Кренар Лога – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Sep 2023 14:10:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кренар Лога – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лога контра одлуката на Уставен, најави дека повторно ќе го донесе Упатството за водење на матични книги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-kontra-odlukata-na-ustaven-najavi-deka-povtorno-ke-go-donese-upatstvoto-za-vodene-na-matichni-knigi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-kontra-odlukata-na-ustaven-najavi-deka-povtorno-ke-go-donese-upatstvoto-za-vodene-na-matichni-knigi/#respond Thu, 28 Sep 2023 14:10:46 +0000 https://kurir.mk/?p=882857

Министерот за правда Кренар Лога најави дека по дополнителни консултации повторно ќе го донесе Упатството за водење на матичните книги, кое Уставниот суд, вчера со мнозинство гласови го поништи, ценејќи дека одлуката е спротивна на Уставот. Во изјава за медиумите, по денешниот брифинг во Министерството за правда, Лога рече дека по вчерашната одлука на Уставниот суд за укинување на Упатството, верува „дека правната сигурност во државата е прекршена“. - Јас ја поздравив одлуката на Уставен суд донесена вчера и во релативно кратко време тие донесоа одлука која е спротивна со одлуката донесена од ист суд за ист Устав во 2004 година кога се оспоруваше Законот за државјанство кој беше повеќе од 31 ден надвор од уставниот рок. Сега со оваа одлука верувам дека правната сигурност во државата е прекршена бидејќи се работи за ист суд, за ист Устав и од другата страна со ова се дозволува на министерот во соодветен уставен рок од седум дена да потпишува ново упатство, така што јас најавувам дека со дополнителни консултации истото упатство ќе биде донесено од моја страна, изјави Лога. Лога, вчера ја поздрави одлуката на Уставниот суд со која се укинува Упаството за водење на матичните книги, потпишано од него во мај годинава и порача дека очекува „судот да постапува по службена должност ажурно и за останатите прописи“. Според Уставниот суд, не бил испочитуван законски утврдениот рок за објавување во службен весник. Уставниот суд на вчерашната седница донесе Одлука да го поништи Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, акт донесен од Министерството за правда. Портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска на прес-конференција вчера информираше дека Одлуката е донесена со мнозинство гласови и ќе биде објавена во Службен весник. - Кога Уставниот суд донесува поништувачка одлука, тоа значи дека одлуката има ретроактивно дејство, сметано од моментот на донесувањето на актот којшто се поништува, појасни Беловска. Таа посочи дека Упатството е поништено бидејќи Судот оценил дека е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова упатство. Уставниот суд на 5 јули 2023 година по сопствена иницијатива поведе постапка за оспореното Упатство поради сомнеж дека со негово донесување од страна на Министерството за правда е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова Упатство. Заведено со архивски број од 29 мај 2023 година, а објавено на 15 јуни 2023 година, што значи не е испочитуван Уставот и членот 52 во кој се предвидува рок најдоцна за седум дена. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-kontra-odlukata-na-ustaven-najavi-deka-povtorno-ke-go-donese-upatstvoto-za-vodene-na-matichni-knigi/feed/ 0
Министерот Лога не кажува дали осудени во Монструм ќе куртулат од затвор со законот за амнестија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-loga-ne-kazhuva-dali-osudeni-vo-monstrum-ke-kurtulat-od-zatvor-so-zakonot-za-amnestija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-loga-ne-kazhuva-dali-osudeni-vo-monstrum-ke-kurtulat-od-zatvor-so-zakonot-za-amnestija/#respond Thu, 28 Sep 2023 13:10:52 +0000 https://kurir.mk/?p=882825

