Крешник Бектеши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Oct 2023 14:27:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Крешник Бектеши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За сметањето на времето ќе се прилагодиме кон одлуките на Европската комисија, вели Бектеши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-smetaneto-na-vremeto-ke-se-prilagodime-kon-odlukite-na-evropskata-komisija-veli-bekteshi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-smetaneto-na-vremeto-ke-se-prilagodime-kon-odlukite-na-evropskata-komisija-veli-bekteshi/#respond Fri, 27 Oct 2023 14:27:11 +0000 https://kurir.mk/?p=893840

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека во однос на начинот на сметање на времето со евентуално укинување на промената од зимско во летно и обратно, државава ќе се прилагоди кон одлуките на Европската комисија. - Ќе носиме одлуки согласно со одлуките што ќе се носат во Европската унија имајќи предвид дека нашата најголема економска соработка, над 75 отсто е со членките на Европската унија. Каква одлука ќе се донесе во Европската комисија, тоа ќе се преслика и во нашата држава, рече денеска Бектеши на новинарско прашање. Не се направени конкретни анализи, а според предлозите што ги подготвила работната група што беше формирана пред една година, треба да се прилагодиме кон одлуките на Европската комисија. Летното сметање на времето завршува во недела во 03:00 часот по полноќ кога стрелките на часовникот треба да се поместат еден час наназад, со што започнува зимското сметање на времето. -Согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр63/23), летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03h 00 min 00s, така што со поместување за еден час наназад времето во 03h 00 min 00 s се смета како 02h 00min 00s. Согласно Одлуката, започнува зимско сметање на времето, информираа од Министерството за економија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-smetaneto-na-vremeto-ke-se-prilagodime-kon-odlukite-na-evropskata-komisija-veli-bekteshi/feed/ 0
Бектеши: Мерките за ограничување на цените на производите даваат одличен резултат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-merkite-za-ogranichuvane-na-tsenite-na-proizvodite-davaat-odlichen-rezultat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-merkite-za-ogranichuvane-na-tsenite-na-proizvodite-davaat-odlichen-rezultat/#respond Wed, 25 Oct 2023 13:38:27 +0000 https://kurir.mk/?p=892981

Мерките за ограничување на цените на производите даваат одличен резултат и убеден сум дека до 10 ноември ќе ги имаме целосните анализи за сите производи опфатени со одлуката, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Навремено минимум 15 дена пред истекот на рокот граѓаните и компаниите ќе бидат известени дали ќе продолжат и понатаму да важат. Во случај да оцениме дека треба да продолжат да важат ќе важат минимум до крајот на годинава, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на паузата на бизнис настанот SUBEX - Suppliers Balkan Expo што денеска и утре се одржува во Скопје во Скопје во организација на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија (АХК). Најави дека се при крај и креирањето на антикризните мерки и новиот закон за нефер трговија. -Согласно моите сознанија антикризните мерки се при крај и до крајот на месецов траба да се усвојат на Влада. За законот за нефер трговија деновиве ќе имаме дополнителна консултација за сите забелешки што ги добивме и од страна на трговците и од страна на другите чинители. Во моментот кога ќе биде готова драфт верзијата ќе ја пратиме во Влада, а потоа и во Собранието. Законот ќе се носи со европско знаме бидејќи се трнспонираат повеќе директиви од Европската комисија. Имајќи ги во предвид процедурите би требало да биде усвоен во текот на наредниот месец заради тоа што мислам дека е поддржан и од опозицијата, бидејќи е законско решение кое оди во прилог на потрошувачите и граѓаните, прецизира Бектеши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-merkite-za-ogranichuvane-na-tsenite-na-proizvodite-davaat-odlichen-rezultat/feed/ 0
Повеќето производи остануваат со пет отсто ДДВ, вели министерот Бектеши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poveketo-proizvodi-ostanuvaat-so-pet-otsto-ddv-veli-ministerot-bekteshi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poveketo-proizvodi-ostanuvaat-so-pet-otsto-ddv-veli-ministerot-bekteshi/#respond Thu, 12 Oct 2023 12:28:35 +0000 https://kurir.mk/?p=888085

