Кристин Лагард – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 02 Jun 2023 19:06:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кристин Лагард – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Продолжува растот на каматите, инфлацијата се уште не е на врвот, вели претседателката на ЕЦБ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/prodolzhuva-rastot-na-kamatite-inflatsijata-se-ushte-ne-e-na-vrvot-veli-pretsedatelkata-na-etsb/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/prodolzhuva-rastot-na-kamatite-inflatsijata-se-ushte-ne-e-na-vrvot-veli-pretsedatelkata-na-etsb/#respond Fri, 02 Jun 2023 19:06:17 +0000 https://kurir.mk/?p=841595

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард изјави дека нема јасни показатели дека базичната инфлација го достигнала својот врв и додаде дека зголемувањето на каматните стапки ќе продолжи. Во говорот на банкарска конференција во Хановер, Лагард се осврна на прекините во синџирот на снабдување по пандемијата на коронавирус. Таа потсети дека растот на инфлацијата забрза на почетокот на 2022 година и дека во јули 2022 година почнаа да ги зголемуваат каматните стапки. Лагард додаде дека инфлацијата се уште е многу висока и така ќе остане уште долго време. „Затоа мораме да продолжиме со циклусот на зголемување на стапката додека не бидеме доволно уверени дека инфлацијата ќе достигне задоволително ниво“, рече Лагард.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/prodolzhuva-rastot-na-kamatite-inflatsijata-se-ushte-ne-e-na-vrvot-veli-pretsedatelkata-na-etsb/feed/ 0
Лагард: Каматните стапки ќе растат, приоритет е инфлацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lagard-kamatnite-stapki-ke-rastat-prioritet-e-inflatsijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lagard-kamatnite-stapki-ke-rastat-prioritet-e-inflatsijata/#respond Mon, 06 Mar 2023 09:01:16 +0000 https://kurir.mk/?p=808500

Каматните стапки најверојатно ќе се зголемат за 50 базични поени, со цел дополнително да се ограничи инфлацијата, изјави претседателот на Европската централна банка. Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, најави дека каматните стапки најверојатно ќе се зголемат за 50 базични поени со цел дополнително да се ограничи инфлацијата. Според неа, тоа е одлуката на ЕЦБ, која беше навестена на последниот состанок посветен на монетарната политика, каде сите бројки вклучени во анализата потврдија дека е многу веројатно зголемување на каматните стапки. „Главната стапка на инфлација се намали во последните месеци и ќе продолжи да се намалува во текот на следните неколку месеци. Но базичната инфлација, која ги исклучува енергијата и храната во еврозоната, е превисока. Мора да продолжиме да ги преземаме неопходните мерки за да ја вратиме инфлацијата на два отсто и тоа го правиме“, изјави Лагард во интервју за шпанската медиумска групација Восенто, пренесува Танјуг. „Повлечете ја поддршката кога ситуацијата ќе се подобри“ Таа потсети дека многу економски експерти не исклучуваат зголемување на каматите во 2024 година за над четири проценти. Според неа, тоа укажува дека се работи на сузбивање на инфлацијата, дека има напредок во таа работа, но дека има уште многу работа што треба да се заврши. „Мојата главна грижа е инфлацијата. Не сакаме да ја уриваме економијата, тоа не е нашата цел, туку сакаме да ја скротиме инфлацијата. Зголемувањето на каматните стапки е нашата главна алатка за да го постигнеме тоа, бидејќи ја намалува побарувачката и ги намалува инфлаторните притисоци. Во моментов, економијата е отпорна, вработеноста е висока, а невработеноста е на најниско ниво на сите времиња“, рече Лагард. „Сметаме дека владината поддршка треба да биде насочена кон тие ранливи категории, но привремено, за одреден период. Кога ситуацијата ќе се подобри, кога цените на енергијата паѓаат и кога цените на храната ќе се стабилизираат, тогаш владите треба да ја повлечат поддршката, бидејќи на тој начин граѓаните се охрабруваат да штедат енергија, наместо да ја користат како ништо да не чини“, рече Лагард.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lagard-kamatnite-stapki-ke-rastat-prioritet-e-inflatsijata/feed/ 0
Лагард: Развојот на економијата на еврозоната зависи од ситуацијата во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lagard-razvojot-na-ekonomijata-na-evrozonata-zavisi-od-situacijata-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lagard-razvojot-na-ekonomijata-na-evrozonata-zavisi-od-situacijata-vo-ukraina/#respond Thu, 14 Apr 2022 14:11:52 +0000 https://kurir.mk/?p=663057

