Кристалина Георгиева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Mar 2022 08:47:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кристалина Георгиева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Георгиева: ММФ очекува длабока рецесија во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/georgieva-mmf-ochekuva-dlaboka-recesija-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/georgieva-mmf-ochekuva-dlaboka-recesija-vo-rusija/#respond Mon, 14 Mar 2022 08:47:34 +0000 https://kurir.mk/?p=646736

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува длабока рецесија во Русија поради санкциите што Западот ги воведе кон земјата, предупреди Кристалина Георгиева, шефица на ММФ, пренесе Си-Би-Ес. -Санкциите нагласено остро влијаат врз руската економија. Да, очекуваме длабока рецесија во Русија. Тоа што Русија не ги исполнува своите обврски веќе не го сметаме за неверојатен настан. Оваа земја има пари за сервисирање на долгот, но нема пристап до нив, изјави Георгијева за Си-Би-Ес. Шефицата на ММФ додаде дека  не гледа предуслови за светската финансиска криза поради настаните во Украина и санкциите воведени кон Русија. Меѓу можните последици од украинската криза, таа ги спомена гладот ​​во Африка, растот на цените на енергијата, вештачките ѓубрива и металите, како и зголемената инфлација. -Одвоивме 1,4 милијарди долари за итно финансирање на Украина со отворање посебна сметка во ММФ. Постигнат е договор со украинската Влада и никој друг нема да има пристап до овие пари, објасни Георгиева. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/georgieva-mmf-ochekuva-dlaboka-recesija-vo-rusija/feed/ 0
Извршниот одбор на ММФ ја потврди целосната доверба во Георгиева https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izvrshniot-odbor-na-mmf-ja-potvrdi-celosnata-doverba-vo-georgieva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izvrshniot-odbor-na-mmf-ja-potvrdi-celosnata-doverba-vo-georgieva/#respond Tue, 12 Oct 2021 05:34:48 +0000 https://kurir.mk/?p=577451

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја потврди целосната доверба во директорката на фондот, Кристалина Георгиева, откако ги испита обвинувањата против неа за наводни притисоци врз вработени во Светска банка да изменат податоци за Кина. Извршниот одбор ја донесе одлуката по проучувањето на извештајот на адвокатската фирма Вилмер Хејл, во кој се обвинува Георгиева дека извршила притисок врз нејзиниот персонал во 2017 година, кога таа беше извршен директор на Светска банка, да ги измени податоците за Кина со цел да го подобри резултатот на земјата на Дуинг Бизнис скалата. Одборот вчера соопшти дека има доверба во посветеноста на Георгиева да ги задржи највисоките стандарди на управување и интегритет. Истовремено, тие истакнаа дека планираат дополнителни чекори за зајакнување на мерките за заштита на непристрасноста на вработените во ММФ, како и обезбедување канали за поплаки и несогласувања. Американската министерка за финансии Џенет Јелен и порача на Георгиева дека извештајот за работата на Светска банка „покренал легитимни прашања“, но дека поради недостаток на директни докази, менувањето на раководството на ММФ било неоправдано. Таа нагласи дека „треба да се преземат проактивни чекори за зајакнување на интегритетот и кредибилитетот на ММФ“, а Георгиева и другите лидери на ММФ мора да ја обноват својата посветеност кон транспарентност во истражувањето, анализите и политиките на фондот, се наведува во соопштението на Министерството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izvrshniot-odbor-na-mmf-ja-potvrdi-celosnata-doverba-vo-georgieva/feed/ 0
Георгиева: Пандемијата ќе предизвика глобална рецесија во 2020 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/georgieva-pandemijata-kje-predizvika-globalna-recesija-vo-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/georgieva-pandemijata-kje-predizvika-globalna-recesija-vo-2020-godina/#respond Mon, 23 Mar 2020 19:46:13 +0000 https://kurir.mk/?p=320986

Пандемијата на коронавирус ќе предизвика глобална рецесија во 2020 година која може да биде полоша од онаа што беше видена во текот на финансиската криза во 2008-2009 година, но светското економско производство треба да заздрави во 2021 година, соопшти денеска Меѓународниот монетарен фонд. Извршната директорка на ММФ Кристалина Георгиева ги поздрави вонредните фискални мерки што веќе ги презедоа многу земји за засилување на здравствените системи и заштитата на погодените компании и работници, како и чекорите на централните банки за олеснување на монетарната политика, пренсоа британските медиуми. -Ќе биде потребно уште повеќе напор, посебно на фискален план, истакна Георгиева. Таа појасни дека ММФ значително ќе го засили итното финансирање, напоменувајќи дека 80 земји веќе побарале помош од фондот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/georgieva-pandemijata-kje-predizvika-globalna-recesija-vo-2020-godina/feed/ 0
Претседателот на Светска банка поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-svetska-banka-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-svetska-banka-podnese-ostavka/#respond Tue, 08 Jan 2019 07:19:25 +0000 https://kurir.mk/?p=149539

Претседателот на Светската банка Џим Јон Ким ја напушта функцијата на 1 февруари, се наведува во соопштението од СБ. Вршител на должноста претседател на СБ ќе стане Кристалина Георгиева, генерален директор на оваа институција, јави Би-Би-Си. Џим Јон Ким стапи на должноста шеф на СБ на 1 јули 2012 година со мандат од пет години. Подоцна, Советот на директори на банката повторно го избра за претседател до 2022 година. „Голема чест беше да служам како претседател на оваа извонредна институција, полна со страсни поединци, посветени на мисијата за ставање крај на екстремна сиромаштија”, се наведува во соопштението од Ким. Тој не ја соопшти причината за неговата оставка. Исто така, не е наведено кое е неговото ново работно место. Извесно е дека тој ќе работи во компанија која се занимава со инвестиции во инфраструктурите на земјите во развој. Бугарката Кристалина Георгиева до 2017 година работеше како комесарка за буџет и човечки ресурси во Европската комисија, предводена од Жан Клод Јункер. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-svetska-banka-podnese-ostavka/feed/ 0