криминална група – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 30 Jun 2023 11:54:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png криминална група – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Европол: Уапсен е шефот на криминалната група одговорна за измама на стотици пензионери https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-uapsen-e-shefot-na-kriminalnata-grupa-odgovorna-za-izmama-na-stotitsi-penzioneri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-uapsen-e-shefot-na-kriminalnata-grupa-odgovorna-za-izmama-na-stotitsi-penzioneri/#respond Fri, 30 Jun 2023 11:54:31 +0000 https://kurir.mk/?p=851217

Полицијата на Германија, Полска и Велика Британија со поддршка на Европол го уапсила шефот на криминалната мрежа одговорна за измама на стотици постари граѓани, соопшти денеска Европол. Како што се наведува, осомничениот шеф на групата е приведен во близина на Лондон, од каде управувал со мрежа на измамници кои главно биле насочени кон германски и полски граѓани. Во исто време, германската полиција изврши претреси на пет локации и заплени повеќе од 160.000 евра во готовина, златни прачки и накит.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-uapsen-e-shefot-na-kriminalnata-grupa-odgovorna-za-izmama-na-stotitsi-penzioneri/feed/ 0
Сузбиена меѓународна криминална група: Во пратка со банани од Еквадор нарачана од македонски државјанин, откриени 105 кг. кокаин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/suzbiena-megunarodna-kriminalna-grupa-vo-pratka-so-banani-od-ekvador-narachana-od-makedonski-drzhavjanin-otkrieni-105-kg-kokain/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/suzbiena-megunarodna-kriminalna-grupa-vo-pratka-so-banani-od-ekvador-narachana-od-makedonski-drzhavjanin-otkrieni-105-kg-kokain/#respond Wed, 10 May 2023 12:55:28 +0000 https://kurir.mk/?p=832730

На 08 и 09.05.2023 година од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Оддел за криминалистичка полиција во соработка со Службата за борба против дрога од Солун, Република Грција реализиран е случај на недозволена трговија со наркотична дрога кокаин, при што во Солун се запленети 105 килограми кокаин и лишени се од слобода 10 лица, и тоа 7 лица државјани на Република Грција и 3 лица државјани на Република Албанија, додека во Република Северна Македонија се лишени од слобода 4 лица, државјани на РСМ. Случајот е реализиран како резултат на повеќемесечна размена на информации и веќе успешно воспоставената соработка со Службата за борба против дрога од Солун, за лица кои како членови на меѓународна организирана криминална група преземале низа на дејствија со цел набавка и пренесување на наркотична дрога кокаин од Еквадор до пристаништето во Солун, со намера потоа кокаинот да биде дистрибуиран во повеќе земји. Кокаинот на пристаништето во Солун пристигнал сокриен во три контејнери натоварени со банани од Еквадор, кои биле нарачани и платени од страна на правно лице од Скопје. Сопственик и управител на правното лице е А.К. (70) од Скопје, кој во текот на 2022 година го регистрирал правното лице во договор со С.Г. (58) од Гевгелија, со цел истото да се користи за увоз на овошје од Јужна Америка. По пристигнувањето во Солун, контејнерите биле преземени од товарно моторно возило со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од македонскиот државјанин М.М. (30), кој бил ангажиран од страна на С.Г.. Откако М.М. го преземал и натоварил контејнерот, тој со товарното моторно возило се упатил во магацин во близина на Солун. По кратко време, од страна на Службата за дрога од Солун во магацинот пронајдено е возилото и во него се пронајдени и запленети 105 килограми кокаин. М.М. се дал во бегство, но откако денеска (10.05.2023) преку зелениот појас на државната граница помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија влегол на наша територија, тој е лишен од слобода од страна на нашите полициски службеници. Во вечерните часови на 08.05.2023 и во текот на 09.05.2023 од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Оддел за криминалистичка полиција во соработка со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, ОВР Гевгелија и Царинската управа на РСМ, со цел обезбедување на дополнителни материјални докази, беа преземени интензивни мерки и активности и врз основа на добиени наредби за претрес на дом и деловни простории од Судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси во домот каде што престојува А.