Министерот за економија Крешник бектеши денеска повтори дека производите наведени во Одлуката за „гарантирана цена“ нема да бидат опфатени со предвиденото зголемување на данокот на додадена вредност (ДДВ). Доколку има какви било технички грешки, рече Бектеши, ќе се корегираат. Тој уште еднаш потсети дека листата на производи со зголемен ДДВ е предлог на Министерството за финансии и на неа, истакна, со месеци работеле стручни луѓе. Според Бектеши, сепак, повеќето производи остануваат со пет отсто ДДВ. -Доколку има какви било технички грешки, ќе се корегираат, а и веќе се корегирани целосно. Направено е и повеќе од тоа по предлог на медиумите и на граѓаните. Листата се прошири и повеќето од производите остануваат со пет отсто ДДВ. За останатите производи, како е утврдено да одат од пет до 10 отсто и кои се критериумите, би ве замолил да се обратите до Министерството за финансии. За нас, како Министерство за економија, е важно основните прехранбени производи, тие кои се на листата за замрзнати цени и со ознаката „гарантирана цена“ да останат на пет отсто ДДВ и тоа ќе биде така, нагласи Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по работниот состанок во Стопанската комора. Тој, како што рече, се уште не проверил дали листата е објавена. -Денеска имав други состаноци, немав прилика да проверам, но, секако Одлуката е донесена во Владата, имаше соопштение од Министерството за финансии, од Министерството за економија и од Владата. Најверојатно денеска или најдоцна утре би требало да се објави согласно можностите на службениците, нагласи министерот. Пред два дена Владата донесе Одлука за прецизирање на прехранбените производи кои имаат најниска стапка на ДДВ. Согласно Одлуката, со повластената стапка од пет отсто се даночат најголем дел од основните прехранбени производи меѓу кои: урдата, замрзнатото тесто, бебешките каши и адаптираното млеко за доенчиња, одредени видови кашкавали, лутеница, хербални чаеви, бибер, црвен пипер, вафли и наполитанки, конзервирано цвекло, феферони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poveketo-proizvodi-ostanuvaat-so-pet-otsto-ddv-veli-ministerot-bekteshi/feed/ 0
Бектеши: Со законот за нефер трговски практики цените на производите ќе се намалат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-so-zakonot-za-nefer-trgovski-praktiki-tsenite-na-proizvodite-ke-se-namalat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-so-zakonot-za-nefer-trgovski-praktiki-tsenite-na-proizvodite-ke-se-namalat/#respond Thu, 12 Oct 2023 10:31:27 +0000 https://kurir.mk/?p=888023

Новиот закон за забрана на нефер трговски практики предвидува намалување на рабатот до максимум десет проценти на годишно ниво. Тоа, како што изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, ќе ги снижи цените на земјоделските и прехранбените производи, но и ќе влијае врз подобрување на нивниот квалитет. Во законот се содржани околу 26 нефер трговски практики, а за прилагодување на компаниите кон понудените решенија е одреден рок од шест месеци. Според бизнисот, ова е доволен период, но не е исклучено тој да се скрати, доколку добавувачите и купувачите се соодветно подготвени. За непочитување на законските одредби засега се предвидени глоби до 20 000 евра. Но, и во однос на овој дел од предлог-текстот ќе се разговара. Бизнис заедницата има можност да достави забелешки најдоцна до 25 октомври. Законот кој денеска беше презентиран во Стопанската комора, е веќе на ЕНЕР и ќе се носи со европско знаменце. -Не само што ќе има намалување на цените, туку и ќе се подобри квалитетот на производите. Во законот е наведено процентуално колку може да биде максималниот рабат или годишните надоместоци кои би можеле купувачите, во овој случај ланците супермаркети, да ги бараат од производителите и добавувачите. Рабатот сега надминува 30 - 40 отсто од производствената цена, а со законот ќе биде најмногу 10 отсто и во рамки на тоа маркетите ќе конкурираат меѓу себе што ќе влијае врз намалување на цените, рече Бектеши по работниот состанок во Комората. Како што напомена Васко Ристовски од Комората, се очекува законот да воспостави