кралот чарлс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Jun 2023 09:18:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кралот чарлс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Османи до Кралот Чарлс Трети: Благодарни сме за тридецениската поддршка на Македонија од Обединетото Кралство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-do-kralot-charls-treti-blagodarni-sme-za-tridetseniskata-poddrshka-na-makedonija-od-obedinetoto-kralstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-do-kralot-charls-treti-blagodarni-sme-za-tridetseniskata-poddrshka-na-makedonija-od-obedinetoto-kralstvo/#respond Wed, 21 Jun 2023 09:18:59 +0000 https://kurir.mk/?p=848145

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вчера во Лондон присуствуваше на приемот за шефовите на делегации во палатата Сент Џејмс каде што присуствуваше и Неговото Величество Кралот Чарлс Трети. Османи изрази голема благодарност до Кралот Чарлс Трети за одличните политички и економски односи што Обединетото Кралство и Северна Македонија ги градат во изминатите три декади соработка. „Оваа година одбележуваме јубилеј – три декади од воспоставување на нашите дипломатски односи. Ќе продолжиме и во иднина овие односи да ги градиме во духот на меѓусебното пријателство и силно партнерство“, напиша Османи по средбата со Кралот Чарлс Трети. Османи и Кралот Чарлс Трети се осврнаа и на неговата историска посета на земјава во 1998 година. Османи денеска во Лондон ќе учествува на Конференцијата за закрепнување на Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-do-kralot-charls-treti-blagodarni-sme-za-tridetseniskata-poddrshka-na-makedonija-od-obedinetoto-kralstvo/feed/ 0
Тугенхут: Велика Британија подготвена за безбедносниот предизвик за крунисувањето на кралот Чарлс https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tugenhut-velika-britanija-podgotvena-za-bezbednosniot-predizvik-za-krunisuvaneto-na-kralot-charls/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tugenhut-velika-britanija-podgotvena-za-bezbednosniot-predizvik-za-krunisuvaneto-na-kralot-charls/#respond Wed, 03 May 2023 08:06:50 +0000 https://kurir.mk/?p=830014

Велика Британија е подготвена за безбедносниот предизвик за крунисувањето на кралот Чарлс Трети во сабота, на 6 мај, изјави денеска министерот за безбедност Том Тугенхут, откако претходно еден човек беше уапсен пред Бакингемската палата. „Полицијата е насекаде, во најмала рака, а нашите разузнавачки и другите безбедносни сили се многу свесни за предизвикот со кој се соочуваме“, изјави Тугенхут за Тајмс радио. „Она што го планираме неколку месеци е една од најважните безбедносни операции“, додаде тој. Британската полиција вчера уапси маж откако се приближил до портите на Бакингемската палата и фрлил предмети „што личеле на чаури од пушка“ на теренот на палатата, соопшти лондонската Метрополитен полиција. Апсењето се случи во моментот кога полицијата и безбедносните служби вршеа подготовки за крунисувањето на кралот Чарлс во сабота, кога на улиците на Лондон треба да се соберат голем број луѓе, а на свечената церемонија ќе присуствуваат и лидери на држави ширум светот. „Многу сум задоволен што полицијата реагираше неверојатно брзо, неверојатно професионално на синоќешниот инцидент“, изјави министерот Тугенхут. Ниту кралот Чарлс ниту неговата сопруга Камила не биле во палатата во моментот на инцидентот, соопшти Бакингемската палата. Палатата претходно соопшти дека церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс Трети во сабота ќе биде највеличественото славење некогаш видено во Велика Британија и дека тоа ќе даде економски поттик на нацијата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tugenhut-velika-britanija-podgotvena-za-bezbednosniot-predizvik-za-krunisuvaneto-na-kralot-charls/feed/ 0
На крунисувањето на кралот Чарлс не се поканети лидерите на ОВИЕ седум земји https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-krunisuvaneto-na-kralot-charls-ne-se-pokaneti-liderite-na-ovie-sedum-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-krunisuvaneto-na-kralot-charls-ne-se-pokaneti-liderite-na-ovie-sedum-zemji/#respond Wed, 03 May 2023 06:35:11 +0000 https://kurir.mk/?p=829974

