Кристијан Стаменов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 Jul 2022 12:00:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кристијан Стаменов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се огласи разрешениот директор на Зоо Скопје: Директен и лицемерен напад врз мене, невиноста ќе ја докажам пред институциите https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-oglasi-razresheniot-direktor-na-zoo-skopje-direkten-i-licemeren-napad-vrz-mene-nevinosta-kje-ja-dokazam-pred-instituciite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-oglasi-razresheniot-direktor-na-zoo-skopje-direkten-i-licemeren-napad-vrz-mene-nevinosta-kje-ja-dokazam-pred-instituciite/#respond Fri, 15 Jul 2022 11:56:35 +0000 https://kurir.mk/?p=705699

Директорот на Зоо Скопје, Кристијан Стаменов се огласи денеска по случајот со убиените коњи чие месо се користело како храна во дивите животни во Зоо Скопје. Стаменов објаснува што се случило и најостро ги демантира наводите дека е „убиец“ на животни. Вели, тоа е постапка која отсекогаш се спроведувала во Зоо Скопје, односно економско искористување на животи кои не можат да бидат рехабилитирани. Додава дека е лицемерно да биде осудуван од лица кои пред него биле на истата позиција и исто постапувале, а како пример го наведе случајот со угинатата жирафа Тобого. -Најпрво би сакал да изразам жалење за информациите кои се пласираа во јавноста овие два дена. Во Зоолошката градина работам повеќе од 12 години како самостоен зоо негувател, остро ги демантирам наводите во јавноста дека сум некаков „убиец“ на животни како и лажните информации за наводните мои изјави. Со Одлука за отстапување на стока од 11.07.2022 година од Управата за извршување на санкциите КПУ – Идризово Скопје според Решение за отстапување на стока од Агенцијата за управување со одземен имот бр. 09-2328/1 од 08.06.2022 година и Решение за отстапување на стока бр. 09-2201/1 од 31.05.2022 се отстапија вкупно 12 коњи од КПУ Идризово во Зоолошката градина, поради немање на соодветни услови за чување на истите. Овие животни биле претходно запленети од дрвокрадци, шверцери на наркотични средства итн. Според важечка одлука на Управниот одбор на Зоолошката градина Скопје од кои последните 20год или откако постои оваа установа се врши таканаречено „економски искористување“ на животни кои во консултација со стручните лица од Зоолошката градина се во состојба пред умирање, болни, со видливи неизлечиви рани, инфекции и крајно изнемоштени животни кои не можат да бидат рехабилитирани. Наспроти сите јавни пишувања на поединци морам да истакнам дека ова не е прв случај, вакви случаи во минатото се бројни лично сум учествувал како зоо негувател во ваква постапка и во времето на претходниот директор на Зоолошката градина. Крајно лицемерна е осудата која доаѓа кон мене токму од истите лица кои ова економско искористување го имаат и самите правено и тоа не само на коњи, туку и на останати животни, пример за тоа е жирафата која е дадена како храна за лавовите. За разлика од претходни години сега над животните кои не можат да се спасат или боледуваат се спроведува навистина хуман третман. Можеби во јавноста овие теми не се популарни, но предметите на јавни набавки за месо кои ги спроведуваат сите зоолошки градини во светот доаѓаат дури и од здрави животни. Во Хамбург, Љубљана, Загреб, Дрезден и многу други европски метрополи спроведуваат ваков вид на хуман третман на болни животни, кои се во опасност од умирање. Сакам изрично да одговорам на сите напади - Никогаш ниту сум имал намера ниту сум помислил да мачам изнемоштувам или убивам животни. Како зоонегувател сум посветил над 12 години од мојот живот на само на заштита на животните. Во претходниот период имавме добар пример, коњот кој го спасивме од Дебар маало беше животно во тешка состојба, но успеавме да го рехабилитираме да биде само дополнителна вредност на зоолошката градина, така сум постапувал со сите животни. Од самиот почеток на моето назначување за в.д директор на зоолошката градина бев мета на разни напади, физички пресметки, закани, притисоци и опструкции за кои дел од нив бевте сведоци самите. Ова што се случи и фамата која се крена во јавноста ги оценувам како злоупотреба на постапката за хуман третман која ја спроведува со години истава институција, а вклучително и секој директор на истата. Ова е директен атак против мене и моето добро работење кое резултираше со досега невидени позитивни ефекти за оваа институција, ова е напад кој можеби е и дополнителен политички притисок за мое обезвреднување. Морам да истакна дека запазени се сите законски процедури во оваа постапка која не е нималку популарна, но која е одраз само на правилно спроведување на заштитата на животните. Јас мојата невиност ќе ја докажам пред институциите, и секогаш ќе имам неизмерна љубов кон сите животни, пишува Стаменов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-oglasi-razresheniot-direktor-na-zoo-skopje-direkten-i-licemeren-napad-vrz-mene-nevinosta-kje-ja-dokazam-pred-instituciite/feed/ 0
ДРАМА ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА – на камера фатен човек како ги сече катанците од кафезите и пушта животни на слобода (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/drama-vo-skopskata-zooloshka-na-kamera-faten-chovek-kako-gi-seche-katancite-od-kafezite-i-pushta-zivotni-na-sloboda-video/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/drama-vo-skopskata-zooloshka-na-kamera-faten-chovek-kako-gi-seche-katancite-od-kafezite-i-pushta-zivotni-na-sloboda-video/#respond Tue, 10 May 2022 12:06:33 +0000 https://kurir.mk/?p=674479

