криминал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 17 Sep 2023 15:20:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png криминал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОК ВМРО ДПМНЕ-Битола: Скандалите од епски размери што ги прават СДСМ и ДУИ продолжуваат во АД ЕСМ! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ok-vmro-dpmne-bitola-skandalite-od-epski-razmeri-shto-gi-pravat-sdsm-i-dui-prodolzhuvaat-vo-ad-esm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ok-vmro-dpmne-bitola-skandalite-od-epski-razmeri-shto-gi-pravat-sdsm-i-dui-prodolzhuvaat-vo-ad-esm/#respond Sun, 17 Sep 2023 15:20:45 +0000 https://kurir.mk/?p=878818

Скандалите од епски размери што ги прават СДСМ и ДУИ продолжуваат во АД ЕСМ! Во последниот тендер за набавка на јаглен кој бил распишан во јули минатата година во вредност од 22 милиони евра, прашуваме од колкави размери е направен криминал во РЕК Битола? И се функционира според нивната добро позната матрица. Прашуваме дали е точно дека деновиве за прикривање на овој криминален скандал се врши терор врз инженерскиот кадар во РЕК Битола и деградирање на пониски позиции? Гледајќи ги криминалите на власта, а загрижени за своите работни места, тие го известиле менаџерскиот тим и колегите! Но, наместо одговорна реакција, се жртва на казни и притисоци! Како што предупредуваме подолг период за намерните хаварии и криминали во енергетскиот сектор, наместо јагленот кој се барал на тендерот, се носи висококалоричен битуменозен јаглен од Албанија кој предизвикал оштетувања во опремата на блоковите и чести застои во производството, особено затоа што термоцентралите во Битола и Кичево не се приспособени да користат ваков тип на гориво. Најпроблематичен е јагленот што доаѓа од рудникот Селеница во Албанија. Тој содржи битумен. Како дошло до тоа да се користи битуменозен јаглен кога и во тендерот строго било наведено дека се бара лигнит – не е познато и сето тоа надлежните институции имаат обврска пред граѓаните да го проверат. На тендерот на ЕСМ од јули минатата година, увоз на јаглен вршеле три фирми, од кои една е албанска енергетска компанија наречена „Хај Тауерс“ и две се микрофирми од Скопје основани од ист човек, извесен А.И. (Аљибер Ибраими) од Мала Речица. Едната фирма, наречена „Куантум Солушнс“, ја формирал непосредно пред да се распише тендерот, а другата, „Енергија Икс“, по објавувањето на тендерот. Тендерите за неговите фирми со вкупна вредност од над девет милиони евра се всушност прва работа што односните фирми воопшто ја добиле. Не се знае како ја извршувале работата, кога ниту имале возен парк, ниту пак отворени канцеларии! Иако ВМРО ДПМНЕ јавно ги бараше, ЕСМ не ги достави договорите на увид на јавноста. Од овде јавно го повикуваме Јавното обвинителство, другите надлежни институции веднаш да реагираат и да ги преземат соодветните дејствија! Одговорност за трошњето на народните пари е неизбежно, сите граници се поминати!!!, обвинуваат од ОК ВМРО ДПМНЕ-Битола. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ok-vmro-dpmne-bitola-skandalite-od-epski-razmeri-shto-gi-pravat-sdsm-i-dui-prodolzhuvaat-vo-ad-esm/feed/ 0
„Секогаш кога ДУИ се фатени во криминал велат дека тоа е поради етничката припадност, но за секој украден денар ќе се одговара пред лицето на правдата“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekogash-koga-dui-se-fateni-vo-kriminal-velat-deka-toa-e-poradi-etnichkata-pripadnost-no-za-sekoj-ukraden-denar-ke-se-odgovara-pred-litseto-na-pravdata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekogash-koga-dui-se-fateni-vo-kriminal-velat-deka-toa-e-poradi-etnichkata-pripadnost-no-za-sekoj-ukraden-denar-ke-se-odgovara-pred-litseto-na-pravdata/#respond Thu, 14 Sep 2023 12:35:43 +0000 https://kurir.mk/?p=878044

