кремљ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Aug 2023 09:12:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кремљ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Песков: Кремљ не верува во гаранциите на САД за олеснување на рускиот извоз на храна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-kreml-ne-veruva-vo-garantsiite-na-sad-za-olesnuvane-na-ruskiot-izvoz-na-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-kreml-ne-veruva-vo-garantsiite-na-sad-za-olesnuvane-na-ruskiot-izvoz-na-hrana/#respond Fri, 04 Aug 2023 09:12:08 +0000 https://kurir.mk/?p=863272

Кремљ не е подготвен да верува во гаранциите на САД за олеснување на рускиот извоз на земјоделски производи и минерални ѓубрива, доколку Русија се врати на договорот за жито, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Како што пренесуваат странските агенции, Песков изјавил дека Русија не верува во тие американски гаранции. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во четвртокот ја критикуваше Русија поради повлекувањето од договорот за извоз на жито преку украинските пристаништа на Црното Море. Блинкен уште еднаш повтори дека американските санкции, наводно, не се однесуваат на извозот на руска храна и ѓубрива. „За време на спроведувањето на договорот, САД работеа на решавање на прашањата за испорака и осигурување, вклучително и пишување до банките за да се обезбедат трансакциите“, рече Блинкен. Блинкен рече дека САД ќе продолжат да прават сè што е потребно за да се осигураат дека Русија може слободно да извезува храна доколку има заживување на договорот за безбеден извоз на украинско жито преку пристаништата на Црното Море. Песков истакна дека е можно враќање на договорот за жито, но под услов да се исполнат сите обврски кон Русија. Минатиот месец Русија се откажа од договорот од јули 2022 година, постигнат со посредство на Обединетите нации и Турција, со кој се дозволува извоз на украинско жито и други земјоделски производи преку пристаништата на Црното Море. Договорот предвидуваше и извоз на руски земјоделски производи и минерални ѓубрива, а Русија тврди дека овој дел од договорот не бил испочитуван, поради што, како што соопшти, се повлече од него.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-kreml-ne-veruva-vo-garantsiite-na-sad-za-olesnuvane-na-ruskiot-izvoz-na-hrana/feed/ 0
Кремљ вети „противмерки“ поради испораката на француски ракети со долг дострел во Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kreml-veti-protivmerki-poradi-isporakata-na-frantsuski-raketi-so-dolg-dostrel-vo-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kreml-veti-protivmerki-poradi-isporakata-na-frantsuski-raketi-so-dolg-dostrel-vo-kiev/#respond Tue, 11 Jul 2023 12:40:33 +0000 https://kurir.mk/?p=855384

Кремљ оцени денеска дека испораката на француски ракети со долг дострел за Украина, која ја најави Емануел Макрон, е „грешка“ што ќе ја принуди Русија да преземе „противмерки“ во конфликтот во Украина. „Од наша гледна точка, ова е погрешна одлука, со сериозни последици за украинската страна, бидејќи, се разбира, ќе не принуди да преземеме противмерки“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Францускиот претседател Емануел Макрон денеска, на првиот ден од Самитот на НАТО што се одржува во Вилнус, најави дека Франција ќе и испорача на Украина ракети со долг дострел „Скалп“. Крстосувачката ракета „Сторм Шедоу“, која француската војска ја нарекува „Скалп“, заеднички ја развиле Велика Британија и Франција, а се лансира од воздух. Обединетото Кралство во мај најави дека ќе испрати ракети со долг дострел во Украина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kreml-veti-protivmerki-poradi-isporakata-na-frantsuski-raketi-so-dolg-dostrel-vo-kiev/feed/ 0
Подољак: Украина нема никаква врска со „невообичаениот и чуден“ напад со дрон врз Кремљ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podolak-ukraina-nema-nikakva-vrska-so-nevoobichaeniot-i-chuden-napad-so-dron-vrz-kreml/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podolak-ukraina-nema-nikakva-vrska-so-nevoobichaeniot-i-chuden-napad-so-dron-vrz-kreml/#respond Thu, 25 May 2023 12:01:43 +0000 https://kurir.mk/?p=838599

