крис марфи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 02 Jun 2023 21:15:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png крис марфи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски за пораките од Марфи и од Сарацин: На ниту една средба не сум добил аргумент дека мојата позиција за Уставот е инаетење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-za-porakite-od-marfi-i-od-saratsin-na-nitu-edna-sredba-ne-sum-dobil-argument-deka-mojata-pozitsija-za-ustavot-e-inaetene/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-za-porakite-od-marfi-i-od-saratsin-na-nitu-edna-sredba-ne-sum-dobil-argument-deka-mojata-pozitsija-za-ustavot-e-inaetene/#respond Fri, 02 Jun 2023 21:15:04 +0000 https://kurir.mk/?p=841616

Досега немам слушнато аргумент со кој ќе можат да ме убедат дека јас ова што го зборувам е инаетење, своеглавие и дека на овој начин јас, практично, можам да кажам, да го променам ставот на која било влада, дали германската или американската, поврзан со ориентацијата на Македонија – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека на средбите што ги имал со претставници на меѓународната заедница, на кои се зборувало за уставните измени, тој не добил аргумент дека неговата и позицијата на ВМРО-ДПМНЕ е позиција на инаетење. Ова го кажа Мицкоски во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, прашан за тоа како ги разбира пораките од германскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Емануел Сарацин, и американскиот сенатор Крис Марфи дека неизгласувањето на уставните измени ќе го постави прашањето за вистинската посветеност на земјата на европскиот пат. „Секоја порака на наш стратешки пријател јас ја слушам, детално ја анализирам и, ако конкретно ме прашувате, со господинот Марфи не успеав да се видам, тој се виде со некои од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ми е пренесено што е разговарано на таа 30-минутна средба. А, со господинот Сарацин сум имал можност неколкупати да разговарам. Верувајте ми, досега немам слушнато аргумент со кој ќе можат да ме убедат дека јас ова што го зборувам е инаетење, своеглавие и дека на овој начин јас, практично, можам да кажам, да го променам ставот на која било влада, дали германската или американската, поврзан со ориентацијата на Македонија. Ако е проблем да си го бранам мојот идентитет и ако е проблем да се борам за мојот народ, тогаш очекувам малку повеќе симпатија од истите овие луѓе, од истите овие сојузници, кон овој народ кој толку многу дал за тие европски вредности повеќе од три децении. Малку повеќе симпатии и малку повеќе време од тие четири часа поминати во Македонија“, рече Мицкоски во интервјуто за „360 степени“. За време на последната посета на земјава, Сарацин се сретна и со Мицкоски. По состаноците, Сарацин за „360 степени“ изјави дека на сите соговорници им пренел дека нема време за губење и дека доколку ова лето уставните измени не се спроведат успешно, ќе има многу тешкотии во наредниот период и многу нејаснотии за патот на Северна Македонија. „Важно е да се каже дека одлуката што ќе ја преземе Северна Македонија ние ќе треба да ја почитуваме. Но, исто така, таа ќе биде и толкувана – ако има „не“ за уставни измени, на пример, при гласањето во парламентот, секако дека тоа ќе го толкуваме како знак дека сега, во моментот, не сакаат да одат напред кон ЕУ. Тоа наведува кон прашањето – кој ќе биде патот на земјата ако таа не сака да напредува кон ЕУ? Всушност, немам одговор за тоа и многумина во Северна Македонија ќе го постават тоа прашање, но и во Германија и во ЕУ. Мислам дека треба да избегнеме покренување на ова прашање“, рече Сарацин на 18 мај годинава. Мината седмица сенаторот Марфи беше уште подиректен порачувајќи дека уставните измени се неопходност без кои американско-македонските односи ќе бидат ставени под знак прашалник. „Сакам да бидам јасен за влијанието врз односите со САД ако С Македонија избере друг пат – ако се реши против уставни измени, ако заталка од патот кон ЕУ. Тоа би било загрижувачки за една членка на НАТО, земја за која се обврзавме дека ќе ја браниме врз основа на заедничките вредности“, кажа американскиот сенатор на 26 мај 2023 г.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-za-porakite-od-marfi-i-od-saratsin-na-nitu-edna-sredba-ne-sum-dobil-argument-deka-mojata-pozitsija-za-ustavot-e-inaetene/feed/ 0
Претставници на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мисајловски се сретнаа со сенаторот Марфи: Уставни измени под овие услови и бугарски диктат не се можни, потребен е економски развој и борба со корупцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnitsi-na-vmro-dpmne-na-chelo-so-misajlovski-se-sretnaa-so-senatorot-marfi-ustavni-izmeni-pod-ovie-uslovi-i-bugarski-diktat-ne-se-mozhni-potreben-e-ekonomski-razvoj-i-borba-so-koruptsijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnitsi-na-vmro-dpmne-na-chelo-so-misajlovski-se-sretnaa-so-senatorot-marfi-ustavni-izmeni-pod-ovie-uslovi-i-bugarski-diktat-ne-se-mozhni-potreben-e-ekonomski-razvoj-i-borba-so-koruptsijata/#respond Fri, 26 May 2023 15:14:40 +0000 https://kurir.mk/?p=839131

