кристијан тимоние – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 May 2020 13:19:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кристијан тимоние – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тимоние за Вечер: Партиите да најдат компромисно решение со разумен датум за избори, без ултиматуми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timonie-za-vecher-partiite-da-najdat-kompromisno-reshenie-so-razumen-datum-za-izbori-bez-ultimatumi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timonie-za-vecher-partiite-da-najdat-kompromisno-reshenie-so-razumen-datum-za-izbori-bez-ultimatumi/#respond Fri, 22 May 2020 13:19:51 +0000 https://kurir.mk/?p=349103

Разговорите продолжуваат и сметам дека нема потреба да се драматизираат работите, а особено не да се поставуваат реципрочни ултиматуми. Сите се согласни околу главните појдовни точки: прво, за здравјето на граѓаните не може да се преговара и второ, воспоставувањето легитимен парламент е неопходно за земјата да може да се справува со предизвиците во овој критичен период и да може да се прифати, а потоа и да се користи меѓународната помош брзо и ефикасно. Но, да не бидеме наивни: постојат и политички калкулации околу датумот, така што се верува дека побрз или подоцнежен датум ќе биде во корист или ќе им наштети на едните или на другите. Околностите се премногу сериозни за да не се изнајде заедничко компромисно решение со разумен датум и со надеж дека вирусот ќе има разбирање, што пак не е сигурно. Практичните размислувања на Државната изборна комисија околу времето потребно за добра подготовка на списоците, исто така, треба да бидат земени предвид за неоспорен резултат, вели во интервју за весникот ВЕЧЕР, францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние. Лидерите на македонските политички партии и во вториот обид не договорија датум за избори. Влегува ли Македонија во сериозна политичка криза? Лидерот на СДСМ, Заев најавува избори на 21 јуни, опција без опозиција. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не е за избори пред септември. Дали избори без опозиција би биле кредибилни, а со тоа и новата македонска Влада? Разговорите продолжуваат и сметам дека нема потреба да се драматизираат работите, а особено не да се поставуваат реципрочни ултиматуми. Сите се согласни околу главните појдовни точки: прво, за здравјето на граѓаните не може да се преговара и второ, воспоставувањето легитимен парламент е неопходно за земјата да може да се справува со предизвиците во овој критичен период и да може да се прифати, а потоа и да се користи меѓународната помош брзо и ефикасно. Но, да не бидеме наивни: постојат и политички калкулации околу датумот, така што се верува дека побрз или подоцнежен датум ќе биде во корист или ќе им наштети на едните или на другите. Околностите се премногу сериозни за да не се изнајде заедничко компромисно решение со разумен датум и со надеж дека вирусот ќе има разбирање, што пак не е сигурно. Практичните размислувања на Државната изборна комисија околу времето потребно за добра подготовка на списоците, исто така, треба да бидат земени предвид за неоспорен резултат. Дали брзи избори не се руски рулет за здравјето на луѓето? Вашето прашање е особено интересно за мене, затоа што Франција размислува да го организира вториот круг од своите локални избори кон крајот на јуни или наесен. Една студија за последиците од првиот круг на изборите од 15 март, кога кривата на епидемијата беше растечка, не овозможи статистички да се констатира зголемување на бројот на заразени лица поради спроведеното гласање. На денот на првиот круг од изборите, беа спроведени бројни мерки на претпазливост, а голем број гласачи претпочитаа да останат дома. Додека епидемијата се повлекува, надлежните научници сметаат дека вториот круг може да се одржи на 28 јуни, но со многу ограничена кампања и силни мерки на претпазливост. Некои стравуваат дека голем број гласачи ќе бидат и понатаму претпазливи, со што постои ризик од ниска излезност, особено кај „повозрасната популација“, а други пак сметаат дека постои политичка потреба и дека ризикот е разумен. Во тек се дискусии меѓу властите и политичките сили: сите веруваат дека на крајот мора да се најде решение и тоа веројатно нема сосема да задоволи ниту една од страните. Се разбира, ништо нема да се случи без конечна здравствена проценка, на две недели пред гласањето. Затоа, се размислува и за „план Б“, односно спроведување на изборите наесен. Македонија, некако во сенка на ковид-19 стана членка на НАТО и доби зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ. Но, датум за старт на преговори не доби! Кога може да се очекува Македонија да ги почне преговорите кога нема датум? Како ова да се толкува? Ќе добиеме ли конечно датум за старт? Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, неделава изјави дека извештаите за реформскиот напредок на земјите од Западниот Балкан се одлагаат за септември, но не и преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија. Дали ова е сигнал дека Брисел нè става на приоритетна листа и дали, доколку нашите политичари не постигнат договор за датум за избори, можеме многу лесно да бидеме тргнати од приоритетната листа и оставени за наесен? По усвојувањето на новата методологија, на која Франција работеше многу, „возот сега тргна по шините“ со оглед на тоа што Советот едногласно го прифати започнувањето на преговорите. Никој веќе не се сомнева дека приоритет на Унијата е да биде активно присутна во земјите од Западен Балкан, кои на крајот од преговарачкиот процес ќе пристапат во рамките на обновената Европска Унија. Франција инсистира оваа политичка заложба да биде заснована на вистински напредок во областа на владеењето на правото, но исто така и со финансиски придонес од страна на земјите членки за поддршка на реформите и економската и социјалната конвергенција на овие земји кон европската реалност. За таа цел, секако треба да имаме легитимни и сериозни соговорници, кои се избрани на слободни и фер избори. Тоа е потребно за да може конкретно да се спроведе нашата програма за помош. Извештајот за напредокот се очекува да направи преглед на состојбата со реформите: ќе биде охрабрувачки, доколку е позитивен, за да се оди напред со преговорите. Едно е сигурно: функционална демократија и продолжување на реформите е она што ние минимум го очекуваме. Дали според новонастанатата состојба и сигналите што ги праќа Бугарија, таа може да биде нова пречка на патот на Македонија во ЕУ, со оглед на фактот што ЕУ не нè сака со нерешени прашања и проблеми? Постои договор за пријателство кој е билатерално и меѓународно прифатен документ. Тој обезбедува основа за понатамошни разговори за историски и симболични теми кои имаат и емотивен карактер, односно прашања од областа на внатрешната политика, кои се од особено значење за двете земји. Во вашиот случај, секако постои и она чувствително прашање за идентитетот, со оглед на заедничката историја и блискоста на јазикот што се зборува во соседната држава. Очекуваме тековните дискусии во рамките на комисиите формирани со Договорот за пријателство да се одвиваат во духот на европската одговорност, од едната и од другата страна. Ние ги поддржуваме сите напори што ќе го консолидираат постигнатиот напредок, како на пример оној околу средновековната историја. Политичките сили треба да покажат почит и воздржаност без притоа да постојат обиди за понижување на другата страна. Девизата „Обединети во различностите“ започнува со препознавање на она по што се одликуваат двете страни, да се препознае идентитетот без скриени намери или мотивирани барања од таква природа. Треба да се пронајде духот на копретседателството со Берлинскиот процес што го споделуваат двете земји и да се даде целосно и конкретно значење на оваа европска заложба. Целото интервју со амбасадорот Тимоние може да го прочитате ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timonie-za-vecher-partiite-da-najdat-kompromisno-reshenie-so-razumen-datum-za-izbori-bez-ultimatumi/feed/ 0
Мизрахи-Тимоние: Поддршка во борбата против поделбите и сегрегација во општеството по сите основи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-timonie-poddrshka-vo-borbata-protiv-podelbite-i-segregacija-vo-opshtestvoto-po-site-osnovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-timonie-poddrshka-vo-borbata-protiv-podelbite-i-segregacija-vo-opshtestvoto-po-site-osnovi/#respond Fri, 07 Feb 2020 16:44:00 +0000 https://kurir.mk/?p=300800

