Кристин Форсгрен Бенгтсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 May 2022 10:37:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кристин Форсгрен Бенгтсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Средба на Пендаровски со шведската амбасадорка Бенгстон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-pendarovski-so-shvedskata-ambasadorka-bengston/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-pendarovski-so-shvedskata-ambasadorka-bengston/#respond Tue, 17 May 2022 10:37:47 +0000 https://kurir.mk/?p=677592

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон која го информираше за одлуката на Кралството Шведска да поднесе барање за членство за прием во НАТО. Во таа прилика, претседателот Пендаровски ја поздрави оваа одлука на Шведска карактеризирајќи ја како одлука на суверена држава која има право на тоа, и додаде дека нашите државни позиции се во поддршка на политиката на отворени врати на НАТО. -Соговорниците разменија информации во однос на динамиката на процесот на пристапување во Алијансата, при што претседателот Пендаровски истакна дека со полноправното членство на Шведска во НАТО, одличните билатерални односи ќе добијат на уште посилен интензитет преку идното сојузништво во Алијансата, информираат од Кабинетот на претседателот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-pendarovski-so-shvedskata-ambasadorka-bengston/feed/ 0
Арсовска на средба со амбасадорката на Шведска, Бенгтсон https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-na-sredba-so-ambasadorkata-na-shvedska-bengtson/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-na-sredba-so-ambasadorkata-na-shvedska-bengtson/#respond Wed, 16 Feb 2022 16:13:00 +0000 https://kurir.mk/?p=632290

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Шведска, Кристин Форсгрен Бенгтсон, како и со Микаел Атерхог, раководител за соработка и развој во амбасадата. На средбата се разговараше за тековните проекти на кои работи Градот Скопје за подобрување на условите во кои живеат граѓаните, како и за идните активности каде во соработка со програмите овозможени од амбасадата ќе се овозможат решенија за подобрување на состојбите во однос на животната средина. -Посветено работиме на заштитата на животната средина, а особено внимание посветуваме на подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух. Во таа насока, приоритет во нашата работа е чистењето на дивите депонии кои се извор на загадување, стимулирањето на алтернативните видови превоз и набавката на екоавтобуси, рече Арсовска. Арсовска и Бенгтсон разговараа и за остварувањето на женските права и за застапеноста на жените во институциите на системот, со што ќе се подигне свеста за рамноправност и интегрирање на жените во сите сфери на општествениот живот. На денешниот состанок се зборуваше и за продлабочување на соработката меѓу Град Скопје и амбасадата на Кралството Шведска во нашата земја во однос на проекти кои се од важност на граѓаните, а кои може да се применат по примерите во Шведска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-na-sredba-so-ambasadorkata-na-shvedska-bengtson/feed/ 0