Руската инвазија има значително влијание врз економијата на еврозоната, а нејзиниот развој ќе зависи од тоа како ќе се развива конфликтот во иднина, изјави денеска на прес-конференци шефицата на Европската централна банка Кристин Лагард. -Ова влијае на економијата во Европа и пошироко. Конфликтите и несигурноста поврзана со нив, ја поткопуваат довербата на бизнисите и потрошувачите, рече таа. -Економскиот развој во голема мера ќе зависи од развојот на конфликтот, влијанието на постоечките санкции и можните дополнителни мерки, потенцираше шефицата на ЕЦБ.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lagard-razvojot-na-ekonomijata-na-evrozonata-zavisi-od-situacijata-vo-ukraina/feed/ 0
Лагард: Најголем страв не е дека ЕУ ќе има многу долгови, туку дека владите можат „брутално“ да ги прекинат стимулативните мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lagard-najgolem-strav-ne-e-deka-eu-kje-ima-mnogu-dolgovi-tuku-deka-vladite-mozat-brutalno-da-gi-prekinat-stimulativnite-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lagard-najgolem-strav-ne-e-deka-eu-kje-ima-mnogu-dolgovi-tuku-deka-vladite-mozat-brutalno-da-gi-prekinat-stimulativnite-merki/#respond Sun, 21 Feb 2021 08:08:13 +0000 https://kurir.mk/?p=471628

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, нагласи дека нејзиниот најголем страв не е дека Европската унија ќе има многу долгови, туку дека владите можат „брутално“ да ги прекинат стимулативните мерки. Според неа, таквите програми мора „постепено“ и внимателно да се релаксираат. – Ова е најтешкиот, најсуптилниот момент кога треба да се направат проценки, изјви Лагард во интервју за Си-Ен-Ен. Владите издвоија милијарди долари помош во текот на изминатата година за да го ублажат економскиот шок предизвикан од пандемијата, со поддршка на централните банки, како што е ЕЦБ. Европските лидери исто така одобрија пакет за економско закрепнување од 1,8 милијарди евра и буџет за помош во зајакнувањето на економиите на ЕУ кога ќе помине кризата, според американската телевизиска мрежа. Лагард, сепак нагласува дека дури и кога економијата почнува да се подобрува и закрепнува, политичарите не треба да ја повлекуваат поддршката прерано. Во својата најнова прогноза, објавена во декември, ЕЦБ најави дека европската економија ќе порасне за 3,9 проценти во 2021 година, а производството ќе достигне нивоа пред пандемија до средината на 2022 година. Лагард истакна дека таквите прогнози во голема мера зависат од вакцинацијата, која има бавен почеток во Европската унија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lagard-najgolem-strav-ne-e-deka-eu-kje-ima-mnogu-dolgovi-tuku-deka-vladite-mozat-brutalno-da-gi-prekinat-stimulativnite-merki/feed/ 0
Лагард: Жените лидери подобро ја решаваат кризата со коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lagard-zenite-lideri-podobro-ja-reshavaat-krizata-so-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lagard-zenite-lideri-podobro-ja-reshavaat-krizata-so-koronavirusot/#respond Thu, 23 Jul 2020 06:29:05 +0000 https://kurir.mk/?p=379936

