Кристијан Шмит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Sep 2023 13:02:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кристијан Шмит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шмит: Осудените воени злосторници не треба да извршуваат јавни функции https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shmit-osudenite-voeni-zlostornitsi-ne-treba-da-izvrshuvaat-javni-funktsii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shmit-osudenite-voeni-zlostornitsi-ne-treba-da-izvrshuvaat-javni-funktsii/#respond Thu, 14 Sep 2023 13:02:18 +0000 https://kurir.mk/?p=878065

Високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит учествува на меѓународната конференција по повод 30-годишнината од формирањето на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ), на која говореше на тема воени злосторства, пренесува Анадолија. Во изјавата пред почетокот на конференцијата, Шмит потсети колку сурови и ужасни работи се случија пред 30 години, вклучително и геноцидот во Сребреница, воените злосторства и злосторства против човештвото. - Мислам дека треба јасно да ставиме до знаење дека никој кој е осуден во Хаг или во друг суд по овие обвиненија повеќе не треба да биде дел од јавниот живот и на јавна функција. Сите треба да знаат што се случило, потенцираше Шмит. Тој нагласи дека е неопходно да се има регистар на оние кои извршиле воени злосторства како што е препорачано од ЕУ и да се работи на него. - Го следам претходниот извештај на Европската унија од 2019 година и тоа ќе го направиме што е можно поскоро, заклучи Шмит.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shmit-osudenite-voeni-zlostornitsi-ne-treba-da-izvrshuvaat-javni-funktsii/feed/ 0
Како одговор на забраната на Додик, Шмит свика и го откажа состанокот во Бања Лука https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kako-odgovor-na-zabranata-na-dodik-shmit-svika-i-go-otkazha-sostanokot-vo-bana-luka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kako-odgovor-na-zabranata-na-dodik-shmit-svika-i-go-otkazha-sostanokot-vo-bana-luka/#respond Tue, 12 Sep 2023 14:43:26 +0000 https://kurir.mk/?p=877325

Високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит денеска свика, а потоа ја откажа средбата во Бања Лука, откако повеќето опозициски српски политичари и еден од потпретседателите на Република Српска најавија дека нема да учествуваат на неа, што требаше да биде одговор на српскиот лидер Милорад Додик дека Шмит не треба да доаѓа во РС. Канцеларијата на високиот меѓународен претставник (ОХР) објави дека посетата на Шмит на Бања Лука „не била дефинитивно договорена“. „Денеска високиот претставник свесно одлучи да не учествува во оркестрирана театарска претстава, земајќи ги предвид интересите на сите граѓани на Босна и Херцеговина“, соопшти ОХР. Во соопштението се додава дека денеска Шмит разговарал со потпретседателот на Република Српска Чамило Дураковиќ за состојбата со повратниците во тој ентитет и дека се договориле овој разговор да продолжи наскоро. Минатата недела претседателот на Република Српска Милорад Додик, против кого беше потврдено обвинението за неприменување на одлуките на високиот меѓународен претставник, прво се закани дека ќе го уапси Шмит доколку стапне во Република Српска. Откако се соочи со остри осуди од меѓународната администрација, вклучително и од Стејт департментот, Додик ретерираше дека Шмит нема официјално да се сретне со никого во тој ентитет.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kako-odgovor-na-zabranata-na-dodik-shmit-svika-i-go-otkazha-sostanokot-vo-bana-luka/feed/ 0
Додик: Доаѓањето на Шмит во Република Српска може да предизвика насилство https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dodik-doaganeto-na-shmit-vo-republika-srpska-mozhe-da-predizvika-nasilstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dodik-doaganeto-na-shmit-vo-republika-srpska-mozhe-da-predizvika-nasilstvo/#respond Tue, 12 Sep 2023 13:40:29 +0000 https://kurir.mk/?p=877303