ред на пазарот со земјоделските и прехранбените производи. -Ова е сосема нов закон, нова работа за сите нас. На состанокот беа отворени доста прашања што беа нејасни за бизнис секторот. Се работи за европски закон, прилагоден за нашиот пазар. Сметаме дека ќе се воведе ред и дека се ќе биде законски регулирано. Начелно останува овој период од шест месеци прилагодување на компаниите и сметаме дека нема да има никакви проблеми. Евентуалните забелешки треба да произлезат во наредниот период, во следните 20 дена. Треба да сумираме зашто секој има свое гледиште, и компаниите и ланците маркети. Ако има забелешки тоа ќе го сублимираме во еден документ кој ќе се достави до ресорното Министерство. Имаме време да ги разгледаме и да ги појасниме работите, можеби ние погрешно ги толкуваме, можеби има простор каде што ќе може да се интервенира, истакна Ристовски. Текстот на законот е во финална фаза. Многу е важно, нагласи Бектеши, што директивите од ЕУ се транспонирани во него. Целта е, дополни, преку дијалог во кој ќе бидат вклучени сите страни, да се донесе најдоброто решение за да не се направи штета никому. Најбитно од се, оцени министерот, е тоа што овој закон ќе ги уреди условите и начинот како ќе се врши трговијата во делот на земјоделските и прехранбените производи. Нема да се дозволи да се користи моќ на која било компанија врз другите фирми. Тоа, пак, би требало веднаш да влијае врз намалување на цените и врз подобрување на нивниот квалитет, како и врз предвидливоста и сигурноста на добавувачите и купувачите. Закон за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи прв пат се носи во земјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-so-zakonot-za-nefer-trgovski-praktiki-tsenite-na-proizvodite-ke-se-namalat/feed/ 0
Бектеши: Граѓаните да бидат спокојни, цените на основните прехранбени производи нема да се зголемат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-graganite-da-bidat-spokojni-tsenite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi-nema-da-se-zgolemat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-graganite-da-bidat-spokojni-tsenite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi-nema-da-se-zgolemat/#respond Fri, 06 Oct 2023 13:14:40 +0000 https://kurir.mk/?p=886123

Министерството за економија целосно стои зад Одлуката за намалување на цените на основните прехранбени производи која ја донесовме пред две недели. Најмалку до 30 ноември, до кога е на важност оваа одлука, отстапување од нејзе нема да има. Сите производи кои се опфатени во Одлуката за намалување на цените на Министерството за економија ќе останат со даночна стапка од 5 проценти, напиша на својот фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши. Во врска со Одлуката на Министерството за финансии за повластена даночна стапка на одредени прехранбени производи, министерот Бектеши објави дека доколку има грешка во листата таа ќе се корегира. - Доколку во има техничка грешка во листата на производи опфатени со Одлуката на Министерството за финансии за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ, тоа ќе биде корегирано на следната седница на Владата, напиша министерот Бектеши и ги повика граѓаните да бидат спокојни. Бектеши потенцира граѓаните да бидат спокојни. -Мерките кои ги носиме за заштита на стандардот на граѓаните даваат резултати. Цените на основните прехранбени производи можат само дополнително да се намалат, но не и да се зголемат, пишува тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-graganite-da-bidat-spokojni-tsenite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi-nema-da-se-zgolemat/feed/ 0
Бектеши: Јужното овошје и дел од зеленчукот ќе поевтини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-juzhnoto-ovoshje-i-del-od-zelenchukot-ke-poevtini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-juzhnoto-ovoshje-i-del-od-zelenchukot-ke-poevtini/#respond Thu, 28 Sep 2023 10:43:02 +0000 https://kurir.mk/?p=882720

