краставица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Jul 2023 09:26:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png краставица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Летен хит: Салата од лубеница, краставица, кромид и „фета“ сирење https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/leten-hit-salata-od-lubenitsa-krastavitsa-kromid-i-feta-sirene/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/leten-hit-salata-od-lubenitsa-krastavitsa-kromid-i-feta-sirene/#respond Tue, 18 Jul 2023 09:26:47 +0000 https://kurir.mk/?p=857627

Новиот летен хит - салата од лубеница, краставица, кромид и „фета“ сирење е идеален за освежување во текот на топлите месеци. За овој рецепт потребни се: 50 милилитри маслиново масло, две лажички вински оцет, половина кафена лажичка сол, 400 грама лубеница, 150 гр. свежа краставица, половина глава црвен кромид, грст нане и 150 гр. од исечкано „фета“ сирење. Подготовка: Лубеницата се чисти од семките и се сече на помали парчиња. Кромидот, исто така, се чисти, лупи и се ситни. И краставицата - излупена, се сечка на коцки. Некои тоа го претпочитаат во издлабената кора од лубеницата. Во друг сад, се мешаат маслиново масло, оцет и сол. Се мешаат сите состојки освен нането во претходниот сад. Салатата се чува во фрижидер, а пред сервирање се посипува со нането.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/leten-hit-salata-od-lubenitsa-krastavitsa-kromid-i-feta-sirene/feed/ 0
Салата од краставица готова за 10 минути, вистинско летно освежување https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/salata-od-krastavitsa-gotova-za-10-minuti-vistinsko-letno-osvezhuvane/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/salata-od-krastavitsa-gotova-za-10-minuti-vistinsko-letno-osvezhuvane/#respond Mon, 10 Jul 2023 20:14:31 +0000 https://kurir.mk/?p=855161

Лесно и освежително за топлите денови. Состојки: 1 голема краставица 100 гр павлака 3 супени лажици оцет половина главица црвен кромид 1 лажица свеж копар малку шеќер 1 лажичка лук во прав сол, бибер Подготовка: Краставицата не ја лупете, туку добро измијте ја и исечете ја на тенки кругови. Исто така, црвениот кромид исечкајте го на тенки ленти. Во сад добро измешајте ги павлаката, оцетот, шеќерот и копарот, па додајте ги исечканите краставици и кромидот. Зачинете ја салатата по вкус - додадете сол и бибер. На крајот, оставете ја салатата во фрижидер да се олади.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/salata-od-krastavitsa-gotova-za-10-minuti-vistinsko-letno-osvezhuvane/feed/ 0
Нема присуство на тешки метали во доматот и краставицата, потврдија од АХВ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-prisustvo-na-teshki-metali-vo-domatot-i-krastavitsata-potvrdija-od-ahv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-prisustvo-na-teshki-metali-vo-domatot-i-krastavitsata-potvrdija-od-ahv/#respond Mon, 05 Jun 2023 09:43:09 +0000 https://kurir.mk/?p=842178

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски денеска уште еднаш потврди дека негативни се резултатите од анализите за наводно присуство на резидууми од метали и тешки метали, како што соопшти опозицијата. Бабовски на прес-конференција истакна дека ширење лажна паника и тревога е кривично дело, а дали АХВ ќе поднесе пријава за тоа ќе се знае, потенцира, наредните денови. -Негативни се сите резултати за наводни резидуми од метали или присуство на тешки метали во овошјето и зеленчукот. Не знам која беше целта да се шири паника меѓу граѓаните. Изгледа некој некого излажал или некој помешал микро и милиграми, рече Бабовски, одговорајќи на новинарски прашања.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-prisustvo-na-teshki-metali-vo-domatot-i-krastavitsata-potvrdija-od-ahv/feed/ 0
Трипуновски: Олово, кадмиум и арсен, тешки метали штетни за човековото здравје се пронајдени во домат и краставици (ДОКУМЕНТИ) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-olovo-kadmium-i-arsen-teshki-metali-shtetni-za-chovekovoto-zdravje-se-pronajdeni-vo-domat-i-krastavitsi-dokumenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-olovo-kadmium-i-arsen-teshki-metali-shtetni-za-chovekovoto-zdravje-se-pronajdeni-vo-domat-i-krastavitsi-dokumenti/#respond Fri, 02 Jun 2023 10:51:10 +0000 https://kurir.mk/?p=841477