Министерот за правда Кренар Лога вели дека секој судски случај е засебен и во моментов не може да каже дали, и кој точно ќе куртули од затвор ако пратениците го усвојат неговиот предлог-закон за амнестија. Тој на денешната средба со новинарите кажа дека предложениот закон е ист со оној што беше предложен во 2018 година со тоа што во овој предлог-закон се додадени уште неколку кривични дела за кои амнестијата нема да важи и дека овој закон ќе важи за „помалите кривични дела'. Тој тврди дека со овој закон амнестија за именуваните функционери нема да има. Во јавноста преовладува мислење дека овој закон за амнестија е нов но тоа е истиот закон што беше донесен во 2018 година, а предлагачи беа сите политички партии. Во овој предлог-закон сега се додадени неколку кривични дела кои нема да бидат опфатени со амнестијата, изјави министерот за правда Кренар Лога на денешната средба со новинарите. „Тоа се кривични дела поврзани со корупцијата, со семејното насилство и разбојништвото. Затоа тврдам дека ниту еден именуван функционер нема да биде опфатен со новиот закон за амнестија. Очекувам поддршка од сите пратеници затоа што ова не е закон за дневно-политичка употреба туку е закон за да ги исполни целите што се наведени во предлог-законот за амнестија, затоа што државата не е на тоа ниво да одговори на стандардите кои што веќе се дел од нашиот систем. Затоа осудените за помали кривични дела треба да излезат од затворите за да после да не вратат дома како насилници или тешки криминалци“, рече Лога. Прашан дали Хаки и Фејзи Азири, двајцата осудени во случајот Монструм за шесткратното убиство кај Смилковското езеро во 2012 година ќе излезат на слобода со овој закон за амнестија, Лога кажа дека прашањето е тенденциозно. „Прашањето е тенденциозно и се врзува само со еден предмет. Кажав дека овој закон е ист со оној од 2018 година. Ако таквите дела за кои што се осудени двајцата биле опфатени со законот од 2018 година тогаш тие пак ќе бидат амнестирани. Законот не навлегува во конкретни предмети. Кој ќе биде опфатен со амнестијата ќе биде пресметано од страна на Управата за извршување санкции. Повикувам да не се игра со имиња и со емоции затоа што да бидеме начисто, од затвор нема да излезат академици туку луѓе осудени за кривични дела. Само во ВМРО-ДПМНЕ може да се случи криминалец да влезе во затвор, а да излезе како академик и да се пречека во белата палата како да е некој јунак“, рече Лога. Прашан дали ако предлог-законот за амнестија биде блокиран, како што најави опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Лога рече дека не го очекува тоа. „Затоа што ако се случи тоа, ВМРО-ДПМНЕ или било која друга политичка партија која сака да игра предизборни игри ќе треба да се погледне во огледало и сама да се демантира поради истиот овој закон од 2018 година“, рече Лога. Прашан што ќе се случи ако ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандман за амнестија на осудените за упадот во Собранието на 27 април 2017 година, тој рече дека ако е во рамките на прифатливото зошто да не се случи тоа. Образлагајќи ја втората цел на законот, растоварување на затворите поради пренатрупаност и лошите услови што владеат во нив, Лога рече тој прави сѐ, особено со странските партнери за подобрување на условите и овозможување услови за ресоцијализација на затворениците внатре во затворите за да не мора да бидат пуштени на слобода. „Готов е проектот за изградба на нова зграда во затворот во Идризово па така за 6 до 7 месеци по завршувањето на тендерската постапка која треба да започне на крајот на ноември, ќе може да почне изградбата на новата зграда. Истата треба да биде изградена за околу четири години“, рече Лога. Во рамки на преземените активности за намалување на бројот на затвореници во затворите, Лога се пофали со процесот на пробација. Дијана Геровска од одделение за пробациски работи при Управата за извршување санкции информираше дека од 2017 година кога за прв пат беше отворена првата пробациска канцеларија сега, шест години подоцна има 11 вакви канцеларии со 28 службеници кои работат на 450 активни предмети. „Преку почеста примена на пробацијата се кратат и трошоците по државата затоа што еден ден затвор државата ја чини околу 1000 денари, а со пробација е околу 50 денари. Затоа ова нека биде порака до судиите да се изрекуваат повеќе алтернативни мерки онаму каде што тоа го дозволува законот, а мерките со надзор да бидат подолги“, рече Геровска. Според податоците на Министерството за правда во Македонија има 2114 затвореници заклучно со 26 септември 2023 година. Од нив целосно ќе бидат амнестирани 286 затвореници, а делумно 996 затвореници. Дполонително, 2813 осуденици чекаат да влезат во затвор, но министерството за сега нема податоци колкумина од нив ќе бидат амнестирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-loga-ne-kazhuva-dali-osudeni-vo-monstrum-ke-kurtulat-od-zatvor-so-zakonot-za-amnestija/feed/ 0
Лога: Законот за амнестија за десет дена во Собрание, очекувам поддршка од сите пратеници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-zakonot-za-amnestija-za-deset-dena-vo-sobranie-ochekuvam-poddrshka-od-site-pratenitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-zakonot-za-amnestija-za-deset-dena-vo-sobranie-ochekuvam-poddrshka-od-site-pratenitsi/#respond Thu, 28 Sep 2023 12:18:21 +0000 https://kurir.mk/?p=882783