К. и на која адреса е регистрирано и правното лице, претрес во домот кај С.Г. во Гевгелија, како и во деловните простории на две правни лица каде истиот е сопственик и управител и претрес во домот кај С.М. (30) во општина Богданци, сопственичка и управител на правното лице на кое биле регистрирани товарното моторно возило и приколката. За време на претресите пронајдена е и одземена документација од правните лица поврзана со набавка и увоз на овошје од Јужна Америка, мобилни телефони, пари и други предмети кои ќе послужат како доказ во понатамошната постапка. Лицата се лишени од слобода и во текот на денешниот ден (10.05.2023) од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје до Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 ст.3 од КЗ. Министерството за внатрешни работи продолжува со бескомпромисната борба за спречување на шверцот со наркотици и со одличната соработка со полициите од другите држави насочена кон сузбивање на оваа појава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/suzbiena-megunarodna-kriminalna-grupa-vo-pratka-so-banani-od-ekvador-narachana-od-makedonski-drzhavjanin-otkrieni-105-kg-kokain/feed/ 0
ВИДЕО: Сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со кокаин- приведени 4 лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-suzbiena-organizirana-kriminalna-grupa-involvirana-vo-nedozvolena-trgovija-so-kokain-privedeni-4-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-suzbiena-organizirana-kriminalna-grupa-involvirana-vo-nedozvolena-trgovija-so-kokain-privedeni-4-litsa/#respond Tue, 04 Apr 2023 13:29:53 +0000 https://kurir.mk/?p=820102

На 03.04.2023 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за криминалистички истраги - Единица за недозволена трговија со дрога врз основа на спроведена повеќемесечна меѓународна истрага и формирани истражни тимови помеѓу Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО за ГОКК), Специјалното јавно обвинителство и Одделот за организиран криминал на Република Албанија спроведе координирана полициска акција, при што изврши претреси на повеќе локации на подрачјето на Скопје и Прилеп и лиши од слобода четири лица, и тоа А.М.(51), Д.З.(37), М.Ј.(35) и Д.Ј.(39), сите од Скопје. Денеска (04.04.2023) до ОЈО за ГОКК поднесена е кривична пријава против А.М., Д.З., М.Ј., сите од Скопје, како и против Р.Т.(45) од Прилеп, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.3 од Кривичниот законик, соопшти Сузана Прањиќ Талевска од МВР. Четирите лица се дел од меѓународна организирана криминална група инволвирана во организирање на транспорт на кокаин за земјите од ЕУ, кои во текот на јуни 2021, од непознати лица од Албанија набавиле, а потоа и организирале пренесување на 300 пакувања со маса од 324,4 килограми кокаин за Р.Италија со товарно возило „даф“, со приколка, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А.. Имено, на 16.06.2021 Н.А. на ГП Ќафасан остварил излез од Р.Северна Македонија кон Р.Албанија, при што на царинските управи на двете држави декларирал извоз на легална стока-железо, со крајна дестинација во Италија. Истиот ден, А.М. и Р.Т., одделно, на ГП Блаце оствариле излез од државата кон Р.Косово, а потоа заедно, со патничко возило, преку ГП Морина/Кукс се упатиле кон Албанија. Следниот ден (17.06.2021), Д.З. и М.Ј. на ГП Блаце оствариле излез кон Р.Косово, а потоа со патничко возило преку ГП Морина/Кукс се упатиле кон Албанија. Потоа, по претходен договор, на локација во Албанија приколката била одвоена од влекачот, управуван од Н.А., а во просторот кај резервоарите за нафта во влекачот биле ставени 300 пакувања со бруто маса од 324,4 килограми кокаин, набавен од албански државјани. Потоа приколката повторно била споена со влекачот, кој се упатил кон пристаништето Драч, со цел стоката да се пренесе во Италија, по претходна организација на А.М., Р.Т., Д.З. и М.Ј. На 18.06.2021 на ГП на пристаништето во Драч – Р. Албанија, од страна на службени лица – цариници од Царинската управа на Р. Албанија, извршено е скенирање на товарното возило со приколка управувано од Н.А., при што во влекачот биле забележани сокриените пакувања, по што бил извршен претрес и биле пронајдени 300 пакувања кокаин со вкупна тежина од 324,4 килограми. Против Н.