Олово, кадмиум и арсен, тешки метали штетни за човековото здравје се пронајдени во домат и крставица покажуваат новите извештаи на анализа направени од Државната фитосанитарна лабораторија. Во извештаите кои стигнаа до мене се за анализа на определување на макро и микро елементи и елементи во трага, во кои е детектирано присуство на тешки метали во домат и крставица, истакна на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. Истакнува дека денешните извештаи кои ги презенитра се официјални документи архивирани и потпишани од ДФЛ односно од МЗШВ во кои се констатира присуство на олово, кадмиум и арсен. -Првиот извештај се однесува на направена анализа на домат, нарачател е АХВ , примерокот е земен на 28.05.2023, а анализата е извршена на 30.05.2023 година. Она што сакам да го презентирам пред јавноста е што во оваа анализа на домат констатирано е присуство на кадмиум од максималните дозволени количини 0,05 мерни едници, во извештајот се детектирани 1,34 мерни единици. Ова е за 27 пати над дозволените количества кои што треба да ги има овој производ. Вториот хемиски елемент, тежок метал олово согласно правилникот за максимално дозволено ниво е 0,10 мерни единици, а во овој резултат количеството на детектирано олово е 4,48 мерни единици или за 45 пати над дозволената граница. Вториот резултат од ДФЛ се однесува на примерок од крставица, нарачател за земање примерок е АХВ, земен примерок на 28.05.2023 година, а датум на завршување на анализата е 30.05.2023 година. Овде во овој резултат се детектирани три хемиски елементи, односно тешки метали. Првиот е арсен каде што согласно правилникот не е дозволено присуство на овој тежок метал во храната. И во резултатот е детектирано 2,0 мерни единици, што е катастрофален податок. Вториот тежок метал е кадмиум со резултат од 0,64 мерни единици, што е за 13 пати над дозволената граница. И третиот елемент, односно тежок метал е оловото кое што е детектирано со резултат од 37,43 мерни единици што е за фрапантни 374 пати над дозволената граница. Ситуацијата е загрижувачка и алармантна. Апелирам за внимателност од страна на граѓаните, бидејќи истите производи најверојатно веќе се пуштени во промет низ цела територија на државата, што значи дека веќе граѓаните ги консумираат, вели Трипуновски. Тој обвини дека Бабовски и Николовски, како што рече, го трујат сопствениот народ. -Овие метали пронајдени во доматот и крставицата можат да се акумулираат во телото со текот на времето и да предизвикаат сериозни здравствени проблеми. Јавно му порачувам на Николовски и Бабовски кој деновите откако јавно обелоденив за овој скандал им испратил дописи на вработените во АХВ со кој им забранува изнесување на информации кои се од јавен интерес, дека времето за закани и уцени завршува. Стручните лица се јасни, последиците се оловото, кадмиумот и арсенот се канцерогени и докажано е дека предизвикуваат оштетување на внатрешните органи посебно кај помладата популација. Здравјето на граѓаните е пред и над се и за него нема простор за калкулации. Го прашуваме и ЈО кое наместо да реагира соодветно, се става во одбрана на владата на СДС, Николовски и Бабовски, како може труењето на граѓаните со тежок метал да не е предмет на јавен интерес и дали треба некој да умре, за да реагира по допрен глас? Бабовски и Николовски мора да понесат одговорност. За почеток, нека си поднесат неотповикливи оставки, нагласи Трипуновски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-olovo-kadmium-i-arsen-teshki-metali-shtetni-za-chovekovoto-zdravje-se-pronajdeni-vo-domat-i-krastavitsi-dokumenti/feed/ 0
ЈА ШТИТАТ ПРОСТАТАТА, ГО ЈАКНАТ ЛИБИДОТО Тиквичките се вистинска „машка“ храна https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ja-shtitat-prostatata-go-jaknat-libidoto-tikvichkite-se-vistinska-mashka-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ja-shtitat-prostatata-go-jaknat-libidoto-tikvichkite-se-vistinska-mashka-hrana/#respond Sun, 21 May 2023 13:25:51 +0000 https://kurir.mk/?p=836914