Жените лидери подобро ја решаваат кризата настаната со пандемијата на новиот коронавирус, оценува директорката на Европската централна банка, Кристин Лагард, фалејќи ја нивната искрена комуникација и посветеност. – Ќе бидам исклучително пристрасна. Не како централна банкарка, туку како јас. Научив дека жените обично подобро ги извршуваат работите, истакна Лагард. Лагард, која е прва претседателка на ЕЦБ, ја издвои германската канцеларка Ангела Меркел и го нагласи како пример нејзиниот научно заснован пристап, како „искрените и транспарентни“ објаснувања на податоците за Ковид-19 и стапката на зараза им помогнале на луѓето да сфатат зошто се неопходни заштитните маски, мерките за физичка дистанца и карантинот, пишува „Гардијан“. – Жените лидерки на Тајван, Белгија и Нов Зеланд, исто така, носеа вода со лоши вести и вода со јасно објаснување и силни препораки, изјави Лагард. Германија ја издржа кризата подобро од многу нејзини европски соседи, додека Тајван и Нов Зеланд се сметаат за успешни примери во борбата против пандемијата. Наспроти тоа, експертите забележале дека машките, популистички лидери, како што се американскиот претседател Доналд Трамп, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро и британскиот премиер Борис Џонсон, имале проблеми да го спречат ширењето на епидемијата во своите земји, наведува „Гардијан“. Поранешната француска министерка за финансии Лагард додаде дека „лидерството значи да се биде одговорен и грижлив“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lagard-zenite-lideri-podobro-ja-reshavaat-krizata-so-koronavirusot/feed/ 0
Лагард: Пандемијата длабински ќе ја промени светската економија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lagard-pandemijata-dlabinski-kje-ja-promeni-svetskata-ekonomija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lagard-pandemijata-dlabinski-kje-ja-promeni-svetskata-ekonomija/#respond Sun, 05 Jul 2020 08:06:22 +0000 https://kurir.mk/?p=369158

Економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот „длабоко ќе ја промени“ светската економија, која сега повеќе ќе биде ориентирана кон екологијата и нумерацијата, а Европа овие промени ќе ги дочека во „одлична позиција“, оцени директорката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард. Кризата ќе ја забрза трансформацијата на европските економии, а таа трансформација е веќе „латентно присутна“, рече Лагард за време на видео конференцијата за економијата на францускиот регион Екс-ан-Сен, во Париз. -Кога станува збор за производството, пазарот, вработувањето, тоа што ние во моментот го доживуваме веројатно ќе доведе до еволуција кон поодржлив начин на живот, што ќе биде повеќе еколошки, рече Лагард. Според париски „Фигаро“, Лагард посебно се осврна на работата од далечина (дома) , која, како што оцени, ќе „го трансформира начинот на функционирање на сите вработени“, барем кога станува збор за развиените земји. Таа, исто така, оцени дека ќе има значително зголемување на употребата на нумерички технологии и роботика во индустријата. -Соочена со ваквите трансформации, Европа е во одлична позиција да ги прифати, додаде Лагард.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lagard-pandemijata-dlabinski-kje-ja-promeni-svetskata-ekonomija/feed/ 0
Лагард: Можна е глобална економска бура https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lagard-mozna-e-globalna-ekonomska-bura/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lagard-mozna-e-globalna-ekonomska-bura/#respond Mon, 11 Feb 2019 09:27:49 +0000 https://kurir.mk/?p=162543

