крал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 May 2023 16:56:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png крал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кралот и кралицата на Шведска во посета на Естонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-i-kralitsata-na-shvedska-vo-poseta-na-estonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-i-kralitsata-na-shvedska-vo-poseta-na-estonija/#respond Tue, 02 May 2023 16:56:05 +0000 https://kurir.mk/?p=829838

Шведскиот крал Карл Густаф Шеснаесетти и кралицата Силвија денеска ја започнаа тридневната државна посета на Естонија, прва на поранешната советска република по повеќе од 30 години. Кралската посета има за цел зајакнување на соработката меѓу двете земји во безбедносниот и одбранбениот сектор, економијата и во областа на образованието, истражувањето и иновациите, соопшти кабинетот на естонскиот претседател. Естонскиот претседател Алар Карис и неговата сопруга ги пречекаа шведскиот крал и кралица на централниот Плоштад на слободата во Талин со воени почести, а толпата граѓани од сите возрасти вееја естонски и шведски знамиња. Кабинетот на претседателот на Естонија соопшти дека посетата на кралот сведочи за блиското пријателство меѓу Естонија и Шведска, особено затоа што оваа година се одбележуваат 50 години од стапувањето на тронот на кралот Карл Густаф 16. Балтичките држави Естонија, Летонија и Литванија, поранешни советски републики кои се членки на Европската унија и НАТО, се соседи на Шведска преку Балтичкото Море и имаат блиски деловни и политички врски со неа. Естонија има историски врски со Шведска, бидејќи малата земја со 1,3 милиони жители била провинција на Шведската империја во 17-тиот и почетокот на 18-тиот век. Последен пат шведскиот крал и кралица беа во државна посета на Естонија во 1992 година, една година откако балтичката земја ја врати својата независност по речиси 50 години советско владеење. Кралот Карл Густаф Шеснаесетти дојде на тронот на 15 септември 1973 година и е монарх кој најдолго владеел во Шведска. Во јуни во Шведска со различни свечености ќе биде одбележана 50-годишнината од неговото владеење. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-i-kralitsata-na-shvedska-vo-poseta-na-estonija/feed/ 0
Анкета: Мнозинство Британци се против финансирање на крунисувањето на кралот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-mnozinstvo-britantsi-se-protiv-finansirane-na-krunisuvaneto-na-kralot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-mnozinstvo-britantsi-se-protiv-finansirane-na-krunisuvaneto-na-kralot/#respond Wed, 19 Apr 2023 05:31:48 +0000 https://kurir.mk/?p=825239

Мнозинството Британци, 51 отсто, сметаат дека државата не треба да го финансира крунисувањето на кралот Чарлс Трети на 6 мај, бидејќи трошоците за живот растат, покажа објавеното истражување на јавното мислење во Велика Британија. Само 32 отсто од испитаниците веруваат дека државата треба да го финансира крунисувањето на најстариот син на кралицата Елизабета Втора, која почина во септември, и крунисувањето на кралицата-сопруга Камила, покажа анкетата на ЈуГов. Најкритични се младите на возраст од 18 до 24 години, од кои 62 отсто сметаат дека државата не треба да го финансира крунисувањето. Тој процент се намалува на 44 отсто кај оние на возраст од 65 и повеќе, 46 отсто кај луѓето меѓу 50 и 64 години и 55 отсто кај оние од 25 до 49 години. Британската влада и Бакингемската палата не објавија никакви информации за цената на крунисувањето. Се очекува да чини неколку десетици милиони фунти. Крунисувањето на Елизабета Втора во 1953 година чинеше тогаш 912.000 фунти, што е околу 20,5 милиони фунти денес, додека крунисувањето на нејзиниот татко Џорџ Шести денес достигна 24,8 милиони фунти. Тоа беше најскапата церемонија во повеќе од 300 години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-mnozinstvo-britantsi-se-protiv-finansirane-na-krunisuvaneto-na-kralot/feed/ 0
Кралот на Мароко излезе на улиците да ја прослави победата над Шпанија (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kralot-na-maroko-izleze-na-ulicite-da-ja-proslavi-pobedata-nad-shpanija-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kralot-na-maroko-izleze-na-ulicite-da-ja-proslavi-pobedata-nad-shpanija-video/#respond Wed, 07 Dec 2022 10:16:32 +0000 https://kurir.mk/?p=772164