Тиквичките многу често се на трпезата бидејќи јадењата од нив лесно се подготвуваат и не ги оптоваруваат органите за варење. Иако домаќинките ги подготвуваат како и другиот зеленчук, тиквичките се всушност еден вид овошје, а се високо на листата по лековитите својства. На жените им се допаѓаат затоа што не се многу калорични, а на мажите затоа што им помагаат во решавање на сериозни проблеми. Тие помагаат при губење на тежината Повеќе од 90 отсто од овошјето е вода, па не е чудно што во 100 грама има само 16 калории. За децата најдобро е да сена скара или да се пржат на малку масло со друг сезонски зеленчук. Чувар на машкото здравје Минералот манган од кората на тиквичката благотворно делува на зголемување на либидото, додека хранливите состојки ги намалуваат симптомите на зголемена простата, што на мажите им го отежнува мокрењето, а понекогаш и сексот. Го стимулираат варењето Богати се со диетални влакна, па се препорачуваат за луѓе кои страдаат од запек. Влакната ја стимулираат работата на дигестивниот систем. Го намалуваат крвниот притисок Тие се одличен извор на витамини Б и Ц, како и калиум, кој ја регулира работата на срцето и го намалува крвниот притисок. Најмногу од сите хранливи материи се наоѓаат во кората, па затоа е подобро да не се лупи пред да се готви. Го забрзува зараснувањето на раните Интересно е што тиквичката промовира побрзо зараснување на раните и ја прави кожата поздрава. Како што споменавме, кората содржи одредена количина на манган, минерал важен за производство на аминокиселината пролин. Пролинот, пак, го стимулира производството на колаген во кожата, кој е важен за закрепнување и изглед на кожата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ja-shtitat-prostatata-go-jaknat-libidoto-tikvichkite-se-vistinska-mashka-hrana/feed/ 0
Ѓумбир за здравје и круша за душа: Направете детоксикација со ОВОЈ природен сок https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/gjumbir-za-zdravje-i-krusha-za-dusha-napravete-detoksikacija-so-ovoj-priroden-sok/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/gjumbir-za-zdravje-i-krusha-za-dusha-napravete-detoksikacija-so-ovoj-priroden-sok/#respond Tue, 20 Dec 2022 15:05:31 +0000 https://kurir.mk/?p=778114

Ѓумбирот е исклучително здрав за луѓе од сите возрасти, а е ефикасен и кога станува збор за детоксикација на организмот. Детоксикација на тело секогаш ни е потребна заради нездравата храна која секојдневно ја внесуваме во себе. Ѓумбирот е исклучителна намирница која може да ни помогне во тоа. Ѓумбирот е здрав корен кој го зајакнува имунитетот и ја потиснува кашлицата. Покрај ѓумбирот, во овој сок оди и круша, сочно и вкусно овошје со голема хранлива вредност, многу диетални влакна кои ќе го задржат чувството на ситост и ќе ве спречи помеѓу оброците да посегнете по нездрави грицки, како и краставица, природно средство за чистење на телото полно со калиум. Овој одличен природен сок ќе го исчисти организмот, добро ќе го нахрани и ќе ве направи сити. Пробајте го овој едноставен и вкусен рецепт. Потребно е: 3 круши 2 прстени ѓумбир четвртина краставица Подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер. Овој освежувачки сок можете да го пиете како меѓуоброк.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/gjumbir-za-zdravje-i-krusha-za-dusha-napravete-detoksikacija-so-ovoj-priroden-sok/feed/ 0
Овој зеленчук ви е сојузник број 1 во диетата: Не се салатите единствен начин да го јадете https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovoj-zelenchuk-vi-e-sojuznik-broj-1-vo-dietata-ne-se-salatite-edinstven-nachin-da-go-jadete/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovoj-zelenchuk-vi-e-sojuznik-broj-1-vo-dietata-ne-se-salatite-edinstven-nachin-da-go-jadete/#respond Tue, 13 Dec 2022 07:11:58 +0000 https://kurir.mk/?p=774726

Краставицата е позната по своите предности. Овој зеленчук се состои од вода и важни нутритиенти кои имаат есенцијално значење по организмот на луѓето. Краставицата освен што е богата со витамините А и Ц, содржи и силициум кој ги зајакнува сврзните ткива. Освен што е добар за вашето здравје, овој зеленчук го поттикнува и топењето на килограмите. Исто така, краставицата содржи мал број на калории и има ниска енергетска вредност – тоа е одличен избор доколку сте на диета со контролиран внес на калории. Исто така, додатокот на витамините и минералите кои се наоѓаат во овој зеленчук ќе ги нахрани вашите клетки што значи дека ќе имате поголема контрола над гладта. Со самото тоа ќе се спречи прејадување и ќе се намали желбата за слатки. Една третина краставица (околу 100 грама) содржи само 16 калории. Тоа е логично бидејќи овој зеленчук суштински се состои од вода, а нутриционистите велат дека сокот од краставица може да биде од голема корист во процес на слабеењето. Водата исто така го забрзува метаболизмот, а консумацијата на краставица ќе има исто дејство. Освен тоа, краставицата ќе ви ја освежи кожата, успешно ќе ги елиминира воспаленијата, ќе ја поттикне работата на дигестивните органи и ќе му помогне на телото да остане хидрирано. Како да ја консумирате краставицата? Не е неопходно да ја јадете краставицата во сиров облик. Пробајте да бидете креативни и да додадете свежа или замрзната краставица во својот смути напиток. Таа одлично се вклопува со незасладена кокосова вода и сок од лимета. Можете да додадете и листови од нане, што дополнително ќе ве освежи во текот на летните денови.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovoj-zelenchuk-vi-e-sojuznik-broj-1-vo-dietata-ne-se-salatite-edinstven-nachin-da-go-jadete/feed/ 0
РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Направете освежувачки полнети краставици, ќе исчезнат од масата за час! https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ruchek-za-denes-napravete-osvezuvachki-polneti-krastavici-kje-ischeznat-od-masata-za-chas/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ruchek-za-denes-napravete-osvezuvachki-polneti-krastavici-kje-ischeznat-od-masata-za-chas/#respond Tue, 23 Aug 2022 12:56:52 +0000 https://kurir.mk/?p=722670

