крф – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Jul 2023 07:02:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png крф – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пожарите вон контрола, продолжува битката со огнените јазици на Крф и Родос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozharite-von-kontrola-prodolzhuva-bitkata-so-ognenite-jazitsi-na-krf-i-rodos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozharite-von-kontrola-prodolzhuva-bitkata-so-ognenite-jazitsi-na-krf-i-rodos/#respond Wed, 26 Jul 2023 07:02:04 +0000 https://kurir.mk/?p=860084

Уште една ноќ, пожарникарите и волонтерите на грчките острови Родос и Крф се бореа со огнената стихија, со оглед на тоа што пожарите сѐ уште се вон контрола, а од рано утрово повторно интервенираат и воздушните средства, јави дописничката на МИА од Атина. На Родос пожарот е активен веќе деветти ден, а вчера огнените јазици беа многу блиску до села во југоисточниот дел на островот. Слична е ситуацијата и во северниот дел на островот Крф, каде што во текот на вчерашниот ден имаше неколку разгорувања на активните жаришта во близина на населени места, кои превентивно беа евакуирани. На Евија, рано утрово состојбата со пожарот е значително подобрена. Во гаснењето на пожарот во јужниот дел на островот, вчера кусо пред 15 часот се урна грчки Канадер, а животот го загубија двајцата пилоти на возраст од 27 и 34 години. Поради трагичниот настан во грчката армија е прогласена тридневна жалост, а премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис ја одложи официјалната посета на Кипар закажана за денеска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozharite-von-kontrola-prodolzhuva-bitkata-so-ognenite-jazitsi-na-krf-i-rodos/feed/ 0
Нови превентивни евакуации на Крф и Родос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-preventivni-evakuatsii-na-krf-i-rodos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-preventivni-evakuatsii-na-krf-i-rodos/#respond Tue, 25 Jul 2023 11:30:01 +0000 https://kurir.mk/?p=859816

Пожарите на Крф и Родос повторно се разгореа, огнената стихија се доближи до населени места и затоа, превентивно се евакуирани две села, по едно на двата острови, јави дописничката на МИА од Атина. Преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака за евакуација на селото Луцес во североисточниот дел на Крф, како и до сите оние кои се наоѓаат во планинското село Вати во североисточниот дел на Родос. Во однос на пожарот на Евија, засега, се чини дека е значително подобрена ситуацијата и нема дополнителни разгорувања на актуелните жаришта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-preventivni-evakuatsii-na-krf-i-rodos/feed/ 0
НА КРФ ЕВАКУИРАНИ 2.500 ЛУЃЕ ПОРАДИ ПОЖАРИТЕ Грчката министерка сѐ уште ги повикува туристите да дојдат на островот (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-krf-evakuirani-2-500-luge-poradi-pozharite-grchkata-ministerka-s-ushte-gi-povikuva-turistite-da-dojdat-na-ostrovot-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-krf-evakuirani-2-500-luge-poradi-pozharite-grchkata-ministerka-s-ushte-gi-povikuva-turistite-da-dojdat-na-ostrovot-video/#respond Mon, 24 Jul 2023 14:40:09 +0000 https://kurir.mk/?p=859524

