Крис Картер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 May 2023 08:19:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Крис Картер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Крис Картер доаѓа во Скопје, се најавува саемски спектакл https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kris-karter-doaga-vo-skopje-se-najavuva-saemski-spektakl/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kris-karter-doaga-vo-skopje-se-najavuva-saemski-spektakl/#respond Tue, 02 May 2023 08:19:56 +0000 https://kurir.mk/?p=829598

Со промоција на два нови наслови, „Јас сум смрт“ и „Јавувачот“ како дел од серијалот Роберт Хантер, издавачката куќа Сакам Книги со голема радост ја споделува веста за гостувањето на Крис Картер во Скопје, кое е дел од неговата турнеја. Неговите изданија досега во Македонија се продадени во над 10.000 примероци за релативно краток период од околу две години. Крис Картер со неговите читатели ќе може да се дружи на 7-ми мај со почеток од 12 часот во салата Борис Трајковски, во рамки на Саемот на книга, каде ќе потпишува примероци од неговите книги за читателите. Од издавачката куќа најавуваат и неколку изненадувања на самиот настан. ЛИЦЕ В ЛИЦЕ ќе можат да се најдат со Крис Картер и на осми мај во Синеплекс со почеток од 18:00 часот, оние читатели кои навреме набавиле влезница за настанот кој од издавачката куќа го опишуваат како вистинска трилер сензација. Разговорот со Крис Картер ќе го води Јордан Коцевски, автор на психолошки трилери, а на самото случување ќе може и публиката да поставува директни прашања до авторот. Крис Картер е роден во Бразил, а по завршувањето на средното образование оди во САД каде студира психологија со специјализација за криминално однесување. Како криминален психолог има работено неколку години, а потоа почнува со музичката кариера како професионален музичар. Пред неколку години се откажал од сето тоа за да стане писател со полно работно време. Од Издавачката куќа Сакам Книги годинава најавуваат дури 15 нови наслови од различни жанрови, многу попусти, подароци, промоции и книжевни имиња на 35 издание на Саемот на книга. Покрај овие новости, тие најавуваат и промоција на четири нови романи од македонски автори, дел од едицијата Наши, а светски. Далибор Трајков со неговиот нов трилер „Траги од минатото“, потоа Оља Петрушевска-Томева која со „Сагата на Рајна“ доживеа голем успех, за овој саем на книга ќе ги израдува нејзините читатели со нов роман, „Најслаткиот филџан кафе“. Саша Богдан ќе ја читаме со ново дело, меѓутоа сосема различно од нејзините претходни – овој пат трилер насловен „Излез“. А авторката на „Во војната и љубовта“, Верица Митева овој пат запловува во сосема нови води со мрачната драма „Ја мразам мајка ми“. Сите домашни автори исто така ќе потпишуваат примероци и ќе се дружат со читателите на штандот на Сакам Книги на овогодинешниот Саем на книга.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kris-karter-doaga-vo-skopje-se-najavuva-saemski-spektakl/feed/ 0