizhuvana-rodendenot-na-archi-ne-e-prichina-da-ne-dojde-na-krunisuvaneto-eve-shto-velat-ekspertite/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/megan-odbiva-da-trpi-ponizhuvana-rodendenot-na-archi-ne-e-prichina-da-ne-dojde-na-krunisuvaneto-eve-shto-velat-ekspertite/#respond Tue, 25 Apr 2023 07:41:41 +0000 https://kurir.mk/?p=827220

Долго се чекаше одговорот на Меган Маркл и принцот Хари дали ќе присуствуваат на историскиот настан на крунисувањето на кралот Чарлс, а дури неодамна беше потврдено дека Хари ќе дојде на крунисувањето на својот татко без неговата сопруга. Иако на кралското семејство им олеснало кога сфатиле дека нема да мора да ја трпат омразената снаа, британските медиуми брзо ги објавија можните причини за ваквата одлука. Официјално оправдување е роденденот на нејзиниот и синот на Хари - Арчи, кој на денот на крунисувањето на дедо му ќе наполни четири години, но некои сметаат дека тоа послужило само за изговор пред очите на јавноста, а вистинската причина е повреденото его на Меган. -Вистина е дека војвотката никогаш немала намера да присуствува на крунисувањето. Чувствуваше дека е ставена во невозможна положба и ова решение и донесе олеснување. Таа присуствуваше на погребот на кралицата Елизабета од почит кон нејзиното величество, но нејзиното присуство во почетокот на новото владеење е друга работа, коментира кралскиот биограф Омид Скоби. „Мирор“ ги пренесува и зборовите на експерт за кралското семејство, кој тврди дека забраната за појавување на балконот на Бакингемската палата со останатите членови на семејството е повеќе од она што може да го поднесе нејзиното его. -Колку и да звучи чудно, Меган можеше да присуствува на крунисувањето без оглед на роденденот на Арчи, бидејќи парот има цел тим кој им помага, но таа го искористи тоа како изговор затоа што не сакаше да го помине океанот само за да биде исмејувана од кралското семејство и од британската јавност, рече Ингрид Суард, уредничка на списанието Majesty и кралски биограф. „Зошто да се замарате? За девојка која прави голем проблем на која маса ќе седне во ресторан, би било голема навреда доколку нема едно од горните седишта на крунисувањето“, додала таа. Бидејќи Хари и Меган повеќе не се официјално членови на кралското семејство, тие немаат право да бидат на балкон, а како што тврди Ингрид, Меган тоа би го сметала за понижување.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/megan-odbiva-da-trpi-ponizhuvana-rodendenot-na-archi-ne-e-prichina-da-ne-dojde-na-krunisuvaneto-eve-shto-velat-ekspertite/feed/ 0
ОВАА фотографија ја понижува Кејт: Меган блеска покрај кралот Чарлс – нов хаос во кралското семејство https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ovaa-fotografija-ja-ponizhuva-kejt-megan-bleska-pokraj-kralot-charls-nov-haos-vo-kralskoto-semejstvo/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ovaa-fotografija-ja-ponizhuva-kejt-megan-bleska-pokraj-kralot-charls-nov-haos-vo-kralskoto-semejstvo/#respond Thu, 20 Apr 2023 08:58:43 +0000 https://kurir.mk/?p=825815

