кристијан дростен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 May 2021 07:18:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кристијан дростен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германски вирусолог: Невакцинираните лица ќе продолжат да се заразуваат и да се разболуваат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-virusolog-nevakciniranite-lica-kje-prodolzat-da-se-zarazuvaat-i-da-se-razboluvaat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-virusolog-nevakciniranite-lica-kje-prodolzat-da-se-zarazuvaat-i-da-se-razboluvaat/#respond Mon, 10 May 2021 07:18:05 +0000 https://kurir.mk/?p=508257

Експерт за вируси од Берлин рече дека ова лето во Германија може да има олеснување на рестриктивните мерки. -Мислам дека ќе го видиме ефектот што може да се припише на вакцинацијата за прв пат во јуни, рече за телевизијата ЗДФ во неделата вечерта Кристијан Дростен, директор за вирусологија на универзитетската болница во Берлин. На прашањето за годишни одмори, отворање тераси во ресторани и скара со пријатели, тој објасни дека многу работи сега можат да се дозволат на отворено. Но, Дростен предупреди дека не треба да се паѓа под чувството на „целосна еуфорија“ прерано. Тој истакна дека колективниот имунитет ќе ја подобри состојбата наесен, но предупреди дека „болеста нема да исчезне наесен“. -Невакцинираните лица ќе продолжат да се заразуваат и да се разболуваат, но нема да има повеќе неконтролирано ширење на вирусот, додаде тој. Новиот бран на коронавирусни инфекции, кој ги мачи германските власти од ноември, се чини дека се намалува, со оглед на седумдневната стапка на инциденца, која се намалува веќе две недели. Според Институтот за контрола на болести Роберт Кох (РКИ), бројот на нови инфекции на 100.000 жители за седум дена бил 118,6 во неделата навечер на национално ниво, што е помалку од 146,5 претходната недела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-virusolog-nevakciniranite-lica-kje-prodolzat-da-se-zarazuvaat-i-da-se-razboluvaat/feed/ 0
Главниот германски вирусолог предупредува: Влошување на епидемиолошката состојба на пролет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/glavniot-germanski-virusolog-predupreduva-vloshuvanje-na-epidemioloshkata-sostojba-na-prolet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/glavniot-germanski-virusolog-predupreduva-vloshuvanje-na-epidemioloshkata-sostojba-na-prolet/#respond Thu, 28 Jan 2021 10:55:34 +0000 https://kurir.mk/?p=460945

Главниот германски вирусолог Кристијан Дростен очекува дека светот, во однос на пандемијата, нема да се врати во „нормалноста“ долго време и рече дека не верува во можноста за слободно патување во текот на летото. За јавниот сервис АРД, Дростен предупредува на влошување на епидемиолошката состојба на пролет. Тој рече дека по Велигден сè уште нема да има доволно вакцинирани луѓе и предупреди дека ако тогаш се олабават мерките, ќе има ново силно ширење на коронавирусот. Тој е скептичен дека ќе биде можно слободно патување во текот на летото. Дростен смета дека засилените контроли на границата и намалениот воздушен сообраќај се корисни. – Ако имаме силна инфекција во земјата, тогаш не е многу важно дали се додава нешто однадвор, но ние веќе минавме голем дел од патот и затоа мора да бидеме внимателни што доаѓа од надвор, објасни тој. Пандемијата, според него, не може да се прогласи за победена. – Овој вирус не е безопасен. Не може да се појде од тоа дека се опфатени ризичните групи и да се прогласи победа над пандемијата. Потребно е постепено да се олеснуваат мерките и секогаш да се анализира како тие функционираат, подвлече тој. Што се однесува до 2022 година, Дростен е уверен дека ситуацијата ќе изгледа подобро. – Во текот на летото, за една и пол година, мислам дека ќе можеме повторно да славиме сосема нормално, рече германскиот вирусолог.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/glavniot-germanski-virusolog-predupreduva-vloshuvanje-na-epidemioloshkata-sostojba-na-prolet/feed/ 0
Германски вирусолог предупредува на опасноста од нова пандемија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-virusolog-predupreduva-na-opasnosta-od-nova-pandemija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-virusolog-predupreduva-na-opasnosta-od-nova-pandemija/#respond Thu, 26 Nov 2020 12:16:00 +0000 https://kurir.mk/?p=434776

Германскиот вирусолог Кристијан Дростен предупреди на опасноста од нов вирус што може да предизвика пандемија. Главниот вирусолог на берлинската клиника „Шарите“ вели дека вирусот Мерс-КоВ, според него, е „кандидатот“ за следната пандемија. Дростен за германскиот портал „Капитал“ изјави дека коронавирусот од наулата добил доволно внимание и дека за него се се прави и презема. Затоа, објаснува тој, има намера да формира мала работна група која ќе биде посветена на новиот вирус. Инак вирусот Мерс (Средноисточен респираторен синдром) спаѓа во групата коронавируси и првпат се појави во 2012 година на Арапскиот полуостров. Како и коронавирусот и Мерс предизвикува респираторни инфекции, поради што Светската здравствена организација го класифицираше меѓу „приоритетните болести“, на кои им се посветува големо внимание. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-virusolog-predupreduva-na-opasnosta-od-nova-pandemija/feed/ 0