Состојки: 1 голема краставица 100 гр крем сирење 2 чешниња лук 2 грста свежо нане (магдонос, босилек, копар) балсамико оцет сол Подготовка: Измешајте го сирењето со исечканите листови нане (или други билни зачини по желба) и мелениот лук и посолете по желба. Исечете ги краевите на краставицата, исечете ја по должина од едната страна за да останат 2/3 од краставицата. Можете да го пресечете и на средина, но ќе има помалку фил, а можете и да го излупите и да го исечете по должина за полесно да ги обликувате ролните. Со мало лажиче извадете ја средината на краставицата, исушете ја со хартиена салфетка и наполнете ја со фил. Краставицата исечкајте ја на залчиња, во секоја вметнете чепкалка за заби со лист нане. Полнетите краставици намачкајте ги со малку балсамико оцет и послужете. Плус совет: Полнетите краставици можете дополнително да ги декорирате со чери домати, а на ист начин можете и домати или пиперки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ruchek-za-denes-napravete-osvezuvachki-polneti-krastavici-kje-ischeznat-od-masata-za-chas/feed/ 0
Има ТРИ добри причини за секој ден да јадете краставица – дознајте ги https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ima-tri-dobri-prichini-za-sekoj-den-da-jadete-krastavica-doznajte-gi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ima-tri-dobri-prichini-za-sekoj-den-da-jadete-krastavica-doznajte-gi/#respond Mon, 15 Aug 2022 14:07:13 +0000 https://kurir.mk/?p=718902

Постојат повеќе докази кои укажуваат на тоа дека краставицата е богата со нутритивни состојки кои можат да се спротивстават на опасните болести. Токму во тоа лежи главната причина зошто треба да се јаде секојдневно. Ги елиминира токсините и хидрира кожата Како што веројатно знаете, краставицата содржи 95% вода. Затоа е одлична во хидрирање на организмот, а ќе ви помогне и да го обновите телото со клучните витамини. Варење и согорување на мастите Со секојдневното конзумирање на краставици го подобрувате здравјето. Таа има способност да го стимулира организмот и да помага во елиминирањето на вишокот на маснотии. Дополнително, краставицата е одличен извор на растителни влакна. Лош Здив Ова е вообичаен проблем, а најлесно ќе го изгубите со помош на краставицата. Само исечете едно парче и држете го во уста 30 секунди. Силните антибактериски својства ќе ги уништат бактериите кои го предизвикуваат лошиот здив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ima-tri-dobri-prichini-za-sekoj-den-da-jadete-krastavica-doznajte-gi/feed/ 0
Не ја фрлајте кората од краставици, направете мелем за косата и ноктите! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-ja-frlajte-korata-od-krastavici-napravete-melem-za-kosata-i-noktite-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-ja-frlajte-korata-od-krastavici-napravete-melem-za-kosata-i-noktite-2/#respond Tue, 07 Jun 2022 15:02:45 +0000 https://kurir.mk/?p=687914

Исушете ја кората на сонце, потоа исечкајте ја. Чајот се прави со ставање лажица сечкана кора во 200 мл вода и варење додека количината на вода не се преполови. За време на топлите денови, пијте по неколку чаши од овој пијалак секој ден, бидејќи ќе ја ублажите главоболката. Истражувањата покажаа дека пиењето чаша сок од краставица секој ден може да ја подобри меморијата, да ги зајакне корените на косата и да спречи лупење на ноктите. Исечете свежа краставица, додадете малку шеќер и исцедете или измешајте во соковник. Пијте го сокот наутро и на тој начин исчистете го желудникот и цревата. Ако сакате, можете да додадете малку мед за да биде повкусно. Свежиот сок од краставица има многу калиум и содржи фосфор, натриум и калциум. Тоа е едно од најдобрите средства за исфрлање на течности од телото, но и за подмачкување на кожата. Го нормализира високиот и нискиот крвен притисок, лечи кожни болести, па дури и ако го измешате со сок од морков, добивате антиревматски агенс. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-ja-frlajte-korata-od-krastavici-napravete-melem-za-kosata-i-noktite-2/feed/ 0