Кристина АМпева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Jul 2023 10:51:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кристина АМпева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ампева: „Гласен Текстилец“ има пријави за работа на градежни работници и бремени жени за време на топлотниот бран https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-glasen-tekstilets-ima-prijavi-za-rabota-na-gradezhni-rabotnitsi-i-bremeni-zheni-za-vreme-na-toplotniot-bran/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-glasen-tekstilets-ima-prijavi-za-rabota-na-gradezhni-rabotnitsi-i-bremeni-zheni-za-vreme-na-toplotniot-bran/#respond Thu, 20 Jul 2023 10:51:27 +0000 https://kurir.mk/?p=858427

Здружението „Гласен Текстилец“ изминатите денови имале пријави од страна на работници но и граѓани за непочитување на мерките и препракките на Владата за работниците за време на топлотниот бран. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ за МИА вели дека пријави им пристигнале од Штип, Скопје и Свети Николе. -Од Скопје и Штип имаше пријави за градежни работници, работници од јавни претпријатија во текот на вчерашниот ден. Гледаме да реагираме со Трудовиот инспекторат и за ослободување и на бремените жени, а за хронично болните министерството за здравство сметаше дека нема потреба да бидат ослободени од работа, вели Ампева. Посочи дека зголемена е свеста кај работниците,но и на граѓаните кои пријавуваат работа на градежните работници на отворено. Таков пример имала вчера од страна на граѓани, кои реагирале дека градежни работници работат на објект, како и дека на терен се и работници од јавни претпријатија од Скопје. -Граѓаните прашуваат каде да пријават, значи тие приметуваат дека се прекршуваат правата на работниците и работат на изложеност на сонцето, а се знае од колку до колку не смеат да работат. Така да мене ми е многу мило што самите се јавуваат на телефоните на Трудовиот инспекторат, рече Ампева. Таа посочи дека во овој период имаат и добра соработка со инспекторите, кои веднаш реагираат на терен. -Додека се вршени тие контролни надзори можам да кажам дека се ослободени голем број на бремени жени од текстилниот сектор, потоа има супер маркети, па и во здравствена установа. Но интересно е дека при тие надзори најдени се и голем број на непријавени работници. Така да овде имаме поопсежна работа на терен, вели Ампева. Прашана за реакцијата на текстилни работнички дека се возат во неклиматизирани автобуси, на некои од нив за да влезе воздух можат да се отварат два или три прозоци, Ампева потврдува дека вакви реакции имаат од работничките во овој сектор и веќе има реагирано до надлежните институции. -За превозот на работниците ми е жал што сообраќајна полиција не е присутна на терен за да виде дека има претовари во автобусите со кои се превезуваат работници. Не можам да кажам за сите работодаваци, но има и кои имаат сопствен превоз и се придржуваат до мерките. Генерално сликата е таква, каква што е и може да се виде на постојките од 14.30 па понатаму кога работниците заминуваат дома од своите работни места, вели Ампева. Посочи дека информиран е и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, а веќе денеска добила одговор од него оти општинскиот сообраќаен инспектор ќе се координира со сообраќајната полиција и инспектор од безбедност и здравје на работа да излезат на терен и да видат во какви услови се превезуваат работниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-glasen-tekstilets-ima-prijavi-za-rabota-na-gradezhni-rabotnitsi-i-bremeni-zheni-za-vreme-na-toplotniot-bran/feed/ 0
Ампева: Европското знаменце власта го искористи не поради европски норми туку да се избегне дебата со јавноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-evropskoto-znamentse-vlasta-go-iskoristi-ne-poradi-evropski-normi-tuku-da-se-izbegne-debata-so-javnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-evropskoto-znamentse-vlasta-go-iskoristi-ne-poradi-evropski-normi-tuku-da-se-izbegne-debata-so-javnosta/#respond Tue, 30 May 2023 18:12:54 +0000 https://kurir.mk/?p=840587