Борбата против поделбите и сегрегација во општеството по основ на религија, етничка припадност и останати основи се дел од темите на кои се разговараше на денешната средба на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи со францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние. Францускиот амбасадор се интересирал за функционирањето на администрацијата за време на техничката влада, како и за ефикасноста на Пржинскиот договор на влада за организирање на фер и демократски избори и за потребата за негово унапредување. Министерката Мизрахи го информирала амбасадорот за сите предизвици со кои се соочува таа како министер, но и како жена во период на функционирање на техничка влада, но и во услови на големи поделби во општеството. Двајцата соговорници, соопшти прес-службата на МТСП, заеднички ја потврдиле важноста и заложбите за унапредување на родовата еднаквост и потребата од идна соработка во превземање на афирмативни мерки за зајакнување на местото и улогата на жените во општеството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-timonie-poddrshka-vo-borbata-protiv-podelbite-i-segregacija-vo-opshtestvoto-po-site-osnovi/feed/ 0
Тимоние: Претпазливо со начинот на кој ќе се донесе Законот за ЈО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timonie-pretpazlivo-so-nachinot-na-koj-kje-se-donese-zakonot-za-jo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timonie-pretpazlivo-so-nachinot-na-koj-kje-se-donese-zakonot-za-jo/#respond Tue, 04 Feb 2020 20:43:05 +0000 https://kurir.mk/?p=299341

Посакуваме да се донесе Законот за јавно обвинителство и да биде квалитетен, но исто така сме мошне претпазливи во врска со начинот на којшто истиот ќе се усвојува. Ова во интервју за Телма го изјави амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние, кој притоа вели дека тој процес овозможува да се одговори на некои прашања кои предизвикувале загриженост во Франција. „Новата одлука за старт на преговори Европскиот совет ќе ја носи во март, во период на изборна кампања во земјава. Може ли таа одлука да влијае врз изборите“?-праша новинарката. -Прво, не е сигурно дека Европскиот совет ќе донесе одлука во март, затоа што сè уште се водат преговори. Најважно е да се усвои новата методологија, а ние како хоризонт си го зацртавме загрепскиот самит во месец мај. Сега се наоѓаме во период кога треба да се донесат одлуки каде ние од една страна треба да си ја завршиме својата работа, но и Македонија и Албанија треба да си ја завршат својата работа и да се донесат одредени одлуки коишто ќе помогнат, најверојатно, да се забрзаат роковите. Ќе го споменам Законот за Јавното обвинителство и навистина посакуваме да се донесе тој закон и да биде квалитетен, но исто така сме мошне претпазливи во врска со начинот на којшто истиот ќе се усвојува. Ќе биде потребно преодната Влада коректно да функционира, без поголеми тензии, почитувајќи ги правилата на играта коишто беа прифатени од политичките партии. Затоа, ги повикувам големите политички партии да го имаат предвид државниот интерес, а не да влегуваат во меѓусебни расправии. Ги повикувам да донесат Законот за Јавното обвинителство, кој ќе биде добар и ќе задоволува одредени критериуми и тоа да го направат без предрасуди за партијата или поради лични интереси. Сметам дека тоа ќе биде соодветно вреднувано од најголем број земји-членки на Унијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timonie-pretpazlivo-so-nachinot-na-koj-kje-se-donese-zakonot-za-jo/feed/ 0
Германскиот амбасадор Герберих: Освен плата и поголем животен стандард на луѓето во Македонија им недостига и правна сигурност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanskiot-ambasador-gerberih-osven-plata-i-pogolem-zivoten-standard-na-lugjeto-vo-makedonija-im-nedostiga-i-pravna-sigurnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanskiot-ambasador-gerberih-osven-plata-i-pogolem-zivoten-standard-na-lugjeto-vo-makedonija-im-nedostiga-i-pravna-sigurnost/#respond Fri, 24 Jan 2020 21:07:14 +0000 https://kurir.mk/?p=294374