Михајло Подољак, висок советник на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека Украина нема никаква врска со „невообичаениот и чуден“ напад со дрон врз Кремљ, минимизирајќи ги извештаите на американските медиуми. Весникот „Њујорк тајмс“ напиша дека анализите на американските разузнавачки служби покажале дека нападот со дрон врз Кремљ овој месец најверојатно бил извршен од украинска разузнавачка единица или специјална единица. Москва го обвини Киев за нападот. Подољак рече дека Русија настојува да ги намали испораките на оружје за Украина во обид да ги искористи стравовите од Западот од можна ескалација поради наводните украински напади на руска територија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podolak-ukraina-nema-nikakva-vrska-so-nevoobichaeniot-i-chuden-napad-so-dron-vrz-kreml/feed/ 0
Каспаров: За нападот со дрон врз Кремљ одговорна е Украина, но таа има право на тоа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kasparov-za-napadot-so-dron-vrz-kreml-odgovorna-e-ukraina-no-taa-ima-pravo-na-toa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kasparov-za-napadot-so-dron-vrz-kreml-odgovorna-e-ukraina-no-taa-ima-pravo-na-toa/#respond Fri, 05 May 2023 13:36:30 +0000 https://kurir.mk/?p=830991

Поранешниот светски шампион во шах, Гари Каспаров, не верува дека руските разузнавачки служби се одговорни за нападот со дронот врз Кремљ од пред три дена, и притоа ја обвини Украина за нападот, но, додаде, дека смета дека е оправдано Киев да нападне цел на руска територија бидејќи има право да возврати. Остриот критичар на Кремљ, Каспаров за германската агенција ДПА изјави дека „лесно може да замисли како КГБ организира лажни настани“ за да предизвика гнев кај јавноста, но тој смета дека Кремљ е погрешната цел. „Поверојатно е дека Украинците испраќаат порака дека можат да стигнат до Москва пред Денот на победата над нацизмот, на 9 мај, кога се одржува воена парада во руската престолнина“, смета Каспаров. -Мислам дека тоа ќе направи многу руски функционери нервозни, кажа Каспаров. „Тоа е на Црвениот плоштад и мислам дека сигурно ќе направи многу руски функционери, особено војската, многу нервозни“, кажа тој. Поранешниот светски шампион, а сега опозициски политичар, додаде дека нема инсајдерски информации, туку може само да анализира од тоа што се известува за инцидентот. Во интервју дадено во Гмунд, јужно од Минхен, каде доби награда за слобода на медиумите, Каспаров рече дека не може да разбере зошто Западот го условува испраќањето оружје во Украина со тоа да не се користи за напади на руска територија. -Ако е војна, тоа е војна. И ако Украина е цел на руски ракети од соседните региони, мислам дека тие имаат право да возвратат, рече тој, додавајќи дека Украинците се обидуваат да избегнат цивилни жртви, за разлика од Русите. Каспаров очекува Украина на крајот да ги добие западните борбени авиони бидејќи по долги одолговлекувања беше донесена и одлуката за испраќање тенкови. -Мислам дека и авионите ќе пристигнат, но тоа се случува болно бавно и разбирам зошто Украинците се толку загрижени, рече Каспаров во интервјуто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kasparov-za-napadot-so-dron-vrz-kreml-odgovorna-e-ukraina-no-taa-ima-pravo-na-toa/feed/ 0
Бела куќа: Лага е дека САД се вклучени во нападите со дронови на Кремљ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-laga-e-deka-sad-se-vklucheni-vo-napadite-so-dronovi-na-kreml/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-laga-e-deka-sad-se-vklucheni-vo-napadite-so-dronovi-na-kreml/#respond Thu, 04 May 2023 18:39:46 +0000 https://kurir.mk/?p=830678

Изјавите на Русија дека нападот со дронови на Кремљ е организиран од САД се лажни, изјави денеска Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност во Белата куќа. -Очигледно тоа е апсурдно тврдење, рече Кирби во интервју за Си-Ен-Ен. - Соединетите Држави со ова никако не се поврзани. Ние дури не знаеме што всушност се случило, но можам да ве уверам дека Соединетите Држави не играат никаква улога во ова, изјави Кирби. Додаде дека Путин е агресор и може да го заврши конфликтот со повлекување на војската од територијата на Украина. Тој исто така изјави дека не му се познати разузнавачки информации дека Русија има намера да врши напади на системите на критична инфраструктура на НАТО. Коментарот доаѓа по изјавата на првиот човек на разузнавањето на НАТО дека Русија може да саботира подводни кабли за да се одмазди на западните земји за помошта што ја даваат на Украина. Во врска со ова Алијансата ја засили заштитата на подводната инфраструктура по експлозиите на гасоводот „Северен тек“ лани во септември. -За тоа ние помниме и внимателно следиме уште од самиот почеток на војната, изјави Кирби. Во врска со нападите на дронови на Кремљ и денешното обвинување од Русија дека зад тие напади стојат САД, а со цел убиство на претседателот Владимир Путин, Кирби за Ем-Ес-Ен-Би-Си изјави дека портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, лаже. -Тој едноставно лаже, изјави Кирби за телевизијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-laga-e-deka-sad-se-vklucheni-vo-napadite-so-dronovi-na-kreml/feed/ 0
Подољак: Украина нема никаква врска со нападот со дронови врз Кремљ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podolak-ukraina-nema-nikakva-vrska-so-napadot-so-dronovi-vrz-kreml/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podolak-ukraina-nema-nikakva-vrska-so-napadot-so-dronovi-vrz-kreml/#respond Wed, 03 May 2023 14:36:17 +0000 https://kurir.mk/?p=830208

