кралица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 May 2023 16:56:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кралица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кралот и кралицата на Шведска во посета на Естонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-i-kralitsata-na-shvedska-vo-poseta-na-estonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-i-kralitsata-na-shvedska-vo-poseta-na-estonija/#respond Tue, 02 May 2023 16:56:05 +0000 https://kurir.mk/?p=829838

Шведскиот крал Карл Густаф Шеснаесетти и кралицата Силвија денеска ја започнаа тридневната државна посета на Естонија, прва на поранешната советска република по повеќе од 30 години. Кралската посета има за цел зајакнување на соработката меѓу двете земји во безбедносниот и одбранбениот сектор, економијата и во областа на образованието, истражувањето и иновациите, соопшти кабинетот на естонскиот претседател. Естонскиот претседател Алар Карис и неговата сопруга ги пречекаа шведскиот крал и кралица на централниот Плоштад на слободата во Талин со воени почести, а толпата граѓани од сите возрасти вееја естонски и шведски знамиња. Кабинетот на претседателот на Естонија соопшти дека посетата на кралот сведочи за блиското пријателство меѓу Естонија и Шведска, особено затоа што оваа година се одбележуваат 50 години од стапувањето на тронот на кралот Карл Густаф 16. Балтичките држави Естонија, Летонија и Литванија, поранешни советски републики кои се членки на Европската унија и НАТО, се соседи на Шведска преку Балтичкото Море и имаат блиски деловни и политички врски со неа. Естонија има историски врски со Шведска, бидејќи малата земја со 1,3 милиони жители била провинција на Шведската империја во 17-тиот и почетокот на 18-тиот век. Последен пат шведскиот крал и кралица беа во државна посета на Естонија во 1992 година, една година откако балтичката земја ја врати својата независност по речиси 50 години советско владеење. Кралот Карл Густаф Шеснаесетти дојде на тронот на 15 септември 1973 година и е монарх кој најдолго владеел во Шведска. Во јуни во Шведска со различни свечености ќе биде одбележана 50-годишнината од неговото владеење. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-i-kralitsata-na-shvedska-vo-poseta-na-estonija/feed/ 0
Кралот и кралицата на Холандија во официјална посета на Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kralot-i-kralicata-na-holandija-vo-oficijalna-poseta-na-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kralot-i-kralicata-na-holandija-vo-oficijalna-poseta-na-grcija/#respond Mon, 31 Oct 2022 10:03:50 +0000 https://kurir.mk/?p=753057

Кралот Вилем- Александер и кралицата Максима на Холандија од денеска се во тридневна официјална посета на Грција на покана на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина. На првиот ден од посетата планирано е, освен со Сакеларопулу, да остварат средби со градоначалникот на Атина Костас Бакојанис, со омбудсманите на Грција и Холандија и да го посетата Акропол, додека пак утре ќе учествуваат на тркалезна маса за насилството врз жените, ќе посетат средно училиште, прифатни центри за деца бегалци, како и детска онколошка клиника. Рано утрово, кралот и кралицата положија цвеќе на споменикот на Незнајниот војник пред грчкиот парламент по што следеше и средбата со Сакеларопулу. Кралот и кралицата на Холандија доцна синоќа пристигнаа во Атина и ги пречека шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас,а официјалната посетата на Грција ќе ја завршат в среда во Солун. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kralot-i-kralicata-na-holandija-vo-oficijalna-poseta-na-grcija/feed/ 0
Капелата Свети Џорџ во Виндзор: Последното почивалиште на кралицата Елизабета Втора https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kapelata-sveti-dzordz-vo-vindzor-poslednoto-pochivalishte-na-kralicata-elizabeta-vtora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kapelata-sveti-dzordz-vo-vindzor-poslednoto-pochivalishte-na-kralicata-elizabeta-vtora/#respond Mon, 19 Sep 2022 13:58:48 +0000 https://kurir.mk/?p=734883