Неколку пати почнува таа изградба, ќе видиме како ќе се развива. Но, она што е важно да се каже е дека секогаш кога Демократската унија за интеграција е фатена во криминал или во процес за кој што постои основано сомневање за криминал, тие тогаш се обидуваат да ја спинуваат целата таа процесна активност и да велат дека тоа е поради етничката припадност, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Свети Николе одговарајќи на новинарски прашања каде што беше прашан за коментар за изборот на компанијата донатор на ДУИ, „Еуровиа“ за главен подизведувач на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорот 8 и дел од Коридорот 10Д на кој што денес почнаа градежните активности. На коментарите на власта дека нападите на целокупната јавност за изборот на фирмата „Еуровиа“ дека се работи за напади по национална основа, Мицкоски рече дека криминалот нема боја ниту етничка припадност, и деак во конкретниот случај за кој постојат основани сомневања за сторен криминал се вклучени лица припадници на различни етникуми во Македонија. Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе го истражи сето ова што се случува и за кои постојат основани сомневања за сторен криминал и ќе се погрижи за секој украден денар да се одговара пред лицето на правдата. „Напротив, не само што тука нема етнички разлики, туку можам да кажам дека во овој криминал, за кој што постои основано сомневање дека е криминал, здружени се припадници од различни етникуми во Македонија, вклучително и луѓе кои што се дел од македонскиот народ, албанскиот и останатите етникуми во Македонија. Криминалот нема боја, нема етничка припадност и, повторно ви кажувам дека, сето ова кое што се случува ќе биде сериозно истражено од страна на следната влада на ВМРО-ДПМНЕ и еден фенинг, еден денар да е украден, верувајте ми на зборот дека, тој кој што тоа го сторил тоа ќе биде изведен пред лицето на правдата“, рече Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekogash-koga-dui-se-fateni-vo-kriminal-velat-deka-toa-e-poradi-etnichkata-pripadnost-no-za-sekoj-ukraden-denar-ke-se-odgovara-pred-litseto-na-pravdata/feed/ 0
Спасовски: Секој кој се занимава со криминал мора да сноси одговорност, не размислувам дали некој е во роднинска врска со носители на функции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-sekoj-koj-se-zanimava-so-kriminal-mora-da-snosi-odgovornost-ne-razmisluvam-dali-nekoj-e-vo-rodninska-vrska-so-nositeli-na-funktsii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-sekoj-koj-se-zanimava-so-kriminal-mora-da-snosi-odgovornost-ne-razmisluvam-dali-nekoj-e-vo-rodninska-vrska-so-nositeli-na-funktsii/#respond Mon, 22 May 2023 13:57:31 +0000 https://kurir.mk/?p=837480

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на гостувањето во вестите на Канал 5, одговарајќи на прашање за приведувањето на син на пратеник и на висок полициски службеник, а во врска со недозволена трговија со дрога и оружје, рече: „Интензивни активности имавме изминатиот период. Одделот за организиран криминал при МВР, заедно со Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и, секако, со основните јавни обвинителства. Двете акции се за одбележување - на подрачје на СВР Скопје и на подрачје на СВР Штип, во коишто беа разбиени неколку криминални групи кои се занимаваа со трговија на дрога и со трговија на оружје. Во Скопје беа разбиени неколку криминални групи, извршени беа претреси на 27 локации, уапсени 15 лица кои се занимавале подолго време и беа следени од МВР. Исто така, на подрачје на СВР Штип, лица од Кочани, Виница, Берово беа уапсени за трговија со дрога. Исто така, таму имаше полициски службеник кој практично соработувал со оваа група”, рече Спасовски, додавајќи дека за никого нема отстапки во сносењето одговорност. „Пораката е јасна - секој еден кој се занимава со криминал мора