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска во Бања Лука изјави дека доаѓањето на високиот претставник Кристијан Шмит во Република Српска може да предизвика насилство. „Што и да одлучи, нема да прифатиме, не е добредојден во Република Српска, нема да смее да дојде во ниту една институција на РС“, рече Додик, повторувајќи дека доаѓањето на Шмит во РС може да предизвика насилство. На прашањето какво насилство ќе има и какви мерки се преземени, Додик рече дека тоа е работа на безбедносните органи. „Ме информираа дека постои непријателство, односно дека е создадена таква атмосфера што веќе не може да се брани неговото (на Шмит) присуство во РС, без да се појават елементи кои би ја загрозиле севкупната безбедност, вклучително и неговата безбедност". Додик повтори дека високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, нема легитимитет и дека владата на РС нема да прифати ниту една негова одлука. Тој оцени дека „политичката ситуација во РС е загрозена од Шмит и одредени амбасадори со нивниот интервенционизам и изјави против функционерите на РС и Република Српска“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dodik-doaganeto-na-shmit-vo-republika-srpska-mozhe-da-predizvika-nasilstvo/feed/ 0
Шмит ги поништи одлуките на Народното собрание на РС и воведе нови измени во Кривичниот законик на БиХ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shmit-gi-ponishti-odlukite-na-narodnoto-sobranie-na-rs-i-vovede-novi-izmeni-vo-krivichniot-zakonik-na-bih/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shmit-gi-ponishti-odlukite-na-narodnoto-sobranie-na-rs-i-vovede-novi-izmeni-vo-krivichniot-zakonik-na-bih/#respond Sat, 01 Jul 2023 16:28:37 +0000 https://kurir.mk/?p=851583

Високиот претставник во БиХ Кристијан Шмит, денеска соопшти дека донел одлука за поништување на Законот за неприменување на одлуките на Уставниот суд на БиХ на територијата на РС, како и одлуката на Парламентот да не ги објавува неговите одлуки. -Одлучив да го изменам Кривичниот законик на Босна и Херцеговина, така што дејствијата што го нарушуваат уставниот поредок на земјата ќе се третираат како кривично дело, а тоа ќе му даде основа на Обвинителството на Босна и Херцеговина да ги гони овие злосторства, изјави Шмит пред зградата на Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) во Сараево. Претходно беше соопштено дека ОХР подготвува измени на Кривичниот законик на БиХ во делот кој се однесува на делата „напад врз уставниот поредок“ (член 156), „загрозување на територијалниот интегритет“ (член 157) и „поткопување на воената и одбранбената моќ“ (член 161). -Оние кои се обидуваат да го загрозат уставниот поредок мора да бидат кривично гонети. Повторувам: сите опции се на маса. Имам спектар на можни дејствија врз основа на „Бонските овластувања“ што можам да ги искористам и ги повикувам политичарите да се вразумат, предупреди Шмит. Тој наведе дека со последните одлуки на Народното собрание на РС „извршен е напад врз уставниот поредок на Босна и Херцеговина, а со тоа и на Дејтонскиот мировен договор“. Тој ги повика меѓународните партнери да ги координираат санкциите против оние кои не го почитуваат Дејтонскиот договор. Шмит изјави дека неговите одлуки ќе стапат на сила веднаш. САД ја поздравија одлуката на Шмит за укинување на законите за неприменување на одлуките на Уставниот суд на БиХ на територијата на РС, за необјавување на неговите одлуките во тој ентитет на БиХ, како и наметнувањето на измени во Кривичниот законик на земјата, со кои нападот на уставно-правниот поредок се смета за кривично дело. -САД силно ја поздравуваат употребата на „Бонските овластувања“ од страна на високиот претставник, за одбрана на Дејтонскиот мировен договор и заштита на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, кој е чувар на владеењето на правото, напиша Амбасадата на САД во земјата во објава на Твитер. Од Амбасадата посочија дека одлуките на Народното собрание на РС се „неуставни и намерни напади врз Дејтонскиот мировен договор, уставниот поредок на БиХ и самата држава“. Претседателот на РС и претставниците на владејачката коалиција од РС претходно денеска изјавија дека нема да ги почитуваат одлуките на Шмит, бидејќи тој за нив не е легално избран висок претставник, бидејќи неговото именување не е потврдено во Советот за безбедност на ОН. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shmit-gi-ponishti-odlukite-na-narodnoto-sobranie-na-rs-i-vovede-novi-izmeni-vo-krivichniot-zakonik-na-bih/feed/ 0
Шмит најави дека повторно ќе интервенира доколку во БиХ дојде до блокади на институциите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shmit-najavi-deka-povtorno-ke-intervenira-dokolku-vo-bih-dojde-do-blokadi-na-institutsiite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shmit-najavi-deka-povtorno-ke-intervenira-dokolku-vo-bih-dojde-do-blokadi-na-institutsiite/#respond Tue, 16 May 2023 15:07:07 +0000 https://kurir.mk/?p=834891

Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит, најави дека повторно ќе интервенира во законодавството во БиХ, доколку повторно се блокираат институциите во земјата, сметајќи дека претходните интервенции во Изборниот законик и Уставот на Федерацијата БиХ доведоа до деблокирањето и помогна во напредокот на земјата кон ЕУ . -Морате да разберете дека ќе има одговор на секоја блокада, бидејќи има обврска, рече Шмит во интервју за Гласот на Америка на прашањето дали ќе продолжи да интервенира во законите и другите прописи во Босна и Херцеговина. Германскиот политичар на чело на меѓународната администрација во БиХ има широки овластувања за одлучување. Ги искористи на денот на општите избори во октомври минатата година и на крајот на април кога го овозможи изборот на новата влада во Федерацијата Босна и Херцеговина, на што остро се спротивстави најголемата бошњачка Партија за демократска акција. (СДА), откако беше исфрлена од владејачката коалиција, која сега ја сочибуваат партиите од пробошњачката „тројка“ собрани околу СДП на Босна и Херцеговина и групацијата на Хрватскиот народен Собор во Босна и Херцеговина. Шмит смета дека неговата интервенција имала ефект, како резултат на што било избрано раководството на Федерацијата Босна и Херцеговина, пополнет Уставниот суд и назначена е новата влада на Федерацијата, која се чекала со години, а со тоа е одблокирана и европската патека на земјата. Тој како неосновани ги отфрли жалбите на СДА за пристрасност во одлучувањето. -СДА ги загуби претседателските избори на 2 октомври, инаку, без никаков придонес од моја страна. Тие се одговорни за својот пораз, додаде Шмит. Високиот претставник, исто така, смета дека неговите интервенции во Изборниот закон ќе го фаворизираат политичкиот плурализам, отфрлајќи ги приговорите дека ја фаворизирал водечката хрватска партија, ХДЗ БиХ, со измена на изборниот закон и Уставот. -Мојата одлука ќе придонесе за пошарен спектар на различни партии, не само кога станува збор за националните групи, туку и за граѓаните. Затоа, убеден сум дека сме на вистинскиот пат, додаде Шмит.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shmit-najavi-deka-povtorno-ke-intervenira-dokolku-vo-bih-dojde-do-blokadi-na-institutsiite/feed/ 0
Шмит: Истрага и прогон за лицата кои го негираат геноцидот во Сребреница https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shmit-istraga-i-progon-za-litsata-koi-go-negiraat-genotsidot-vo-srebrenitsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shmit-istraga-i-progon-za-litsata-koi-go-negiraat-genotsidot-vo-srebrenitsa/#respond Thu, 06 Apr 2023 15:50:08 +0000 https://kurir.mk/?p=821127

Високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит ги повика надлежните институции да ги истражат и гонат лицата кои го негираат геноцидот во Сребреница. „Нема место во цивилизирано општество за глорификација на воените злосторства и негирање на геноцидот“, порача Шмит во објавата на официјалниот Твитер профил на ОХР, откако претседателот на Република Српска Милорад Додик вчера повторно негираше дека е извршен геноцид во Сребреница. Според зборовите на високиот претставник во БиХ, „само искрен, вистинит и одговорен пристап кон настаните од минатото може да обезбеди иднина исполнета со меѓусебно разбирање и заеднички просперитет за сите“. Шмит потсети дека според Кривичниот законик на Босна и Херцеговина, негирањето на геноцидот извршен во 1995 година во Сребреница е кривично дело. Коментирајќи ја изјавата на лидерот на Партијата за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, дека РС е „геноцидна творба“ и дека нејзиното раководство за време на војната извршило „заеднички злосторнички потфат“, Додик вчера рече дека тоа го покажува незадоволството на Изетбеговиќ од сопствената положба и положбата во која се нашол неговиот СДА. Тој го нарече Изетбеговиќ „политички лузер и губитник“, нагласувајќи дека РС не извршила геноцид. „Не постои геноцид, тоа е начинот на кој тој (Изетбеговиќ) сака да се врати на сцената“, рече Додик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shmit-istraga-i-progon-za-litsata-koi-go-negiraat-genotsidot-vo-srebrenitsa/feed/ 0
Шмит: Време е да заврши процесот на формирање власт во БиХ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shmit-vreme-e-da-zavrshi-protsesot-na-formirane-vlast-vo-bih/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shmit-vreme-e-da-zavrshi-protsesot-na-formirane-vlast-vo-bih/#respond Mon, 27 Mar 2023 09:25:25 +0000 https://kurir.mk/?p=816839