Владата на седницата која се одржа утринава донесе неколку одлуки со кои се намалуваат царинските давачки од 65, 55 и 45 отсто на 10 отсто за повеќето производи кои спаѓаат во категоријата овошје и зеленчук, освен домати, краставици и пиперки, имајќи во предвид дека ќе им се даде дополнителен рок на нашите производители на овие производи до 1 декември за да го снабдуваат и македонскиот пазар, информира министерот за економија Крешник Бектеши. Нагласи дека според анализите на Министерството за економија има зголемен извоз на земјоделски производи од нашата земја што се надополнува од увоз од соседните земји, што на крај влијае негативно кај домашните потрошувачи преку повисоки цени. -Заради тоа што сме обврзани за тој недостаток да го покриваме преку увоз, во моментот кога се прави увоз во овој период, за овие производи има царинска давачка од 65 отсто. На пример ако еден земјоделски производ чини 100 денари при увоз, увозната цена, директно станува 165 денари, без никакви маржи да имаат трговците на мало или трговците на големо. Зошто е тоа направено, заради што имаме систематски пропусти и во таа насока треба и Министерството за земјоделство во соработка со нас и со Министерство за финансии да ги усогласиме овие давачки, бидејќи крајната цел е граѓаните да плаќаат пониски цени. Ние тоа можеме да го направиме, во регионот сме конкурентни и секако дека во таа насока и работиме, кажа Бектеши при денешното гостување во емисијата „10 минути“ на Телевизија 24. Посочи дека е донесена и Одлука да се зголемат дозволените квоти за увоз на јужно овошје во земјава со што, како што кажа, очекува да се намалат цените на овие продукти во текот на годината. -Зголемени се квотите за лимони, портокали, мандарини. Наместо 8.000 тони за јужно овошје, се зголемува за 2.000 тони до крајот на годината и зимоска ќе имаме пониски цени, појасни Бектеши. Со цел да се почитуваат одлуките на Владата, додаде, инспекторите на Државниот пазарен инспекторат се постојано на терен и нагласи дека изминатите неколку дена се затворени повеќе маркети во Куманово, Тетово, Гостивар и Струга кои не ги почитувале одлуките на Владата и не ги намалиле цените. -Во делот на намалување на цените, согласно дописот на Министерството за економија треба целосно да се почитува и Законот за заштита на потрошувачите. Таму се предвидени одредени работи во делот на неможност на трговците да ги стават во заблуда потрошувачите, да направат измама кон потрошувачите и да наведат ознака гарантирана цена, а при контрола таа цена да не биде намалена, согласно цените кои биле од 1 август, минус 10 отсто од тие цени. Според Законот, глобите се затварање на објектот од три до 30 дена максимум, плус парична казна, согласно процената на инспекторите. Тие ќе одлучат колку е обемот на измамата, рече Бектеши. Согласно последните одлуки на Владата намалени се царините на 10 отсто на: домат, свеж или разладен, краставици, благи и лути пиперки, кромид, праз, карфиол, брокула, главчеста салата, друга салата, моркови, модар патлиџан, тиквички. Оваа одлука стапува на сила од денот кога ќе бидат објавени во Службен весник и ќе траат до 28 февруари 2024 година. Исто така, според одлуката на Владата за дополнителни 2.000 тони од сегашните 8.000 тони се зголемени без царинските квоти за агруми, свежи или сушени, портокали, мандарини, клементини, грејпфрут, лимони и лимета. Оваа одлука стапува на сила од денот кога ќе биде објавена во Службен весник и важи до 31 декември 2023 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-juzhnoto-ovoshje-i-del-od-zelenchukot-ke-poevtini/feed/ 0
Бектеши: Јужното овошје и дел од зеленчукот ќе поевтини, намалена е царината и зголемени квотите за увоз https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-juzhnoto-ovoshje-i-del-od-zelenchukot-ke-poevtini-namalena-e-tsarinata-i-zgolemeni-kvotite-za-uvoz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-juzhnoto-ovoshje-i-del-od-zelenchukot-ke-poevtini-namalena-e-tsarinata-i-zgolemeni-kvotite-za-uvoz/#respond Thu, 28 Sep 2023 10:22:10 +0000 https://kurir.mk/?p=882695

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-juzhnoto-ovoshje-i-del-od-zelenchukot-ke-poevtini-namalena-e-tsarinata-i-zgolemeni-kvotite-za-uvoz/feed/ 0
Ковачевски: Континуирано носиме мерки за заштита на стандардот на граѓаните, со „гарантирана цена“ и пониски маржи го спречуваме ценовниот шок и ја одржуваме економската стабилност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kovachevski-kontinuirano-nosime-merki-za-zashtita-na-standardot-na-graganite-so-garantirana-tsena-i-poniski-marzhi-go-sprechuvame-tsenovniot-shok-i-ja-odrzhuvame-ekonomskata-stabilnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kovachevski-kontinuirano-nosime-merki-za-zashtita-na-standardot-na-graganite-so-garantirana-tsena-i-poniski-marzhi-go-sprechuvame-tsenovniot-shok-i-ja-odrzhuvame-ekonomskata-stabilnost/#respond Wed, 27 Sep 2023 13:51:34 +0000 https://kurir.mk/?p=882329