Велика Британија не испратила покани за церемонијата на крунисување на кралот Чарлс до лидерите на Русија, Белорусија, Иран, Мјанмар, Сирија, Авганистан и Венецуела, изјави за локални медиуми неименуван извор. Според него, на крунисувањето биле поканети шефови на држави со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските региони и прекуокеанските територии. Кога станува збор за Северна Кореја и Никарагва, поканите биле испратени до високи дипломати, а не до шефови на држави. Кралот Чарлс ќе биде крунисан во сабота на 6 мај. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-krunisuvaneto-na-kralot-charls-ne-se-pokaneti-liderite-na-ovie-sedum-zemji/feed/ 0
Чарлс Трети: Обединетото Кралство и Германија стојат покрај Украина во одбрана на нејзината слобода од руската агресија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/charls-treti-obedinetoto-kralstvo-i-germanija-stojat-pokraj-ukraina-vo-odbrana-na-nejzinata-sloboda-od-ruskata-agresija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/charls-treti-obedinetoto-kralstvo-i-germanija-stojat-pokraj-ukraina-vo-odbrana-na-nejzinata-sloboda-od-ruskata-agresija/#respond Thu, 30 Mar 2023 06:10:58 +0000 https://kurir.mk/?p=817973

Британскиот крал Чарлс Трети синоќа на свечената вечера во Берлин рече дека Обединетото Кралство и Германија стојат покрај „Украина“ во одбрана на нејзината „слобода“ од руската агресија и дека ќе направат се што можат за да го зајакнат англо-германското пријателство. „Заедно стоиме во заштитата и унпаредувањето на демократските вредности што ги делиме. Заедно сме со Украина во одбрана на нејзината слобода и суверенитет од агресијата, рече Чарлс Трети во говорот на свечената вечера во Берлин на првиот ден од неговата посета на Германија. Тој рече дека е подготвен да „направи се што може“ за време на неговото владеење за да ги зајакне врските на Обединетото Кралство со Германија, неговата прва дестинација во странство откако стана британски суверен. „Односите меѓу Германија и Обединетото Кралство ми се многу важни... И можам само да ви потврдам дека во текот на моето владеење ќе дадам се од себе за да ги зајакнам врските меѓу нас“, рече Чарлс Трети на вечерата организирана за него во резиденцијата на германскиот претседател во Берлин. Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој беше домаќин на вечерта во неговата резиденција во замокот Белви, во својот говор ја изрази и силата на англо-германското пријателство. Тој им се заблагодари на Германците за нивните „трогателни пораки за поддршка и сочувство“ по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора во септември. Кралот, исто така, се заблагодари на Германија за прифаќањето на повеќе од еден милион бегалци од Украина, „што толку силно ја покажува дарежливоста на духот на германскиот народ“. Британскиот суверен ја посети Германија четириесет пати пред да стане крал, а неговиот говор беше делумно на германски, а делумно на англиски, посочува ДПА. Ова е прва посета на кралот Чарлс Трети во странство. Како прва дестинација беше планирана Франција, но посетата беше одложена поради немирите кои изминативе денови ја потресоа оваа земја во која се одржуваат протести против пензиските реформи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/charls-treti-obedinetoto-kralstvo-i-germanija-stojat-pokraj-ukraina-vo-odbrana-na-nejzinata-sloboda-od-ruskata-agresija/feed/ 0
Кралот Чарлс Трети од утре во посета на Германија https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kralot-charls-treti-od-utre-vo-poseta-na-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kralot-charls-treti-od-utre-vo-poseta-na-germanija/#respond Wed, 29 Mar 2023 07:53:40 +0000 https://kurir.mk/?p=817595

