крал Филип – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Oct 2022 14:52:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png крал Филип – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Белгискиот крал Филип вети солидарност со Украина и по војната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskiot-kral-filip-veti-solidarnost-so-ukraina-i-po-vojnata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskiot-kral-filip-veti-solidarnost-so-ukraina-i-po-vojnata/#respond Wed, 26 Oct 2022 14:52:35 +0000 https://kurir.mk/?p=750786

Кралот на Белгијците, Филип, ги посети белгиските трупи во Литванија, тој им искажа поддршка и вети солидарност со Украина на долг рок, јави дописничката на МИА од Брисел. Белгискиот крај Филип изјави дека се гордее со белгиските воени трупи кои се наоѓаат на источната граница на НАТО, поточно во источна Литванија, во рамките на засилувањето на присуството на Северноатлантската Алијанса на истокот. Кралот се сретна со литванскиот претседател Гитанас Науседа во воената база, близу границата со Белорусија, и ги поздрави белгиските војници. -Сојузниците денеска ја покажуваат нивната солидарност, но и одлучност да ги сочуваат нашите слободи, нашите демократски вредност, и нашиот просперитет. Таа солидарност гледаме дека се одразува тука денес, и тоа е импресивно, рече кралот пред војниците од Белгија. Тој вети дека нема да запре солидарноста со Украина, жртва на “неописливото насилство“ од страна на руската војска. Таа солидарност со Киев ќе продолжи и во реконструкцијата на земјата, по завршувањето на војната. -Се приближува мигот кога борбите ќе запрат, тогаш ќе можеме да изградиме слободна и просперитетна Украина. Патот е сѐ уште долг, но солидарноста на западот нема да прекине после последниот испукан куршум, порача кралот Филип. За шефот на белгиската држава “единството“ на западните држави претставува „гордост“ пред варварското насилство на Русија, рече тој.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskiot-kral-filip-veti-solidarnost-so-ukraina-i-po-vojnata/feed/ 0