А. е поднесена кривична пријава до надлежното Специјално јавно обвинителство во Тирана – Р. Албанија за сторено кривично дело поврзано со недозволена трговија со наркотични дроги. Поради ова, на 03.04.2023 спроведена е полициска акција на повеќе локации на подрачјето на Скопје и Прилеп, а врз основа на издадени наредби извршен е претрес кај лицата, при што се пронајдени и одземени повеќе мобилни телефонски апарати, сим картички, патничко возило и документација. При обид да биде лишено од слобода, едно од лицата, Р.Т. не почитувал полициска наредба и со возилото удрил во службено полициско возило, при што се здобил со тешки телесни повреди и е задржан на болничко лекување. Притоа, четирите лица се лишени од слобода, а кривично пријавените се изнесени пред судија на претходна постапка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-suzbiena-organizirana-kriminalna-grupa-involvirana-vo-nedozvolena-trgovija-so-kokain-privedeni-4-litsa/feed/ 0
ДЕТАЛИ: Сузбиена 12-члена организирана криминална група, вршеле кривични дела против културното наследство и природните реткости https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-suzbiena-12-chlena-organizirana-kriminalna-grupa-vrshele-krivichni-dela-protiv-kulturnoto-nasledstvo-i-prirodnite-retkosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-suzbiena-12-chlena-organizirana-kriminalna-grupa-vrshele-krivichni-dela-protiv-kulturnoto-nasledstvo-i-prirodnite-retkosti/#respond Tue, 13 Dec 2022 13:34:35 +0000 https://kurir.mk/?p=775014

На 12.12.2022 Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со секторите за внатрешни работи, под раководство на надлежен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција при што сузбиена е 12-члена организирана криминална група, која подолг временски период  делувала на подрачјата и околината на Прилеп, Струмица, Пробиштип, Неготино, Куманово, Свети Николе, Кавадарци и Кочани, инволвирана во вршење на кривични дела против културното наследство и природните реткости. Имено, на 12.12.2022 со судски наредби извршени се претреси на вкупно 27 локации кај 23 лица, при што пронајдени и привремено се одземени разни археолошки предмети, монети, метални предмети, фигури, метал детектори и опрема за метал детектори, скици, оружје, муниција, дрога, ваги и природни реткости, по што 11 лица се лишени од слобода, а по едно се трага. Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство по спроведените претреси и пронајдени предмети како и врз основа на претходно обезбедени материјални докази на 12.12.2022 против 12 лица: С.Џ.(47) од с.Канатларци, прилепско, З.А.(39) од с.Зубово, Ново Село, Т.А.(58) од Пробиштип, Н.М.(48) од Струмица, Д.Р.(36) од Василево, Р.З.(27) од с.Банско, М.А.(31) с.Мокрино, Ново Село, Д.П.(37) од Ново Село, М.Џ.(37) од с.Канатларци, Г.К.(44) од Ваташа, М.С.(42) од с.Банско и И.С.(47) од с.Коњух, кратовско, поднесе кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ по член 394 став 1, „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 264, „прикривање“ по член 261 став 3, „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 265, „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 266 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи  по член чл.396 ст.1 од Кривичниот законик. Пријавените С.Џ. и З.А., во периодот од декември 2021 до декември 2022 година, со цел стекнување на противправна имотна корист создале злосторничко здружение во кое како членови за целиот временски период или повремено партиципирале останатите кривично пријавените лица. Целта на формирањето на оваа добро организирана и строго контролирана криминална група била стекнување на противправна имотна корист која произлегува од извршените кривични дела, присвојување и изнесување во странство на добра под привремена заштита, културно наследство или природни реткости. Пријавените организатори и членови на злосторничкото здружување, во наведениот период континуирано разменувале информации за локалитети, метал детектори и други апарати и алати, нуделе на продажба пронајдени предмети, вршеле истражувања на различни локации со цел пронаоѓање и ископување на археолошки предмети на повеќе локации низ државата кои ги продавале на заинтересирани лица во државата и во странство. Како што соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска, дополнително, при извршените претреси, кај две лица, кои не се дел од организираната криминална група, констатирани се две кривични дела, за кои против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Имено, кај С.Р.(78) од с.Обедник, демирхисарско, пронајдени се ловна пушка и муниција кои ги поседувал без дозвола и против него ќе биде поднесена пријава по чл.396 ст.1, додека кај В.С.(61) од Куманово пронајдени се марихуана, вага и природни реткости и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по член 215 став 1,  „прикривање“ по член 261 став 3 и „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 265, сите од Кривичниот законик.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-suzbiena-12-chlena-organizirana-kriminalna-grupa-vrshele-krivichni-dela-protiv-kulturnoto-nasledstvo-i-prirodnite-retkosti/feed/ 0
