кристиан тимоние – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Sep 2020 14:33:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кристиан тимоние – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски до Тимоние: Старо-новата влада без конкретни мерки и проекти и во новиот мандат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-do-timonie-staro-novata-vlada-bez-konkretni-merki-i-proekti-i-vo-noviot-mandat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-do-timonie-staro-novata-vlada-bez-konkretni-merki-i-proekti-i-vo-noviot-mandat/#respond Mon, 28 Sep 2020 14:33:13 +0000 https://kurir.mk/?p=409670

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес (28.09.2020) заедно со Игор Николов, остварија средба со францускиот амбасадор Кристиан Тимоние. На средбата разговараа за актуелната политичка состојба во државата како и за тоа кои се приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија. Претседателот Мицкоски посочи дека поради пандемијата предизивикана од КОВИД 19 државата е во тешка економска и здравствена состојба, а старо-новата влада не превзема никакви конкретни мерки со цел да им се помогне на граѓаните како и на бизнис секторот. Во текот на средбата Мицкоски потенцираше дека во државата криминалот и корупцијата се на високо ниво и правдата е селективна, односно се суди само на луѓе од опозицијата. Имено тој укажа на фактот дека власта дели тендери на лица блиски до нив и за тоа никој не одговара, додека народот од ден во ден се повеќе се осиромашува. - ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја усмерат Република Македонија на вистинскиот пат, како и ќе имаат влијание на патот кон Европската унија, истакна Мицкоски. Претседателот Мицкоски му се заблагодари на францускиот амбасадор за средбата и се надева дека ваквите средби ќе продолжат и понатаму во иднина кои ќе придонесат за доброто на целата држава. Исто така, ВМРО-ДПМНЕ искажува благодарност за залагањето на Тимоние, неговото вистинско пријателство кон македонската држава и за сета помош која ја доби државата од неговото делување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-do-timonie-staro-novata-vlada-bez-konkretni-merki-i-proekti-i-vo-noviot-mandat/feed/ 0
Работна средба на министерот Нухиу со амбасадорот на Француската Република Тимоние https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotna-sredba-na-ministerot-nuhiu-so-ambasadorot-na-francuskata-republika-timonie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotna-sredba-na-ministerot-nuhiu-so-ambasadorot-na-francuskata-republika-timonie/#respond Tue, 04 Aug 2020 11:39:57 +0000 https://kurir.mk/?p=385954

Денеска, 4 август 2020 година (вторник),  министерот за внатрешни работи  на  Република Северна Македонија д-р Агим Нухиу одржа работна средба со амбасадорот на Француската  Република Н.Е. Кристиан Тимоние. На средбата беа потврдени пријателските односи,  довербата, реализацијата на заеднички проекти и соработката во голем број области од взаемен интерес. Соговорниците разговараа и за вонредните парламентарни избори кои се спроведоа во нашата држава и активностите и превентивните мерки  кои Министерството за внатрешни работи во рамки на своите надлежности ги презема во справување со глобалната пандемија „Ковид - 19“. На средбата од  страна на двајцата соговорници беше истакнато дека Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија е битна алка во градење на довербата во  државните институции на патот кон Европската унија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotna-sredba-na-ministerot-nuhiu-so-ambasadorot-na-francuskata-republika-timonie/feed/ 0
Тимоние: Избори во Франција со консензус и кога здравствените услови ќе бидат исполнети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timonie-izbori-vo-francija-so-konsenzus-i-koga-zdravstvenite-uslovi-kje-bidat-ispolneti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timonie-izbori-vo-francija-so-konsenzus-i-koga-zdravstvenite-uslovi-kje-bidat-ispolneti/#respond Sun, 17 May 2020 09:31:23 +0000 https://kurir.mk/?p=346875