Денеска сакаме да ја известиме јавноста за неколку немили настани кои во изминатиов период се случуваа во ЈУ „Зоолошка градина Скопје“. Најпрво на 10.04.2022 поединци направиле неовластен влез на група од дванаесетина луѓе, петнаесет минути пред затворање на градината. Истото е уредно пријавено и се повикани претставници од Министерството за внатрешни работи за увид во неовластениот влез на групата луѓе, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна директорот на ЗОО Скопје, Кристијан Стаменов. -На 28.04.2022 од службите во Зооолошката градина е направен увид во живеалишатта на животните и е констатирано дека се пресечени неколку катанци, по што биле пуштени неколку животни, во рамки на просторот во зоолошката градина. Истото е пријавено и констатирано рано утрото од страна на зоо негувателите кои дошле на работа дека се работи за видливо и намерно пуштање на неколку животни од нивните живеалишта. По рекордната посетеност во Зоолошката градина со над 14.000 посетители, на 09.05.2022 во 00:30 часот имаше обид да се обие влезната врата од благајната. Сторителот е фатен од безбедносните камери на Зоолошката градина како во два наврати се обидува да го обие влезот на благајната, претпоставуваме со цел да направи финансиска штета. Но, снимениот поединец останал само на обидот, затоа што како што се гледа на снимката не можел да го обие влезот на билетарата и благајната по што настаната е незначителна материјална штета. Истиот настан веднаш по случувањето уште вечерта е пријавен во полициска станица Карпош. Покрај тоа што сите овие настани се пријавени до надлежните органи за постапување, односно до Министерството за внатрешни работи, зголемена е будноста кај персоналот, а дополнително е зголемено и обезбедувањето во ноќната смена, вели Стаменов. Тој додава дека цениме дека сите овие обиди наликуваат на намерна саботажа на работата и функционирањето на самата Зоолошка градина, треба да се прашаме на кого му пречи успешноста на Зоолошката градина. -Остро ги осудуваме сите овие обиди да се наштети на нашата работа, но и на безбедноста на животните, се надеваме дека службите од Министерството за внатрешни работи ќе работат интензивно на откривање на сторителите, со цел да се спречат и понатамошни вакви обиди. Сакам да потенцирам исто така дека и покрај овие обиди доколку вистина станува збор за саботажа на нашето работење и функционирање нема да не обесхрабрат туку напротив ни даваат мотив плус да работиме уште повеќе за поубава и попосетена Зоолошка градина Скопје- изјави Кристијан Стаменов, директор на ЈУ Зоолошка градина Скопје, потенцираше тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/drama-vo-skopskata-zooloshka-na-kamera-faten-chovek-kako-gi-seche-katancite-od-kafezite-i-pushta-zivotni-na-sloboda-video/feed/ 0
Стаменов: Со посветена работа до подобри услови за посетителите и животните во Зоо Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stamenov-so-posvetena-rabota-do-podobri-uslovi-za-posetitelite-i-zivotnite-vo-zoo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stamenov-so-posvetena-rabota-do-podobri-uslovi-za-posetitelite-i-zivotnite-vo-zoo-skopje/#respond Mon, 28 Mar 2022 19:23:49 +0000 https://kurir.mk/?p=654803

Ми причинува задоволство што посетителите ја препознаа работата на тимот од Зоо Скопје, ја подигнавме хигиената и работиме посветено и сплотено на новите проекти. Креиравме подобро место за работа на персоналот и подобри услови за животните, напиша на Фејсбук директорот на Зоолошката градина во Скопје, Кристијан Стаменов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stamenov-so-posvetena-rabota-do-podobri-uslovi-za-posetitelite-i-zivotnite-vo-zoo-skopje/feed/ 0
Кристијан Стаменов нов в.д. директор на Зоо- Скопје, Тина Мицковска за негова заменичка https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kristijan-stamenov-nov-v-d-direktor-na-zoo-skopje-tina-mickovska-za-negova-zamenichka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kristijan-stamenov-nov-v-d-direktor-na-zoo-skopje-tina-mickovska-za-negova-zamenichka/#respond Tue, 14 Dec 2021 11:35:03 +0000 https://kurir.mk/?p=608290

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го назначи Кристијан Стаменов за нов в.д. директор на ЈУ „Зоолошка градина“ на Град Скопје, откако претходниот директор Ѓорги Галетановски си поднесе оставка од оваа функција. Стаменов од 2011 година е вработен во Зоолошката градина во Скопје на работна позиција самостоен ЗОО негувател. Стаменов е дипломиран економист од областа на маркетинг менаџмент. Покрај Стаменов, Тина Мицковска досега задолжена за односи со јавност на Зоолошката градина во Скопје, од денеска е прв соработник и заменичка на новиот директор на ЗОО. -Главни проекти на кои ќе се насочи новото раководство на Зоолошката градина во Скопје се ревитализирање на сите надворешни живеалишта, изведба на центар за хипорехабилитација на местото на градскиот пајтон, ставање во функција на мултинаменскиот центар со цел едукација на деца од предшколска и школска возраст како и изградба на детски парк. Зоолошката градина во Скопје во соработка со Град Скопје ќе работи и на поставување на обновливи извори на енергија на сите објекти во зоолошката градина, информираат од Град Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kristijan-stamenov-nov-v-d-direktor-na-zoo-skopje-tina-mickovska-za-negova-zamenichka/feed/ 0