Законот за амнестија ја доби поддршката во владина постапка и за десет дена истиот закон ќе биде пред пратениците во Собрание. Тврдам дека ниту еден избран или именуван од страна на институциите нема да биде опфатен со амнестијата, исто така ниту семејното насилство и предмети врзани со семејно насилство нема да бидат дел од амнестијата. Значи се повторува законот од 2018 година, кога предлагач беа сите политички партии, со тоа што беше и ВМРО-ДПМНЕ, и СДСМ, ДУИ, Алијанса и сите други политички партии кои се дел од Собранието, изјави денеска министерот за правда Кренар Лога. Тој нагласи дека очекува поддршка од сите пратеници и политички партии, бидејќи, како што рече, ова не е за секојдневната политичка агенда туку, произлегува од неговата посета на затворот Идризово. - Видовите и сами дека државата не е на ниво, на тоа што го бара законот и на тие стандарди кои се дел од нашиот систем. Очекувам поддршка и освен албум со слики од мојата посета, ќе купам и огледало, за секој пратеник да се гледа пред да гласа за овој закон. Јас носам одговорност за условите за овие шест месеци, сите други треба да сносат одговорност од 1945, а особено од 1991 година, нагласи Лога. Ако државата нема можност да ги рехабилитира лицата со помали тешки дела, тогаш, посочи Лога, тие ќе треба да се вратат дома како насилници или како криминалци. - Не очекувам дека ќе биде блокиран, бидејќи тогаш ВМРО-ДПМНЕ и другите партии ќе треба да се демантираат самите себеси од 2018 година. Законот е ист, не се додавани, туку се изземени кривични дела, изјави Лога. Лога, исто така, информираше дека веќе се обезбедени средства и дозвола за градба на нов објект во КПД Идризово, и најави тендер до крајот на ноември годинава. - Се очекува после сите постапки, во рок од четири години истиот да биде пуштен во употреба. До тогаш, јас и целта на овој закон е, да имаме амнестија за да може овој сив период од четири години, да може државата да делува како што се очекува од една сериозна држава, појасни Лога. Прашан за тоа дали со законот излегуваат дел од осудените за случајот „Монструм“, рече дека прашањето е тенденциозно и се врзува само со еден предмет и повика да не се игра со имиња и емоции на случаи. - Кажав дека е истиот закон од 2018 година. Ако во 2018 такви дела биле амнестирани, пак ќе се амнестираат. Значи, законот не влегува во конкретни предмети. Законот е ист и таков ќе биде предложен до Собранието, изјави Лога. Од таму, посочи Лога, нема да излегуваат академици, туку се знае дека ќе излегуваат затвореници осудени за кривични дела. -Значи само во ВМРО-ДПМНЕ може да се случи затворник да влегува како криминалец, и да излезе како академик и да се пречека во палатата како да е некој јунак во државата, изјави Лога.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-zakonot-za-amnestija-za-deset-dena-vo-sobranie-ochekuvam-poddrshka-od-site-pratenitsi/feed/ 0
Лога ја поздрави одлуката на Уставниот суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-ja-pozdravi-odlukata-na-ustavniot-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-ja-pozdravi-odlukata-na-ustavniot-sud/#respond Wed, 27 Sep 2023 18:04:20 +0000 https://kurir.mk/?p=882460