Во последните два дена од Крф се евакуирани околу 2.500 туристи и локални жители, изјави портпаролот на противпожарната служба, додавајќи дека тоа е мерка на претпазливост. Грција се соочува со продолжен период на екстремни горештини што го зголемија ризикот од пожари и загрозени туристи во екот на туристичката сезона. Десетици илјади луѓе веќе избегаа од пожарот на островот Родос, а многу преплашени туристи се обидуваат да се вратат дома. Грчката телевизија емитуваше слики од долги редици луѓе како влечат куфери по патиштата на островот во саботата, кога беше наредена евакуација. Денеска пожарот на Родос повторно се разгоре и превентивно се евакуирани голем број жители. Но, и покрај евакуациите и опасноста од пожарите, грчката министерка за туризам, Олга Кафалогјани сѐ уште ги повикува туристите да дојдат на Крф и на Родос. Во изјава за Би-Би-Си, Кафалогјани рече дека ситуацијата на Крф не е алармантна и не наликува на сцените видени на Родос. – Евакуиравме неколку куќи, но тоа не е ни слично на евакуацијата на Родос, вели Кефалогјани додавајќи дека луѓето треба да продолжат да доаѓаат на Крф како и на Родос. Освен на Крф и на Родос, пожарите се активни и во северниот дел на Пелопонез, во Каристос на југот на островот Евија и во областа околу северниот дел на Атина. Во многу области на земјата сè уште е на сила црвениот аларм, односно екстремната опасност од шумски пожари. Ова лето Грција доживеа еден од најдолгите топлотни бранови во последните години, според експертите на грчката национална метеоролошка служба ЕМИ, со температури кои во текот на викендот достигнаа до 45°C во центарот на земјата. Денеска температурата е во „благ пад“ со прогнозирани температури до 37°С во Атина, додека во централниот дел и на Пелопонез живата треба да достигне до 42°С. На Егејското Море се предвидува силен ветер до 50 км/ч. Топлотниот бран се очекува да продолжи и утре со температура до 44°С, информираат од ЕМИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-krf-evakuirani-2-500-luge-poradi-pozharite-grchkata-ministerka-s-ushte-gi-povikuva-turistite-da-dojdat-na-ostrovot-video/feed/ 0
Превентивни евакуации поради пожари и на Евија, Крф и Пелопонез https://arhiva.kurir.mk/svet/region/preventivni-evakuatsii-poradi-pozhari-i-na-evija-krf-i-peloponez/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/preventivni-evakuatsii-poradi-pozhari-i-na-evija-krf-i-peloponez/#respond Sun, 23 Jul 2023 18:07:27 +0000 https://kurir.mk/?p=859247

Преку три различни пораки од бројот 112 за итни случаи во периодот од18 до 20.30 беа испратени пораки: до жителите на четири населени места во јужниот дел на грчкиот остров Евија; до сите оние кои се наоѓаат во пет населени места во североисточниот дел на Крф ,како и во едно село во северниот дел на Пелопонез, превентивно, да се евакуираат поради активни пожари во конкретните региони, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, информираше во Грција денеска избувнале 64 нови шумски пожари, а пожарникарите ширум земјата се справуваат со вкупно 82. Освен оној на Родос, активни се уште три големи пожари, во близина на Каристос на Евија, каде што од три жаришта едно е ставено под контрола, на Крф и во близина на Егио на Пелопонез, а сите пожари се гаснат од копно и воздух. За големиот пожар на Родос активен веќе шести ден, Ватракојанис објасни дека го гаснат 266 пожарникари со 16 пешадиски тима и 55 возила, десет авиони и пет хеликоптери, а помагаат и пожарникарите од европскиот механизам за цивилна заштита, како и силите испратени на билатерално ниво. -Тешкотиите се пред нас. Условите и понатаму се екстремни. Апелираме до граѓаните кои се евакуираат, за ваша сопствена безбедност, доколку сакате да се вратите во вашето место на живеење или сместување, ќе мора задолжително да се информирате од надлежните органи. Сите сили на Цивилната заштита остануваат во состојба на готовност, порача Ватракојанис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/preventivni-evakuatsii-poradi-pozhari-i-na-evija-krf-i-peloponez/feed/ 0
Чудо на запалениот тракет во Грција, човек пронајден жив по два дена https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chudo-na-zapaleniot-traket-vo-grcija-chovek-pronajden-ziv-po-dva-dena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chudo-na-zapaleniot-traket-vo-grcija-chovek-pronajden-ziv-po-dva-dena/#respond Sun, 20 Feb 2022 12:14:36 +0000 https://kurir.mk/?p=633900

