краставици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 31 Mar 2023 07:54:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png краставици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 6 факти кои ја прават краставицата многу здрава намирница: Дали го знаевте ова за омилената салата на многумина? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/6-fakti-koi-ja-pravat-krastavitsata-mnogu-zdrava-namirnitsa-dali-go-znaevte-ova-za-omilenata-salata-na-mnogumina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/6-fakti-koi-ja-pravat-krastavitsata-mnogu-zdrava-namirnitsa-dali-go-znaevte-ova-za-omilenata-salata-na-mnogumina/#respond Fri, 31 Mar 2023 07:20:25 +0000 https://kurir.mk/?p=818369

На освежителната краставица е многу тешко да се одолее. Но, овој популарен „зеленчук“ (кој всушност е овошје!) на нашите чинии нуди многу повеќе од свежиот, благ вкус и текстура што ги додава на нашите салати – оваа зелена закуска е исто така полна со здрави хранливи материи. Како глобален кулинарски производ, краставицата (лат. Cucumis sativus) е на човечката трпеза повеќе од 3.000 години. Тие потекнуваат од Индија, а нивната популарност набрзо порасна, прво низ азискиот континент, а потоа и низ целиот свет. Краставиците припаѓаат на фамилијата Cucurbitaceae заедно со тиквите, лубениците и тиквичките – така што тие технички се плод и има повеќе од 100 сорти на располагање. Доволно за никогаш да не се умориме од уживање во нивниот вкус и здравствени придобивки. Според Real Simple, ова се некои од најважните причини зошто да продолжите да грицкате краставици. Супер хидратантна Краставиците имаат многу висока содржина на вода, што му помага на телото да остане хидрирано. – Се состои од најмалку 95 проценти вода, што ја прави една од најхидрантните намирници што можете да ги јадете – истакнува нутриционистот Дејна Мелинк. Имајќи предвид дека и нашите тела се составени претежно од вода, хидратацијата е клучна за одржување на доброто функционирање на сите системи на органи, особено на нашите бубрези. Тоа, исто така, ни помага да одржуваме здрав крвен притисок и да ги одржуваме нашите системи за детоксикација да функционираат. Богата со витамин К Со секоја порција краставици, ќе се приближите до вкупната дневна потреба од витамин К, кој го поддржува здравото згрутчување на крвта низ телото. Исто така е важен за здрав развој на коските како витален претходник на протеинот остеокалцин, кој е потребен за формирање на коскеното ткиво. Антивоспалително дејство – Краставиците се полни и со антиоксиданси – вели Мелинк: – Како и многу други растителни намирници, тие се полни со растителни соединенија, како полифеноли, особено лигнани и кукурбитацини. Овие хербални соединенија се борат со воспаление низ телото, како и со слободните радикали, кои можат да бидат причина за хронични болести како што се срцеви заболувања или рак. Една статија објавена во International Journal of Health Sciences покажа дека кукурбитацинот е ефикасен не само во убивањето на клетките на ракот, туку и во спречувањето на нивното ширење низ телото. Тие го поддржуваат здравото варење Содржината на вода во комбинација со содржината на влакна ја прави краставицата здрава храна која го поддржува варењето. Особено е богата со растворливи влакна, кои промовираат регуларност на столицата и здрав метаболизам, а во исто време работат на намалување на нивото на холестерол. Водата е од витално значење за правилно варење бидејќи му помага на телото да ги разгради и апсорбира хранливите материи. Исто така, помага да се спречи запек и надуеност. Содржи витамин Ц и калиум Краставиците содржат скромни, но сепак значителни количини и на витамин Ц и на калиум. Витаминот Ц, исто така антиоксиданс, помага во зајакнување на имунолошкиот систем. Калиумот помага да се зајакне хидратантната моќ на краставиците, бидејќи овој минерал е електролит кој го одржува балансот на течности низ телото. Тие можат да помогнат во регулирањето на шеќерот во крвта Краставиците можат да помогнат во регулирањето на шеќерот во крвта и да го спречат или одржуваат дијабетесот. Еден преглед објавен во списанието за комплементарна и интегративна медицина покажа дека консумирањето краставици е поврзано со подобра контрола на шеќерот во крвта, што има антидијабетични ефекти. Исто така, треба да се забележи дека една студија на животни покажа дека краставиците штитат од воспалителните несакани ефекти на дијабетесот, намалувајќи го оксидативниот стрес низ телото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/6-fakti-koi-ja-pravat-krastavitsata-mnogu-zdrava-namirnitsa-dali-go-znaevte-ova-za-omilenata-salata-na-mnogumina/feed/ 0
Вкусот ќе ве воодушеви: Сос од краставици https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vkusot-kje-ve-voodushevi-sos-od-krastavici/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vkusot-kje-ve-voodushevi-sos-od-krastavici/#respond Thu, 01 Dec 2022 21:21:41 +0000 https://kurir.mk/?p=769810