Министерот за правда Кренар Лога ја поздрави одлуката на Уставниот суд со која се укинува Упаството за водење на матичните книги и порача дека очекува „судот да постапува по службена должност ажурно и за останатите прописи“. Ваквата реакција од министерот Лога доаѓа откако на денешната седница Уставниот суд, со мнозинство гласови го поништи Упатството за водење матични книги потпишано од него во мај годинава, ценејќи дека одлуката е спротивна на Уставот. Според Уставниот суд, не бил испочитуван законски утврдениот рок за објавување во службен весник. – Министерот за правда Кренар Лога ја поздравува одлуката на Уставен суд и очекува судот да постапува по службена должност ажурно и за останатите прописи каде што е прекршен уставниот рок за објавување во Службен весник, се вели во соопштението од Министерството за правда. Уставниот суд на денешната седница донесе Одлука да го поништи Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, акт донесен од Министерството за правда. Портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска на денешната прес-конференција информираше дека Одлуката е донесена со мнозинство гласови и ќе биде објавена во Службен весник. – Кога Уставниот суд донесува поништувачка одлука, тоа значи дека одлуката има ретроактивно дејство, сметано од моментот на донесувањето на актот којшто се поништува, појасни Беловска. Таа посочи дека Упатството е поништено бидејќи Судот оценил дека е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова упатство. Уставниот суд на на 5 јули 2023 година по сопствена иницијатива поведе постапка за оспореното Упатство поради сомнеж дека со негово донесување од страна на Министерството за правда е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова Упатство. Заведено со архивски број од 29 мај 2023 година, а објавено на 15 јуни 2023 година, што значи не е испочитуван Уставот и членот 52 во кој се предвидува рок најдоцна за седум дена. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-ja-pozdravi-odlukata-na-ustavniot-sud/feed/ 0
Средба Лога-Јовески: Разговарале за активностите кои се преземаат во врска со случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-loga-joveski-razgovarale-za-aktivnostite-koi-se-prezemaat-vo-vrska-so-sluchajot-so-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-loga-joveski-razgovarale-za-aktivnostite-koi-se-prezemaat-vo-vrska-so-sluchajot-so-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/#respond Wed, 16 Aug 2023 14:27:21 +0000 https://kurir.mk/?p=867497

Министерот за правда Кренар Лога денеска  оствари средба со  државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

На средбата стана збор за текот на постапките кои ги водат Основното јавно обвинителство Тетово и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со пожарот во модуларната болница во Тетово.

Со државниот јавен обвинител Јовески се разговараше и за други прашања како што се потребата да се именува обвинител за врски во Еуроџаст( Единица за судска соработка на ЕУ), носење на Упатство за имплементација на Кодекс за ЈО, Стратегијата за развој на правосудниот систем 2023-2027, електронска распределба на предметите во јавните обвинителства и други теми.

За случајот со модуларната болница во Тетово, во текот на утрешниот ден министерот за правда Кренар Лога ќе се сретне и со шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-loga-joveski-razgovarale-za-aktivnostite-koi-se-prezemaat-vo-vrska-so-sluchajot-so-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/feed/ 0
Од понеделник ќе може да се земаат изводи од матични книги, вели Лога https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-ke-mozhe-da-se-zemaat-izvodi-od-matichni-knigi-veli-loga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-ke-mozhe-da-se-zemaat-izvodi-od-matichni-knigi-veli-loga/#respond Wed, 12 Jul 2023 19:11:24 +0000 https://kurir.mk/?p=856024