Кралицата Елизабета Втора ќе биде погребана во капелата Свети Џорџ заедно со нејзиниот сопруг принцот Филип, во нејзиниот сакан замок Виндзор. Историската капела е последното почивалиште за многу од најголемите англиски монарси. Историја на капелата Објектот го започнал кралот Едвард Четврти во 1475 година – биле потребни 50 години да се заврши и капелата конечно ја завршил кралот Хенри Осми, кој имал длабока наклонетост кон Виндзор. Тоа е дом на Редот на Жартиерата и витезите и дамите на жартиерата имаат свои седишта во капелата, означени со натписи, закачени на таванот. Знамето Кралски стандард виси над седиштето на кралицата од почетокот на нејзиното владеење. Тоа е истото седиште на кое Хенри Осми се поклонувал пред 500 години. Мечот на Едвард Трети се чува во капелата Свети Џорџ – тој живеел во замокот Виндзор во четиринаесеттиот век и токму овој крал на Англија го прогласил Свети Џорџ за заштитник на кралското семејство. Неговиот меч бил меѓу предметите спасени од капелата за време на окупацијата на парламентаристите, познати како Тркалезни глави во Англиската граѓанска војна во 1600-тите, кога капелата била многу оштетена. Висок 11 метри и широк речиси девет метри, Западниот прозорец е еден од најголемите во Англија. Стар е повеќе од 500 години, но повторно бил изграден во 1842 година. Хенри Осми го изградил прозорецот над презвитериумот за да може неговата прва сопруга, Катерина од Арагон, да се моли во капелата. Каде ќе биде погребана кралицата Внатре во капелата, на северната страна, се наоѓа Спомен капелата Џорџ Шести. Тука е погребан таткото на кралицата, заедно со нејзината мајка и нејзината сестра Маргарет, која беше кремирана затоа што инаку немаше да има место. Ковчегот на принцот Филип, кој моментално се наоѓа во Кралскиот свод, ќе биде преместен во меморијалната капела за да може двојката да почива заедно. Погребна церемонија Откако ковчегот на кралицата ќе пристигне во Виндзор, погребната кола во поворка ќе пристигне до капелата Свети Џорџ преку Долгата прошетка. Потоа ќе се богослужба во капелата Свети Џорџ која ќе биде пренесувана на телевизија. Подоцна во вечерните часови ќе има приватна погребна служба со членови на кралското семејство. Во текот на богослужбата ќе се одржуваат различни церемонијални традиции кои го симболизираат крајот на владеењето на кралицата, додека таа за последен пат се разделува од својата круна. Кој друг е погребан во капелата? Кралот Хенри Осми е погребан под презвитериумот, со неговата сопруга Џејн Сејмур. Тој имал планови за многу поголема гробница, но умрел пред да биде изградена. Тука е погребан и Чарлс Први – неговиот погреб беше таен по неговото обезглавување. Во оваа гробница се наоѓа и телото на детето на кралицата Ана. Во кралскиот свод се гробниците на Џорџ Трети, како и на таткото на кралицата Викторија, принцот Едвард. Тука се погребани и Џорџ Четврти и Вилијам Четврти, и последниот крал на Хановер, Џорџ Петти. Бабата и дедото на кралицата, кралот Џорџ Петти и кралицата Мери, се погребани во близина на Западната врата. Хенри Шести, единствениот англиски монарх кој исто така бил крунисан за крал на Франција, умрел додека бил затворен во Лондонската кула во 1471 година и бил погребан во опатијата Чертси пред подоцна да биде преместен во капелата. Кралот Едвард Четврти, кој ја почнал изградбата на капелата, бил погребан таму во 1483 година по бурните години на Војната на розите. Во близина на олтарот е ковчегот на Едвард Седми, како и ковчезите на две неидентификувани мали деца, за кои се шпекулира дека се на Принцовите во кулата. Главни настани во капелата во последните години Во капелата се случија голем број историски настани, а последниот беше погребот на принцот Филип минатата година. За време на богослужбата, кралицата мораше да седи сама додека се збогуваше со својот сопруг поради ограничувањата за коронавирусот. Во една посреќна прилика во 2018 година, во капелата се венчаа принцот Хари и Меган Маркл. Таму се венчаа и принцезата Евгенија и Џек Бруксбанк, со големо внимание посветено на фустанот на невестата кој имаше низок грб за да се покаже лузната од операцијата што таа ја имаше на возраст од 12 за корекција на сколиозата. Меѓу другите свадби што се одржале таму е и онаа на Питер Филипс (син на принцезата Ана) и Отом Кели, како и на принцот Едвард и Софи Рис-Џонс, сега Ерл и грофица од Весекс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kapelata-sveti-dzordz-vo-vindzor-poslednoto-pochivalishte-na-kralicata-elizabeta-vtora/feed/ 0
Како ги поминала последните денови кралицата Елизабета? Многу сакала да гледа временска прогноза https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kako-gi-pominala-poslednite-denovi-kralicata-elizabeta-mnogu-sakala-da-gleda-vremenska-prognoza/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kako-gi-pominala-poslednite-denovi-kralicata-elizabeta-mnogu-sakala-da-gleda-vremenska-prognoza/#respond Sun, 18 Sep 2022 10:14:11 +0000 https://kurir.mk/?p=734302