Украина „нема никаква врска“ со нападот со дронови врз Кремљ, за кој Москва го обвини Киев, соопшти денеска украинското претседателство. -Се разбира, Украина нема никаква врска со нападите со дронови врз Кремљ, кажа Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Претходно, денеска, Русија соопшти дека соборила два украински дрона што биле насочени кон Кремљ, додавајќи дека тоа е обид за атентат врз претседателот Владимир Путин, неколку дена пред големата воена парада на 9 мај. -Ваквите наводи на Русија треба да се гледаат само како обид да се подготви контекст што може да послужи како изговор за голем терористички напад врз Украина, рече Подољак. Тој додаде дека таков напад, доколку го изврши Киев, „нема да реши ниту еден воен проблем“ кога Москва сè уште контролира речиси 20 отсто од украинската територија. -Напротив, тоа би ја охрабрило Русија да преземе уште порадикални акции против нашето цивилно население, рече тој. Подољак кажа дека Москва многу се плаши од почетокот на украинската офанзива долж линијата на фронтот и се обидува на секој можен начин да преземе иницијатива и да го сврти вниманието. Украина веќе неколку месеци наведува дека сака да изврши голема офанзива за враќање на териториите окупирани од Русија на југот и истокот од нејзината територија. Последните денови Киев соопшти дека привршуваат подготовките за нападот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podolak-ukraina-nema-nikakva-vrska-so-napadot-so-dronovi-vrz-kreml/feed/ 0
Објавени снимки од наводниот напад со дронови врз Кремљ: Москва се закани со одмазда, Путин не е повреден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/objaveni-snimki-od-navodniot-napad-so-dronovi-vrz-kreml-moskva-se-zakani-so-odmazda-putin-ne-e-povreden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/objaveni-snimki-od-navodniot-napad-so-dronovi-vrz-kreml-moskva-se-zakani-so-odmazda-putin-ne-e-povreden/#respond Wed, 03 May 2023 13:55:59 +0000 https://kurir.mk/?p=830187

На социјалните мрежи се појавија видео материјали од наводниот напад со дронови врз Кремљ, а официјална Москва соопшти дека Киев се обидел со беспилотни летала да ја нападне резиденцијата на Владимир Путин. „Два дрона беа насочени кон Кремљ. Како резултат на навремените дејствија на армијата и специјалните служби кои користат радарски системи за војување, уредите се оневозможени“, се наведува во соопштението на Кремљ. Како што се додава во соопштението Путин не е повреден, а неговиот распоред останува непроменет. Kремљ смета дека овие акции се планиран терористички акт и обид за атентат на претседателот во пресрет на Денот на победата и парадата на 9 мај. Она што загрижува е фактот што прес-службата на Кремљ нагласува дека Русија го задржува правото да одговори на таквите постапки, „кога и како сака“. Украина не се огласи за тврдењата на Кремљ, но видеа од наводниот напад се појавија на социјалните мрежи, особено на Твитер и Телеграм. Видео материјалите не се независно потврдени како автентични, а се споделени и од украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/objaveni-snimki-od-navodniot-napad-so-dronovi-vrz-kreml-moskva-se-zakani-so-odmazda-putin-ne-e-povreden/feed/ 0
Кремљ: Немаме коментар за апсењето на Трамп, тоа е внатрешно прашање на САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kreml-nemame-komentar-za-apseneto-na-tramp-toa-e-vnatreshno-prashane-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kreml-nemame-komentar-za-apseneto-na-tramp-toa-e-vnatreshno-prashane-na-sad/#respond Wed, 05 Apr 2023 14:49:45 +0000 https://kurir.mk/?p=820639