Репрезентацијата на Мароко оствари голема победа против Шпанија и со тоа се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, а таму ќе игра против селекцијата на Португалија. Големо славје беше забележано и на улиците на Барселона, секако мароканските навивачи, но и на улиците на нивната земја. На прославата во Мароко се приклучи и кралот на Мароко, Мохамед Шести, кој беше снимен од обожаватели како вози под придружба и вее знаме од неговиот автомобил. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kralot-na-maroko-izleze-na-ulicite-da-ja-proslavi-pobedata-nad-shpanija-video/feed/ 0
Кралот на Холандија смета дека Европа треба заедно да го реши мигрантското прашање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-na-holandija-smeta-deka-evropa-treba-zaedno-da-go-reshi-migrantskoto-prashanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-na-holandija-smeta-deka-evropa-treba-zaedno-da-go-reshi-migrantskoto-prashanje/#respond Mon, 31 Oct 2022 13:41:39 +0000 https://kurir.mk/?p=753270

Би сакал да истакнам дека мигрантската криза со која се соочува Европа е нешто кое треба како Европа, заедно да го решиме. Кога говориме за границите на Европа, вашата граница е наша граница и затоа, ова прашање треба да го решиме заедно, истакна кралот на Холандија Вилем- Александер на средбата со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина. На почетокот на средбата двајцата се осврнаа на холандско – грчките односи, истакнувајќи дека двете земји ги поврзуваат долги врски на пријателство и важна историја: 70 години сојузници во НАТО и 40 години членки на ЕУ. Грчката претседателка ја спомена и руската инвазија во Украина, која „јасно стави до знаење дека оспорувањето на суверенитетот на една држава и употребата на сила против нејзиниот територијален интегритет се едни од главните предизвици со кои се соочува Европа и светот“, потенцирајќи дека е особено е важно да се осуди ревизионизмот „од каде и да доаѓа“. Додаде дека заедничката осуда од Европа на руската инвазија на Украина „ја покажа силата и единството што ѝ се потребни за да ги брани своите заеднички вредности и фундаментални принципи на меѓународното право“. Кралот Вилем- Александер и кралицата Максима на Холандија од денеска се во тридневна официјална посета на Грција, а планирано е да остварат средби со градоначалникот на Атина Костас Бакојанис, со омбудсманите на Грција и Холандија, да го посетата Акропол, да учествуваат на тркалезна маса за насилството врз жените, да посетат средно училиште, прифатни центри за деца бегалци, како и детската онколошка клиника.(МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-na-holandija-smeta-deka-evropa-treba-zaedno-da-go-reshi-migrantskoto-prashanje/feed/ 0
Кралот и кралицата на Холандија во официјална посета на Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kralot-i-kralicata-na-holandija-vo-oficijalna-poseta-na-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kralot-i-kralicata-na-holandija-vo-oficijalna-poseta-na-grcija/#respond Mon, 31 Oct 2022 10:03:50 +0000 https://kurir.mk/?p=753057