Германија и Франција пред 57 години го потпишаа Елисејскиот Договор со кој што се помирија двете земји и почнаа заеднички да ја градат Европската Унија. По повод годишнината, амбасадорите на двете земји во Македонија, Кристиан Тимоние и Томас Герберих, беа гости во „Што не е јасно„ на Алфа телевизија. На прашањето колку е важно владеењето на правото за добивање на брз датум за преговори на Македонија за влез во ЕУ во Загреб, германскиот амбасадор одговори дека владеењето на правото е централна тема и дека тоа се значајните и клучни реформи кои што се очекуваат од Македонија да ги спроведе за да се стане член на ЕУ. - За граѓаните на Македонија е многу важно да има владеење на правото. Гледаме колку луѓе ја напуштаат земјата, тоа го гледам актуелно секое утро кога доаѓам во германската амбасада. Го гледам големиот ред пред амбасадата, ги гледам сите оние коишто поднесуваат барање за добивање на работна виза. Мислам дека освен плата и поголем животен стандард, им недостига и правната сигурност. Тоа е реформа која што треба прва да се спроведе, изјави германскиот амбасадор Томас Герберих. Францускиот амбасадор Тимоние пак, изјави дека во моментов се очекува Македонија да ја дефинира првата етапа, односно да ја дефинира методологијата, па потоа да се разговара за прашањата за добивање на датум за преговори. - Прашањата за добивање на датумот кај нас се вртат околу две прашања. Прво, повторно да се види извештајот за напредокот на земјата од областа на човековите права и правната држава и втората точка е тој конкретен Закон за јавно обвинителство. Тој е многу важен затоа што со него би можело да се даде можност да се третираат и стари и нови предмети кои што ја трујат политичката клима. Многу е важно големите политички партии да успеат да се договорат за тоа прашање, посочи францускиот амбасадор Тимоние.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanskiot-ambasador-gerberih-osven-plata-i-pogolem-zivoten-standard-na-lugjeto-vo-makedonija-im-nedostiga-i-pravna-sigurnost/feed/ 0
Го искара ли Тимоние Заев да не ја кочи техничката Влада и што бараше владиниот советник Маричиќ на партиска средба? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/go-iskara-li-timonie-zaev-za-da-ne-ja-kochi-tehnichkata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/go-iskara-li-timonie-zaev-za-da-ne-ja-kochi-tehnichkata-vlada/#respond Tue, 21 Jan 2020 11:28:13 +0000 https://kurir.mk/?p=292663

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние оствари средба со поранешниот премиер Зоран Заев. За средбата информираше преку социјалната мрежа Твитер каде напиша дека разговарале за потребата од добро воспоставување на техничка влада, за спроведување фер и транспарентни предвремени парламентарни избори. Со оглед на фактот што Заев не е функционер во техничката Влада, се поставува прашањето зошто Тимоние имал потреба токму со него да разговара на оваа тема. Дали амбасадорот имаше пораки до Заев да не ја кочи работата на Техничката Влада, следејќи ги неговите чекори од изминатиов период? Кога ќе се погледнат фотографиите од средбата, на нив ќе го забележите и Бојан Маричиќ. Тој од функцијата советник во кабинетот на премиерот неодамна беше именуван за национален координатор за интеграција во Европската унија, Берлински процес и регионална соработка. Бидејќи Заев на оваа средба беше во функција единствено како претседател на партијата СДСМ, се поставува прашањето што барал Маричиќ, советникот од влада, на оваа партиска средба? Или во СДСМ се е едно - и државата и партијата? Нему работното место му е во Влада, од каде што зема висока плата од џебот на граѓаните, а тој среде работно време со врши партиски активности со лидерот Заев. Денешната партиска екскурзија на советникот е на сметка на буџетот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/go-iskara-li-timonie-zaev-za-da-ne-ja-kochi-tehnichkata-vlada/feed/ 0
Тимоние за предлогот на Мицкоски: Европската тенденција е рестрикција на амнестијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timonie-za-predlogot-na-mickoski-evropskata-tendencija-e-restrikcija-na-amnestijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timonie-za-predlogot-na-mickoski-evropskata-tendencija-e-restrikcija-na-amnestijata/#respond Tue, 10 Dec 2019 17:31:43 +0000 https://kurir.mk/?p=275669