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска одби да ја коментира ситуацијата поврзана со апсењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. -Русија смета дека нема право на кој било начин да се меша во внатрешните работи на САД и не сака да ја коментира оваа ситуација, рече Песков, додавајќи дека „Москва го очекува истото од Вашингтон“. Поранешниот американски претседател вчера беше накусо уапсен и изведен пред судијата Хуан Меркан во судот во Менхетен, каде што беше обвинет за 34 точки од обвинението поврзано со заговор и тајни исплати кон порно актерката Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година, објави американскиот портал Хил. Британските медиуми пренесуваат дека Трамп изјави дека сите случаи против него се обид да се спречи неговата трета кандидатура за претседател на САД. Според него, ситуацијата е „масовно мешање во изборите од невидени размери“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kreml-nemame-komentar-za-apseneto-na-tramp-toa-e-vnatreshno-prashane-na-sad/feed/ 0
Кремљ ги оцени како апсурдни новите санкции на ЕУ воведени против Москва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kreml-gi-otseni-kako-apsurdni-novite-sanktsii-na-eu-vovedeni-protiv-moskva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kreml-gi-otseni-kako-apsurdni-novite-sanktsii-na-eu-vovedeni-protiv-moskva/#respond Mon, 27 Feb 2023 11:55:26 +0000 https://kurir.mk/?p=805604

Кремљ ги оцени како апсурдни новите санкции на ЕУ, воведени против Москва, пренесоа светските агенции. Десеттиот пакет европски санкции беше одобрен по повод годишнината од руската инвазија на Украина и опфаќаат 121 поединец и компанија. „Сето ова е апсурдно. Се гледа дека тие (ЕУ) ги подложуваат сите на санкции само за да направат нови списоци“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој додаде дека овие мерки нема да ги спречат санкционираните лица. Песков рече и дека планот предложен од Кина за решавање на конфликтот во Украина заслужува внимание, но неопходните услови за мирно решение во моментов не се достапни и руската специјална воена операција во Украина продолжува. Тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко се во постојан контакт.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kreml-gi-otseni-kako-apsurdni-novite-sanktsii-na-eu-vovedeni-protiv-moskva/feed/ 0
Кремљ ја менува временската зона во окупираната територија на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kreml-ja-menuva-vremenskata-zona-vo-okupiranata-teritorija-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kreml-ja-menuva-vremenskata-zona-vo-okupiranata-teritorija-na-ukraina/#respond Fri, 27 Jan 2023 17:49:20 +0000 https://kurir.mk/?p=792994

Кремљ денеска објави дека ќе започне со наметнување на московската временска зона во деловите на Украина кои се незаконски анектирани и делумно контролирани од руските сили. Руското Министерство за индустрија и трговија ја објави веста на својот канал на Телеграм, велејќи дека четирите региони на Украина припоени од Русија – Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје – „ќе се префрлат на московско време“. Четири украински региони беа незаконски анектирани од рускиот претседател Владимир Путин во есента 2022 година, по спроведувањето на, како што најголемиот дел од меѓународната заедница ги оквалификува, „лажни“ референдуми. Русија не контролира целосно ниту еден регион, а западните влади го оценија потегот за нелегитимен. „Постепена синхронизација на руското законодавство е во тек откако четири нови ентитети беа примени во земјата“, соопшти руското Министерство. „Во блиска иднина ДНР (самопрогласена Народна Република Доњецк), ЛНР (самопрогласена Луганска Народна Република), Запорожје и Херсонската област ќе бидат дел од друга временска зона, во која дејствува московско време. Временската зона во Москва е еден час понапред од источноевропското стандардно време, кое е во сила низ цела Украина. Министерството додаде дека тие поднеле нацрт-закон за ова прашање до руската Државна дума и тој допрва треба да биде потпишан. Русија веќе го направи тоа на Крим, кога Путин го анектираше полуостровот во 2014 година. Во март 2014 година, временската зона на Крим беше официјално усогласена со таа на Москва, ставајќи го целиот полуостров еден час пред Украина. Овој потег доаѓа неколку недели откако портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека процесот на интеграција на територијата е во „полн замав“. – -Осигурувањето на безбедноста на цивилите кои живеат таму е главната цел на операцијата, рече Песков.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kreml-ja-menuva-vremenskata-zona-vo-okupiranata-teritorija-na-ukraina/feed/ 0