креативност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Jan 2019 09:20:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png креативност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Истражување: Слушањето музика на работа поттикнува креативност, но ѝ пречи на логиката https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazuvanje-slushanjeto-muzika-na-rabota-pottiknuva-kreativnost-no-prechi-na-logikata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazuvanje-slushanjeto-muzika-na-rabota-pottiknuva-kreativnost-no-prechi-na-logikata/#respond Wed, 23 Jan 2019 09:20:24 +0000 https://kurir.mk/?p=155567

Многумина на своето работно место слушаат музика. Некому тоа му помага денот да му мине побрзо, некој пак, поради подобра концентрација, а други – заради елиминирање на бучавата одоколу. Но, не сите надредени се сложуваат со слушањето музика на работа. А, што велат стручните лица? Симон Ритер од холандскиот Универзитет Радбоуд и Сем Фергусон од Техничкиот Универзитет во Австралија, истражувале дали луѓето се попрактични и попродуктивни во тишина или со музика. Резултатите од испитувањето посочуваат дека музиката поттикнува кретивно размислување, но не им помага на оние што работат со помош на својата логика. Друго истражување на Универзитетот на Мајами пак, покажува дека луѓето кои слушаат музика, по правило, имаат подобри идеи и решенија. Слушањето музика помага и во отстранување на стресот на работа, па препораките говорат дека тоа треба да го правиме пред работа и за време на паузата, ако веќе ви е забрането додека работите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazuvanje-slushanjeto-muzika-na-rabota-pottiknuva-kreativnost-no-prechi-na-logikata/feed/ 0
Трибина за креативноста и иновативноста во образовниот систем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tribina-za-kreativnosta-i-inovativnosta-vo-obrazovniot-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tribina-za-kreativnosta-i-inovativnosta-vo-obrazovniot-sistem/#respond Sat, 21 Apr 2018 06:46:53 +0000 https://kurir.mk/?p=43960

Со трибина „Како да се стимулира креативноста и иновативноста во образовниот систем?“  и натпревар за средни училишта денеска на Машинскиот факултет во Скопје ќе биде одбележана „Светската недела на креативност и иновативност“. Целта на одблежувањето, под покровителство на Обединетите Нации, е да се охрабрат сите луѓе да ја искористат својата креативност за да го направат светот подобар, а самите да создадат пристојни услови за живот за себе, но и за другите. Прославата на овој ден ги поддржува и глобалните цели за оддржлив развој 2030 за планетата Земја. На трибината е најавено обраќање на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, ректорот на Универзитетот Св.Кирил и Методиј Никола Јанкуловски, деканот на Машински факултет при УКИМ Дарко Данев, директорот на Фондот за иновации и технолопки развој Јован Деспотовски, холандскиот амбасадор во Скопје Ваутер Пломп.. Машинскиот факултет ги организира активностите во соработка со Холандско-македонската стопанска комора. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tribina-za-kreativnosta-i-inovativnosta-vo-obrazovniot-sistem/feed/ 0
Поседувањето премногу играчки може да ја намали детската креативност во текот на растењето https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/poseduvanjeto-premnogu-igrachki-moze-da-ja-namali-detskata-kreativnost-vo-tekot-na-rastenjeto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/poseduvanjeto-premnogu-igrachki-moze-da-ja-namali-detskata-kreativnost-vo-tekot-na-rastenjeto/#respond Thu, 28 Dec 2017 19:19:43 +0000 http://kurir.mk/?p=3643

Научниците предводени од терапевтката Алексија Мек од универзитетот во Толедо во Охајо, ја проучувале врската помеѓу бројот на играчки и начинот на кој децата си играат, вклучувајќи го и времето кое децата го поминуваат играјќи си со одредена играчка. Исто така, тие ја проучувале и детската креативност како и способноста на децата да замислат, на пример, предмет како тапан или шешир. Во експериментот учествувале 36 деца на возраст од 18 до 30 месеци. Децата си играле во лабораторија со камери која била уредена како игротека. Во едната просторија се наоѓале четири, а во другата 16 играчки. Во едната просторија со 16 играчки, децата си играле користејќи повеќе играчки, но во игротеката со само четири играчки, тие се забавувале со една играчка повеќе од 15 минути. Авторите на експериментот заклучиле дека децата имале поквалитетна игра кога имале помаку играчки и дека тогаш биле покреативни. Мец и нејзините соработници забележале дека првите обиди за игра биле често површни и едноставни, но кога детето ќе се заинтересира за една играчка, тогаш играта станува пософистицирана и му помага на детето при развивање на концентрацијата. Играчките кои биле користени во истражувањето не вклучувале електронски уреди и таблети, а само една од четири играчки имала батерија, односно само четири во просторијата со 16 играчки. Исто така, научниците сметаат дека играчките кои произведуваат врева можат да предизвикаат пореметување во комуникацијата помеѓу родителите и детето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/poseduvanjeto-premnogu-igrachki-moze-da-ja-namali-detskata-kreativnost-vo-tekot-na-rastenjeto/feed/ 0