Кралското семејство не престанува да ја шокира јавноста со своите нови потези. На фотографијата што ќе биде објавена во публикацијата во чест на крунисувањето на Чарлс Трети и сопругата кралица (крунисувањето ќе се одржи на 6-ти мај во Вестминстерската опатија, Лондон), предност има Меган Маркл, додека Кејт Мидлтон е во сосема поинаков план, според многумина и експерт за говорот на телото на Џуди Џејмс. Имено, во неделата беше објавено дека оваа фотографија ќе биде објавена како дел од официјалната програма на Бакингемската палата. Оваа позната слика е создадена на прославата на 70-тиот роденден на кралот Чарлс во Кларенс Хаус. На таа фотографија се Чарлс Трети, сопругата, Кејт Мидлтон, принцот Вилијам со нивните три деца, Меган Маркл и принцот Хари. Општо изненадување за многумина само предизвика фотографијата на Меган и Хари поради сите конфликти кои ги имаа со кралското семејство, а голема прашина се крена со изборот на сликата. На фотографијата Меган целосно ја засени Кејт, смеејќи се и блескајќи од задоволство, додека сопругата на Вилијам беше во „втор план“. Многумина веруваат дека тоа не било случајно. Џуди Џејмс вели дека сликата испраќа силна порака дека Меган и Хари се важни столбови на семејството. „Позата на Меган сугерира топлина и желба да се биде член на семејството. Изборот на такви пози за фотографии кои го прикажуваат кралското семејство како драго, сакано и блиско семејство е толку далеку од сегашната реалност што сугерира дека Чарлс сака да го стави несогласувањето и горчина под тепих или да покажат дека Сасексите се добредојдени назад во семејството, со дополнителен навестување дека можеби нивниот живот овде сепак не бил толку лош“, изјави Џуди Џејмс за „Mirror“ и додаде дека на сликата се гледа и идиличен однос на браќата Вилијам и Хари, кој исто така е далеку од реалноста: „И, се разбира, двајцата браќа се тука во извонредно поврзана поза како некој конфликт да е нереален. Тие се насмеани, стојат рамо до рамо како близнаци и доволно блиску што нивните раце се допираат“. Јазикот на телото на членовите на кралското семејство остава впечаток дека уживале во роденденската прослава на Чарлс, кој е претставен како централна фигура на семејството и грижлив дедо, додека Камила не е ни како злобната маќеа како што многумина ја опишуваат. Пораките кои беа испратени се сосема јасни, а притоа е направен прекрасен гест за Меган Маркл, која нема да биде на крунисувањето, туку тој ден ќе го прослави четвртиот роденден на синот Арчи Харисон. Таа има и ќерка Лилибет Дијана со принцот Хари. Објавувањето на оваа фотографија дојде по веста во која Кејт Мидлтон приватната прошетка со Меган и Хари во Виндзор по смртта на кралицата ја опиша како неподносливо искуство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ovaa-fotografija-ja-ponizhuva-kejt-megan-bleska-pokraj-kralot-charls-nov-haos-vo-kralskoto-semejstvo/feed/ 0
Кралот Чарлс го одбра официјалното јадење за крунисувањето https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kralot-charls-go-odbra-ofitsijalnoto-jadene-za-krunisuvaneto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kralot-charls-go-odbra-ofitsijalnoto-jadene-za-krunisuvaneto/#respond Tue, 18 Apr 2023 08:46:23 +0000 https://kurir.mk/?p=824845

Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила го избраа официјалното јадење на свечената прослава на неговото крунисување. Тоа ќе биде - киш (на француски: quiche) - солена пита од ровко тесто. На интернет-страницата на кралското семејство, свеченото јадење е опишано како „киш со крцкаво, лесно тесто и деликатни вкусови на спанаќ, повеќе видови грав и свеж естрагон“. Кралот и кралицата го споделија рецептот на својот официјален Твитер-профил. Оригиналната замисла, инаку, била на кралскиот готвач Марк Фланаган и избрана од Чарлс и Камила во соработка со него. Поранешниот готвач во Бакингемската палата - Дарен Мекгрејди рече дека изборот на кралот не е изненадување, бидејќи Чарлс сака сѐ што содржи јајца и сирење. Бакингемската палата соопшти дека кишот е избран затоа што може да се служи и топло и ладно, одговара на широк спектар на барања и вкусови и е лесно прилагодлив. Според наводите, една предност е и тоа што не е премногу сложен и не налага скапи или тешко достапни состојки. За крунисувањето на покојната кралица Елизабета Втора во 1953 година, ладното пилешко во крем-сос од кари беше послужено со добро зачинета салата од ориз, зелен грашок и мешани билки, а наменето за гостите на забавата во палатата по свеченоста. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kralot-charls-go-odbra-ofitsijalnoto-jadene-za-krunisuvaneto/feed/ 0
Тој ден ќе слави нешто друго: Еве зошто Меган нема да присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/toj-den-ke-slavi-neshto-drugo-eve-zoshto-megan-nema-da-prisustvuva-na-krunisuvaneto-na-kralot-charls/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/toj-den-ke-slavi-neshto-drugo-eve-zoshto-megan-nema-da-prisustvuva-na-krunisuvaneto-na-kralot-charls/#respond Fri, 14 Apr 2023 12:58:18 +0000 https://kurir.mk/?p=823984