да сноси одговорност. За никого нема отстапки во овој дел и апсолутно не сакам да размислувам во правец дали некој е во роднинска или било каква врска со носители на функција. Секој еден треба да сноси одговорност. Затоа што не само за дрогата и оружјето, за секаков вид на криминална активност, ако не се даде енергичен одговор од државата и институциите, тоа значи губење на таа битка со криминалот и корупцијата”, беше категоричен Спасовски, потврдувајќи ја одлучноста да се стави крај на ваквите активности. Притоа, тој потенцираше дека борбата е перманентна во овој дел, при што потсети на активностите со кои на подрачје на СВР Тетово беше уапсена 10 члена криминална група за трговија со луѓе, односно подведување на малолетно лице.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-sekoj-koj-se-zanimava-so-kriminal-mora-da-snosi-odgovornost-ne-razmisluvam-dali-nekoj-e-vo-rodninska-vrska-so-nositeli-na-funktsii/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Со ставањето на европското знаме на законите за изградба на коридорите 8 и 10Д власта сака само да си го озакони криминалот кој го прави https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-stavaneto-na-evropskoto-zname-na-zakonite-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d-vlasta-saka-samo-da-si-go-ozakoni-kriminalot-koj-go-pravi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-stavaneto-na-evropskoto-zname-na-zakonite-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d-vlasta-saka-samo-da-si-go-ozakoni-kriminalot-koj-go-pravi/#respond Mon, 22 May 2023 07:06:06 +0000 https://kurir.mk/?p=837248

Власта на ДУИ и СДС го злоупотребуваат го европското знаменце за законите за изградба на коридорите 8 и 10Д за озаконување на криминалот кои го прават. Нема ниту „Е“ од европско во законите кои ДУИ и СДС ги предложија во Собранието. Истото ова го потврдија и од Европската унија укажувајќи на непотребната злоупотреба на институтот „европско знаменце“ Измените на законите немаат ништо заедничко со евроинтеграциите, немаат заедничко ниту со европското законодавство и европските принципи. Напротив, измените на законот за работни односи каде што работно време се зголемува од 40 часа на над 60 часа работна недела, не е европски. Исто така не е европски ниту законот за градење каде што е врши израмнување на легалните и нелегалните објекти при нивна експроприација. Владата на ДУИ и СДС веќе почна да исплаќа пенали за коридорите 8 и 10Д, а истите немаат ниту проект, ниту траса каде ќе се градат, ниту пак има некакви градежни активности. Затоа веднаш власта на ДУИ и СДС треба да го објави договорот кои го имаат потпишано на увид на македонската јавност. Над 300 милиони евра криминалците од ДУИ и СДС ќе исплатат на име провизии, пенали и аванси, а нема ниту 1 м2 асфалт ставено. Наместо 300 милиони евра да бидат вложени во рурални средини за потребите на граѓаните и проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните, Груби и Ковачевски ги крадат. Единствено што видоа граѓаните од досега платените над 300 милиони се само фотографирање пред таблите поставени во „чест“ на криминалот кој го прават и мавтање со знаменца од страна на кукавицата Димитар Ковачевски. Сликање и потоа оставање на празни ливади и табли кои ќе служат за потсетување на граѓаните за украдените пари. Одговорност за овој епски криминал кои го прават Груби и Ковачевски ќе има многу скоро. За секој денар украден од граѓаните под превезот на„ строго доверливо“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-stavaneto-na-evropskoto-zname-na-zakonite-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d-vlasta-saka-samo-da-si-go-ozakoni-kriminalot-koj-go-pravi/feed/ 0