Избори во Франција со консензус и кога здравствените услови ќе бидат исполнети, ова го вели во интервју за МИА амбасадорот на Франција во земјава Кристиан Тимоние. Европската комисија од март месец по донесувањето на одлуката на Советот работи на подготовка на драфт преговарачката рамка за С. Македонија, која треба да биде претставена на почетокот на јуни, по што ќе следи усогласување на ставовите на земјите членки. Остварлива ли е временската рамка за заокружување на тој процес со цел согласно очекувањата на македонските власти, официјалниот старт на преговорите со првата меѓувладина конференција да се случи за време на Германското претседателство во втората половина од годинава? – Секогаш треба да се поставуваат амбициозни цели, а уште повеќе во време на предизвици без преседан во минатото. Важноста на околностите треба да ги охрабри сите чинители да ги удвојат своите напори и да работат на отстранување на пречките, доколку ги има. Се чини дека комесарот Вархеји е сигурен во шансите за успех: затоа треба сите да го поддржат. Важно е да се постигне почетна динамика со компетентни македонски тимови, поддржани од функционална влада, мотивирана и силна во својот легитимитет што ќе го добие на нови избори. Во процесот на усогласување на преговарачката рамка земјите членки мора да ги испеглаат своите ставови. Каков би бил ставот на Париз доколку во неа се инсистира да бидат вметнати историски и идентитетски барања од страна на Софија? – Во врска со рамката за преговорите, веруваме дека Комисијата ќе ги усогласи ставовите и ќе најде заеднички јазик, во согласност со европскиот интерес. Се надеваме дека на крајот ќе надвладее јачината на европскиот дух, со оглед на важноста на прашањата и заедничкиот интерес за успешно започнување на преговорите, врз основа на новата методологија која ја промовиравме со други земји-членки. Добрата волја што беше искажана при потпишувањето на Договорот во 2017 година, го прави овој текст цврста основа за напредок кон надминување на разликите што може да се појават меѓу двете страни. На инсистирање на Франција беше усвоена новата методологија за преговори. Дали со тоа се исцрпени можните забелешки на Париз за текот на преговарачкиот процес? – Новата методологија инсистира на реално унапредување на владеењето на правото, со механизми за проверка и има реверзибилен карактер. Таа ги исполнува повеќето наши барања, коишто се во интерес на сите граѓани, но и на самата Унија. Исто така, Унијата треба да обезбеди средства за економски и социјален развој на регионот, но и за реализација на сопствените реформи, за да се овозможат добри услови за прием на нови земји-членки. Франција како еден од клучните аспекти на реформите го истакнува владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупција. Како го оценувате напредокот на земјата на ова поле во очекување на новиот извештај на ЕК во контекст на востановената работа на ДКСК и спроти пресудата за случајот „Рекет“ кој е во завршница? – Треба да се поздрави напредокот постигнат во неколку области, од 2017 година наваму, со усвојувањето на одредени реформи и донесувањето закони што очекувавме да се случат, особено во областа на правосудството. Ќе биде потребно да се провери нивната конкретна примена во поглед на независноста на судството во однос на извршната власт, како и во поглед на ефективната борба против корупцијата. Јавноста сега има капацитет да собере доволно информации за да ги согледа резултатите што се очекуваат од истрагата за случајот што го наведувате. А тоа веќе претставува голем чекор напред. Заложбите на Државната комисија за спречување на корупцијата се познати. Веројатно таа има потреба да располага со поголеми средства за ефикасна и непристрасна контрола на бројните случаи доставени до неа, како и за последователни активности за следење на истите откако ќе бидат предадени на правосудните органи. Може да се забележи обновената динамика на Уставниот суд, што дава надеж за вистински исчекор напред кон владеењето на правото и приближување кон европските системи. Исто така, треба да се следи и зацврстувањето на улогата на Народниот правобранител. Македонија е пред одржување на десеттите парламентарни избори. Французите на 15 март излегоа на гласање на првиот круг од локалните избори, резултатите се валидни, следува вториот круг, како веројатен датум се споменува 21 јуни. Дали Франција се подготвува за гласање и како тоа би се организирало во услови на пандемија? – Сè уште не е донесена одлука за одржување на вториот круг на 21 јуни, во 5.000 општини кои треба да пристапат кон спроведување на второто гласање (вклучително и градот Париз). Во тек се активни разговори помеѓу Владата и политичките чинители со цел да се дојде до разумен консензус, каде што здравствените прашања ќе имаат приоритет, дури и во контекст кога пандемијата се повлекува