Меган Маркл ќе го пропушти крунисувањето на кралот Чарлс III за да го прослави 4-тиот роденден на синот Арчи, додека работите остануваат „незгодни“ меѓу нив и кралското семејство, изјавија извори за Page Six. Војвотката од Сасекс ќе остане дома во Монтесито, Калифорнија, додека принцот Хари ќе лета за Лондон за да присуствува на крунисувањето на неговиот татко на 6-ти мај. Церемонијата во Вестминстерската опатија се совпаѓа со роденденот на Арчи, а извор изјави за Page Six дека нема шанси Меган да го пропушти роденденот на нејзиниот син. Потсетуваме дека Хари побарал извинување од својот татко за себе и неговата сопруга по сето она што двојката наводно го претрпела од рацете на кралското семејство, вклучувајќи го и неговиот постар брат, принцот Вилијам.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/toj-den-ke-slavi-neshto-drugo-eve-zoshto-megan-nema-da-prisustvuva-na-krunisuvaneto-na-kralot-charls/feed/ 0
Принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс Трети, Меган ќе чува деца https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/printsot-hari-ke-prisustvuva-na-krunisuvaneto-na-kralot-charls-treti-megan-ke-chuva-detsa/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/printsot-hari-ke-prisustvuva-na-krunisuvaneto-na-kralot-charls-treti-megan-ke-chuva-detsa/#respond Wed, 12 Apr 2023 17:34:54 +0000 https://kurir.mk/?p=823392

Принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на својот татко, кралот Чарлс Трети, на 6 мај, додека неговата сопруга Меган ќе остане со децата во САД, објави денеска Бакингемската палата. „Бакингемската палата со задоволство потврдува дека војводата од Сасекс ќе присуствува на церемонијата на крунисувањето во Вестминстерската опатија на 6 мај“, се вели во соопштението. Меѓутоа се наведува дека Меган Маркл, војвотката од Сасекс, ќе остане во Калифорнија со децата. По нивната венчавка во замокот Виндзор во 2018 година, Хари и Меган брзо се разделија од семејството и се преселија во Канада, а потоа во Калифорнија. Чарлс Трети го презеде тронот во септември минатата година по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/printsot-hari-ke-prisustvuva-na-krunisuvaneto-na-kralot-charls-treti-megan-ke-chuva-detsa/feed/ 0
Нова книга го “стресе“ кралското семејство: Испливаа тајни за кралицата, еве што мислела за принц Хари https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nova-kniga-go-strese-kralskoto-semejstvo-isplivaa-tajni-za-kralitsata-eve-shto-mislela-za-prints-hari/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nova-kniga-go-strese-kralskoto-semejstvo-isplivaa-tajni-za-kralitsata-eve-shto-mislela-za-prints-hari/#respond Sun, 09 Apr 2023 15:59:50 +0000 https://kurir.mk/?p=822179