Ричард Кеј, Британец кој важи за експерт за кралското семејство во таа земја и поранешен близок пријател на принцезата Дијана, во статија за „Дејли Меил“ опиша како изгледале последните денови на кралицата Елизабета во шкотскиот замок Балморал. „ Четири дена пред да умре, кралицата имаше важна објава за групата што ја покани да ги помине деновите со неа во Балморал. Вечерата таа недела ќе биде неформална, рече таа. Нема костуми и вратоврски за мажите и нема долги фустани за жените и, необично, немаше ниту гајдаџии, кои со децении се незаменлива традиција за секој настан и вечера во замокот“, напиша Кај. „ Единственото нешто што не се смени кога сите седнаа на масата вечерта беше присуството на кралицата“, вели Кеј. Тој тврди дека присутните во замокот биле забавувани од опсесијата на кралицата со временската прогноза на Би-Би-Си. Се вели дека кралицата била воодушевена од метеорологот Томас Шафернакер, па секоја вечер морала да ја гледа прогнозата кога тој ја водел.
„Се забавуваше со хаосот што ќе настанеше кога другите водители требаше да го прочитаат неговото име, а таа обожаваше да го гледа“, пишува Кеј. Таа го загуби своето најстаро куче ова лето. Кралицата пристигна во Балморал ова лето, и веднаш ја погоди смртта на кучето по име Кенди. Загубата беше огромен удар за кралицата бидејќи Кенди беше нејзиното најстаро и најдолго преживеано куче. Тогаш одлучила дека не сака Кенди да биде погребана во Балморал, како другите кучиња, туку во Виндзор. Поради ова, персоналот верувал дека кралицата ќе се врати во Виндзор веднаш по одморот за да го организира тоа. Сепак, тоа не се случи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kako-gi-pominala-poslednite-denovi-kralicata-elizabeta-mnogu-sakala-da-gleda-vremenska-prognoza/feed/ 0
Никогаш не одела во училиште, а стекнала високо образование: Поради една причина кралицата морала да учи од дома https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nikogash-ne-odela-vo-uchilishte-a-steknala-visoko-obrazovanie-poradi-edna-prichina-kralicata-morala-da-uchi-od-doma/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nikogash-ne-odela-vo-uchilishte-a-steknala-visoko-obrazovanie-poradi-edna-prichina-kralicata-morala-da-uchi-od-doma/#respond Fri, 16 Sep 2022 20:23:23 +0000 https://kurir.mk/?p=733814

И покрај фактот дека ги имала сите можности како член на кралското семејство, кралицата Елизабета никогаш не одела во училиште. Сепак, постои добра причина зошто било тоа така. Кралицата Елизабета е родена во кралско семејство и како принцеза ги имала сите можности, особено кога се работи за образованието. Фактот дека не била дел од државно и приватно училиште – изненади многумина. Сепак, кралицата стекнала високо образование, школувајќи се дома, заедно со својата сестра Маргарет. Имале гувернанта и ред други учители кои се грижеле за нивното образование. Повеќето кралски деца пред неа се школувале на ист начин, ослонувајќи се на традицијата која налагала кралските деца да не одат во училиште. Уште како дете, кралицата од својата мајка стекнувала знаење и вештини. Мајка ѝ ја научила на елементарни работи, како што се читање и пишување. Покрај тоа, ја научила и француски јазик, свирење на клавир и танц. Откако наполнила седум години, ја преземале гувернанти. Кога во 1936 година станала следна на редот за тронот, нејзиното образование се проширило бидејќи почнала да зема часови со голем број наставници, пишува The List. Со текот на времето, правилата во кралското семејство станале пофлексибилни, а нејзините внуци посетувале приватни училишта, како и најдобри универзитети. Нивниот пример го следат и нејзините правнуци, кои на училиште одат со други деца, кои секако припаѓаат на високата класа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nikogash-ne-odela-vo-uchilishte-a-steknala-visoko-obrazovanie-poradi-edna-prichina-kralicata-morala-da-uchi-od-doma/feed/ 0
ОД 1952 ДО 2022 ГОДИНА! Погледнете како се менувала покојната кралица Елизабета низ годините – на 26 години изгледала како вистинска млада дама (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/od-1952-do-2022-godina-poglednete-kako-se-menuvala-pokojnata-kralica-elizabeta-niz-godinite-na-26-godini-izgledala-kako-vistinska-mlada-dama-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/od-1952-do-2022-godina-poglednete-kako-se-menuvala-pokojnata-kralica-elizabeta-niz-godinite-na-26-godini-izgledala-kako-vistinska-mlada-dama-foto/#respond Wed, 14 Sep 2022 14:29:07 +0000 https://kurir.mk/?p=732796