Лесно се подготвува Состојки: 3 краставици 180 гр јогурт 3 чешниња лук 1 лажица маслиново масло сол по вкус ако е потребно, мајчина душица Подготовка: Излупете ја, измијте ја и ситно изрендајте ја краставицата. Исцедете ја ренданата краставица (земете ја со рака и исцедете ја целата течност што ја испуштила краставицата). Исцедената краставица се става во длабок сад, се додава јогуртот, маслиновото масло, „изгмечениот“ лук и се меша. Потоа, додадете мајчина душица, сол по вкус и измешајте да се соединат состојките. Префрлете се во сад за сервирање. Украсете со прстени од краставица. Добро изладете го сосот пред послужување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vkusot-kje-ve-voodushevi-sos-od-krastavici/feed/ 0
Интернетот полуде по кремаста салата од краставица: Рецептот го прегледале 2 милиони корисници, а е неверојатно лесен и евтин! https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/internetot-polude-po-kremasta-salata-od-krastavica-receptot-go-pregledale-2-milioni-korisnici-a-e-neverojatno-lesen-i-evtin/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/internetot-polude-po-kremasta-salata-od-krastavica-receptot-go-pregledale-2-milioni-korisnici-a-e-neverojatno-lesen-i-evtin/#respond Wed, 06 Jul 2022 07:31:39 +0000 https://kurir.mk/?p=700782

Освежителна, кремаста салата со краставици и кромид е совршен летен прилог! Одлично оди со секакво месо и риба на скара, а можете да гјао јадете и самостојно доколку сакате полесни оброци. Оваа салата преку ноќ стана хит на ТикТок, а рецептот го погледнале над два милиони луѓе. Тајната е во едноставноста - сите состојки се лесни за набавка и евтини, а благодарение на зачините, вкусот е беспрекорен. За да биде салатата совршена, обидете се да ја исечете краставицата што е можно потенко, можете дури и да ја исечете со лупалка за зеленчук наместо со нож. Потребни состојки: - 2 краставици - 1/2 чаша кисела павлака - 3 лажици вински оцет - 1 лажица сечкан свеж копар - 1 лажичка шеќер - 1/4 лажичка лук во прав - 1/4 црвен кромид - сол и црн пипер
@feelgoodfoodieMake this creamy cucumber salad this summer – perfect on its own or with anything grilled! ♬ original sound - Feel Good Foodie
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/internetot-polude-po-kremasta-salata-od-krastavica-receptot-go-pregledale-2-milioni-korisnici-a-e-neverojatno-lesen-i-evtin/feed/ 0
Трговците од Струмичко стравуваат од недостиг на домати и краставици и изгор цени на пазарите на мало https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trgovcite-od-strumichko-stravuvaat-od-nedostig-na-domati-i-krastavici-i-izgor-ceni-na-pazarite-na-malo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trgovcite-od-strumichko-stravuvaat-od-nedostig-na-domati-i-krastavici-i-izgor-ceni-na-pazarite-na-malo/#respond Thu, 23 Jun 2022 09:07:38 +0000 https://kurir.mk/?p=694542

Трговците и извозниците од Струмичко стравуваат дека во јули и август ќе бараат килограм повеќе домати и краставици од вториот производствен турнус, бидејќи производството на овие две градинарски култури од година во година постојано се намалува, а во оваа производствена сезона тоа е преполовено. Според трговецот Благој Витанов од компанијата „Империјал фруит“ таквата состојба е карактеристична за последните неколклу години и се должи на сменетата структура на градинарското производство. -Високите откупни цени, но и изгор цените на пазарите на мало, ќе се должат на драстично намаленото производство. Пред неколку години а и лани, во текот на летото, доматите и краставиците се откупуваа по 60-70 денари за килограм, а така ќе биде и годинава. Јас стравувам дека заради тоа ќе нема за извоз, а доматите и краставиците ќе се пласираат на домашниот пазар, но по високи цени, бидејќи градинарите произведуваат количини доволни за нашиот пазар, смета Витанов. Додава дека намалувањето на производството на доматите и краставиците се должи на зголемените трошоци за нивно одгледување и затоа градинарите се ориентираат на производство на зелка и црвена пиперка за кои не треба поголема инвестиција. -Во услови кога драстично е намалена понудата која не може да ја задоволи побарувачката, тогаш е нормално да има повисоки цени и затоа односот меѓу понудата и побарувачката е единствениот механизам која ја определува цената, рече Витанов. Инаку, во Струмичко се задржува трендот на откуп на градинарски култури по растот на цените од пред неколку денови. Доматите се откупуваат за 40 денари за килограм, пиперките 40, а краставиците од 10 до 30 денари за килограм.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trgovcite-od-strumichko-stravuvaat-od-nedostig-na-domati-i-krastavici-i-izgor-ceni-na-pazarite-na-malo/feed/ 0
Колку е здраво да јадете краставици? https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kolku-e-zdravo-da-jadete-krastavici/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kolku-e-zdravo-da-jadete-krastavici/#respond Wed, 24 Nov 2021 20:03:45 +0000 https://kurir.mk/?p=599553

