кремељ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 Oct 2018 12:44:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кремељ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 РПЦ и Кремљ загрижени поради одлуката за афтокевалност на УПЦ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rpc-i-kremlj-zagrizeni-poradi-odlukata-za-aftokevalnost-na-upc/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rpc-i-kremlj-zagrizeni-poradi-odlukata-za-aftokevalnost-na-upc/#respond Fri, 12 Oct 2018 12:44:28 +0000 https://kurir.mk/?p=114110

Руската православна црква (РПЦ) најави „цврст и одлучен одговор“ на одлуката на Вселенската патријаршија да продолжи со постапката за давање на автокефалност на Украинската православна црква (УПЦ). По одлуката на Цариградската патријаршија денеска реагираше и Кремљ, истакнувајќи дека политички и дипломатски ќе ги брани Русите и луѓето кои го зборуваат рускиот јазик во Украина од каква било илегална активност. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека е многу загрижен поради обидот за раскол во православната црква. - Ние сме запознаени со реакцијата на Руската православна црква на вчера донесената одлука од страна на Константинопол (седиштето на Вселенската патријаршија во Истанбул). Повеќе пати кажавме дека сме многу загрижени поради плановите за преземање на чекори кои би можеле да го поделат христијанскиот православен свет, наведе Песков. Тој додаде дека „руските секуларни власти не можат да се мешаат во меѓуцрквениот дијалог, никогаш не го правеле тоа и нема да го прават во иднина“. Цариградската патријаршија по вчерашната редовна седница на Синод, соопшти дека е укината одлуката од 1686 година, според која Киевската митрополија и е предадена на Московската патријаршија. Со укинување на таа одлука Вселенската патријаршија полага право на црквата во Украина. Патријархот на Москва и на цела Русија, Кирил по одлуката изјави дека тоа е „легализација на расколот и оти претставува катастрофален потег со кој е помината црвената линија“. - Во досегашната историја нема ниту еден преседан Вселенската патријаршија така отворено и категорично да се меша во прашањата на друга православна црква, истакна портпаролот на патријархот Кирил, Александар Волков. Одлуката на Цариградската патријаршија вчера ја коментираше и претседателот на Украина, Петро Порошенко, истакнувајќи дека тоа е прашање на украинската безбедност, државност и светската геополитика. - Тоа е пад на третиот Рим, наведе Порошенко, додавајќи оти Украина ќе ги гарантира верските слободи на припадниците на сите конфесии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rpc-i-kremlj-zagrizeni-poradi-odlukata-za-aftokevalnost-na-upc/feed/ 0
Кремљ: Лондон нема цврсти докази за обвинувањата во случајот Скрипал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kremlj-london-nema-cvrsti-dokazi-za-obvinuvanjata-vo-sluchajot-skripal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kremlj-london-nema-cvrsti-dokazi-za-obvinuvanjata-vo-sluchajot-skripal/#respond Fri, 28 Sep 2018 11:45:05 +0000 https://kurir.mk/?p=107424

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков изјави дека на Русија ќе и бидат потребни поцврсти докази од Велика Британија за да ги прифати британските тврдења за руска вмешаност во труењето на пребеганиот агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Песков изјави дека не сака да зборува подетално за обвинувањата од Велика Британија, бидејќи тие се изнесуваат без да се имаат доволно цврсти докази. Изјавата доаѓа откако британските власти соопштија дека еден од двајцата Руси што се осомничени за труењето на Скрипал е агент на руската безбедносна служба ГРУ. Воедно, британските медиуми денеска објавија дека покрај двајцата агенти обвинети за труењето и трет руски агент бил испратен како претходница, да го следи Скрипал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kremlj-london-nema-cvrsti-dokazi-za-obvinuvanjata-vo-sluchajot-skripal/feed/ 0