Со закани принудувале странци да продаваат крофни, разбиена криминална група на Халкидики https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-zakani-prinuduvale-stranci-da-prodavaat-krofni-razbiena-kriminalna-grupa-na-halkidiki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-zakani-prinuduvale-stranci-da-prodavaat-krofni-razbiena-kriminalna-grupa-na-halkidiki/#respond Fri, 15 Jul 2022 12:46:28 +0000 https://kurir.mk/?p=705728

Со уцени и закани 39-годишен Грк и неговите соработници принудувале странски државјани да работат за него и да продаваат крофни на 19 плажи на Халкидики, без при тоа да постои дозвола од надлежен орган, а со оружје и физичко насилство се справувале со конкуренцијата, јави дописничката на МИА од Атина. Грчката полиција разби криминална група во која освен 39-годишниот, учествувале уште 12 други лица, сите грчки државјани на возраст од 17 до 52 години, а се товарат за изнуди, трговија со луѓе и прекршување на неколку закони. Како што соопштија од грчката полиција, криминалната група за да биде единствена која продаваат на преполните плажи, користеле методи и практики на уцени, односно во најмалку седум случаи употребиле закани по живот, нанесувале телесни повреди и употребиле огнено оружје против други продавачи на крофни, како и кон сопственици на угостителски објекти на плажите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-zakani-prinuduvale-stranci-da-prodavaat-krofni-razbiena-kriminalna-grupa-na-halkidiki/feed/ 0
Разбиена криминална група: Тигрите извршија претреси во Скопје, Арачиново и Радуша – уапсени 13 лица, пронајдена голема количина на дрога (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/razbiena-kriminalna-grupa-tigrite-izvrshija-pretresi-vo-skopje-arachinovo-i-radusha-uapseni-13-lica-pronajdena-golema-kolichina-na-droga-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/razbiena-kriminalna-grupa-tigrite-izvrshija-pretresi-vo-skopje-arachinovo-i-radusha-uapseni-13-lica-pronajdena-golema-kolichina-na-droga-foto/#respond Sat, 02 Apr 2022 09:23:59 +0000 https://kurir.mk/?p=657294

По повеќемесечна криминалистичка истрага, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за криминалистички истраги - Единицата за недозволена трговија со дрога, разбиена е криминална група на подрачјето на Скопје. Имено, лицата подолг период вршеле продажба на наркотични дроги марихуана и кокаин, за што од страна на ЕНТД при ОСОСК се обезбедени материјални докази. Во текот на целата истрага вкупно се приведени 13 лица кај кои се пронајдени кокаин и марихуана. Само во текот на вчерашниот ден (01.04.2022), врз основа на наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, ЕНТД во содејство со Специјалната антитерористичка единица Тигар изврши претреси на шест локации во Скопје, Арачиново и Радуша, при што се пронајдени повеќе килограми наркотична дрога марихуана и повеќе полиетиленски пакувања со кокаин, како и ваги и други предмети од кривични дела. Приведени се Ш.И.(36) и Ј.Х. (21), а се трага по С.И.(30). До Основното јавно обвинителство поднесена е кривична пријава против три лица Ш.И.(36), С.И.((30) и Ј.Х.(21) поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија, а од Судија на претходна постапка им е одреден притвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/razbiena-kriminalna-grupa-tigrite-izvrshija-pretresi-vo-skopje-arachinovo-i-radusha-uapseni-13-lica-pronajdena-golema-kolichina-na-droga-foto/feed/ 0
Сузбиена македонско-бугарска криминална група која произведувала синтетичка дрога во Софија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/suzbiena-makedonsko-bugarska-kriminalna-grupa-koja-proizveduvala-sintetichka-droga-vo-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/suzbiena-makedonsko-bugarska-kriminalna-grupa-koja-proizveduvala-sintetichka-droga-vo-sofija/#respond Wed, 30 Mar 2022 14:04:15 +0000 https://kurir.mk/?p=655778