во голем број од нашите региони. Секако, би сакале да се исполнат условите за да имаме зголемена излезност што ќе им даде целосна вредност на изборните резултати. Според податоците на СЗО, заклучно со 13 мај Франција е меѓу десетте земји со најголем број нови случаи, рестрикциите во земјата се олабавени на 11 мај. Каква е состојбата со коронавирусот во Вашата земја и како се справувате со пандемијата? – Франција влезе во период на етапно олабавување на мерките, прогресивно, но и реверзибилно, врз основа на разликите што постојат помеѓу некои области кои се повеќе или помалку погодени, како и според нивните болнички капацитети. Економската активност постепено се обновува, при што се дава можност за движење доколку тоа е неопходно, со јавниот превоз во Париз и неговиот регион, како и за ограничено отворање на училиштата и продавниците, со примена на превентивни здравствени мерки. Движењето со приватни возила во моментов е ограничено на радиус од 100 километри околу местото на живеење. Јавниот превоз подлежи на строги хигиенски услови. Одредени плажи ќе бидат повторно отворени за посетители, како и одредени музеи и културни установи. Одново се стимулираат внатрешните туристички резервации. Има надеж дека строгите рестриктивни мерки што му беа наметнати на населението, даваат резултати, но подготвени сме да се соочиме и со втор бран доколку биде потребно. До каде е работата со ставање во функција на Француската агенција за развој во Македонија? – Се наоѓаме во последната фаза од усогласувањето на договорот: продолживме да работиме во овие тешки денови со нашите одлични партнери од македонските министерства за надворешни работи и финансии. Би сакале што поскоро да се потпише тој договор, за да се изработат проекти, пред сè од областа на здравството и животната средина. Сите знаеме дека климатските промени влијаат врз здравјето на луѓето и создаваат плодна почва за појава на штетни влијанија како тие што ги создаде коронавирусот и болеста Ковид-19. Посакуваме што поскоро да оствариме контакт со соговорници расположени по изборите да се вклучат во конкретни проекти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timonie-izbori-vo-francija-so-konsenzus-i-koga-zdravstvenite-uslovi-kje-bidat-ispolneti/feed/ 0
Ги разбира ли полиглотот Заев пораките на амбасадорката Брнс и на целиот дипломатски кор во Македонија?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gi-razbira-li-poliglotot-zaev-porakite-na-ambasadorkata-brns-i-na-celiot-diplomatski-kor-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gi-razbira-li-poliglotot-zaev-porakite-na-ambasadorkata-brns-i-na-celiot-diplomatski-kor-vo-makedonija/#respond Fri, 31 Jan 2020 10:54:42 +0000 https://kurir.mk/?p=297354

Последниот период „корупција“ стана заеднички именител во вокабулоарот на амбасадорскиот кор во државата. Пораката е иста, само јазиците се различни, англиски, француски, германски, факт кој не би требало да биде проблем за полиглотот, екс премиер. Ова доаѓа по само три години откако Зоран Заев на власт дојде со загубени избори и на крајно сомнителен начин. Од тогаш почна со своите исто така сомнителни изјави, честопати зачинети со гафови и неразбирлива симболика во нив. Една таква изјава е дека судството ќе го отворел како пупка?! Па откако ја даде таа изјава, тогашниот премиер Заев, три пати аболиран во кариерата, сам се назначи за претседател на советот за судски реформи, па откако ги виде реакциите на јавноста се повлече. Оттогаш па до денес, секојдневно излегуваат нови афери за корупција кај луѓе блиски до заевата влада, но и за членови на неговото семејство. Последни се аферите за сканалдозниет доделувања лиценци во бизнисот со медицинска марихуана. Италијанскиот весник „Ла Верита“ објави серија скандали поврзани со Зоран Заев и луѓе блиски до него, бизнисмени кои претпеле штета од истите јавно излегоа и обвинија за рекетирање и корупција и најтазе е вчерашното интервју за амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мери Брнс, која јасно и гласно вчера му порача на Зоран Заев дека корупцијата и невладеењето на правото се главни проблеми во државата. „Корупцијата предизвикува огромна загриженост. И борбата со корупцијата е толку клучна затоа што тоа е број еден препорака за позитивната иднина на оваа земја, за нејзиниот развој, за се што се надева да постигне. Мислам дека многу е важно да се препознае дека независно дали се работи за корупција на високо ниво во форма на