Ристовски: Димевски е полн со криминали, одлуката не му ја почитувам! https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ristovski-dimevski-e-poln-so-kriminali-odlukata-ne-mu-ja-pochituvam/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ristovski-dimevski-e-poln-so-kriminali-odlukata-ne-mu-ja-pochituvam/#respond Fri, 28 Apr 2023 10:07:21 +0000 https://kurir.mk/?p=828633

Македонскиот голман и член на Вардар 1961, Борко Ристовски, свика прес-конференција на која говореше за суспензијата која му ја изрече Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), по барање на првиот човек Даниел Димевски, а е во времетраење од четири години. Чуварот на мрежата на Вардар 1961 стои дека е казнет дека „како претставник на политичка партија во ТВ емисија „За или против“ изнесувал лаги, клевети и ширел невистини на сметка на Претседателот на Олимпискиот комитет, Даниел Димевски, кои може да бидат штетни по МОК“. „Мислам дека од денес ќе почне една нова страница во македонскиот спорт и ќе се разјаснат многу работи. Можеби некој го знаеше она кое се случува во спортот, но не се објавуваше јавно. Знаевме дека зад еден човек стојат повеќе лоши работи, но јас бев премногу спортски, премногу македонски настроен. Ама овој пат, ќе го докамеже криминалот со документи и ќе оставиме на надлежните органи да реагираат и пресудат. Одлуката на г-динот Даниел Димевски најмногу се базира на страв и на немоќ, затоа што апсолутно е неправно издржана. Тој мисли дека со одредена ваква дисциплинска постапка, или казна, ќе ме одврати од намерата да ме заврши она коешто сум го почнал. Сакам да појаснам дека денес исклучително настапувам како Борко Ристовски, како спортист, така ќе ја водам и оваа битка. Сакам да се тргнат овие луѓе од спортот. Г-динот Димевски се прецени во неговите напади. Пред некого да нападнете, треба да го запознаете вашиот противник и да го знаете човекот. Ние имаме документи, а институциите ќе одлучат каков и дали имало криминал. Човекот кој позади себе знае дека има многу индиции за сторен криминал, по мое гостување на една ТВ, се одлучи да се затскрива зад МОК, доведувајќи го во подредена ситуација, една таква институција. Тој правно можеше да поднесе пријава за клевета на суд па таму да се докажуваме, но реши да донесе една нелегитимна одлука која ниту ќе ја почитуваме, ниту ќе се жалиме“, изјави Ристовски. Во името на Борко Ристовски говореше и адвокатот Гого Атанасијевиќ кој беше претставник на својот клиент. „Би почнал од вчерашниот дел каде ретерирањето на повиканот за одлуката, претседателот на Дисциплинската комисија на МОК, само ја потврдува тежината на одлуката и начинот на кој таа е донесена. По бројни консултации со колеги и правници, ова е типичен пример на т.н слаб-тужба која има за цел да го заплаши и да ме одврати од намерите мојот клиент во своето постапување“, кажа Атанасијевиќ во своето обраќање. На конференцијата беа поделени документи како докази, во кои се има договори за закуп за државен имот. Се работи за случајот со салата СРЦ „Кале“ кој Антикорупциската комисија го води против Даниел Димевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ristovski-dimevski-e-poln-so-kriminali-odlukata-ne-mu-ja-pochituvam/feed/ 0
Европол: Организираниот криминал се инфилтрира во европските пристаништа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-organiziraniot-kriminal-se-infiltrira-vo-evropskite-pristanishta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-organiziraniot-kriminal-se-infiltrira-vo-evropskite-pristanishta/#respond Wed, 05 Apr 2023 09:41:04 +0000 https://kurir.mk/?p=820447