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за криминалистички истраги - Единица за недозволена трговија со дрога до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска (30.03) поднесе кривична пријава против П.Т. (66) од Скопје, Б.Т. (36) и А. Т. (34), сите од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.3 од Кривичниот законик. П.Т. (66) е приведен денеска (30.03.2022) како дел од меѓународната криминалистичка истрага во рамки на која Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за недозволена трговија со дрога, по повеќемесечна оперативна соработка со Одделот за борба против организиран криминал на Р.Бугарија и во координација на SELEC (Центарот за спроведување на законите во Југоисточна Европа), сузбија македонско-бугарска организирана криминална група, при што на 10.02.2022 во Софија, Р. Бугарија е откриена импровизирана нелегална лабораторија за производство на синтетички дроги. Притоа, од слобода се лишени четири лица, од кои двајца македонски државјани. Б.Т. и А.Т. од Скопје. Кај лицата се пронајдени и запленети повеќе килограми амфетамин и други видови на хемиски супстанци и прекурсори. Истовремено на територијата на Република Северна Македонија при претрес на дом, пронајдени и одземени се прекурсори од II и од III категорија контролирани супстанци во Законот за прекурзори, кои се користат во нелегално производство на повеќе видови дроги, како и други хемиски супстанци неопходни за зголемување на масата на одредени дроги. Во текот на денешниот ден (30.03), на територија на РСМ приведен е и П.Т.. Б.Т. и А.Т. ,како дел од поголема меѓународна криминална група, а со цел стекнување на противправна имотна корист на територија на Р.Бугарија (Софија) инсталирале нелегална лабараторија за производство на синтетички дроги амфетамин, метамфетамин и екстази и потоа неовластено произведената синтетичка дрога ја продавале на територија на Р.Бугарија, а дел од истата транспортирале во РСМ, каде била преземана од страна на П.Т. заради понатамошна продажба. Лицето лишено од слобода во текот на денешниот ден ќе биде изнесено пред судија на претходна постапка, за кого од страна на Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК до Основниот кривичен суд во Скопје е поднесен предлог за одредување на мерка притвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/suzbiena-makedonsko-bugarska-kriminalna-grupa-koja-proizveduvala-sintetichka-droga-vo-sofija/feed/ 0
ВИДЕО: Разбиена криминална група која се занимавала со недозволена трговија со дрога – уапсени се 3 лица, а запленетa дрога вредна 50.000 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-razbiena-kriminalna-grupa-koja-se-zanimavala-so-nedozvolena-trgovija-so-droga-uapseni-se-3-lica-a-zapleneta-droga-vredna-50-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-razbiena-kriminalna-grupa-koja-se-zanimavala-so-nedozvolena-trgovija-so-droga-uapseni-se-3-lica-a-zapleneta-droga-vredna-50-000-evra/#respond Wed, 26 Jan 2022 14:43:42 +0000 https://kurir.mk/?p=623236

На 25.01.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Скопје и ОВР Свети Николе, по спроведена истрага во координација на Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, беше пресечен транспорт на марихуана, со вкупна тежина од 25,3 килограми, вредна 50.000 евра, при што се лишени од слобода М.А.(63), Д.К.(45) и Ј.К.(82). Имено, во текот на јануари 2022 првопријавениот М.А. ја набавил дрогата и го ангажирал Д.К. на 24.01.2022 со рент-а-кар возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, да ја пренесе до викенд куќа на место Голиево, во Мирковци, изнајмена од страна на првопријавениот. На 25.01.2022, откако М.А. договорил купопродажба на 10 килограми марихуана во с.Василево, струмичко, ги ангажирал Д.К. и Ј.К. да ја пренесат дрогата со возилото „форд фокус“ до викенд куќа во с.Василево, а М.А. со остатокот од дрогата, со патничко возило „шевролет калос“ со скопски регистарски ознаки, се упатил кон Скопје. Истиот ден, на автопатот Скопје-Штип, во близина на место „Преод“, од страна на полициски службеници при извршен преглед на возилото „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К., каде како совозач бил Ј.