Починатата кралица Елизабета  мислеше дека однесувањето на војводата и војвотката од Сасекс е „прилично лудо“ и дека Хари бил „толку обземен“ од неговата љубов кон Меган што „му ја заматила неговата проценка“, се вели во новата книга за кралското семејство. Кралицата Елизабета Втора наредила да се прегледа библиотеката во Сандрингам за можни уреди за прислушување во 2020 година, бидејќи била важна за приватноста на клучниот состанок со Хари, според авторот Роберт Џобсон. Новинар откри во книгата „Нашиот крал“, претставена вчера во Дејли Мејл, дека на Кејт, принцезата од Велс, шетањето заедно со Хари и Меган по смртта на кралицата и било „речиси неподносливо“. Кејт му кажа на еден постар член на кралското семејство дека правењето јавно шоу на единство „било една од најтешките работи што таа некогаш морала да ги направи“ поради обемот на негативните емоции. Вилијам, Кејт, Меган и Хари ги поздравија добронамерниците пред замокот Виндзор два дена по смртта на кралицата минатиот септември. Раздорот меѓу Хари и Вилијам, драматичното интервју со водителката Опра во кое беа упатени обвинувања за расизам против неименуван член на кралското семејство и обвинувања дека кралската куќа не ѝ помогнала на Меган која сакала самоубиство и дека Кејт ја расплакала војвотката создадоа проблеми за Домот на Виндзор. -Чарлс, тогашниот принц од Велс и Вилијам одлучија дека не може да ризикуваат повторно да бидат сами со Хари по интервјуто со Опра во март 2021 година, рече Џобсон. Чарлс претходно престанал да ги прима повиците на својот син кога се преселиле во Калифорнија, откако Хари наводно го пцуел и постојано барал пари. -Покојната кралица, која многу го сакаше својот внук Хари, рече дека и е доста од неговите испади и дека е уморна од „запаливите разговори меѓу Хари и неговиот брат, кои понекогаш се случуваа во нејзино присуство“, напиша авторот. Џобсон додаде дека откако Хари и Меган почнале јавно да ги критикуваат и монархијата и членовите на семејството, кралицата „била искрено збунета од однесувањето на парот, опишувајќи го како прилично лудо“. Меѓутоа, таа веруваше дека нејзиниот внук бил „толку обземен“ од неговата љубов кон неговата сопруга што тоа го „поматувало неговото расудување“. По смртта на кралицата, Хари дополнително го разоткри својот проблематичен однос со кралското семејство во контроверзниот документарец и автобиографија на Нетфликс „The Reserve“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nova-kniga-go-strese-kralskoto-semejstvo-isplivaa-tajni-za-kralitsata-eve-shto-mislela-za-prints-hari/feed/ 0
Кралот Чарлс го покани Бајден во посета на Британија, американскиот претседател прифати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-charls-go-pokani-bajden-vo-poseta-na-britanija-amerikanskiot-pretsedatel-prifati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-charls-go-pokani-bajden-vo-poseta-na-britanija-amerikanskiot-pretsedatel-prifati/#respond Thu, 06 Apr 2023 13:16:31 +0000 https://kurir.mk/?p=821069

Британскиот крал Чарлс Трети го покани американскиот претседател Џо Бајден да го посети Обединетото Кралство, а претседателот Бајден ја прифати поканата, соопшти Белата куќа. Поканата е упатена за време на разговор меѓу Бајден и Чарлс Трети, при што американскиот претседател го информирал британскиот крал дека првата дама на САД би сакала да присуствува на неговото крунисување во мај. Вообичаено, американските претседатели не присуствуваат на церемониите за крунисување на британските монарси. - Претседателот Бајден рече дека ја цени поканата од кралот Чарлс и со нетрпение ја очекува државната посета, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер на прес-конференција, додавајќи дека во моментов нема прецизна временска рамка за посетата, иако таа ќе се случи „во блиска иднина“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-charls-go-pokani-bajden-vo-poseta-na-britanija-amerikanskiot-pretsedatel-prifati/feed/ 0