Со највисоки почести и силни безбедносни мерки Берлин утре ќе го пречека кралот Чарлс Трети и неговата сопруга Камила, што ќе биде нивна прва посета во странство откако кралот го презема престолот. Кралската двојка требаше да ја посети Франција пред Германија, но посетата е откажана поради немирите поврзани со протестите против пензиските реформи во земјата. Монархот и кралицата сопруга треба да слетаат на аеродромот во Берлин во раните попладневни часови. Кралската двојка во Берлин ќе престојува два дена, од каде в петок ќе се упатат кон Хамбург, последната станица од нивната посета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kralot-charls-treti-od-utre-vo-poseta-na-germanija/feed/ 0
„Таа е злобна маќеа“: Камила е причината поради која Кралот Чарлс ги избрка Хари и Меган од дома – еве што се случило https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/taa-e-zlobna-makea-kamila-e-prichinata-poradi-koja-kralot-charls-gi-izbrka-hari-i-megan-od-doma-eve-shto-se-sluchilo/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/taa-e-zlobna-makea-kamila-e-prichinata-poradi-koja-kralot-charls-gi-izbrka-hari-i-megan-od-doma-eve-shto-se-sluchilo/#respond Fri, 03 Mar 2023 19:59:44 +0000 https://kurir.mk/?p=807860

Кралот Чарлс реши да им го одземе британскиот дом на Хари и Меган откако дозна дека војводата ја „оцрнил“ маќеата Камила. Се вели дека Чарлс почувствувал дека неговиот син „ја преминал границата“. Изворите рекоа дека кралот бил огорчен од низата обвинувања од страна на Хари, како што е неговото тврдење дека Камила е одговорна за „протекување“ на приказни до медиумите. Војводата, исто така, ја нарече кралицата негативец во ТВ интервјуа кои ги промовираа неговите мемоари. Чарлс презеде решителна акција веднаш откако помошниците му предадоа досие со наоди кои откриваат детали од контроверзната книга. Кралските упатени извори рекоа дека откритијата предизвикале непоправлива штета на односите на Хари со неговиот татко Чарлс и брат принцот Вилијам. Хари рече дека се плаши дека Камила ќе се претвори во „злобна маќеа“. Војводата од Сасекс призна дека на крајот само сакал Камила да биде среќна за да биде помалку опасна. Во едно ТВ интервју, Хари додаде: „Таа беше негативецот. Таа беше третата личност во нивниот брак“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/taa-e-zlobna-makea-kamila-e-prichinata-poradi-koja-kralot-charls-gi-izbrka-hari-i-megan-od-doma-eve-shto-se-sluchilo/feed/ 0
Кралот Чарлс го слави својот 74-ти роденден- прв како монарх https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-charls-go-slavi-svojot-74-ti-rodenden-prv-kako-monarh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-charls-go-slavi-svojot-74-ti-rodenden-prv-kako-monarh/#respond Mon, 14 Nov 2022 09:18:07 +0000 https://kurir.mk/?p=760117

Британскиот крал Чарл Трети денеска го прославува својот 74-ти роденден, првпат како монарх. Се очекува кралот да го одбележи роденденот во кругот на семејството, без јавни ангажмани. Засега не е познато, дали во согласност со традицијата, кралот Чарлс Трети и официјално ќе го прослави роденденот во лето. Од 1700 година, монарсите кои не се родени во текот на летото прославуваат уште еден роденден, кој е обележан со традиционалната парада наречена Trooping the Colour. Официјалната прослава на роденденот на кралицата Елизабета Втора секогаш се организираше во втората сабота во јуни, но засега не е потврдено дали новиот крал ќе слави на ист начин. Иако кралот Чарлс нема официјални ангажмани за овој ден, неговиот прв роденден како монарх денеска ќе го одбележи Оркестарот на британската коњаница, кој ќе ја изведе роденденската песна „Happy Birthday“ за време на смената на гардата на Бакингемската палата. Како што јави Би-Би-Си, топовски поздрави ќе се слушаат низ Лондон во чест на неговиот роденден, а трупите на кралот ќе почнат со испукување 41 рафал напладне во лондонскиот Грин Парк, додека Оркестарот на шкотската гарда, исто така ќе ја изведе „Happy Birthday“. Војската на кралот е церемонијална коњаничка единица на британската армија, која салутира на свеченостите на кралското семејство и важни настани како државни посети. Тие се грижат и за црните коњи кои учествуваат на државни и воени погреби. Еден час подоцна, во 13 часот по лондонско време, Почесниот артилериски корпус ќе испука 62 истрели кај Лондонската кула. Роденденските планови на кралот Чарлс не се познати, но претходните години тој уживаше во незаборавни прослави, потсетува Би-Би-Си. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-charls-go-slavi-svojot-74-ti-rodenden-prv-kako-monarh/feed/ 0
КРАЛСКА ЕКСПЕРТКА ОТКРИ: Ова е прекарот со кој кралот Чарлс Трети ја нарекувал Меган, денес откако им се заладени односите, сигурно не го користи! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kralska-ekspertka-otkri-ova-e-prekarot-so-koj-kralot-charls-treti-ja-narekuval-megan-denes-otkako-im-se-zaladeni-odnosite-sigurno-ne-go-koristi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kralska-ekspertka-otkri-ova-e-prekarot-so-koj-kralot-charls-treti-ja-narekuval-megan-denes-otkako-im-se-zaladeni-odnosite-sigurno-ne-go-koristi/#respond Fri, 07 Oct 2022 12:33:39 +0000 https://kurir.mk/?p=742421