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и в.д. директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски беше во посета на компанијата „Горска ДООЕЛ“. „Многу е важно компании како „Горска“ која успешно се одржува на пазарот повеќе од 30 години, но и сите други компании да се вклучат во поддршката на нашите мерки со кои обезбедуваме стабилност на цените на домашниот пазар. Она што на вчерашната владина седница го донесовме како одлука е практично проширување на листата на производи со „гарантирана цена“ и ги додадовме и безалкохолните пијалаци, газираната и негазираната вода и пивото кои ќе бидат со намалена цена од најмалку 10 отсто. Дополнително, донесовме одлука и за намалување на маржите кај овошјето и зеленчукот со што дополнително ќе се намалат цените за овие производи во износ до 30%“, истакна премиерот Ковачевски при денешната посета на компанијата „Горска ДООЕЛ“. Потсетувајќи на претходните владини мерки, со кои што се намали цената за 10 отсто на над 50 производи во 24 категории од пекарската, млечната, месната индустрија, премиерот Ковачевски рече и дека е донесена одлука со која се укинати увозните давачки за млечните производи со масленост над 10%, што се очекува да се одрази со намалување на цените и на овие производи кои се значајни за потрошувачите. „Донесовме одлука и за намалување на увозните давачки за увоз на свеж зеленчук и ориз, како и укинување на увозните давачки за увоз на лимони, портокали, мандарини и други производи од овој вид. А зависно од движењата на пазарот, ќе следуваат и други одлуки за олеснување на товарот од инфлациските движења, а тие одлуки веќе се подготвуваат во Министерството за економија“ појасни премиерот Ковачевски, кој апелираше до трговците и до производителите да се придржуваат до овие нови мерки, како и да ги почитуваат претходните, бидејќи се во интерес на граѓаните. „Нема да дозволиме никој да се богати врз грбот на граѓаните. Мора да направиме граѓаните да се изборат со високите цени, со инфлацијата и да работиме заедно на намалување на цените и зголемувањето на животниот стандард на граѓаните. Затоа и во претходниот период, како и сега, секогаш кога сме забележувале негативни економски движења, сме интервенирале брзо и со конкретни, таргетирани мерки сме ги контролирале инфлациските текови. Преку конкретни мерки покажавме дека што поскоро сакаме да ги пресретнеме и спречиме ценовните шокови за населението и со новите мерки да постигнеме економска стабилност“, нагласи премиерот Ковачевски. Министерот за економија, Крешник Бектеши, на настанот оцени дека владините одлуки имаат влијание врз животниот стандард, бидејќи според пресметките, со овие владини мерки за „гарантирана цена“ на производите, секое домаќинство има заштеда од над 2.000 денари со пониските цени на производите. Министерот Бектеши пред присутните појасни дека е регистриран голем извоз на одредени земјоделски производи. „Немаме намера да субвенционираме производи за други држави. Гледајќи ги податоците, се забележува дека најголемо зголемување на цените има во делот на овошјето и зеленчукот. Затоа би им порачал на трговците да не го оставаат македонскиот пазар како резерва во снабдувањето со овошје и зеленчук. Не сакаме да се доведеме во ситуација тој јаз ние да го надополнуваме со увоз. Затоа апелирам да се пласира на домашниот пазар, а доколку се прави спротивното, како министерство ќе предложиме укинување на увозните давачки на одредени производи“, изјави министерот за економија Бектеши. Директорката на правниот оддел во „Горска ДООЕЛ“, Симона Костадинова-Саздова посочи дека како општествено одговорна компанија, одлучиле да ја прифатат иницијативата на Владата. „Решивме да ја прифатиме иницијативата на Владата на Република Северна Македонија и да ги прилагодиме цените на дел од нашите производи кон Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и мало. Еден од главните приоритети на „Горска“ е грижата за нашите потрошувачи, па следствено на тоа секогаш ја создаваме стратегијата на компанијата во таа насока. Ја поздравуваме и ја поддржуваме оваа Одлука на Владата, а нашата компанија и во иднина ќе продолжи да ги креира ценовните политики согласно оваа иницијатива“, изјави Костадинова-Саздова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kovachevski-kontinuirano-nosime-merki-za-zashtita-na-standardot-na-graganite-so-garantirana-tsena-i-poniski-marzhi-go-sprechuvame-tsenovniot-shok-i-ja-odrzhuvame-ekonomskata-stabilnost/feed/ 0
