кравари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 29 Oct 2022 09:31:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кравари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПОЛИЦИЈАТА УПАДНА ВО ФИРМА КАДЕ ШТО СЕ ОДГЛЕДУВА КАНАБИС: Недостасувале семки, пронадени околу 15 килограми марихуана за која немало известување дека ја поседуваат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policijata-upadna-vo-firma-kade-shto-se-odgleduva-kanabis-nedostasuvale-semki-pronadeni-okolu-15-kilogrami-marihuana-za-koja-nemalo-izvestuvanje-deka-ja-poseduvaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policijata-upadna-vo-firma-kade-shto-se-odgleduva-kanabis-nedostasuvale-semki-pronadeni-okolu-15-kilogrami-marihuana-za-koja-nemalo-izvestuvanje-deka-ja-poseduvaat/#respond Sat, 29 Oct 2022 09:31:17 +0000 https://kurir.mk/?p=752286

Вчера (28.10.2022) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Комисијата за оценување на условите за простор, кадар и опрема за добивање на одобренија за добивање на дозвола за одгледување канабис за медицински цели и полициски службеници од СВР Битола, врз основа на претходно обезбедена наредба, извршија претрес и контрола во правно лице во с. Кравари, при што беше констатирано дека во сеф-собата недостасуваат семки за канабис растенија, како и 127 грама сув цвет од канабис, за што претходно известиле до Комисијата дека го поседуваат. Во сеф-собата се пронајдени 14 килограми и 800 грама сув цвет од канабис, за кој немаат доставено известување дека го поседуваат по завршена берба.Од извршениот увид во документацијата која правното лице ја има доставувано до Комисијата е констатирано дека правното лице не води соодветна евиденција, делумно нецелосно ги пријавува настанатите промени при одгледувањето на канабис, не известува за денот на почнувањето на бербата на канабисот, не доставува известувања за набрана влажна маса и не го пакува собраниот сув цвет од канабис согласно закон. Констатирано е дека правното лице при одгледувањето канабис за медицински цели има извршено неправилности спротивно на законот за контрола на опојни дроги, за што од извршената контрола од страна на Комисијата е составен записник за констатирана состојба, известен е јавен обвинител од ОЈО Битола и по обезбедување на целокупниот доказен материјал од страна на СВР Битола против сите инволвирани лица( одговорни лица во правното лице), како и против правното лице до ОЈО Битола ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95 од Закон за контрола на опојни дроги.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policijata-upadna-vo-firma-kade-shto-se-odgleduva-kanabis-nedostasuvale-semki-pronadeni-okolu-15-kilogrami-marihuana-za-koja-nemalo-izvestuvanje-deka-ja-poseduvaat/feed/ 0
Драма во Македонија: Фудбалски судија нападнат, натпреварот прекинат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-vo-makedonija-fudbalski-sudija-napadnat-natprevarot-prekinat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-vo-makedonija-fudbalski-sudija-napadnat-natprevarot-prekinat/#respond Mon, 12 Oct 2020 18:04:12 +0000 https://kurir.mk/?p=415448

Вчера во 18:00 часот во Полициско одделение Велушница-Битола, А.С.(41) од с.Дрслајца, струшко, фудбалски судија, пријавил дека околу 15:45 часот во с.Кравари, на фудбалски натпревар, бил физички нападнат од А.Р.(25) од Битола, Ј.Ќ.(23) и А.М.(32), двајцата од с.Грнчари, ресенско. Ј.Ќ. пријавил дека додека бил во прекин фудбалскиот натпревар во с.Кравари, бил физички нападнат од Г.Л.(43) од Струга, помошник фудбалски судија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-vo-makedonija-fudbalski-sudija-napadnat-natprevarot-prekinat/feed/ 0
„Кики не пие нафта“: Заев со порака пречекан во Кравари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kiki-ne-pie-nafta-zaev-so-poraka-prechekan-vo-kravari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kiki-ne-pie-nafta-zaev-so-poraka-prechekan-vo-kravari/#respond Wed, 31 Jul 2019 09:34:46 +0000 https://kurir.mk/?p=225063

Герила акција го пречека премиерот Зоран Заев при денешната негова посета на Кравари. Тој во битолското село присуствува на настанот по повод доделувањето на првите персонализирани картички за покривање на 30 отсто од трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација. Поради тоа, граѓани му испратија порака дека „Кики не пие нафта“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kiki-ne-pie-nafta-zaev-so-poraka-prechekan-vo-kravari/feed/ 0