Високиот меѓународен претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит денеска предупреди дека е крајно време да се формира влада во таа земја врз основа на резултатите од изборите одржани уште во октомври и ги повика политичките партии да се однесуваат одговорно и на тој начин да обезбедат продолжување на потребните реформи. Во авторски текст за сараевскиот „Дневни аваз“, Шмит за првпат се огласи откако Уставниот суд на Босна и Херцеговина минатата недела ги отфрли жалбите на неговата одлука за измени на изборниот закон и Уставот на Федерацијата Босна и Херцеговина, кои беа поднесени од тогашните членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ. Уставниот суд оцени дека одлуките на Шмит од 2 октомври 2022 година се во согласност со Уставот на Босна и Херцеговина и дека нема причина да се стават надвор од сила, а со тоа пропаднаа и очекувањата на Партијата за демократска акција (СДА) и Демократскиот фронт на Комшиќ (ДФ) дека оспорувањето на одлуките на Шмит на крајот ќе отвори простор за преземање на власта, пред сè во Федерацијата Босна и Херцеговина. Откако станаа дел од владата на државно ниво, ХДЗ БиХ и блокот на бошњачките граѓански партии, предводени од СДП, исто така договорија коалиција на ниво на Федерацијата, а рокот за формирање на нова влада на тој ентитет истекува на 6 април. „Политичките актери мора да се однесуваат одговорно и да го завршат процесот на формирање влада“, истакна Шмит. Иако ХДЗ и СДП со своите партнери имаат мнозинство во Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата, сепак имаат проблем бидејќи одлуката за именување влада одбива да ја потпише потпретседателот на ентитетот од СДА Рефик Лендо, а неговиот потпис е неопходен предуслов за законска постапка. Медиумите во БиХ изминатиот викенд објавија дека високиот претставник планира повторно да ги искористи своите овластувања и веќе подготвил одлука за деблокирање на тој процес, јави Хина. Според непотврдени најави, со таа одлука претседателот и едниот потпретседател на Федерацијата би имале право да назначат нова влада, а вториот, кој нема да се согласи со таа одлука, за своето вето ќе мора да добие поддршка од две третини од пратениците во матичната пратеничка група во Домот на народи. Веднаш следеа реакции од СДА и ДФ, а овие партии повторно го обвинија Шмит дека пред се ја фаворизира ХДЗ БиХ, а истовремено ги загрозува правата на Бошњаците. Претставникот на СДА во Собранието на Федерацијата Хамдија Абдиќ повика на „радикални потези“. Од блокот предводен од СДП им одговорија со порака дека има едноставно решение, односно доколку не сакаат интервенција на Шмит, доволно е да се почитува волјата на мнозинството во парламентот и со тоа да се овозможи формирање влада. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shmit-vreme-e-da-zavrshi-protsesot-na-formirane-vlast-vo-bih/feed/ 0
Шмит го суспендира Законот за имот на РС, Додик најави дека нема да ја почитува одлуката https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shmit-go-suspendira-zakonot-za-imot-na-rs-dodik-najavi-deka-nema-da-ja-pochituva-odlukata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shmit-go-suspendira-zakonot-za-imot-na-rs-dodik-najavi-deka-nema-da-ja-pochituva-odlukata/#respond Tue, 28 Feb 2023 06:46:27 +0000 https://kurir.mk/?p=805826

Високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, вчера го суспендираше Законот за недвижен имот, што властите на Република Српска (РС) го усвоија кон крајот на минатата година со цел да ја преземат сопственоста врз недвижниот имот што и припаѓа на државата. Спорниот закон требаше да стапи во сила денеска, а суспензијата трае до одлуката на Уставниот суд на БиХ дали законот е усогласен со Уставот. Претседателот на РС, Милорад Додик изјави дека нема намера да ја почитува одлуката на високиот претставник. „Од правна гледна точка денеска ништо не се случи“, напиша Додик на Твитер. Тој го нарече Шмит „случаен патник“ кој нема овластување да се меша во внатрешните работи на БиХ. Властите на српскиот ентитет сметаат дека БиХ како држава нема имот, односно дека им припаѓа исклучиво на ентитетите. Предмет на спорот е имотот што некогаш и припаѓал на Социјалистичка Република Босна и Херцеговина, а неговиот статус по потпишувањето на Дејтонскиот договор требало да биде дефиниран со посебен закон донесен од Парламентот на Босна и Херцеговина, но тоа не се случи до денеска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shmit-go-suspendira-zakonot-za-imot-na-rs-dodik-najavi-deka-nema-da-ja-pochituva-odlukata/feed/ 0
Шмит: По изборите нема сите во БиХ да бидат среќни, но потребно е да се прифатат изборните резултати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shmit-po-izborite-nema-site-vo-bih-da-bidat-srekjni-no-potrebno-e-da-se-prifatat-izbornite-rezultati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shmit-po-izborite-nema-site-vo-bih-da-bidat-srekjni-no-potrebno-e-da-se-prifatat-izbornite-rezultati/#respond Sun, 02 Oct 2022 14:24:52 +0000 https://kurir.mk/?p=740114

Високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина Кристијан Шмит денеска го посети избирачкото место на Електротехничкиот факултет во Источно Сараево за да се увери, како што наведе, дали таму се почитуваат сите права и процедури. Тој оцени дека е многу важно набљудувачите да се на нивните места, не само оние кои ги поставуваат политичките партии, туку и оние од невладиниот сектор, како што се набљудувачите на Коалицијата „Под лупа“. – Ќе добиеме извештаи од Коалицијата „Под лупа“, како и извештаи од набљудувачи од Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР). Се надевам дека многу гласачи, на ова добро време, ќе одлучат да излезат на гласање, рече Шмит. Според него, не треба да има оправдување да не се оди на избори, иако се знае дека „нема сите да бидат среќни по изборите, ама дека ќе биде потребно да се прифатат изборните резултати“. – Имало ситуации во светот во кои гласачите не ги прифаќаа резултатите од изборите, што не е добро, но доколку има докази за фалсификат, постојат закони кои ќе го санкционираат тоа, нагласи високиот претставник. Во БиХ денеска се одржуваат општи избори на кои граѓаните избираат членови на Претседателството на БиХ, претседател на Република Српска и нови состави на парламентите на БиХ, Федерацијата БиХ, Република Српска и десет кантонални собранија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shmit-po-izborite-nema-site-vo-bih-da-bidat-srekjni-no-potrebno-e-da-se-prifatat-izbornite-rezultati/feed/ 0
Шмит: Милановиќ да престане да навредува, а Додик е посебен случај https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shmit-milanovikj-da-prestane-da-navreduva-a-dodik-e-poseben-sluchaj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shmit-milanovikj-da-prestane-da-navreduva-a-dodik-e-poseben-sluchaj/#respond Thu, 28 Jul 2022 13:46:43 +0000 https://kurir.mk/?p=711430

Високиот меѓународен претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, му порача на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ дека тој како шеф на држава треба да се однесува пристојно и да престане да ги навредува другите луѓе, вклучително и него, а за српскиот член на Претседателството Милорад. Додик, рече дека е „посебен случај“. Ова го изјави Шмит за Дојче Веле, како коментар за тоа што Додик го доведува во прашање неговиот легитимитет на функцијата висок претставник, како и острите критики што Милановиќ претходно му ги упати. Шмит, одговарајќи, како што пренесува Дојче веле, со лут глас рекол дека Милановиќ „не го критикувал“, туку го навредувал. – Морам да кажам дека не функционира, таа форма на политичка комуникација што постои овде. (сè уште со лут глас). Дури и кога некој е претседател на една земја, од него се очекува да биде учтив и да ги почитува другите. Господинот Додик, би рекол, е посебен случај, бидејќи оваа реторика ја негува со години. А оние во Сараево што дозволија малку да се разгорат треба да имаат на ум, а јас добро го знам ова: ако веќе нема висок претставник, тогаш нема ниту стабилност, рече Шмит. Тој додаде дека од оваа функција ќе замине само кога ќе се обезбеди патот кон евроинтеграциите. – Многумина, сепак, не прават ништо за тоа. Наместо да ме опсипуваат со навреди, подобро е да работат, да носат закони и да најдат решенија. Немам што повеќе да кажам за тие господа, рече Шмит. Милановиќ го прозва Шмит дека не ги искористил своите овластувања за да наметне изборен закон што ќе ги обезбеди правата на Хрватите во БиХ, рече дека Шмит бил незаконски избран на функцијата висок претставник и намерно го нарекувал со погрешни имиња. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shmit-milanovikj-da-prestane-da-navreduva-a-dodik-e-poseben-sluchaj/feed/ 0