кратер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Feb 2023 09:03:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кратер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Џиновски кратер се појави во Турција (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dhinovski-krater-se-pojavi-vo-turtsija-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dhinovski-krater-se-pojavi-vo-turtsija-video/#respond Mon, 27 Feb 2023 09:03:34 +0000 https://kurir.mk/?p=805468

Огромна дупка со дијаметар од 37 метри и длабочина од 12 метри е создадена на 24 февруари во Карапинар, град во областа Коња во Турција. За овој случај се огласија Техничкиот универзитет во Коња (КТУН) и професорот Фетула Арик. „Бевме во областа каде што се формираше дупката за да ја испитаме. Меѓутоа, не можевме да ги поврземе овие појави со земјотресот што се случи тој ден или со големите земјотреси на 6 февруари. Всушност, имаше земјотрес додека меревме.“, изјави Арик, а пренесува ТРТ Хабер. Сепак, тој смета дека дупката не е поврзана со најразорниот земјотрес. „Ако требаше да има вакво рушење на земјата, тоа ќе се случеше кога земјата се тресеше, а тоа не беше случај овде“, додаде тој. Тој додава дека доколку дупката била подготвена за колапс, земјотресот би можел да биде само еден од факторите за уривање. Од друга страна, хрватските медиуми потсетуваат дека и во Петриња по земјотресот се формирале копнени дупки и дека тие имале врска само со земјотресот во смисла дека го забрзал нивното отворање.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dhinovski-krater-se-pojavi-vo-turtsija-video/feed/ 0
Повторно се отвори кратерот на патот кај Косоврасти, овој пат е поголем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/povtorno-se-otvori-kraterot-na-patot-kaj-kosovrasti-ovoj-pat-e-pogolem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/povtorno-se-otvori-kraterot-na-patot-kaj-kosovrasti-ovoj-pat-e-pogolem/#respond Sat, 11 Jun 2022 11:38:42 +0000 https://kurir.mk/?p=689519

На регионалниот пат Дебар – Маврово, делница Дебар- Жировница, кај селото Долно Косоврасти, повторно се отвори кратер. Станува збор за кратер, пропадната дупка на коловозот, на истата локација каде што истиот се појави во неколку наврати, но овој пат со поголеми димензии. Сообраќајот се одвиваше по оспособен пат а со максимална ангажираност на вработените во дебарската секција на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта, истиот е пополнет со песок. Поради обилните дождови присутни деновиве, на овој, како и на патните правци Дебар-Струга, Мелнички Мост- Центар Жупа, како и патот кон селата на Мала Река, има појава на одрони. Поради тоа од секцијата препорачуваат внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/povtorno-se-otvori-kraterot-na-patot-kaj-kosovrasti-ovoj-pat-e-pogolem/feed/ 0
ФОТО: Дупка длабока над 20 метри и широка 6 метри се отвори на патот кај Долно Косоврасти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-dupka-dlaboka-nad-20-metri-i-shiroka-6-metri-se-otvori-na-patot-kaj-dolno-kosovrasti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-dupka-dlaboka-nad-20-metri-i-shiroka-6-metri-se-otvori-na-patot-kaj-dolno-kosovrasti/#respond Tue, 14 Dec 2021 09:35:54 +0000 https://kurir.mk/?p=608195

На патниот правец Дебар-Маврово, кај селото Долно Косоврасти, делница Дебар-Жировница, сообраќајот се одвива неизменично по оспособена девијација, поради појава на кратер, пропадната дупка на коловозот. -Кратерот, односно пропадната дупка ја забележа наша екипа во 2:30 часот. Таа се наоѓа на истото место на онаа која беше на 16 октомври. Истата е со длабочина од над 20 и широчна од 6 метри. Сообраќајот го оспособивме по истата девијација, како и пред два месеца. Работиме на пополнување на кратерот со материјал-песок, изјави за МИА, Деар Лиманоски, раководител на дебарската секција на ЈП за одржување на макистрални и регионални патишта. Очекуваме, додава тој, сообраќајот да се нормализира за неколку часа. Во исто време препорачува внимателно возење на сите патни правци кои се под надлежност на секцијата, поради појава на помали одрони, прилагодување на брзината според условите на патот, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-dupka-dlaboka-nad-20-metri-i-shiroka-6-metri-se-otvori-na-patot-kaj-dolno-kosovrasti/feed/ 0
Експлозијата во Бејрут направила кратер од 124 метри (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplozijata-vo-bejrut-napravila-krater-od-124-metri-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplozijata-vo-bejrut-napravila-krater-od-124-metri-video/#respond Thu, 06 Aug 2020 15:23:38 +0000 https://kurir.mk/?p=387358

Катастрофалната експлозија што се случи во пристаништето во Бејрут, во која што загинаа најмалку 135 лица, ќе ја чини државата најмалку 15 милијарди долари. Во експлозијата починале најмалку 135 лица , околу 5.000 се повредени, а повеќе од 300.000 луѓе се раселени од нивните домови. Стотици се исчезнати и се стравува дека бројот на загинати ќе продолжи да расте. Властите во Бејрут прогласија двонеделна вонредна состојба. Според Си-Ен-Ен, дијаметарот на кратерот во Бејрут што бил направен со експлозијата е голем околу 124 метри. Си-Ен-Ен ги објави информациите засновани врз анализа на сателитски снимки. Ова значи дека кратерот е поголем од фудбалско игралиште. Си-Ен-Ен додава дека нивната проценка може да варира на повеќе или помалку од 10 метри. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplozijata-vo-bejrut-napravila-krater-od-124-metri-video/feed/ 0