Амнестијата е чувствителна тема и нема многу да говорам на темата, само ќе кажам дека амнестиите не донеле среќа овде. Амнестијата треба да се јави по некое осудување, и по утврдување на одговорност и генерално кон амнестијата се мисли како помирување во општеството, но јас немам впечаток дека овде неказнивоста е поврзана со помирувањето, ова во интервју за Македонското радио го истакна францускиот амбасадор во Република Македонија Кристијан Тимоние. -Туку овде не казнивоста предизвикува не помирување и големи рани на општеството, и тоа не е најдобриот пат за државата. Имаме општество кое е екстремно поделено, не е мое да го коментирам Уставниот суд. Правото на амнестијата треба да се користи во функција на помирување а не во функција на неказнивост. Во однос на предлогот на Мицкоски за забрана за амнестија на политичари, не е местото на амбасадор на Франција да коментира вакви работи, но воедно постои европска тенденција за рестрикција на капацитетите за амнестија, особено кога станува збор за дела кои се економска и финансиска причина особено кога станува збор за кражба на народот особено кога станува збор за вакви дела со кои се минира демократијата и се минира довербата на граѓаните во политичкиот систем, рече Тимоние. Тој додава дека кога бараме мислење од некого тоа мислење треба да се земе во предвид или парцијало или целосно затоа што сметаме дека телото Венецијанска комисија е доста почитувана и ја почитува целиот свет, и кога сме во потрага по европски стандарди, треба да почитуваме мислење на институција која е почитувана. Суштината на оваа комисија е да креира право и да се произведе консензус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timonie-za-predlogot-na-mickoski-evropskata-tendencija-e-restrikcija-na-amnestijata/feed/ 0
Тимоние: Институциите да се поодговорни во борбата против корупцијата и случајот Рекет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timonie-instituciite-da-se-poodgovorni-vo-borbata-protiv-korupcijata-i-sluchajot-reket/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timonie-instituciite-da-se-poodgovorni-vo-borbata-protiv-korupcijata-i-sluchajot-reket/#respond Tue, 10 Dec 2019 17:25:32 +0000 https://kurir.mk/?p=275666

Одблиску ќе ја следиме аферата Рекет и развојот на настаните. Треба институциите подобро да дејствуваат, институции кои функционираат, особено ќе ја споменам комисијата за борба против корупцијата која што разгледува одредени предмети дури и комплицирани предмети кои повикуваат високи функционери на власта. И веројатно постои простор за прочистување. И не треба само да се обвинува судскиот систем за она што го прави туку треба своевидна автодисциплина и рестрикција која е недоволна во политичкиот систем во однос на судскиот систем, ова во интервју за македонското радио го истакна францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние. -Судскиот систем треба да има храброст да се спротивстави на политичкиот систем. Посакувам стабилност во оваа земја, и не може преку нестабилност и преку решавање на лични сметки дека ќе се создаде клима за европеизација. Не сакаме ниту култура на неказнивост која донесе застарување на СЈО, потенцира Тимоние. Тој додава дека мандатот кој беше даден од граѓаните но и поддршката на меѓународната заедница за промени во земјата во 2016та ќе бидат оправдани само преку суштински и длабоки реформи, а не да се затвараат очите пред злоупотребите и да се задржи тој перверзен систем кој што не е европски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timonie-instituciite-da-se-poodgovorni-vo-borbata-protiv-korupcijata-i-sluchajot-reket/feed/ 0
Тимоние: Ги очекуваме реакциите на нон-пејперот, но најважно е функционирањето на правната држава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timonie-gi-ochekuvame-reakciite-na-non-pejperot-no-najvazno-e-funkcioniranjeto-na-pravnata-drzava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timonie-gi-ochekuvame-reakciite-na-non-pejperot-no-najvazno-e-funkcioniranjeto-na-pravnata-drzava/#respond Mon, 18 Nov 2019 13:48:27 +0000 https://kurir.mk/?p=265502

