кристијан хорнер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Aug 2023 15:46:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кристијан хорнер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Директорот на Ред Бул импресиониран од Верстапен: Тој е недопирлив https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/direktorot-na-red-bul-impresioniran-od-verstapen-toj-e-nedopirliv/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/direktorot-na-red-bul-impresioniran-od-verstapen-toj-e-nedopirliv/#respond Mon, 28 Aug 2023 15:46:41 +0000 https://kurir.mk/?p=871766

Директорот на Формула 1 тимот Ред Бул, Кристијан Хорнер, рече дека нивниот возач Макс Верстапен е „недопирлив‘, ден откако Холанѓанецот ја забележа деветтата последователна победа оваа сезона. Верстапен победи во неделата на домашната патека во трката за Големата награда на Холандија и со деветтиот триумф во низа го израмни рекордот од 2013 година кој тогаш, исто така, во болидот на Ред Бул го постави Германецот Себастијан Фетел. Хорнер го пофали Верстапен и рече дека неговите достигнувања се импресивни, особено поради притисокот со кој се соочува од недела во недела. „Мислам дека, тивко во себе, е многу горд на тоа што го прави и остварува. Рекордот кој Себастијан го постигна во 2013 … Да се победи во девет едноподруго трки е лудост, мислам дека никој од нас не можеше да замисли дека некој друг возач во нашиот тим тоа ќе може да го повтори. Мислам дека Макс е во период од кариерата во кој е недопирлив и оти ниту еден друг возач не може да го повтори тоа што тој го постигнува во овој болид“, рече Хорнер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/direktorot-na-red-bul-impresioniran-od-verstapen-toj-e-nedopirliv/feed/ 0
Хорнер: Формула 1 треба да ги спаси тимовите кои се пред банкрот https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/horner-formula-1-treba-da-gi-spasi-timovite-koi-se-pred-bankrot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/horner-formula-1-treba-da-gi-spasi-timovite-koi-se-pred-bankrot/#respond Sun, 19 Apr 2020 12:52:09 +0000 https://kurir.mk/?p=334345

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер изјави дека раководството во Формула 1 треба финансиски да им помогне на тимовите кои се изложени на ризик од банкрот заради кризата со коронавирус. Девет стартови на календарот за оваа сезона се одложени или откажани, а се чини веројатно дека во 2020 година нема да има Формула 1, што ќе биде штетно за некои од тимовите во најпопуларната автомобилска трка. Според Хорнер, сопствениците на Формула 1 – „Либерти Медиа“, ќе треба да се вмешаат за да ги поддржат клубовите. – Ова може да биде огромен удар за спортот и „Либерти“ ќе мора да интервенира. Тоа е нивниот бизнис, тие треба да решат како ќе ги спасат овие тимови затоа што им требаат тимови за да се натпреваруваат. Мислам дека „Либерти“ ќе стори сé што е во нивни сили, за сите десет екипи да можат да се натпреваруваат следната година. За да ги заштитат своите бизниси, верувам дека ќе платат што е потребно за да се спасат овие тимови, коментира Хорнер. Во моментов, првиот старт на Формула 1, кој сè уште не е одложен, е француското Гран-при, што ќе се одржи на 28 јуни во близина на Марсеј. Откако претседателот Емануел Макрон на почетокот на оваа недела објави дека карантинот во земјата е продолжен, се чини скоро сигурно дека оваа трка нема да се одржи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/horner-formula-1-treba-da-gi-spasi-timovite-koi-se-pred-bankrot/feed/ 0