кредитна картичка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Nov 2022 08:19:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кредитна картичка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Татко ми ме третираше како куче, а картичката ми ја чуваше обезбедувањето и само тие го знаеја пинот – Бритни 15 години не ги видела своите пари! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tatko-mi-me-tretirashe-kako-kuche-a-kartichkata-mi-ja-chuvashe-obezbeduvanjeto-i-samo-tie-go-znaeja-pinot-britni-15-godini-ne-gi-videla-svoite-pari/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tatko-mi-me-tretirashe-kako-kuche-a-kartichkata-mi-ja-chuvashe-obezbeduvanjeto-i-samo-tie-go-znaeja-pinot-britni-15-godini-ne-gi-videla-svoite-pari/#respond Tue, 15 Nov 2022 08:16:47 +0000 https://kurir.mk/?p=760716

Американската поп-пејачка Бритни Спирс неодамна проговори за својот живот во периодот кога нејзиниот татко Џејми имаше надзор над неа, со судска одлука дека таа е неспособна самата да располага со својот имот. – Колку ми значи што првпат купувам нешто после 15 години. Обезбедувањето ја чуваше мојата кредитна картичка 15 години. Кога беше време за пазарење, јас секогаш морав да се повлечам и да бидам духовита, додека друг ја отчука шифрата и го пишуваа моето име. Секогаш тоа беше кредитна картичка. Немам готовина со години. Заборавив какво е чувството да се купи нешто. А, првата моја лична картичка ја добив пред точно една година, точно на датумот 19 октомври 2021 година. За мене е голема работа, раскажува поп-ѕвездата. Бритни вели и дека татко ѝ ја третирал „како куче“ во тие, всушност – 13 години судско старателство. – Како се осмелува државата да ми го одземе правото да ги користам моите средства. Имав чувство дека татко ми се обидува да ме убие. Неколкупати зборував за тоа, имам докази и сведоци за тоа што го правеше. Ги имам часовите што ги работев според планираното – седум дена во неделата. Само јас работев. Имам доказ за сѐ тоа, зборував за тоа и на суд, вели таа. Огорчена, Бритни тогаш решила да стави крај на тоа и да продолжи со насмевка до крајот на животот, како што самата вели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tatko-mi-me-tretirashe-kako-kuche-a-kartichkata-mi-ja-chuvashe-obezbeduvanjeto-i-samo-tie-go-znaeja-pinot-britni-15-godini-ne-gi-videla-svoite-pari/feed/ 0
Најмногу поплаки до банките за дебитни и кредитни картички https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/najmnogu-poplaki-do-bankite-za-debitni-i-kreditni-kartichki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/najmnogu-poplaki-do-bankite-za-debitni-i-kreditni-kartichki/#respond Fri, 23 Sep 2022 11:47:35 +0000 https://kurir.mk/?p=736607

Анализата на структурата на поплаките за одделни банкарски производи и услуги од анкета на Народната банка покажува дека минатата година преовладувале поплаките за дебитните и кредитните картички, со учество од 36,6 проценти, од кои најголемиот дел се однесувале на висината и пресметката на надоместоците и функционалноста на услугата. Следни се поплаките за потрошувачки кредити со 10 проценти, однесувањето на вработените со 9,3 проценти, трансакциски сметки со 8,5 проценти од кои поголем дел се однесуваат на рекламации (на пр.: сторно налози), надоместоци и други аспекти; за електронско и мобилно банкарство со 8,2 проценти, а претежно за функционалност на услугата. Поплаките во однос на други директни канали (смс, банкомати и сл.) се 4,3 проценти од вкупниот број, додека поплаките за депозити, станбени кредити и извршувања за присилна наплата поеднично сочинуваат под два процента од поплаките. Најмало учество имаат поплаките за реклами на банкарските производи и услуги (0,5 проценти). Сепак, значаен дел од поплаките (18 проценти) се во категорија друго, односно се нераспределени во наведените категории. Во анкетата за заштитата на потрошувачите на Народната банка биле пфатени аспекти поврзани со одговорното кредитирање, надоместоците за банкарските услуги, ракувањето со поплаките кај банките и штедилниците. Според анализата, поплаките за потрошувачките кредити бележат тренд на пораст на структурното учество во последните две години, од 2,9 проценти во 2019 година, на 10 проценти во 2021 година. Групата големи банки во 2021 година има најголемо учество од 76,9 проценти во поплаките за потрошувачките кредити, кои бележат пораст споредено со 2019 кога учествувале со 47,6%. Поплаките поврзани со електронското и мобилното банкарство исто така бележат зголемено учество од околу 2 проценти во периодот 2018- 2020 година на 8,2 проценти во 2021 година. Вкупниот број на поплаките во банкарскиот систем во 2021 година е намален и сведен под нивото во 2018 година, а одговорите на поплаките банките ги доставуваат до клиентите вообичаено во рок од 15 дена, што е споредливо со практиката во други земји. Сепак, како што велат од НБ, пристапот кон заштитата на потрошувачите е различен во обем и квалитет и зависи од воведените поединечни политики на банките.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/najmnogu-poplaki-do-bankite-za-debitni-i-kreditni-kartichki/feed/ 0
Си одела на шопинг на туѓа сметка: Кавадарчанка пронашла картичка, па си трошела пари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/si-odela-na-shoping-na-tugja-smetka-kavadarchanka-pronashla-kartichka-pa-si-troshela-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/si-odela-na-shoping-na-tugja-smetka-kavadarchanka-pronashla-kartichka-pa-si-troshela-pari/#respond Tue, 07 Dec 2021 15:07:57 +0000 https://kurir.mk/?p=605386

СВР Велес поднесе кривична против А.М.(36) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“. На 11.11.2021 во продажен објект во Кавадарци, пријавената пронашла кредитна картичка од банка, сопственост на А.М. и без нејзина согласност во повеќе наврати извршила наплати во повеќе продажни објекти во Кавадарци, со што се стекнала со противправна имотна корист од 13.800 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/si-odela-na-shoping-na-tugja-smetka-kavadarchanka-pronashla-kartichka-pa-si-troshela-pari/feed/ 0