Франција најпрво ги очекува реакциите на нон-пејперот од земјите-членки, но исто така со големо внимание ќе ги сослуша и забелешките и од македонската страна, посочи денеска францускиот амбасадор Кристиан Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање по средбата со претседателот на Уставниот суд Сали Мурати. Францускиот нон-пејпер, посветен на новата методлогија во преговарачкиот процес, како што посочи Тимоние веќе е доставен до сите земји-членки на Европската унија, а по насоките кои францускиот амбасадор ги добил од француската Влада, документот е доставен и до Владата на Република Северна Македонија -Всушност тоа се француските размислувања доставени до сите земји-членки на ЕУ и по насоките од мојата Влада ја ги оставив до властите на РСМ и ги очекуваме најпрво реакциите на земјите-членки, но исто така ќе бидеме мошне внимателни и ќе ги сослушаме забелешките од македонска страна, рече Тимоние. Сепак, посочи Тимоние најважно од се е почитувањето и функционирањето во пракса на правната држава и додаде дека тоа е работа за која се согласуваат сите. Обновениот пристап во процесот на проширување на Европската унија што го бара Франција, во кој владеењето на правото и темелните права остануваат во прв план, а клучно е воведувањето на реверзибилноста на преговарачкиот процес, за Владата е вреден за поздравување, бидејќи, како што велат оттаму, добредојдена е секоја идеја која ќе придонесе за побрз почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и која ќе ги направи преговорите поефикасни, посуштински и покредибилни. Франција го испрати нон-пејперот до земјите-членки, а од Европската комисија бара новата методологија да ја објави до јануари 2020 година. Документот го доби и Владата, а сега следува негово детално анализирање, со цел нашите институции да го дадат својот придонес во процесот на реформирање на преговарачката методологија. Постепено придружување, построги услови, поконкретна корист и реверзибилност се четирите услови на кои би се засновал обновениот пристап во преговарачкиот процес, според францускиот предлог. Париз бара целокупниот процес на придружување да биде „постепен и поттикнувачки“. Како „пребавни“ ги оценува Франција во документот длабоките политички, економски и социјални трансформации потребни за идно пристапување во ЕУ. Смета и дека не се доволни конкретните придобивки за граѓаните во земјите-кандидатки. Владеењето на правото и темелните права би останале интегрално барање од моментот на отворање преговори и би останале такви во сите области за време на процесот, а клучниот предлог на Франција е во усвојување на принципот на реверзибилност, бидејќи се смета дека тоа ќе го осигура кредибилитетот и поттикнувачката природа на процесот. Според Париз, таквиот принцип е нужен во ситуации кога земјата кандидат делумно или воопшто не исполнува одредени критериуми или престанала да ги исполнува преземените обврски. Во таков случај, европскиот одговор би можел да се движи од запирање на финансиската помош до општа суспензија, во случај да се доведени во прашање основните вредности на ЕУ. Со нон-пејперот се предвидува дополнителна финансиска помош во предпристапниот период за Западен Балкан, што би подразбирало поголеми предпристапни инструменти и пристап до структурните фондови кои сега се резервирани само за земјите-членки на ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timonie-gi-ochekuvame-reakciite-na-non-pejperot-no-najvazno-e-funkcioniranjeto-na-pravnata-drzava/feed/ 0
Тимоние: Ако се дадат позитивни точки и од вас и од нас, ќе добиеме добри вести https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timonie-ako-se-dadat-pozitivni-tochki-i-od-vas-i-od-nas-kje-dobieme-dobri-vesti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timonie-ako-se-dadat-pozitivni-tochki-i-od-vas-i-od-nas-kje-dobieme-dobri-vesti/#respond Mon, 04 Nov 2019 17:21:46 +0000 https://kurir.mk/?p=260128