Кралската експертска Кејти Никол, во својата книга „The New Royals“ го откри специјалниот прекар со кој кралот Чарлс Трети ја нарекувал Меган Маркл. Според наводите на Никол, новиот британски монарх на својата снаа ѝ го дал прекарот „Tungsten“ поради нејзината цврстина и отпорност. Tungsten или волфрам е хемиски елемент со симбол W и атомски број 74. Тоа е тврд, сјаен сребрено-бел метал кој има исклучително висока густина, речиси еднаква на златото. Името tungsten доаѓа од шведските зборови „tung sten“, кои во превод значат „тежок камен“. Никол објаснува дека споменатиот прекар веројатно настанал кога Маркл покажала „цврстина“ за време на нејзината и средбата на Хари со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон на Форумот на Кралската фондација во 2018 година. И додека Чарлс го користел овој прекар додека војводата и војвотката од Сасекс сè уште живееле во кралската палата, не е познато дали тој сè уште го користи денес кога односите меѓу нив се заладени. Многумина мислеа дека смртта на кралицата Елизабета барем малку ќе ги подобри нивните односи бидејќи сега по сила на околности ќе треба повеќе да соработуваат, но тоа не се случи. Принцот Хари и Меган брзо се вратија во Калифорнија по погребот на кралицата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kralska-ekspertka-otkri-ova-e-prekarot-so-koj-kralot-charls-treti-ja-narekuval-megan-denes-otkako-im-se-zaladeni-odnosite-sigurno-ne-go-koristi/feed/ 0
Откако предвиде кога ќе почине кралицата книгата на Нострадамус се продава како алва – кога ќе прочитате кој ќе седне на тронот после Чарлс ќе се наежите! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkako-predvide-koga-kje-pochine-kralicata-knigata-na-nostradamus-se-prodava-kako-alva-koga-kje-prochitate-koj-kje-sedne-na-tronot-posle-charls-kje-se-naezite/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkako-predvide-koga-kje-pochine-kralicata-knigata-na-nostradamus-se-prodava-kako-alva-koga-kje-prochitate-koj-kje-sedne-na-tronot-posle-charls-kje-se-naezite/#respond Tue, 27 Sep 2022 12:59:15 +0000 https://kurir.mk/?p=737979