Со текот на годините, покојната кралица Елизабета ја задржа и убавината и ставот Веста дека почина кралицата Елизабета остави многу граѓани на Англија во голема жалост, со оглед на тоа дека беше една од најпопуларните владетели. Жителите на Велика Британија секојдневно и оддаваат почит, а се очекува голем број да излезат на улица на денот на погребот кој е закажан за 19-ти септември. Кралицата ќе биде погребана во Вестминстерската опатија, која може да собере до 2.000 луѓе. На денот на погребот на кралицата ќе присуствуваат членови на семејството, светски лидери, политичари, монарси од други земји, јавни личности и оние кои работеле со кралицата. На интернет кружат нејзини фотографии од младоста, каде што може да се забележи дека и тогаш, како и до самиот крај, имала елегантен став и држење. Погледнете како се променила во текот на 10 години, од 1952-ра година, кога имала 26 години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/od-1952-do-2022-godina-poglednete-kako-se-menuvala-pokojnata-kralica-elizabeta-niz-godinite-na-26-godini-izgledala-kako-vistinska-mlada-dama-foto/feed/ 0
Твитер корисник го „предвидел“ датумот на смртта на кралицата Елизабета – сега се огласи и за смртта на кралот Чарлс https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tviter-korisnik-go-predvidel-datumot-na-smrtta-na-kralicata-elizabeta-sega-se-oglasi-i-za-smrtta-na-kralot-charls/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tviter-korisnik-go-predvidel-datumot-na-smrtta-na-kralicata-elizabeta-sega-se-oglasi-i-za-smrtta-na-kralot-charls/#respond Wed, 14 Sep 2022 13:43:39 +0000 https://kurir.mk/?p=732742

Еден Твитер корисник пред неколку недели го „предвидел“ датумот на смртта на кралицата Елизабета, што откако се покажа дека е точно, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Истиот корисник сега сподели и датум во врска со новиот крал, Чарлс III. Еден млад човек по име Логан Смит, чие име на Твитер е @logan_smith526, во јули на неговиот профил споделил дека британскиот монарх со најдолг стаж ќе умре на 8 септември 2022 година. Датумот, исто така, се покажа како вистинит. Кралицата почина минатиот четврток (8 септември) во замокот Балморал, опкружена со нејзините најблиски членови на семејството. Неговата објава наскоро стана вирална, особено откако Смит ја ажурирал и го додал датумот на смртта на кралот Чарлс III. Снимките од оваа објава имаат милиони прегледи, а исто така продолжуваат да пристигнуваат многу коментари од корисниците. И додека некои се согласиле дека воопшто не веруваат во она што Логан го предвидел, други изјавиле дека исто така „чувствуваат“ дека кралот ќе има „кратко владеење“, а некои изразиле и загриженост. Исто така, многу корисници Логан го нарекле „најбараниот човек во Велика Британија“, но и пишуваат шеги дека „не му се пишува добро“ кога неговата објава ќе дојде до кралското семејство. Инаку, Чарлс, кој во ноември ќе наполни 74 години, автоматски беше прогласен за крал по смртта на неговата мајка, што беше официјализирано на церемонијата одржана минатата сабота попладне. Новиот монарх е најстарото дете на покојната кралица од бракот со принцот Филип. Погребот на Елизабета треба да се одржи во понеделник на 19 септември во 11 часот во Вестминстерската опатија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tviter-korisnik-go-predvidel-datumot-na-smrtta-na-kralicata-elizabeta-sega-se-oglasi-i-za-smrtta-na-kralot-charls/feed/ 0
За време на нејзиното владеење, кралицата Елизабета посетила 110 земји, но не и родната земја на нејзиниот сопруг https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/za-vreme-na-nejzinoto-vladeenje-kralicata-elizabeta-posetila-110-zemji-no-ne-i-rodnata-zemja-na-nejziniot-soprug/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/za-vreme-na-nejzinoto-vladeenje-kralicata-elizabeta-posetila-110-zemji-no-ne-i-rodnata-zemja-na-nejziniot-soprug/#respond Tue, 13 Sep 2022 13:40:57 +0000 https://kurir.mk/?p=732188