Краставиците спаѓаат меѓу најодгледуваниот зеленчук во светот и тие се една од најдобрите намирници за општото здравје. Затоа, следниот пат во својата листа за набавка на намирници додадете ги и краставиците, со тоа ќе си направите голема услуга. Хидратација на телото Ако немате навика да пиете доволно вода, јадете ладни краставици, затоа што содржат дури 90 проценти вода. Разладуваат одвнатре и однадвор Тие се вистинскиот избор за топлите денови, бидејќи го ладат организмот одвнатре и однадвор. Ако сте добиле изгореници од сонце, на воспаленото место ставете ладна кришка краставица. Секако, одлични се за јадење и во овие студени денови. Елиминираат токсини Водата од краставиците делува како чистач на организмот, а ако ги јадете редовно ќе ви помогнат да се ослободите од камен во бубрегот. Дневна доза витамини Краставиците содржат доста витамини. Го зголемуваат имунолошкиот систем и даваат енергија. Не ја тргајте лушпата од краставицата, затоа што таа е богата со витамин Ц и задоволува 12 проценти од дневните потреби за овој витамин. Одлични за кожата Краставицата е богата со калиум, магнезиум и силициум. Затоа бањите нудат голем број третмани во кои краставиците имаат главна улога. За варење и слабеење Поради високото количество на вода и малиот број на калории ова е супернамирница за сите кои имаат проблеми со варење и вишокот килограми. Краставиците нека станат составен дел од вашите оброци – од нив можете да направите чорба или да ги јадете како салата. Џвакањето на краставицата е добро и за тренинг на вилицата, а поради влакната кои ги содржат одлична е и за желудникот. Ако ја јадете секој ден, ќе помогне и кај хронична опстипација. Го регулираaт крвниот притисок Краставиците содржат многу влакна, калиум и магнезиум кои го регулираат крвниот притисок. Затоа краставицата е добра за регулирање и на високиот и на нискиот притисок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kolku-e-zdravo-da-jadete-krastavici/feed/ 0
РЕЦЕПТ ЗА ДОМАШНА МАСКА ОД КРАСТАВИЦА И МЛЕКО: Ја хидрира кожата и ги ублажува изразените брчки! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/recept-za-domashna-maska-od-krastavica-i-mleko-ja-hidrira-kozata-i-gi-ublazuva-izrazenite-brchki-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/recept-za-domashna-maska-od-krastavica-i-mleko-ja-hidrira-kozata-i-gi-ublazuva-izrazenite-brchki-2/#respond Tue, 26 Oct 2021 05:21:27 +0000 https://kurir.mk/?p=585423

Доцната пролет и летото се периоди кога кожата на лицето е особено сува, затоа бара дополнителна хидратација и третмани кои ќе ја освежат. Маска од краставица, мед, млеко и кафеав шеќер може да биде вистински мелем за вашата кожа во топлите денови. Покрај тоа што се прави лесно и брзо, таа е поефикасна и поздрава од повеќето маски што ги купувате. Состојки: една помала краставица 50 мл млеко 1 лажица мед 1 лажица кафеав шеќер Постапка: Излупете ја краставицата и изблендирајте ја додека не достигне конзистентност на пире. Измешајте млеко, мед и кафеав шеќер, а потоа додадете го пирето од краставица во оваа смеса. Нанесете ја маската на лицето и оставете ја да делува 20 минути. Потоа измијте го лицето со млака вода и избришете го со крпа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/recept-za-domashna-maska-od-krastavica-i-mleko-ja-hidrira-kozata-i-gi-ublazuva-izrazenite-brchki-2/feed/ 0
Краставиците се поздрави отколку што мислевте https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/krastavicite-se-pozdravi-otkolku-shto-mislevte/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/krastavicite-se-pozdravi-otkolku-shto-mislevte/#respond Sun, 12 May 2019 20:34:57 +0000 https://kurir.mk/?p=197153