Министерот за правда Кренар Лога смета дека граѓаните од понеделник ќе може да вадат изводи од матичните книги. Според него, кажано му е на директорот на Управата за водење матични книги дека треба сите изводи да им се даваат на граѓаните по старото упатство. -Уставниот суд требаше во одлуката да каже, до решавање на спорот кои се нивните чекори, за да не остане оваа празнина во системот. Кажано му е на директорот на Управата за водење матични книги дека треба сите изводи по старото упатство да им се даваат на граѓаните. Не знам кој ја кочи работата, тие имаат побарано мислење и од Уставен суд и од други органи. Верувам дека од понеделник ќе може да се земе извод од матични книги, рече Лога во вечерашното гостување на ТВ Сител. Според него, меѓу Министерството за правда и Уставниот суд нема никаков конфликт. -Уставниот суд го стави решението на Министерството надвор од функција. Ние ја почитуваме таа одлука и Уставниот суд ја има нашата поддршка за сите следни одлуки. Ова не е конфликт со Уставниот суд, туку развој на демократијата. Ова ретко го има во регионот, комуникацијата е на ниво и ние добро ја прифативме и поздравивме нивната иницијатива. Уставниот суд донесе времена мерка дента кога бев присутен таму и кога со вас ги споделивме службените весници дека Уставниот суд не е влезен во материјата на актот, туку само во формалниот дел и дека не е почитуван уставниот рок. И тогаш кажав дека има пропуст и дека ќе го повлечам упатството, како и дека ќе има ново, согласно Уставот - седум дена од денот на потпишување до денот на објавување, објасни Лога. Тој тврди дека иницијативата на Министерството за изводите со етничка графа, не е неуставна. Покажа и акти кои, како што рече, се основани врз Законот за матични книги од 1995 година. Етничката графа, напомена, се злоупотребува, особено при вработувањата. -Во најголем дел етничката припадност се злоупотребува при вработување. Тука сум да го заштитам првично македонскиот граѓанин, зашто ако нема партиски или висок функционер не може да се вработува. Оваа графа се злоупотребува за одредени луѓе да влезат на работа, истакна Лога. Министерот објасни и зошто имало недоразбирања околу иницијативата во јавноста. -Знам зошто ова покрена некакви недоразбирања - зашто од првите денови т.н. бугарски здруженија кажаа дека за 250 денари ќе може да извадат каков било документ со што ќе се загрозува до некаде идентитетот или реалноста по етничка припадност, но јас кажав ако било која држава сака да ја злоупотребува таа работа, истиот ден од моја страна ќе биде скратено и надвор од сила, нагласи министерот. Тој денеска до Уставниот суд достави десет Иницијативи во име на Министерството за правда и десет во свое лично име како граѓанин за поведување постапки за оценување на уставноста на прописи објавени во Службен весник спротивно на членот 52 од Уставот. Уставниот суд претходно донесе времена мерка за стопирање на одлуката на министерот за правда Кренар Лога за национална графа во изводите од матичната книга на родени. Во врска со пожарот во кумановскиот суд, Лога рече дека се уште нема официјални информаци што се е загубено. -Ќе се воздржам од одговор на ова прашање, бидејќи очекуваме оттаму да добиеме писмено што и како се случи, како и кои се последиците, истакна Лога. Тој потсети дека денеска, преку соопштение, Министерството за правда веќе укажало дека Судот е навреме предупредуван од Комисијата за надзор врз работата на АКМИС системот. -Органите ќе кажат дали има некаков пропуст, а најверојатно и по службена должност, не министерот за правда, туку другите надлежни органи ќе дадат одговор, рече Лога. Претседателката на кумановскиот суд Снежана Манев денеска ги негираше обвинувањата од Министерството за правда за злоупотреби на АКМИС системот. Според неа, нема злоупотреби на АКМИС системот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-ke-mozhe-da-se-zemaat-izvodi-od-matichni-knigi-veli-loga/feed/ 0
Лога: Рената Дескоска е лош пример за министер за правда https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-renata-deskoska-e-losh-primer-za-minister-za-pravda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-renata-deskoska-e-losh-primer-za-minister-za-pravda/#respond Wed, 05 Jul 2023 13:14:04 +0000 https://kurir.mk/?p=853068

Во однос на наводите на поранешната министерка за правда, Рената Дескоска дека Уставниот суд треба да поведе постапка за оценување на уставноста на Упатството, министерот за правда Кренар Лога во изјава за медими рече дека таа е лош пример за министер.

„За време на нејзиното извршување на функцијата министер за правда, таа сама се номинирала за претставник во Венецијанска комисија, независно советодавно тело при Советот на Европа. Ако таа се повикува на европските и меѓународните  стандарди, тогаш  е една од оние министри кои ги прекршиле тие стандарди. Ова го нема во ниту една земја во светот. Таа е лош пример за министер и во минатото, кога не прифати уставните измени за Преспанскиот договор да одат преку Министерството за правда, туку преку МНР што е преседан, изјави Лога.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-renata-deskoska-e-losh-primer-za-minister-za-pravda/feed/ 0
Лога: Уставниот суд ја отвори Пандорината кутија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-ustavniot-sud-ja-otvori-pandorinata-kutija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-ustavniot-sud-ja-otvori-pandorinata-kutija/#respond Wed, 05 Jul 2023 12:01:02 +0000 https://kurir.mk/?p=853013