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард предупреди дека постои опасност од „економска бура“ во светот, од причини што растот на глобалната економија е помал од очекувањата. – Проблемот е во тоа што гледаме дека економијата расте многу побавно отколку што очекувавме, изјави Лагард. ММФ минатиот месец ја намали прогнозата за растот на глобалната економија од претходно предвидените 3,7 на 3,5 отсто. Според Лагард, постојат „четири облаци“, кои се главни фактори што придонесуваат за успорување на растот на глобалната економија и кои можат да доведат до „економска бура“. – Меѓу причините се трговските тензии и воведувањето санкции, финансиските проблеми, неизвесноста околу Брегзитот и забавувањето на кинеската економија, изјави Лагард. Трговските тензии, главно предизвикани од царинскиот спор меѓу Кина и САД, според Лагард, веќе имаат глобално влијание. Лагард потенцира дека дополнителни ризици претставуваат и се поголемите трошоци за кредитирање на владите, компаниите и домаќинствата. – Кога има премногу облаци, потребен е само еден удар на гром за да започне бура, заклучи Лагард.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lagard-mozna-e-globalna-ekonomska-bura/feed/ 0
Лагард: Централните банки треба да размислат за издавање дигитални валути https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lagard-centralnite-banki-treba-da-razmislat-za-izdavanje-digitalni-valuti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lagard-centralnite-banki-treba-da-razmislat-za-izdavanje-digitalni-valuti/#respond Thu, 15 Nov 2018 07:28:17 +0000 https://kurir.mk/?p=127990

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, рече дека централните банки ширум светот треба да размислат за издавање дигитална валута. Во говор во Сингапур, Лагард рече дека ова би можело трансакциите со дигитални валути да ги направи побезбедни. Неготовинските плаќања се зголемија во текот на годините, со што се зголемија и предизвиците за владите и централните банки. Регулаторите изразија загриженост поради дигиталните валути и повикаа на поголем надзор. – Верувам дека треба да ја разгледаме можноста за издавање дигитална валута. Може да има улога за државата да обезбеди пари за дигиталната економија, изјави Лагард во својот говор на конференција во Сингапур. – Предноста е јасна. Вашата исплата ќе биде веднаш, сигурна, евтина и потенцијално полуанонимна … И централните банки ќе задржат сигурна основа во плаќањата, рече Лагард и додаде дека централните банки на Канада, Кина, Шведска и Уругвај „сериозно размислуваат” за предлози за дигитални валути. Виртуелна валута издадена од централна банка би била обврска на државата, како што се готовите пари,  не на приватна фирма. Според Лагард, тоа би ги направило трансакциите посигурни и почести, а со тоа и поевтини со што би им се помогнало на потрошувачите. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lagard-centralnite-banki-treba-da-razmislat-za-izdavanje-digitalni-valuti/feed/ 0
Лагард: Лоши изгледи за британската економија без договор за Брегзит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lagard-loshi-izgledi-za-britanskata-ekonomija-bez-dogovor-za-bregzit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lagard-loshi-izgledi-za-britanskata-ekonomija-bez-dogovor-za-bregzit/#respond Mon, 17 Sep 2018 12:23:26 +0000 https://kurir.mk/?p=102096

Британската економија ќе се соочи со „многу полоша" перспектива ако земјата следната година ја напушти Европската унија без договор, отколку во случај да се постигне договор за Брегзит, изјави денеска директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард. Според неа, британската економија се соочува со слабеење ако Лондон и Брисел не успеат да се договорат за взаемните односи по Брегзит. - Неуредено напуштање  од ЕУ ќе донесе многу полоши последици, рече Лагард, откако ММФ го претстави извештајот за британската економија во случај на „развод" без договор. - Во споредба со сегашниот единствен пазар, сите можни сценарија за Брегзит ќе ја чинат британската економија и, во помала мера, Европската унија. Колку се поголеми бариерите за трговијата во новиот однос, цехот ќе биде поскап. Тоа треба да биде сосема очигледно, но се чини дека понекогаш  не е така, рече шефот на ММФ. ММФ во извештајот објави дека очекува растот на британската економија да изнесува околу 1,5 отсто годишно во 2018 и 2019 година, ако се постигне поширок договор за Брегзит. Пред два месеца, во јули ММФ најави дека економијата на Велика Британија ќе порасне за 1,4 проценти оваа година, а во 2019 година за 1,5 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lagard-loshi-izgledi-za-britanskata-ekonomija-bez-dogovor-za-bregzit/feed/ 0