Денеска пратениците Владо Мисајловски, Никола Мицевски, Ане Лашкоска, Марија Петрушeвска, Бојан Стојаноски и Љупчо Пренџов во својство на претседатели на работни тела и членови на истите остварија средба со американскиот сенатор Крис Марфи. На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во државата, и стратешките интереси на Република Македонија. Пратениците на ВМРО - ДПМНЕ истакнаа дека под овие услови и под бугарски диктат уставните измени не се можни и тие како претставници на граѓаните немаат легитимитет да одлучуваат по ова прашање. Беше посочено дека власта еднострано тера процес без да бидат уважени забелешките и укажувањата од страна на опозицијата, што секако создава уште поголема поделба во општеството. -Беше истакнато дека е потребен економски развој и борба против криминалот и високата корупција како еден од најважните проблеми со кој се соочуваат граѓаните. Заклучивме дека ќе продолжиме да го негуваме пријателството и да го засилуваме партнерството со Соединетите американски држави во однос на локалните и глобалните предизвици, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnitsi-na-vmro-dpmne-na-chelo-so-misajlovski-se-sretnaa-so-senatorot-marfi-ustavni-izmeni-pod-ovie-uslovi-i-bugarski-diktat-ne-se-mozhni-potreben-e-ekonomski-razvoj-i-borba-so-koruptsijata/feed/ 0
Марфи: Имате вистинска можност за ЕУ, ние ќе стоиме до вас на европскиот пат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marfi-imate-vistinska-mozhnost-za-eu-nie-ke-stoime-do-vas-na-evropskiot-pat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marfi-imate-vistinska-mozhnost-za-eu-nie-ke-stoime-do-vas-na-evropskiot-pat/#respond Fri, 26 May 2023 11:30:58 +0000 https://kurir.mk/?p=839033

„Ја поддржуваме поддржуваме вашата одлука да се приклучите кон ЕУ и ве повикуваме да ги преземете потребните чекори за да го овозможите ова проширување. Знам дека беше долг патот кон ЕУ, знам дека многумина поставуваат легитимни прашања за тоа дали ЕУ е вистинската можност. Тука сум за да ви кажам дека е“ изјави американскиот сентарор Крис Марфи по средбата со премиерот Димитар Ковачевски. Тој додаде дека и за членството на земајва во НАТО имаше такви сомнежи, дека никогаш нема да добиеме покана, но по преземањето на потребните, тешки чекори денес Северна Македонија е членка на НАТО Алијансата. „Има слични чекори кои треба да бидат преземени со цел да се приклучите кон ЕУ, но има и нова можност за ЕУ членство. Војната во Украина е криза, но ја разбуди ЕУ, ја освести за потребата да ги остави вратите отворени. Украина не може да влезе во ЕУ ако не влезат и земјите од Балканот и затоа ова е нова реална можност за проширување, а Северна Македонија не треба да ја пропушти оваа прилика“ рече Марфи. Тој додаде дека уставните измени се јасна можност за Северна Македонија да може да се приклучи кон ЕУ. „Сакам да бидам јасен и за влијанието што тоа ќе го има врз односите со САД ако Северна Македонија тргне по друг пат, ако одлучи против овие уставни измени, тогаш ќе се тргнеме од патот од ЕУ, а ќе биде и многу загрижувачки чекор за членките на НАТО. Оние кои сакаме да ги браниме врз основа на нашите вредности“ предупреди Марфи. Тој додаде дека треба да се направи избор и да се искористи моментот за обединување на демократиите во Европа, да ги донесат тешките одлуки и да возвратат на агресијата на Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marfi-imate-vistinska-mozhnost-za-eu-nie-ke-stoime-do-vas-na-evropskiot-pat/feed/ 0
Средба на Мицкоски со американскиот амбасадор Бејли и сенаторот Марфи (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-mickoski-so-amerikanskiot-ambasador-bejli-i-senatorot-marfi-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-mickoski-so-amerikanskiot-ambasador-bejli-i-senatorot-marfi-foto/#respond Sun, 11 Mar 2018 18:04:43 +0000 http://kurir.mk/?p=29065

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари средба со американскиот сенатор Крис Марфи и амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли. На средбата стана збор за продлабочување на меѓусебното пријателство и надградување со нови форми на соработка во насока на исполнување на стратешките интереси на државата, како и за актуелната општествено политичка ситуација. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека во САД гледа пријателска држава која треба да ги поддржи напорите за членството во НАТО. Воедно ВМРО-ДПМНЕ се залага и за членство во Европската унија каде се потребни посериозни заложби од страна на владата особено во поглед на спроведување на реформи во судскиот систем, образованието и поголема поддршка на бизнис секторот. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека владата треба да се посвети на реформските процеси кои се вистински важни за граѓаните и унапредување на животниот стандард, за сметка на ретроградните процеси, политичкиот терор и отворањето на сензационалистички теми кои не носат добро на државата и ја уназадуваат внесувајќи поделби на граѓанското ткиво. Во поглед на спорот за името Мицкоски ги повтори позициите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на ова клучно прашање, при што објасни дека потребен е сериозен ангажман од владата наспроти јавните надавања и менувањето на позиции. Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-mickoski-so-amerikanskiot-ambasador-bejli-i-senatorot-marfi-foto/feed/ 0