Министерот за правда Кренар Лога присуствуваше на седницата на Уставниот суд на која се расправаше за Упатството со кое како задолжителна се утврдува графата за националност во изводите на родени, на венчани и на умрени. -Ме радува оваа иницијатива, но изненаден сум од фактот што Уставниот суд досега не покренал постапка и за други подзаконски акти кај кои не се почитува уставниот рок за објавување во Службен весник. Уставниот суд ја отвори Пандорината кутија. Најавувам дека во иднина јас лично ќе поднесувам иницијативи до судот за непочитување на уставните рокови. Вината не е во Министерството туку во Секретаријатот за законодавство во рамките на Владата, изјави Лога. Министерот за правда најави дека ќе се подготви нов пречистен текст на Упатството и ќе го достави до секретаријатот за законодавство за објавувување во Службен весник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-ustavniot-sud-ja-otvori-pandorinata-kutija/feed/ 0
ДС бара одговорност: Министерот за правда ја злоупотребил функцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-bara-odgovornost-ministerot-za-pravda-ja-zloupotrebil-funktsijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-bara-odgovornost-ministerot-za-pravda-ja-zloupotrebil-funktsijata/#respond Wed, 21 Jun 2023 15:07:49 +0000 https://kurir.mk/?p=848296

Демократскиот сојуз бара одговорност од министерот за правда поради злоупотреба на службената положба со тоа што донел Упатство за водење на матичните евиденции во кое, покрај податоците утврдени со Законот за матични евиденции, додал нова графа во која се искажува и националната, односно етничката припадност. -Во матичните евиденции не може да се менуваат податоците, тоа се законски решенија и никој не може да ги менува, дополнува уште помалку да додава графа за национална/етничка припадност. Ова што го направил министерот за правда е преседан и Упатството мора да го повлече. Националната/етничката припадност и определба е неприкосновено човеково право кое не може да биде изјавувано во официјален документ без промена на Законот и поширока поддршка од граѓаните. Злоупотребите со балансерот при вработување треба да се спречат со укинување на овој неефикасен и дискриминирачки механизам, а не да се користат како изговор за менување на матичните евиденции без законска основа. Националната/етничката припадност секаде во светот, вклучително и во земјите членки на ЕУ не се впишува ниту во изводите за матична евиденција (родени, венчани или умрени), ниту пак во документите за идентификација (лична карта, пасош, возачка дозвола итн). Демократскиот сојуз ја повикува Владата веднаш да го повлече ова незаконско Упатство и да побара од Собранието разрешување на министерот за правда поради ова самоволие, се вели во соопштението на партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-bara-odgovornost-ministerot-za-pravda-ja-zloupotrebil-funktsijata/feed/ 0
Лога: Предлог-иницијативата за уставни измени најверојатно утре ќе биде усвоена од Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-predlog-initsijativata-za-ustavni-izmeni-najverojatno-utre-ke-bide-usvoena-od-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-predlog-initsijativata-za-ustavni-izmeni-najverojatno-utre-ke-bide-usvoena-od-vladata/#respond Mon, 19 Jun 2023 12:53:49 +0000 https://kurir.mk/?p=847430

Предлог иницијативата за уставни измени веќе од минатата недела е во владина постапка и најверојатно утре ќе биде разгледана и усвоена на Влада, изјави денеска министерот за правда Кренар Лога, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на канцеларија за бесплатна правна помош во општина Шуто Оризари. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во средата изјави дека очекува во наредните неколку недели иницијативата за уставни измени да се најде пред пратениците во Собранието и да почне собраниската процедура и дискусија, бидејќи, како што оцени, коректно и важно е секој пратеник да има можност да се изјасни за нив. - Сигурен сум дека доколку го имаме вистинскиот пристап кон секој пратеник и му се објасни и важноста и одговорноста, и последиците од прифаќањето или не прифаќањето на овој предлог и на оваа иницијатива, мислам дека ќе дојдеме до две третини, изјави Маричиќ. Според него, доколку не се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието сами ќе си поставиме блокада и ќе се запреме на европскиот пат. Предлог-иницијативата за устави измени подготвена од работната група при Министертсвото за правда на почетокот на месецов беше доставена до Владата и како што беше најавено тогаш, ќе биде разгледана на некоја од наредните владини седници. Очекувањата тогаш беа дека уставните измени би можеле да влезат во Собранието во средината на месецов кога и формално ќе почнат да течат роковите за уставни измени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-predlog-initsijativata-za-ustavni-izmeni-najverojatno-utre-ke-bide-usvoena-od-vladata/feed/ 0