крем торта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Dec 2022 08:00:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png крем торта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Посна крем торта која се топи во уста https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/posna-krem-torta-koja-se-topi-vo-usta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/posna-krem-torta-koja-se-topi-vo-usta/#respond Fri, 09 Dec 2022 08:00:23 +0000 https://kurir.mk/?p=772920

Посна крем торта ќе ве воодушеви со својот вкус. Не ви требаат јајца или млеко, а во вкусот загарантирано ќе уживате. Состојки: 300 гр мелени бисквити 100 гр маргарин 100 мл од кој било сок Фил: 1 литар вода или млеко од соја 160 гр, тоа се 4 кесички пудинг од ванила 10 лажици шеќер 250 гр маргарин 200 гр шеќер во прав или по вкус 200 гр мелени ореви 100 - 200 гр чоколадо 150 гр шлаг (посен, на база на соја) 300 мл газирана вода Подготовка: Пудингот и шеќерот се мешаат со малку ладна вода, а остатокот од водата се става на оган да зоврие. Сварете го пудингот и мешајте додека не се згусне. Тргнете го од оган, па додадете (по желба) малку екстракт од ванила. Потоа покријте со кеса или фолија и оставете да се излади. Додека пудингот се лади, направете ја кората. Во бисквитот се додава растопениот маргарин и сок, убаво се меша, а смесата треба да биде ронлива. Истурете го во калапот, рамномерно нанесете и притиснете го целото со шпатула или чаша. Откако ќе се излади пудингот се матат со маргаринот и шеќерот во прав. На половина од пудингот додадете маргарин. Изматете, па додадете го остатокот и повторно изматете. Изматете го шлагот со газирана вода, па додадете малку фил и соединете. Потоа додадете ги оревите и ренданото чоколадо и сè соединете. Над кората се става целиот фил, се израмнува и се става во фрижидер да се стегне, па се украсува со останатиот шлаг или се прави веднаш. Колачот мора да стои во калапот додека не се стегне.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/posna-krem-torta-koja-se-topi-vo-usta/feed/ 0