За време на нејзиното владеење, кралицата Елизабета Втора никогаш официјално не ја посетила Грција, иако била во официјални посети на 110 земји. Ова не е толку изненадувачки, бидејќи нејзиниот сопруг, принцот Филип, имал комплицирани односи со земјата во која е роден во 1921 година. Вујкото на Филип, кралот Константин I, бил принуден да абдицира за време на Грчко-турската војна од 1922 година, што ја фрлило целата монархија во неизвесна ситуација. Принцот Ендрју од Грција, таткото на Филип, бил протеран од земјата и морал да побегне со семејството на британски брод за да стигне до Франција. Падот на монархијата и тензиите меѓу грчкото кралско семејство и владата го спречиле тој и кралицата да дојдат во официјална посета на Грција како владетели на Британија. Сепак, тие ја посетиле Грција приватно во 1952 година, пред доаѓањето на Елизабета на тронот. Не го повториле тоа патување. Грција не е единствената земја што кралицата одбила да ја посети. За време на нејзиното владеење, таа никогаш не го ни посетила Израел поради израелско-палестинскиот конфликт, во кој никогаш не сакала да заземе страна. И покрај тоа, принцот Вилијам сепак ја посетил Грција во 2018 година. На црната листа на земјите на кралицата се нашле и Куба, Аргентина, Албанија и Црна Гора. Кога имала 89 години, таа патувала во повеќе од 110 земји. Нејзината последна посета била на Малта, а после тоа поради лошата здравствена состојба не заминала надвор од Обединетото Кралство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/za-vreme-na-nejzinoto-vladeenje-kralicata-elizabeta-posetila-110-zemji-no-ne-i-rodnata-zemja-na-nejziniot-soprug/feed/ 0
Се одржа комеморација по повод смртта на кралицата Елизабета Втора https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-odrza-komemoracija-po-povod-smrtta-na-kralicata-elizabeta-vtora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-odrza-komemoracija-po-povod-smrtta-na-kralicata-elizabeta-vtora/#respond Fri, 09 Sep 2022 20:05:05 +0000 https://kurir.mk/?p=730966

Комеморативна служба по смртта на кралицата Елизабета Втора беше одржана во катедралата Свети Павле во Лондон, во присуство на новата премиерка Елизабет Трас, а по тој повод беше интонирана првата официјална интерпретација на химната „Боже чувај го кралот“. Покрај премиерот и министрите во британската Блада, на службата присуствуваа и околу 2.000 граѓани, пренесува Скај Њуз. Трас се обрати на толпата и прочита дел од Посланието до Римјаните, една од книгите на Новиот завет. На почетокот на службата, публиката во аудио формат го слушаше првото обраќање на новиот британски крал Чарлс III како суверен, кој оддаде почит на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора и нејзиниот живот посветен на службата и вети дека ќе им служи на народот на Велика Британија и другите поданици доживотно. Службата заврши со интонирање на химната „Боже спаси го кралот“, што беше прва официјална интерпретација на зборовите на националната химна, по 70-годишното владеење на кралицата Елизабета Втора. Во химната се сменето зборовите, од „кралица“ во „крал“ за да го одбележи стапувањето на тронот на кралот Чарлс Трети. На комеморацијата не присуствуваа членови на кралското семејство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-odrza-komemoracija-po-povod-smrtta-na-kralicata-elizabeta-vtora/feed/ 0
Од почит кон кралицата: Авторот на серијата „The Crown“ на „Netflix“ најави пауза во снимањето https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/od-pochit-kon-kralicata-avtorot-na-serijata-the-crown-na-netflix-najavi-pauza-vo-snimanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/od-pochit-kon-kralicata-avtorot-na-serijata-the-crown-na-netflix-najavi-pauza-vo-snimanjeto/#respond Fri, 09 Sep 2022 16:17:40 +0000 https://kurir.mk/?p=730855

Познатата ТВ-серија на Нетфликс – „Круна“ (The Crown), веројатно, ќе направи пауза од снимањето на својата шеста сезона, како знак на почит кон починатата британска кралица Елизабета Втора, објавија британските медиуми.
Серијата-драма на авторот Питер Морган се заснова на животот, владеењето и наследството на 96-годишната кралица која 70 години ѝ служеше на Велика Британија, како монарх со најдолга власт во историјата. Елизабета Втора почина вчера во својот замок Балморал во Шкотска.
„Круна“ е љубовно писмо до неа и немам што да кажам повеќе во овој миг. Само тишина и почит“, објави Морган откако Бакингемската палата извести за смртта на кралицата.
„Очекувам и дека, од почит, ќе престанеме да снимаме некое време“, додаде потоа тој. Претстојната, петта сезона од серијата треба да биде достапна на Нетфликс во ноември, според Семрежната филмска база на податоци – ИМДБ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/od-pochit-kon-kralicata-avtorot-na-serijata-the-crown-na-netflix-najavi-pauza-vo-snimanjeto/feed/ 0