К., во задниот дел биле пронајдени вреќа со марихуана во вкупна количина од околу 10 килограми и торба со остатоци од марихуана, а кај лицата биле пронајдени пари во различни валути и апоени. Притоа, двете лица биле лишени од слобода, како што соопшти Сузана Прањиќ Талевска, портпарол на МВР. Околу 14.00 часот на ул.„Јадранска магистрала“, од страна на полициски службеници била извршена контрола на патничко возило „шевролет калос“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А., при што во багажниот простор биле пронајдени торба со 30 пакувања марихуана, неколку засебни пакувања со марихуана, две дигитални ваги со остатоци од марихуана, во вкупна количина од над 15 килограми. И М.А. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица. Денеска (26.01.2022) Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против М.А., Д.К. и Ј.К., поради постоење основи на сомневање дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено и казниво по чл. 215 ст.3 од Кривичниот законик. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-razbiena-kriminalna-grupa-koja-se-zanimavala-so-nedozvolena-trgovija-so-droga-uapseni-se-3-lica-a-zapleneta-droga-vredna-50-000-evra/feed/ 0
Разбиена организирана криминална група: 5 лица приведени, за тројца одреден притвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/razbiena-organizirana-kriminalna-grupa-5-lica-privedeni-za-trojca-odreden-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/razbiena-organizirana-kriminalna-grupa-5-lica-privedeni-za-trojca-odreden-pritvor/#respond Mon, 04 Oct 2021 10:45:54 +0000 https://kurir.mk/?p=572714

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал во содејство со ОВР Кичево, вчера во координација со СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции, ги лишија од слобода Е.И.(28) од Скопје, А.К.(33) од Скопје, Н.А.(47) од Кичево, како и В.Б.(38) од Кичево и Ф.М.(26) од Прилеп. По претходно преземени мерки и активности и добиена судска наредба, извршени се претреси во дом и други простории кај петте лица, при што се пронајдени и одземени куршуми, марихуана, прашкаста материја и разни други предмети кои потекнуваат од кривични дела. Со ова се расчистени и две кривични дела „разбојништво“, извршени во декември 2020 и јануари 2021 година, од кои едното со смртни последици. Петте лица се приведени за понатамошна постапка. Од Одделението за внатрешни работи Кичево против Е.И., А.К. и Н.А. е поднесена кривична пријава за тешки дела по член 237 од Кривичниот законик и тие се предадени ОЈО Кичево, при што од страна на судија од Основен суд Кичево ним им е изречена мерка притвор. На В.Б. и Ф.М., пак, од страна на ОВР Кичево и ОВР Прилеп ќе им бидат поднесени пријави по член 396 и член 215 од Кривичниот законик. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/razbiena-organizirana-kriminalna-grupa-5-lica-privedeni-za-trojca-odreden-pritvor/feed/ 0
Европол: Разбиена балканска криминална група трговци со кокаин, еве колку дрога е запленета https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-razbiena-balkanska-kriminalna-grupa-trgovci-so-kokain-eve-kolku-droga-e-zapleneta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-razbiena-balkanska-kriminalna-grupa-trgovci-so-kokain-eve-kolku-droga-e-zapleneta/#respond Mon, 27 Sep 2021 11:38:55 +0000 https://kurir.mk/?p=568870

Во меѓународна полициска акција координирана од Европол, разбиена е балканска група на трговци со кокаин и започната истрага против повеќе од 61 осомничени членови на таа криминална организација. Во заедничка акција на припадници на полицијата од Шпанија, Хрватска, Србија, Германија, Словенија, БиХ, САД и Колумбија, спроведена истовремено на повеќе локации во Европа, припадниците на оваа криминална организација беа лишени од слобода, претежно државјани на Хрватска, Црна Гора, Србија и Словенија, се наведува во соопштението на Европол. За време на полициската акција, запленети се 2,6 тони кокаин, 324 килограми марихуана, девет луксузни автомобили и пет мотоцикли, како и 612 илјади евра во готово. Додека криминалците се движеа на релација помеѓу Шпанија и Јужна Америка со цел да ги откријат деталите за акцијата за шверц на кокаин со вкупна тежина од над 1,25 тони, беа применети специјални полициски мерки за надзор. Истрагата беше забрзана во март годинава кога шефовите на овој криминален картел отпатуваа во Шпанија за да се подготват за пристигнувањето на пратката кокаин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-razbiena-balkanska-kriminalna-grupa-trgovci-so-kokain-eve-kolku-droga-e-zapleneta/feed/ 0