Краставиците му припаѓаат на истото семејство како и тиквите и лубениците и содржат 95 отсто вода, токму како и останатите билки од ова семејство. Важат за летна намирница затоа што ни помагаат да останеме хидрирани и да внесеме во организмот повеќе течности. Сепак, поради мноштвото нутриенти кои ги сдоржат би требало да се јадат цела година. Тука се витаминот К, бакарот, калиумот, витаминот Ц и манганот. Покрај сите наброени нутриенти краставиците содржат и единствени полифеноли и останати компоненти кои можат да го намалат ризикот од многу хронични болести. Зошто би требало да јадете што повеќе краставици? Го штитат мозокот Краставиците содржат антивоспалителни флавоноли кои се викаат фисетини и кои играат важна улога кога станува збор за здравјето на мозокот. Тие помагаат за подобрување на помнењето и ги штитат нервните клетки од заборавноста која е поврзана со староста. Истражувањата покажале дека фисетинот е важен за превенција на Алцхајмеровата болест. Го намалуваат ризикот од канцерогени болести. Краставиците содржат и полифеноли кои се викаат лигнани и можат да го намалат ризикот од настанување на рак на дојка, матка или на простата. Исто така, содржат фитонутриенти кои исто така штитат од карцином. Се борат против воспаленија Со помош на краставиците можете да ги ублажите воспалителните процеси во организмот, а истражувањата кои се спроведени над животни, покажале дека екстрактот од краставица може дури и да ја спречи појавата на воспаленија. Богати се со антиоксиданси. Во краставиците има бројни антиоксиданти вклучувајќи ги и најпознатите, витамин Ц и бета каротен. Тука се и антиоксидансите флавоноиди како кверцетинот, апигенинот, лутеолинот и каемпферолот, а од сите нив нашиот организам има повеќекратна полза. Го освежуваат здивот. Ако ве мачи лош здив тоа лесно ќе го решите со помош на краставици. Исечете едно парче, ставете го во уста и држете го што поблизу до непцето за да ги убиете сите бактерии кои предизвикуваат лош здив. Според ајурведа, со јадењето на краставици се ослободува вишокот „врелина“ од стомакот за кој се верува дека е еден од причинителите на лошиот здив. Го намалува нивото на стрес. Краставиците содржат повеќе витамини Б, меѓу кои се B1, B5 и B7 или биотин. Витамините од Б семејството се познати како силни борци против стресот. Го подобруваат варењето и здравјето на дигестивниот тракт. Краставиците се многу богати со елементи кои се клучни за доброто варење, а тоа се влакната и водата. Ако ве мачи желудочна киселина, би требало да знаете дека пиењето вода може да ги ублажи акутните симптоми такашто привремено ја крева pH вредноста на стомакот, се верува дека водата од краставиците има еднаков ефект. Кората од краставиците содржи невпивачки влакна кои помагаат столицата да бида помека и поредовна. Помага да ја одржите здравата телесна тежина. Овој зеленчук содржи многу малку калории, а прилично заситува па е одлична ужина доколку сте на диета. Влакната кои се наоѓаат во краставиците се раствараат во нешто налик на гел во вашите црева и го забавуваат варењето. Сето тоа резултира со тоа што сте подолго сити и немате потреба за храна. Добри се за здравјето на срцето. Краставиците содржат калиум, кој се поврзува со снижениот крвен притосок, а избалансираното ниво на калиум во организмот е од голема важност за многу телесни функции. Совети Краставиците можат да бидат одлична основа за здраво смути и задолжително додавајте ги во вашиот утрински напиток. Се верува дека целерот и краставиците се една од најдобрите комбинации кога станува збор за зеленчукови сокови. Додавајте ги во различни салати, а од нив можете да правите и ладни супи кои се совршени за потоплите денови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/krastavicite-se-pozdravi-otkolku-shto-mislevte/feed/ 0
Збогум за шопската салата: Никако не мешајте домати, краставици и сирење https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zbogum-za-shopskata-salata-nikako-ne-meshajte-domati-krastavici-i-sirenje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zbogum-za-shopskata-salata-nikako-ne-meshajte-domati-krastavici-i-sirenje/#respond Tue, 08 May 2018 15:16:19 +0000 https://kurir.mk/?p=51650

Комбинирањето на намирници кои имаат различно време потребно да се сварат во желудникот, не е ни малку посакувано. Со комбинирање на таквите состојки може да дојде до ферментација на храната во желудникот и така да дојде до труење. Краставиците и доматите не се меѓусебно компатибилни и никогаш не треба да се конзумираат заедно. Кога ќе стигнат до стомакот и ќе започне процесот на ферментација, тоа може да проедизвика бројни проблеми. Исто така и сирењето не оди во комбинација со нив. Покрај краставиците и доматите, ова се уште неколку комбинации на храна кои не треба да ги јадете во исто време: Овошје после оборк- на овошјето му е потребно многу време за да се свари во организмот, па не треба да се задржува во желудникот. Зеленчук и сирење- ова е уште една комбинација која треба да се избегнува, бидејќи може да доведе до надуеност. Млеко и банани- многу луѓе ја сакаат оваа комбинација, но таа значително го успорува варењето во желудникот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zbogum-za-shopskata-salata-nikako-ne-meshajte-domati-krastavici-i-sirenje/feed/ 0