Криминални групи за шверц на дрога се повеќе се инфилтрираат во европските пристаништа поткупувајќи функционери и тајно внесуваат свои членови во објектите, соопшти денеска европската полициска служба Европол, јави ДПА. Бандите главно користеле контејнерски транспорт за шверц на кокаин во Европската унија. Тие сè повеќе ги користеле дигиталните безбедносни кодови што се наменети за заклучување на контејнерите. Со шифрите, криминалците лесно можат да ги отворат контејнерите и да ја отстранат дрогата скриена внатре. Според Европол, околу 90 милиони контејнери минуваат низ поморските пристаништа на ЕУ, а само дел од нив се проверуваат. Рекордна количина од речиси 200 тони кокаин е запленета на двете главни пристаништа Ротердам во Холандија и Антверпен во Белгија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-organiziraniot-kriminal-se-infiltrira-vo-evropskite-pristanishta/feed/ 0
„Ковачевски инфлацијата и криминалот ги зголеми, но не заборави да си ја зголеми и платата“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-inflatsijata-i-kriminalot-gi-zgolemi-no-ne-zaboravi-da-si-ja-zgolemi-i-platata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-inflatsijata-i-kriminalot-gi-zgolemi-no-ne-zaboravi-da-si-ja-zgolemi-i-platata/#respond Mon, 03 Apr 2023 06:40:39 +0000 https://kurir.mk/?p=819308

Ковачевски инфлацијата и криминалот ги зголеми, но не заборави да си ја зголеми и платата, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Македонија со Ковачевски имаше најголема стапка на инфлација во регионот и во врвот на Европа, скоро 20% инфлација ги стопи примањата на граѓаните во последната година. Откако е СДС на власт стандардот на граѓаните е во континуиран пад, тоа што претходно можело да се купи со 500 денари, сега не може ниту со 1.000 денари. Залудни се сите фалби за некакво зголемување на плати, кога во реалноста куповната моќ опаѓа. Единствено што има пораст е криминалот, тендерите и платите на функционерите. Ковачевски додека замрзнува цени на макарони, и залажува со квази мерки на мала врата ќе си ја зголеми платата за 78%, како за него, така и за неговите министри и функционери. Потребни се коренити промени. Со Ковачевски на власт, народот ќе страда, а функционерите ќе се богатат, се вели во соиопштението на партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-inflatsijata-i-kriminalot-gi-zgolemi-no-ne-zaboravi-da-si-ja-zgolemi-i-platata/feed/ 0
АНКЕТА: Најголеми проблеми се корупцијата, криминалот и судството – државата оди во погрешна насока https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-najgolemi-problemi-se-koruptsijata-kriminalot-i-sudstvoto-drzhavata-odi-vo-pogreshna-nasoka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-najgolemi-problemi-se-koruptsijata-kriminalot-i-sudstvoto-drzhavata-odi-vo-pogreshna-nasoka/#respond Mon, 27 Feb 2023 08:40:19 +0000 https://kurir.mk/?p=805449

Само 10 отсто од испитаниците сметаат дека земјата се движи во позитивна насока, за македонските граѓани најголем проблем во државата се економијата и намалената стопанска активност, 2/3 од испитаниците не очекуваат сегашниот премиер да донесе подобрувања во економијата, евроскептицизмот е во пораст... Ова се дел од резултатите на најновото истражување на МКД.мк кое на 1.200 испитаници го спроведе агенцијата Маркет вижн. Мал дел од испитаниците, само 10% сметаат дека земјата се движи во позитивна насока. Половина или 51,1% од испитаниците сметаат дека најголем проблем во државата се економијата и намалената стопанска активност.   Подобрување на животниот стандард очекуваат само 20% од испитаниците, додека речиси ист процент (19,3%) очекуваат сегашниот премиер до крајот на својот мандат да донесе подобрувања во делот на економијата, наспроти две третини од испитаниците кои не очекуваат сегашниот премиер да донесе подобрувања во економијата. Нефункционирањето на правниот систем, односно криминалот и корупцијата е најчесто посочуван проблем, одговор кој го дале 21,4% од испитаниците. СИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТАТА ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НА МКД.МК
 ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-najgolemi-problemi-se-koruptsijata-kriminalot-i-sudstvoto-drzhavata-odi-vo-pogreshna-nasoka/feed/ 0
„ВМРО-ДПМНЕ им објави војна на криминалот и корупцијата, затоа се нервозни Ковачевски и Груби и навредуваат пратеници“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-im-objavi-vojna-na-kriminalot-i-koruptsijata-zatoa-se-nervozni-kovachevski-i-grubi-i-navreduvaat-pratenitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-im-objavi-vojna-na-kriminalot-i-koruptsijata-zatoa-se-nervozni-kovachevski-i-grubi-i-navreduvaat-pratenitsi/#respond Thu, 23 Feb 2023 15:49:04 +0000 https://kurir.mk/?p=804263

Димитар Ковачевски денес повторно покажа невидено ниво на примитивизам, навредата кон пратеникот Миле Лефков е доказ дека Ковачевски губи контрола, зошто мнозинството не му се зголемува, туку намалува, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Ковачевски правеше реконструкција, за да зголеми мнозинство, а му избегаа Алтернатива и Демократски сојуз. Ковачевски е нервозен и навредува. ВМРО-ДПМНЕ објави војна на корупцијата и криминалот и затоа се уплашени и Ковачевски и Груби. И Ковачевски и Груби знаат дека доаѓа време за одговорност за сиот криминал, но и дека по изборите нема да бидат на функции, за да може да го злоупотребуваат, реагираат од партијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-im-objavi-vojna-na-kriminalot-i-koruptsijata-zatoa-se-nervozni-kovachevski-i-grubi-i-navreduvaat-pratenitsi/feed/ 0
„Криминалот на Ковачевски, Ахмети и високите владини функционери од Македонија направија најкорумпирана земја, заедно во друштво со Суринам, Индија и Тунис“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kriminalot-na-kovachevski-ahmeti-i-visokite-vladini-funktsioneri-od-makedonija-napravija-najkorumpirana-zemja-zaedno-vo-drushtvo-so-surinam-indija-i-tunis/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kriminalot-na-kovachevski-ahmeti-i-visokite-vladini-funktsioneri-od-makedonija-napravija-najkorumpirana-zemja-zaedno-vo-drushtvo-so-surinam-indija-i-tunis/#respond Thu, 02 Feb 2023 07:30:53 +0000 https://kurir.mk/?p=794950

Криминалот на Димитар Ковачевски и Али Ахмети и високите владини функционери од Македонија направија најкорумпирана држава, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Македонија е на дното според индексот за перцепција на корупција на Транспаренси интернешенл и е во друштво со Суринам, Индија и Тунис. Криминалот е присутен во секоја пора од општеството, според Транспаренси Интернешенл од 180 земји, Македонија се наоѓа на 85-то место со 40 поени на скалата на која 0 означува најкорумпирана. Речиси секој ден излегуваат нови афери и докази за коруптивни скандали на владата на СДС и ДУИ. Извештајот покажува дека нема никаков резултат, а борба со корупцијата има само на хартија. Владините институции за борба против корупцијата не даваат резултат и не успеваат да ја запрат корупцијата. Напротив, високи владини претставници се директно вмешани во најголемите коруптивни скандали, сопругата на Ковачевски, синовите и родителите на министри се во милионски бизниси за производство на струја, високи владини функционери се вмешани во корупција со испумпување на народни пари, милионски тендери во четири очи, поставување на париски судии и обвинители се само дел од причините зошто Македонија е најкорумпирана држава. Македонија ја има најкорумпираната влада. Секогаш кога СДС е на власта криминалот царува, а државата тоне. Потребни се предвремени парламентарни избори и нова влада која ќе спроведе нови суштински реформи, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kriminalot-na-kovachevski-ahmeti-i-visokite-vladini-funktsioneri-od-makedonija-napravija-najkorumpirana-zemja-zaedno-vo-drushtvo-so-surinam-indija-i-tunis/feed/ 0