крипто валути – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 21 May 2023 08:13:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png крипто валути – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Крипто измами ја тресат Хрватска: „Компанија оштетила клиенти за десетици милиони евра“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kripto-izmami-ja-tresat-hrvatska-kompanija-oshtetila-klienti-za-desetitsi-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kripto-izmami-ja-tresat-hrvatska-kompanija-oshtetila-klienti-za-desetitsi-milioni-evra/#respond Sun, 21 May 2023 08:13:12 +0000 https://kurir.mk/?p=836925

Десетици милиони евра – за толку се проценува дека компанијата за крипто средства од Риека ги оштетила своите клиенти. Она што изгледаше како добра прилика сега е ноќна мора. Сопствениците на компанијата се недостапни, а полицијата истражува. Инвестирањето во криптовалути се претвори во огромен ризик за стотици луѓе. Парите ги вложиле преку фирма од Риека, а сега изгледа останале без ништо. Загубите се проценуваат на десетици милиони евра. Оштетените инвеститори го контактираа здружението за блокчејн за совет. „Ги собравме овие одредени јавно достапни информации, ги анализиравме и дојдовме до некои заклучоци, имено дека средствата на инвеститорите завршувале на централизирани берзи. Самите луѓе кои се чувствуваат оштетени треба да бараат преку нивните правни застапници каде им се средствата и што се случило потоа со таквите трансакции“, изјави Иван Чизмиќ, генерален секретар на здружението и адвокат. Сопствениците на компанијата не одговараат на повиците. На прашањето, од полицијата потврдуваат дека имаат информации за случајот. Им пришле и некои граѓани, јавува репортерката на Дневник Нова ТВ Катарина Јусиќ Мезга. „Секоја година гледаме нешто слично, ова е можеби најголемата загуба на пари на самите клиенти“, велат експертите. Ветувањата за повеќекратно зголемување на инвестициите звучат одлично. „Луѓето едноставно веруваа, а овде во крипто заедницата уште од самиот почеток предупредуваме дека цените на начо монетите и криптовалутите, ако му верувате на некој таков, тоа може да биде лоша инвестиција и да инвестирате во лоши проекти и на крајот на денот, туѓите пари ќе се прокоцкаат“, вели научникот за податоци Борис Агатиќ. Затоа хрватската народна банка советува – не инвестирајте во крипто средства износ поголем од она што сте подготвени да го изгубите. Бидејќи крипто средствата, велат тие, моментално имаат карактеристики на шпекулативна инвестиција. Луѓето во Риека денес се претпазливи во врска со криптовалутите. Токму затоа ваквите бизниси бараат добро образование и информации пред првата и најмала инвестиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kripto-izmami-ja-tresat-hrvatska-kompanija-oshtetila-klienti-za-desetitsi-milioni-evra/feed/ 0
Директорот на банкротираната берза за крипто валути „Еф-те-екс“ обвинет за измами вредни неколку милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-bankrotiranata-berza-za-kripto-valuti-ef-te-eks-obvinet-za-izmami-vredni-nekolku-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-bankrotiranata-berza-za-kripto-valuti-ef-te-eks-obvinet-za-izmami-vredni-nekolku-milijardi-dolari/#respond Tue, 13 Dec 2022 17:29:06 +0000 https://kurir.mk/?p=775109