поткуп на високи службеници или ситна корупција која граѓаните ја чувствуваат на дневна основа, кога чувствуваат дека треба да платат за да го запишат детето во одредено училиште, за да добијат работа или фер третман во болници. Сите овие форми на корупција ја изобличуваат економската ситуација и креираат недоверба во општетсвото. Затоа, неопходно е сите партии, властите на сите нивоа, но и целото општество да се обединат и да се поттикне сеопфатна дебата за кроупцијата, а тука улога играат и медиумите, но и да се обединат во акцијата да се справат со корупцијата како одговор од целото општество, и да осигураат, бидејќи никој не е имун, дека секој има своја улога“, рече Брнс. Но дали Заев ги разбира овие пораки? Дали Зоран Заев е свесен дека овие пораки доаѓаат од САД? Но ова не се први предупредувања од САД и падот од 13 места во новиот извештај на Транпаренси Интернешнал не е случаен. Индексот на Транспаренси Интернешнал се базира на експертски анализи за корупцијата во јавниот сектор земени по неколку фактори како – дали владини лидери во дадена држава се сметаат за одговорни заради корупција или се неказнети, дали јавните институции одговараат на потребите на граѓаните, дали се смета дека поткупот доминира во одделна држава. Ако добро се погледне овој извештај, ќе забележиме дека земји како Косово, Перу, БиХ, Кувајт, Тринидат и Тобаго, Колумбија, Виетнам и Етиопија се далеку повисоко од нас.   А доколку малку имаме познавање за дел од овие земји, ќе знаеме дека важат за земји во кои владее криминалот и корупцијата, а дел од нив се земји во кои се произведува разновидни дроги како кокаин, хероин и марихиана, проституцијата и трговијата со луѓе е на највисоко ниво. Такви земји во моментов се пред Македонија во овој извештај. Се поставува прашањето, за какви реформи зборуваше Зоран Заев, ако Македонија добива вакви извештаи? Тука не смее да се заборават и пораките од Германија и Франција, односно нивните амбасадори во земјава, Томас Герберих и Кристиан Тимоние, каде и двајцата повикаа за поголема борба против криминалот и корупцијата. – За граѓаните на Македонија е многу важно да има владеење на правото. Гледаме колку луѓе ја напуштаат земјата, тоа го гледам актуелно секое утро кога доаѓам во германската амбасада. Го гледам големиот ред пред амбасадата, ги гледам сите оние коишто поднесуваат барање за добивање на работна виза. Мислам дека освен плата и поголем животен стандард, им недостига и правната сигурност. Тоа е реформа која што треба прва да се спроведе, изјави германскиот амбасадор Томас Герберих. – Прашањата за добивање на датумот кај нас се вртат околу две прашања. Прво, повторно да се види извештајот за напредокот на земјата од областа на човековите права и правната држава и втората точка е тој конкретен Закон за јавно обвинителство. Тој е многу важен затоа што со него би можело да се даде можност да се третираат и стари и нови предмети кои што ја трујат политичката клима. Многу е важно големите политички партии да успеат да се договорат за тоа прашање, посочи францускиот амбасадор Тимоние. И покрај ваквите опомени и пораки, заевата влада остана глува. Напротив, наместо ситуацијата да се подобри, истата се влошува секојдневно. Дипломатскиот кор е едногласен, корупцијата во Македонија е на највисоко ниво, граѓаните не се чуствуваат безбедни, а среќата се решени да си ја бараат во западноевропските земји. Во овој контекст, паралелно со предупредувањето за корупцијата до актуелната власт е и изјавата на Брнс во која таа повика на мирен трансфер на власта по изборите. Пораката е повеќе од јасна. Логиката вели дека доколку СДСМ победи, не може да има никаков трансфер, власта останува иста. Дали со констатацијата за корупцијата, амбасадорката, всушност, даде индиректно појаснување зошто актуелната власт веќе нема да биде на Илинденска бр.2, паралелно повикувајќи и предупредувајќи ги Заев и партијата да не прават проблеми и мирно да го изведат трансферот кој следува по изборите. Потврда на Брнс се и повеќето анкети на јавно мислење во последниот период, кои укажаа на лошиот рејтиг на СДСМ, освен една анкета нарачана лично од нив, која со наводното минимално водство на владејачката номенклатура, се протолкува како алатка за намалување непокојот кај сопственото членство.   Ристе Здравков]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gi-razbira-li-poliglotot-zaev-porakite-na-ambasadorkata-brns-i-na-celiot-diplomatski-kor-vo-makedonija/feed/ 0