Кралот Вилем- Александер и кралицата Максима на Холандија од денеска се во тридневна официјална посета на Грција на покана на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина. На првиот ден од посетата планирано е, освен со Сакеларопулу, да остварат средби со градоначалникот на Атина Костас Бакојанис, со омбудсманите на Грција и Холандија и да го посетата Акропол, додека пак утре ќе учествуваат на тркалезна маса за насилството врз жените, ќе посетат средно училиште, прифатни центри за деца бегалци, како и детска онколошка клиника. Рано утрово, кралот и кралицата положија цвеќе на споменикот на Незнајниот војник пред грчкиот парламент по што следеше и средбата со Сакеларопулу. Кралот и кралицата на Холандија доцна синоќа пристигнаа во Атина и ги пречека шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас,а официјалната посетата на Грција ќе ја завршат в среда во Солун. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kralot-i-kralicata-na-holandija-vo-oficijalna-poseta-na-grcija/feed/ 0
Месарница се пошегувала на сметка на Чарлс: Во понудата имаат колбаси наречени „Прстите на кралот Чарлс“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mesarnica-se-posheguvala-na-smetka-na-charls-vo-ponudata-imaat-kolbasi-narecheni-prstite-na-kralot-charls/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mesarnica-se-posheguvala-na-smetka-na-charls-vo-ponudata-imaat-kolbasi-narecheni-prstite-na-kralot-charls/#respond Fri, 16 Sep 2022 19:29:11 +0000 https://kurir.mk/?p=733830

Прстите на кралот Чарлс III се во очите на јавноста откако ја доби титулата по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора. Имено, многумина биле загрижени за неговото здравје, бидејќи неговите прсти изгледаат многу отечено, но имало и такви кои решиле да се пошегуваат со неговиот изглед. Па така, месар од Нов Зеланд во понудата ставил колбаси кои ги нарекол „King Charles Fingers“. Од месарницата на социјалните мрежи објавиле фотографија од колбасите со натпис „King Charles Sausage Fingers“. Непосредно пред тоа објавиле и фотографија на која Чарлс наместо со прсти е фотошопиран со колбаси. Инаку, Чарлс своите прсти сам ги нарекол „колбаси“ најмалку двапати, вклучително и додека бил на турнеа во Австралија во 2012 година. За потсетување, доктор Герет Нај од Универзитетот во Честер, за магазинот „Дејли стар“ изјавил дека најверојатно се работи за артритис, автоимуна болест која предизвикува воспаление, односно отекување на прстите и зглобовите. Овој здравствен проблем најчесто се јавува помеѓу 45-та и 65-та година од животот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mesarnica-se-posheguvala-na-smetka-na-charls-vo-ponudata-imaat-kolbasi-narecheni-prstite-na-kralot-charls/feed/ 0
ВИДЕО: Нервниот слом на Чарлс Трети во живо: Кралот повторно ги изгуби нервите, па почна да пцуе и колне сè што постои – причината е бизарна https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-nervniot-slom-na-charls-treti-vo-zivo-kralot-povtorno-gi-izgubi-nervite-pa-pochna-da-pcue-i-kolne-se-shto-postoi-prichinata-e-bizarna/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-nervniot-slom-na-charls-treti-vo-zivo-kralot-povtorno-gi-izgubi-nervite-pa-pochna-da-pcue-i-kolne-se-shto-postoi-prichinata-e-bizarna/#respond Wed, 14 Sep 2022 13:46:57 +0000 https://kurir.mk/?p=732749