Процесот на ревизија на ЕУ постои и доколку се дадат позитивни точки до месец мај и од ваша и од наша страна мислам дека ќе добиеме добри вести, изјави денеска во Собранието францускиот амбасадор Кристијан Тимоние. Запрашан дали е оптимист дека до мај земјата може да ја заврши домашната задача за да добие зелено светло за преговори со ЕУ, амбасадорот Тимоние при тоа истакна дека најпрво треба да се организираат добри избори, односно да се продолжи во континуитет добивањето на позитивните извештаи од ОБСЕ за организирањето на изборите, но исто така и избирачкиот процес да биде зајакнат. Со тоа, рече, ќе се испорача добра слика за Македонија дека е демократска земја но исто така и дека ги исполнува сите Копенхашки критериуми. – Овој собраниски состав би требало да го заврши својот законодавен циклус со усвојувањето на закон што ќе спречи секаков вид насилство врз жените. Би било убав гест, доколку се усвои тој закон, но потоа останува на големите политички партии да се договорат за начинот на организирањето на изборите, но исто така, и да се договорат за поуспешна борба против корупцијата и за поеднакво судство кое успешно ќе се справува со корупцијата. Знам дека е тоа долг пат, но ние сме на ваша страна да ви помогнеме во тоа. Знаете дека постои тој процес на ревизија на ЕУ и доколку се дадат позитивни точки до месец мај и од ваша и од наша страна мислам дека ќе добиеме добри вести, кажа Тимоние пред одржувањето на панел дискусијата по повод одбележувањето на 70-годишнината на Советот на Европа посветена на подорбрување на пристапот до обесштетување на жртвите за трговија со луѓе и родово-базирано насилство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timonie-ako-se-dadat-pozitivni-tochki-i-od-vas-i-od-nas-kje-dobieme-dobri-vesti/feed/ 0
Тимоние: До нас е да разговараме за новите правила на игра, а до вас е да ги донесете законите против корупција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timonie-do-nas-e-da-razgovarame-za-novite-pravila-na-igra-a-do-vas-e-da-gi-donesete-zakonite-protiv-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timonie-do-nas-e-da-razgovarame-za-novite-pravila-na-igra-a-do-vas-e-da-gi-donesete-zakonite-protiv-korupcija/#respond Thu, 31 Oct 2019 13:58:28 +0000 https://kurir.mk/?p=258372

Сега е на лидерите на ЕУ да разговараат меѓу себе за да ги сменат правилата на игра, изјави францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање дали Франција ќе го промени својот став за прашањето за проширување до мај до Самитот на Унијта во Загреб, за кога европските лидери најавија дека повторно ќе се навратат на темата. Тимоние вели дека и земјава треба да исполни одредени задачи – успешни избори и закони за борба против корупцијата, за кои вели дека усвојувањето би било многу силен сигнал. Тој и со критика дека во земјава се одржуваат премногу избори. – Пред се тоа што ние треба да го направиме е да разговараме меѓу нас за да ги смениме правилата на игра. Во исто време, ако вие од ваша страна може да направите напредок ќе биде уште подобро, посебно изборите да бидат успешни, што ќе биде еден знак повеќе за политичката стабилизација, рече Тимоние денеска во изјава за медиуми на Саемот за студии во Франција. Според него, постојат одредени работи за кои има време оваа Влада да ги донесе до 3 јануари, а која дотогаш, како што рече, треба да работи во полн капацитет. – Во секој случај значи може да се оди напред, да се оди во прогрес се разбира со едно добро разбирање помеѓу самите партии. Затоа што вие сите заедно треба на некој начин да го дефинирате вашиот национален интерес, со цел тој национален интерес да може да се носи на европско ниво, посебно тука се мисли на законите што треба да се донесат со двотретинско мнозинство . Посебно во однос на законите за борба против корупцијата, кои доколку може да се донесат би биле многу силен сигнал. Ние имаме пред се работа од наша страна за да ја ставиме во ред нашата куќа и вие треба да го носите вашиот поглед односно да го вперите кон европскиот хоризонт што е ваш, меѓутоа треба да се работи и да се засукаат ракавите, рече Тимоние. Успешни избори, според него, се дел од глобалните критериуми за стабилизација на политичкиот живот. – Тоа би било еден добар знак, но сосема сум во полна доверба дека сето тоа убаво ќе помине. Имате премногу избори, но секојпат сметам дека еден чекор погоре е поминат во создавање на една доверба во политичкиот систем, односно во демократскиот систем, оцени францускиот амбасадор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timonie-do-nas-e-da-razgovarame-za-novite-pravila-na-igra-a-do-vas-e-da-gi-donesete-zakonite-protiv-korupcija/feed/ 0