Кришјанис Каринш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Aug 2023 11:45:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кришјанис Каринш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Каринш: Дипломатијата на ЕУ со Азија, Африка и Јужна Америка треба да ја водат земји без колонијална историја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/karinsh-diplomatijata-na-eu-so-azija-afrika-i-juzhna-amerika-treba-da-ja-vodat-zemji-bez-kolonijalna-istorija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/karinsh-diplomatijata-na-eu-so-azija-afrika-i-juzhna-amerika-treba-da-ja-vodat-zemji-bez-kolonijalna-istorija/#respond Mon, 28 Aug 2023 11:45:56 +0000 https://kurir.mk/?p=871714

ЕУ треба да им дозволи на земјите членки без историја на колонијални владетели да се справат со клучните, но често тензични дипломатски односи со земјите во Африка, Азија и Јужна Америка, оцени летонскиот премиер во заминување Кришјанис Каринш. - Земјите кои порано биле колони, можеби нема да ги прифатат советите на поранешните колонизатори, изјави Каринш во телевизиско интервју во Рига. Тој додаде дека на неодамнешниот Самит на ЕУ со земјите од Латинска Америка и Карибите, сфатил дека перцепција на овие држави за Европа е „малку слична на перцепцијата на Балтикот за Русија“. Според него, од таму, ставот на поранешните француски колонии за Париз, може да се поистовети со перцепцијата што Летонците ја имаат за Москва. - Претпоставувам дека во поранешна француска колонија оние кои слушаат што има да каже францускиот претседател, може да наликуваат на Летонец кој слуша што има да каже Путин, изјави Каринш. Според него, за да има успех во Азија, Африка и Јужна Америка, Европа треба повеќе да ги користи и поактивно да ги ангажира своите членки кои немаат колонијална историја. Каринш поднесе оставка на местото премиер на 14 август и во моментов неговата Влада функционира како техничка до изборот на нов владин кабинет. Летонските медиуми, наведуваат дека во новата Влада, за чиј состав мандат доби досегашната министерка за благосостојба Евика Силина, Каринш најверојатно ќе раководи со ресорот за надворешни работи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/karinsh-diplomatijata-na-eu-so-azija-afrika-i-juzhna-amerika-treba-da-ja-vodat-zemji-bez-kolonijalna-istorija/feed/ 0