Снимка на која британскиот крал Чарлс Трети ја потпишува декларацијата за стапување на тронот стана најгледана во светот, а сето тоа поради фактот што монархот ги загубил нервите, иако се обидувал да ја задржи смиреноста додека им давал многу нервозни упатства на своите подредени и неговиот говор на телото – мимикрија и гестикулација, пренесуваат медиумите во светот. Имено, според написите, кралот сакал наместо него, други да го тргнат мастилото, а потоа имал проблеми и со пенкалото, а видеото наишло на бурни реакции. Многумина, се додава во медиумските анализи, однесувањето на Чарлс го оцениле како арогантно и биле изненадени што тој едноставно не ги отстранил од масата предметите што му пречеле. Чарлс Трети неодамна ја посети Северна Ирска во замокот Хилсборо за да се сретне со членовите на тамошното собрание и по тој повод, кон крајот на посетата, потпиша и книга наменета за тие цели. Церемонијата на потпишување не помина без проблеми, наведуваат медиумите. „Чарлс прво напиша погрешен датум, а потоа пенкалото му зададе нова главоболка. Имено, мастилото почнало да тече од пенкалото, што доста го налутило, а тој се ослободил од него луто давајќи и го на сопругата Камила. Таа пак била многу посмирена, но и се пожалила дека „прокиснува насекаде“, е истакнато во написите. По нејзиниот коментар, кралскиот помошник брзо дошол и го тргнал пенкалото од раката, но ништо не можело да го спречи „малиот нервен слом на Чарлс“, јавуваат агенциите. Во позадина, како што пишуваат, се слушал кралот како јасно вели: „Не можам да ја поднесам оваа проклета работа“ додека го брише мастилото од рацете со марамче. Тој револтирано додал дека тоа се случува „секој проклет пат“. Видеото предизвикало лавина реакции. „Доста му е од се“, „Човекот е олицетворение на стресот во моментов“, „Пенкалото не е во истиот тим со кралот“, „Само смири се човече“, „Ова пенкало ќе биде протерано од кралството утре“, се само некои од коментарите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-nervniot-slom-na-charls-treti-vo-zivo-kralot-povtorno-gi-izgubi-nervite-pa-pochna-da-pcue-i-kolne-se-shto-postoi-prichinata-e-bizarna/feed/ 0
ФОТО+ВИДЕО: Селската куќа на Чарлс Трети во Трансилванија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-selskata-kukja-na-charls-treti-vo-transilvanija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-selskata-kukja-na-charls-treti-vo-transilvanija/#respond Tue, 13 Sep 2022 11:56:44 +0000 https://kurir.mk/?p=732125

Кралот Чарлс Трети, кој по смртта на неговата мајка – британската кралица Елизабета Втора, седна на престолот, важи за „љубезен и ангажиран сосед“ во едно село во Романија… Монархот, кој е и во роднински врски со поранешниот романски крал Михаил, купил и реновирал „колипка“ во саксонски стил од 18. век во селото Вискри на рид во Трансилванија. Чарлс првпат ја посетил областа во 1998 година, тогаш како принцот од Велс, и бил шармиран од нејзината различност и издржливост, и покрај сиромаштијата што и денес сè уште преовладува во рурална Романија. Меѓу другото, тука е и „Сината куќа“ што тој ја купил 2006 година. Тој се префрли на реновирање на имотот, кој сега служи за изнајмување, а целиот приход од букирањата оди во неговата тамошна добротворна организација. Сѐ ова помогна да се стави селото Вискри и целото тоа подрачје на светската мапа на туризмот. Тука се одржува онаа рустикална естетика – со високи тавани и варосани ѕидови. Одредени делови од просторот се украсени со тапети со традиционален дезен и рачно насликани чинии, што ја отсликува изворната трансилванска култура. Спалните соби се опремени исклучиво со старински мебел. Според интернет-страницата на гостинската куќа, овде нема телевизија и радио, со цел – да се создаде атмосфера на мир и тишина. Добротворната организација на кралот Чарлс, како и други групи, помогнаа во реставрацијата на наследството, инфраструктурата и развојот на одржливо земјоделство. За време на редовните официјални и приватни посети на Романија, кралот посетува саеми, училишта, па на собирите со гоштевање со националните јадења, тој знае да ужива и во звуците на тукашната народна музика. – Никаде на друго место во Европа не сум нашол пејзажи толку добро сочувани и толку продуктивни, рече Чарлс за време на посетата на Романија во мај. Тој тогаш се сретна со воените бегалци од Украина и присуствуваше на проект за садење дрвја поддржан од европски те држави. – Секој што патува овде има што да научи од начинот на којшто Романија се потпира на обновливите пристапи за создавање екосистеми богати со видови и социо-еколошки богати пејзажи во области како Трансилванија, каде што луѓето сè уште живеат во хармонија со природата, рече тој. Инаку, саксонските села доживеаја преродба последниве 15 години. Сепак, иако се создадоа нови работни места во Трансилванија, сѐ тоа ги зголеми цените на имотот и трошоците за живот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-selskata-kukja-na-charls-treti-vo-transilvanija/feed/ 0
Чарлс Трети прогласен и за крал на Шкотска, Велс и Северна Ирска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/charls-treti-proglasen-i-za-kral-na-shkotska-vels-i-severna-irska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/charls-treti-proglasen-i-za-kral-na-shkotska-vels-i-severna-irska/#respond Sun, 11 Sep 2022 13:42:17 +0000 https://kurir.mk/?p=731343