Сем Банкман-Фрид, озлогласениот поранешен извршен директор на берзата за крипто валути „Еф-те-екс“ (FTX) синоќа беше обвинет по низа федерални прекршоци за измама, поврзано со ставање во заблуда на инвеститори и трошење на милијарди долари добиени од неговите клиенти за сопствени потреби. Тој беше задржан од властите додека се наоѓал во својата вила на Бахамите, каде што живее, изјава јавниот обвинител на островската земја. Федерална голема порота од САД го товари Банкман-Фрид по осум кривични дела, од злоупотреба со трансфер на пари до прекршување на закони за финансирање изборни кампањи, се дознава од тужбата објавена денеска од јужниот округ на Њујорк. Банкман-Фрид, исто така, е обвинет за користење пари од клиенти за неговиот приватен хеџ фонд за криптовалути и употреба на нивниот капитал „да прави непознати инвестиции, да купува раскошни недвижности и да прави големи политички спонзорства“. -Тој изгради кула од карти на темели на измама, а истовремено им велел на инвеститорите дека тоа е едно од најбезбедните градби за крипто“, изјави Гари Генслер, раководител на Комисијата за хартии од вредност и берзи (СЕК). Банкман-Фрид сега се соочува со барање за екстрадиција во САД. Според познавачите, тој може да ја оспори, па се очекува процес за реализација на екстрадицијата пред да започне судењето. Дел од американските медиуми јавуваат дека покрај раскошната вила, тој поседувал хотели на Бахамите со кои управувале неговите родители.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-bankrotiranata-berza-za-kripto-valuti-ef-te-eks-obvinet-za-izmami-vredni-nekolku-milijardi-dolari/feed/ 0
Ковачевски апелира да не се копаат крипто валути затоа што тоа троши многу струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-apelira-da-ne-se-kopaat-kripto-valuti-zatoa-shto-toa-troshi-mnogu-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-apelira-da-ne-se-kopaat-kripto-valuti-zatoa-shto-toa-troshi-mnogu-struja/#respond Tue, 06 Sep 2022 13:39:42 +0000 https://kurir.mk/?p=729477

Премиерот Димитар Ковачевски денеска апелира да не се копаат крипто валути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна. -Во однос на снабдувањето имам апел. Има одредени домови па и правни лица во кои има енормно висока потрошувачка на струја и тоа е речиси 100-процентно заради копање крипто валути, тоа треба да се прекине зашто таа електрична енергија е субвенционирана од сите граѓани. Субвенцијата која на финалната цена ја плаќаат граѓаните е 80 проценти, но кога ќе кажете 80 проценти значи дека ако не е субвенцијата граѓаните треба да платат пет пати повисока цена. Секое неразумно непродуктивно и несовесно тгрошење предизвикува недостиг, допонбителни буџетски издатоци и немање за снабдување на оние на кои им треба за најважните лични и деловни потреби, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по седницата на Советот за безбедност. Прашан зошто не се следи косовскиот пример кој законски забранува копање крипто валути, Ковачевски одговори дека за тоа е потребно носење законско решение. -Да, може, но за тоа мора да се донесе законско решение. Се додека не се донесе законско решение, ќе мора да се оди со апел, а доколку се работи за компании, односно за правни лица, знаете дека воведовме тарифирање во блокови па ако е голема потрошувачката преминуваат во друг блок. Во овој период не треба да се прави тоа поради недостигот на електрична енергија. Споредби со соседни држави е добро да се прават, јас сум во комуникација со сите, но секој има своја специфика. Косово моментно е во тешка ситуација и таму веќе се почнати рестрикции, истакна премиерот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-apelira-da-ne-se-kopaat-kripto-valuti-zatoa-shto-toa-troshi-mnogu-struja/feed/ 0
НУК со барање: Угостителите да издаваат и да тргуваат со крипто валути https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuk-so-baranje-ugostitelite-da-izdavaat-i-da-trguvaat-so-kripto-valuti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuk-so-baranje-ugostitelite-da-izdavaat-i-da-trguvaat-so-kripto-valuti/#respond Wed, 01 Dec 2021 09:41:45 +0000 https://kurir.mk/?p=602357