Еден од патниците кои исчезнаа на траектот кој во петокот се запали во Јонското Море кај Грција е пронајден жив. Според Би-Би-Си, мажот бил забележан во предниот дел на бродот и стапил во контакт со спасувачите, изјавил службеникот на бродот. Единаесет лица се водат како исчезнати, додека повеќе од 270 се спасени и пренесени на островот Крф. „Еурофери Олимпија“ под италијанско знаме се запали на пат кон италијанското пристаниште Бриндизи. Пожарникарите се бореа со пожарот што го зафати бродот. Се верува дека се исчезнати сите возачи на камиони од Бугарија, Грција, Турција и Литванија, соопштија претходно грчките власти. „Еурофери Олимпија“ заминувала од Игуменица во Грција кон Бриндизи кога избил пожар на палубата од автомобил. Официјално превезе 239 патници и 51 член на екипажот, соопшти компанијата. Но, двајца авганистански државјани кои не биле регистрирани како патници на бродот, исто така, биле спасени во петокот, изјавила грчката крајбрежна стража за АФП. Десетина спасени луѓе од траектот се префрлени во хотел на Крф. Еден од нив, возачот на камион Данило Карлучи, изјави за „Ројтерс“: „Ја видовме смртта пред нас“. Се верува дека возачите можеби решиле да спијат во своите возила, а не во преполни кабини со чамци, велат камионџиите кои во саботата ги интервјуираше грчката државна телевизија. Возачите и роднините на исчезнатите ги критикуваа условите во „Еуроферија Олимпија“ во интервјуа за грчките медиуми. Операторот на траектот рече дека 27-годишниот брод последен пат поминал безбедносна проверка во средата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chudo-na-zapaleniot-traket-vo-grcija-chovek-pronajden-ziv-po-dva-dena/feed/ 0
Продолжува потрагата по 12 исчезнати по пожарот на траектот во близина на Крф https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuva-potragata-po-12-ischeznati-po-pozarot-na-traektot-vo-blizina-na-krf/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuva-potragata-po-12-ischeznati-po-pozarot-na-traektot-vo-blizina-na-krf/#respond Sat, 19 Feb 2022 09:42:11 +0000 https://kurir.mk/?p=633454

Рано утрово продолжи потрагата по 12 лица, исчезнати по вчерашниот пожар на траектот што пловеше од Грција кон Италија, а веќе се спасени 280 патници и членови на екипажот, јави дописничката на МИА од Атина. Бројот на исчезнати од 11 се зголеми на 12 лица откако вчера беа пронајдени и спасени двајцата патници, кои со часови останаа заглавени во траектот, но по нивната идентификација произлезе дека еден од нив, веројатно мигрант, нелегално патувал и не бил на официјалната листа со патници. Траектот сè уште се наоѓа во морскиот дел во близина на Крф, а денеска продолжува и гаснењето на пожарот. Припадници на специјалната единица за справување со катастрофи на грчката противпожарна служба вчера попладне ги извлекоа двете лица заглавени во траектот, а претходно, на островот Крф беа пренесени 278 патници и членови на екипажот. Министерот за поморство на Грција, Јанис Плакиотакис истакна дека станува збор за гигантска операција за потрага и спасување и по негова наредба веќе е започната истрага за утврдување на причините за пожарот. Според сведоштвата на патниците за грчките медиуми, капетанот околу 4.30 часот ги информирал дека треба веднаш да ги напуштат нивните кабини, да се соберат на палубите, по што со елеци за спасување биле пренесени и евакуирани во чамци за спасување, а подоцна преземени од бродови на грчката и италијанската крајбрежна служба. Причината за пожарот што избувна додека траектот пловел во морскиот дел североисточно од островот Ерикуса засега не е позната. Траектот „Euroferry Olympia“ пловел под италијанско знаме, тргнал од Игуменица кон Бриндизи, а според официјалните списоци имало 239 патници и 51 член на екипажот, како и автомобили и камиони. Во бројот на спасени вклучени се уште две лица, кои не биле на списокот со патници и веројатно нелегално патувале кон Италија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuva-potragata-po-12-ischeznati-po-pozarot-na-traektot-vo-blizina-na-krf/feed/ 0
Двајца заглавени на бродот, најмалку десет исчезнати и спасени над 270 лица од пожарот на траектот во близина на Крф https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvajca-zaglaveni-na-brodot-najmalku-deset-ischeznati-i-spaseni-nad-270-lica-od-pozarot-na-traektot-vo-blizina-na-krf/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvajca-zaglaveni-na-brodot-najmalku-deset-ischeznati-i-spaseni-nad-270-lica-od-pozarot-na-traektot-vo-blizina-na-krf/#respond Fri, 18 Feb 2022 13:21:27 +0000 https://kurir.mk/?p=633186