Утре одлука за намалување на цените на алкохолните и безалкохолните пијалоци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-odluka-za-namaluvane-na-tsenite-na-alkoholnite-i-bezalkoholnite-pijalotsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-odluka-za-namaluvane-na-tsenite-na-alkoholnite-i-bezalkoholnite-pijalotsi/#respond Mon, 25 Sep 2023 13:04:46 +0000 https://kurir.mk/?p=881568

„Граѓаните да бидат спокојни. Мерките кои ги носи Владата со цел заштита на стандародт на граѓаните ќе се реализираат во целина. На следната седница на Владата ќе биде донесена одлука за намалување на цените на алкохолните и безалкохолните пијалоци, a се прави и анализа за намалување на цените на хигенските производи“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши при денешната посета на „Алма М“, компанија од дистрибутивниот бизнис, кои дистрибуираат производи по маркетите опфатени со мерката „гарантирана цена“ Министерот Бектеши кој во посета на „Алма М“ беше заедно со премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски, кажа дека компаниите имаа рок да се усогласат со новите одлуки и со новите Законски решенија кои треба да се почитуваат од сите трговци. „Имаме ново законско решение во делот на Заштина на потрошувачите и по барање на Стопанска комора на компаниите им дадовме определен рок да се усогласат со измените барањата на Законот. Овој законско решение целосно се применува во најразвиените европски земји и треба целосно да биде почитувано. Во однос на одлуката која веќе ја донесовме, тоа што знаеме точно е дека утре ќе има одлука за намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци. За хигиенските производи најверојатно во текот на оваа недела ќе бидат завршени сите консултации и ќе видиме дали има простор да се донесат одредени мерки“ кажа министерот Бектеши. Бектеши потенцираше дека Министерството за економија и сите надлежни институции прават анализи на неделна основа и врз основа на сите влезни податоци ќе се донесат одлуки кои што ќе бидат во интерес на заштита на стандардот на граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-odluka-za-namaluvane-na-tsenite-na-alkoholnite-i-bezalkoholnite-pijalotsi/feed/ 0
Бектеши во проверка на новите цени во маркетите, дали граѓаните ја чувствуваат „гарантираната цена“? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-vo-proverka-na-novite-tseni-vo-marketite-dali-graganite-ja-chuvstvuvaat-garantiranata-tsena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-vo-proverka-na-novite-tseni-vo-marketite-dali-graganite-ja-chuvstvuvaat-garantiranata-tsena/#respond Fri, 22 Sep 2023 05:40:55 +0000 https://kurir.mk/?p=880502

Мерката Гарантирана цена стапи на сила, но колку граѓаните го чувствуваат тоа? Некои од нив велат, воопшто, некои ја поздравија мерката. За да види колку трговците ја почитуваат мерката, министерот за економија, Крешник Бектеши излезе на терен при што посети еден од ланците маркети и уште еден друг маркет. Рече дека е задоволен бидејќи трговците ја почитуваат владината одлука за намалување на цените од најмалку 10%. Рече дека од следната недела и цените на пијалаците ќе се намалат за најмалку 10%. Порача дека секоја нерегуларност ќе биде пријавена во ДПИ. Менаџерка на еден од ланците маркети рече дека оваа мерка ќе ја намали заработувачката, но дека треба да се помират со актуелната ситуација. Инаку директорот на ДПИ, Горан Трајковски најави дека доколку маркетите не ги почитуваат новите мерки, ќе заработат казна од 800 до 10 илјади евра казна, зависно од големината на субјектот. Трговците имаат обврска да постават посебна ознака со натпис Гарантирана цена на секој производ кој е вклучен во новата владина мерка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-vo-proverka-na-novite-tseni-vo-marketite-dali-graganite-ja-chuvstvuvaat-garantiranata-tsena/feed/ 0