Независната угостителска комора (НУК) почна иницијатива за креирање иницијална понуда за издавање глобален алтернативен крипто коин – крипто средства наменети за користење исклучиво во угостителската индустрија. Со тоа, според НУК, се обезбедува алтернативен извор и начин на прибирање средства за инвестирање и финансирање на македонски и регионални угостители и угостителски објекти. Како што наведува Комората, приходите остварени од инвестициите во крипто средството, авансно ќе се исплатуваат и инвестираат во угостителите кои ќе имаат за обврска добиените средства да ги враќаат и исплаќаат со реализација и испорака на сопствени угостителски услуги. -За побрзо да ја прекинеме агонијата на преживување од ден во ден и да изнајдеме алтернативни начини за финансирање, инвестирање и помош и поддршка на угостителската индустрија не само локално туку и регионално, ја почнуваме оваа иницијатива со колеги од Балканот за издавање на глобално крипто средство базирано на паметни договори како една нова модерна можност за прибирање на финансиски средства и промоција на македонскиот и балканскиот туристичко-угостителски сектор кој ги следи и имплементира модерните технологии во угостителскиот сектор, истакнуваат од НУК. НУК објаснува дека на овој начин, со промоција на т.н. македонска и балканска крипто дестинација, индивидуалци од целиот свет кои сакаат да ги планираат и да инвестираат во своите годишни патувања и одмори – летувања и зимувања во земјава и во регионот, бизнисмени, тур-оператори и туристички агенции кои имаат потреба да закупат и резервираат повеќе различни угостителски капацитети, номади, инвестициски фондови и инвеститори, ќе можат да инвестираат и да го купат ова крипто средство по загарантирани повластени цени кои важеле на денот на купување со што ќе стекнат право да ги користат услугите на угостителите кога сакаат или да тргуваат со крипто средствата по актуелни цени во кој било момент од наредниот период. Независната угостителска комора потсетува дека на четврти октомври достави барање до Народната банка, Министерството за финансии, Министерството за економија, Управата за јавни приходи и Централниот регистар за информации за можности за законска трговија и издавање крипто валути согласно постојната регулатива. -Со оглед дека изминатите денови поради сите случувања со рударењето на крипто средства во медиумите се потврдија информациите достапни на официјалната страна на Народна банка дека кај нас, како и во други земји, прашањето на издавање, вложување и тргување со крипто-средствата не е регулирано ниту во Законот за девизно работење што го регулира и работењето со странство и ова значи дека работењето со крипто-средствата не е недозволено, туку во моментов тоа е нерегулирано.. Целокупната иницијатива со целосно иновативен пристап и решение за примена на крипто средства во угостителската индустрија може да се реализира запазувајќи ја постојната и усогласена со ново најавената законска регулатива за работа со крипто-виртуелни средства која се имплементира преку нацрт-закон за спречување перење пари и финансирање тероризам што е во собраниска процедура, напоменува Комората. НУК најавува дека за реализација и евиденција каде можат да ги користат или тргуваат со крипто средства со кои располагаат, сопствениците и инвеститорите целосен увид во понудата на угостителските услуги кои ќе можат да ги користат од листата на членки – угостителски објекти ќе имаат преку специјализираната платформа за резервации и реализации за која веќе е во развој. Вредноста на услугите што ќе може да се користат преку платформата, ќе бидат изразени единствено во крипто средство. Преку платформата ќе се вршат и сите порамнувања за користените услуги и трансакции направени во и кај угостителските објекти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuk-so-baranje-ugostitelite-da-izdavaat-i-da-trguvaat-so-kripto-valuti/feed/ 0
Уапсени две лица, вработени во Железници „копале“ криптовалути https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapseni-dve-lica-vraboteni-vo-zeleznici-kopale-kriptovaluti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapseni-dve-lica-vraboteni-vo-zeleznici-kopale-kriptovaluti/#respond Sat, 20 Nov 2021 13:55:31 +0000 https://kurir.mk/?p=597719

МВР информира дека уапсени се две лица, вработени во Железници транспорт, поради сомнение дека копале криптовалути. Во текот на вчерашниот ден инспектори од Единицата за економски криминал при СВР Скопје и полициски службеници од ОВР Аеродром ги лишиле од слобода М.У.(63) и Д.П.(38), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, информираат од МВР за ТВ21. Постапувајќи по пријава примена во 18.30 часот од страна на раководно лице во Железници на РСМ – Транспорт, според која во канцеларија опремена со компјутери, во која биле неколку вработени, забележал поголема потрошувачка на струја поради што се посомневал во копање на криптовалути, полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки и активности ги привеле двете лица вработени Железници, кои ја користеле канцеларијата, при што било извршено и запечатување на просторијата. По расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Се поставува прашањето зошто на овој начин не било реагирано кога медиумите открија дека во подрумските простории на ГТЦ, во магацини кои биле изнајмени од синот на Амди Бајрам, Габриел Бајрам, се копале криптовалути. Имено, медиумите успеаја пред неколку дена да влезат во една од просториите и да снимат голем број на компјутерска опрема наменета за копање криптовалути, а од МВР тогаш рекоа дека не се откриени никакви криминални активности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapseni-dve-lica-vraboteni-vo-zeleznici-kopale-kriptovaluti/feed/ 0