Две лица, возачи на камиони кои веројатно спиеле во гаражата на траектот сè уште се заглавени на бродот и во тек е акција за нивно спасување, најмалку десет лица се водат за исчезнати, а 277 патници и членови на екипажот се спасени и пренесени на Крф, по пожарот што избувна на траектот што сообраќал од Грција кон Италија, според информациите во грчките медиуми, Според грчката државна телевизија ЕРТ исчезнати се 14 лица, девет бугарски државјани, тројца Грци и по еден државјанин на Турција и Литванија, а меѓу нив се и двајцата возачи кои успеале да стапат во контакт со спасувачките служби и чекаат да бидат спасени. На островот Крф се префрлени 276 лица, патници и членови на екипажот кои биле на листата доставена од траектот, како и уште едно лице кое патувало без билет и веројатно станува збор за мигрант. Спасените од пристаништето на Крф ќе бидат пренесени во хотели. Генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Јанис Коцопулос за грчката телевизија ЕРТ рече дека десет лица се хоспитализирани, од кои повеќето се со проблеми со дишењето. Паралелно со спасувачката акција, во тек е и акција за гаснење на пожарот на самиот траект. Според сведоштвата на патниците за грчките медиуми, капетанот околу 4.30 часот ги информирал дека треба веднаш да ги напуштат нивните кабини, да се соберат на палубите, по што со елеци за спасување биле пренесени и евакуирани во чамци за спасување, а подоцна преземени од бродови на крајбрежните служби. Од грчката крајбрежна служба утрово соопштија дека биле информирани за пожар на траектот „Euroferry Olympia” што плови под италијанско знаме додека се наоѓал во морскиот дел североисточно од островот Ереикуса, додека пловел од Игуменица за Бриндизи. – Според официјалната евиденција на екипажот и патниците што ги достави капетанот на бродот во Игуменица, пред неговото поаѓање, на „ Euroferry Olympia” имало 239 патници и 51 член на екипажот. Во тек е акција за спасување и транспорт на патниците на бродот. Целосната регистрација и идентификација на патниците ќе се изврши на Крф, рече Никос Лагадианос од грчката крајбрежна служба. Тој додаде дека во морскиот дел во близина на траектот се четири патролни бродови и еден спасувачки брод на грчката крајбрежна служба, чамец на италијанска економска полиција, два брода што се во близина, два приватни чамци, четири хеликоптери, од кои два од военото воздухопловство и по еден од крајбрежната служба и воената морнарица, една фрегата, како и реморкери. Причината за пожарот на траектот засега не е позната. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvajca-zaglaveni-na-brodot-najmalku-deset-ischeznati-i-spaseni-nad-270-lica-od-pozarot-na-traektot-vo-blizina-na-krf/feed/ 0
Крф и Родос се меѓу 50-те споменици на УНЕСКО, загрозени од зголемувањето на морското ниво https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krf-i-rodos-se-megju-50-te-spomenici-na-unesko-zagrozeni-od-zgolemuvanjeto-na-morskoto-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krf-i-rodos-se-megju-50-te-spomenici-na-unesko-zagrozeni-od-zgolemuvanjeto-na-morskoto-nivo/#respond Wed, 17 Oct 2018 08:52:16 +0000 https://kurir.mk/?p=116039

Средновековните грчки градови Крф и Родос се меѓу 50-те историски споменици, дел од листата на светското културно наследство на УНЕСКО, на кои до 2100 година им се заканува целосно поплавување. Ова го јави грчката телевизија Скај, повикувајќи се на истражување на група научници од универзитетот во германскиот град Кил. Меѓу загрозените споменици е и кипарскиот град Пафос. Во други делови на светот загрозени споменици се Пјаца дел Дуомо во Пиза, Амалфи, Белиот град во Тел Авив, Помпеја и други. Според истражувањето, засновано врз математички модели, се очекува зголемувањето на нивото на морето да предизвика поплави кои ќе ги загрозат спомениците лоцирани во крајбрежните области. - Нашите заклучоци се првична проценка за тоа каде е најитна адаптација за новите реалности и каде е потребна политичка поддршка, изјави Лена Рејман која е дел од тимот. Шеф на истражувањето и професор по географија на Универзитетот во Кил со грчко потекло, Атанасиос Вафидис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krf-i-rodos-se-megju-50-te-spomenici-na-unesko-zagrozeni-od-zgolemuvanjeto-na-morskoto-nivo/feed/ 0