Новиот британски крал Чарлс Трети официјално беше прогласен за суверен во Шкотска, Велс и Северна Ирска. Сличен проглас беше објавен вчера во Лондон на раскошна церемонија согласно долгогодишната традиција. Во Белфаст на читањето на прогласот му претходеа ѕвонење на камбаните и свирење со рог. Читањето на прогласот беше проследено со поздрав со 21 истрел и воен оркестар кој ја свиреше химната „Боже чувај го кралот“. Во Велс, третиот баталјон на кралскиот велшки полк беше придружуван на церемонијата на крунисување од коза, која е „талисман“ на баталјонот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/charls-treti-proglasen-i-za-kral-na-shkotska-vels-i-severna-irska/feed/ 0
Чарлс Трети официјално прогласен за крал на Обединетото Кралство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/charls-treti-oficijalno-proglasen-za-kral-na-obedinetoto-kralstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/charls-treti-oficijalno-proglasen-za-kral-na-obedinetoto-kralstvo/#respond Sat, 10 Sep 2022 10:08:25 +0000 https://kurir.mk/?p=731071

Чарлс Трети е официјално прогласен за крал на Обединетото Кралство од страна на Советот за наследување на британскиот трон во палатата Сент Џејмс, официјалната резиденција на монархот, јави Би-Би-Си. Кралот одржа говор за да го одбележи неговото прогласување за нов монарх на Обединетото Кралство. Новиот монарх се заколна дека ќе ги заштити правата на црквата во Шкотска како што налага британскиот закон. Кралот потпиша две копии од документот што го содржи текстот на заклетвата. Двата примероци беа потпишани и од сведоци, меѓу кои и принцот Вилијам и кралицата Камила. Со тоа заврши првиот дел од церемонијата за прогласување на новиот монарх. Советот вклучува членови на Тајниот совет на Обединетото Кралство, составен од 670 високи политичари, вклучувајќи ја и премиерката Лиз Трас. Дел од Советот се и епископи од Англиканската црква, кои исто така имаат седиште во Домот на лордовите (горниот дом на британскиот парламент), меѓу кои е и надбискупот од Кентербери. Лорд-градоначалникот на градот Лондон, високи државни службеници и дипломати се исто така дел од Советот за приватност, со кој моментално претседава пратеничката Пени Мордонт. Прогласувањето на новиот монарх е проследено со топовски поздрави. Текстот на прогласот ќе се чита на глас и во Лондон и во другите главни градови во рамките на Обединетото Кралство – Единбург, Белфаст и Кардиф. Вториот дел од церемонијата се однесува само на кралот и членовите на Тајниот Совет и ќе започне со изјава од Чарлс во врска со смртта на кралицата. Неговото крунисување можеби нема да се одржи повеќе месеци – поминаа околу 16 месеци помеѓу смртта на таткото на кралицата Елизабета и нејзиното крунисување во јуни 1953 година. Инаку, по барање на кралицата, денот на прогласување на кралот не е ден на жалост и поради тоа во текот на денешниот ден знамињата не се на половина копје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/charls-treti-oficijalno-proglasen-za-kral-na-obedinetoto-kralstvo/feed/ 0