Смртта на кралицата Елизабета Втора на 96-годишна возраст била предвидена пред неколку векови од францускиот астролог Нострадамус, според книга што ги толкува неговите пророштва, а се продава како алва од нејзината смрт на 8 септември. Угледниот пророк во 1555 година ја објавил Les Propheties, збирка песни наречени „кватрени“ кои тешко може да се толкуваат, а за која поддржувачите тврдат дека претскажала голем број катастрофални настани како што се светските војни и нападите од 11 септември. Според книга на Марио Ридинг од 2005 година, „Нострадамус: Целосните пророштва за иднината“, еден од катрените на пророкот ја предвидел точната возраст на која кралицата ќе умре стотици години подоцна. Експертот за Нострадамус го пренесува, односно го толкува неговото пророштво: „Кралицата Елизабета Втора ќе почине околу 2022 година на возраст од 96 години“. Британски „Сандеј тајмс“ тврди дека продажбата на книгата на Ридинг нагло се зголемила по смртта на кралицата. Од 17 септември, продадени се 8.000 примероци, споредено со само пет пред овој датум. Книгата, исто така, ја навестува иднината на кралот Чарлс Трети, предвидувајќи дека поранешниот сопруг на принцезата Дијана ќе абдицира од тронот, кој потоа ќе го држи нивниот втор син, принцот Хари, кој се повлече од кралските должности. „Затоа што не го одобруваа неговиот развод…човек кој подоцна го сметаа за недостоен…народот ќе го протера кралот на островот…ќе го замени човек кој никогаш не очекувал да биде крал“, напишал Нострадамус, се вели во толкувањето на Ридинг. Нострадамус бизарно предвидел дека принцот Хари ќе го преземе тронот по кралот Чарлс – не Вилијам. Марио Ридинг, кој напиша книга за Нострадамус во 2005 година, го протолкува и го пренесува ова тврдење во својата книга „Нострадамус: Целосни пророштва за иднината“. Ридинг пишува: „Преамбула е дека кралицата Елизабета Втора ќе почине, околу 2022 година, на возраст од околу 96 години, пет години помалку од животот на нејзината мајка.“ „Принцот Чарлс ќе има 74 години во 2022 година, кога ќе го преземе тронот. Но, незадоволствата што ги има против него одреден дел од британското население, по неговиот развод со Дијана, принцезата од Велс, сè уште опстојуваат.“]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkako-predvide-koga-kje-pochine-kralicata-knigata-na-nostradamus-se-prodava-kako-alva-koga-kje-prochitate-koj-kje-sedne-na-tronot-posle-charls-kje-se-naezite/feed/ 0
Операција „Златен глобус“: Детали за крунисувањето на Чарлс III – ќе се означи нова ера https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/operacija-zlaten-globus-detali-za-krunisuvanjeto-na-charls-iii-kje-se-oznachi-nova-era/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/operacija-zlaten-globus-detali-za-krunisuvanjeto-na-charls-iii-kje-se-oznachi-nova-era/#respond Thu, 22 Sep 2022 05:10:33 +0000 https://kurir.mk/?p=735946

Сега кога кралицата Елизабета Втора е погребана, британската монархија се подготвува за крунисување на новиот крал, нејзиниот син Чарлс III. Според британските медиуми, тој посакува крунисувањето да не биде помпезно како она на неговата мајка во 1953 година. Неговата цел е да ја прикаже монархијата како поскромна и да најави нова ера, која веќе започна со неговото владеење. Наводно, дури размислуваат и крунисувањето да го направат на 2 јуни, истиот ден како и на покојната кралица, пишува RTL. Операција „Златен глобус“ „Операција Златен глобус“ е името на планот за крунисувањето на Чарлс, кој започна истиот ден кога умре кралицата. Извори блиски до кралскиот двор открија дека очекуваат церемонијата да биде „пократка, помала и поевтина“ од онаа на која неговата мајка беше крунисана во 1953 година, а ќе вклучи и почит кон кралицата. Ќе се заштеди и поради економската и енергетската криза, за да се прикажат монарсите како луѓе кои се грижат за оние кои се поугнетени. Додека традиционалните аспекти на церемонијата се очекува да останат непроменети, се очекува кралот да ја прослави различноста што го плени со децении. Тој во Лондон ќе ги покани припадниците на различни вери, вклучувајќи христијани, муслимани, Евреи, Хиндуси и Будисти, кои ќе бидат дел од церемонијата.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/operacija-zlaten-globus-detali-za-krunisuvanjeto-na-charls-iii-kje-se-oznachi-nova-era/feed/ 0