Мене самиот закон за од јавен интерес односно законот за „Бехтел и Енка“ ми е спорен уште од самиот почеток. И тоа го кажа самата претседателка на државната комисија за спречување на корупција. Тие единствени како комисија уште минатата година поднесоа за оценување на уставноста, меѓутоа помина онака како што помина. Нивната иницијатива не помина, што укажува на тоа дека „Бехтел и Енка“ ќе имаат посебни привилегии во нашата земја. И сега гледаме дека е навистина“, истакна Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ при гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија. Ампева додаде дека минатите измени во законот беа во просек 60 часа неделно што значи во просек ако е може да биде и 120, тоа беше и аргументот на „Гласен текстилец“ пред Уставен суд. Меѓутоа сега ова што се како измени на законот се уште покритични бидејќи се вели дека работното време ќе биде над 190 часа годишно. Каде е горната граница, запраша таа. „Во моменталните законски решенија дали за јавен сектор, дали за закон за работни односи, дали за колективни договори законодавецот намерно го ставил тоа да стои 190 часа максимум прекувремена работа во текот на годината“, нагласи таа. Таа посочи дека европското знаменце власта го искористи не поради европски норми туку да се избегне дебата со јавноста. „Дебата во јавноста се избегнува и во однос на закон за земјоделско земјиште, за експропријација итн.“, посочи Ампева. „Имав верба дека навистина претседателот Пендаровски ќе биде осетлив кон оваа тема бидејќи велиме дека младите се иселуваат, има сива економија, и од Светска банка ни велат дека имаме над 40% сива економија, имаме ситуации со злоупотреби на државни пари за КОВИД мерките, за тоа апсолутно немаме никаде истраги, а ниту пак одговор. И сега дополнително, оставете што 1.3 милијарди евра што ќе дадеме на „Бехтел и Енка“, плус пенали туку ние имавме и еден тендер што пропадна за надзор на патишта од фамозни 22,5 милиони. Цело време оваа постапка и фирми се скандалозни. И посебно револтирачки беше и самата изјава на претседателот дека наводно треба да внимаваат амбасадите на какви граѓански организации и какви медиуми ги даваат европските финансии“, заклучи Ампева. Таа укажа дека имало многу несвојствени работи во вчерашната прес конференција на Пендаровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-evropskoto-znamentse-vlasta-go-iskoristi-ne-poradi-evropski-normi-tuku-da-se-izbegne-debata-so-javnosta/feed/ 0
Ампева: Прва победа и пресуда за „Намерно предизвикување на стечај“ во текстилниот сектор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-prva-pobeda-i-presuda-za-namerno-predizvikuvane-na-stechaj-vo-tekstilniot-sektor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-prva-pobeda-i-presuda-za-namerno-predizvikuvane-na-stechaj-vo-tekstilniot-sektor/#respond Tue, 24 Jan 2023 12:03:55 +0000 https://kurir.mk/?p=791132

Штипскиот Основен суд пресуди дека управител на штипската конфекција „Алкон текс“ сторил кривично дело „Намерно предизвикување на стечај“, соопшти на денешната прес-конференција претседателката на „Гласен Текстилец“-Штип, Кристина Ампева. Пресудата доаѓа две години од протестите на над 30 текстилни работнички и собирање на докази за овој случај. Ампева посочи дека ова е прва ваква победа и позитивна пресуда во корист на текстилните работнички во земјава, а воедно е и позитивна пракса на Основното јавно обвинителство (ОЈО) и Основниот суд во Штип. Посочи дека „Гласен Текстилец“ со правниот тим предметот го води од април 2020 година. -Се работи за конфекцијата „Алкон Текс“ која не исплати плати придонеси од плати и други надоместоци на околу триесеттина жени работнички. Се сеќавате и вие , бевте присутни на тие протести во кругот на фабриката, каде можевте да посведочите за нехуманиот однос на раководството на компанијата кон жени кои целиот работен век го поминале во тој објект, нема да речам фирма бидејќи се менувани имињата низ годините. За истата фирма побаравме помош и ги известивме сите служби, Трудов инспекторат, УЈП , Финансова полиција, МВР односно секторот за економски криминал а на крајот и ОЈО. Морам да истакнам дека имаше голема респонзивност од страна на УЈП и Државен инспекторат за труд , па дури и има кривична пријава од УЈП за даночно затајување, вели Ампева. Забележа дека иако стечајниот управител дозволил затварање на фирмата преку стечајна постапка и не најде никаква злоупотреба нит стечајна маса за да се надмират платите на вработените, сепак „Гласен Текстилец“ продолжило со постапката. -На крај бевме приморани со сите собрани докази да поднесеме кривична пријава за предизвикување на лажен стечај и други кривични обвиненија кои на крајот беа избегнати поради завршениот стечај, сепак на крајот управителот на „Алкон Текс“, ја призна вината дека предизвикал лажен стечај а која крајна цел била да не се исплати ништо кон работниците, а повторно е сменето име на фирма која ги презема работниците , бар дел од нив. Ова не е изолиран случај ова се случува веќе со децении, но за жал немало кој да започне и се спротивстави на вакви криминали со кој се доведува во прашање егзистенцијата на работниците кои земаат најниски плати но и егзистенцијата на нивните семејства, рече Ампева. Посочи дека ова е прв случај во кој ОЈО- Штип ја оправдало довербата на „Гласен Текстилец“ и на работниците. -Сега можеме да кажеме дека имаме редок, ептен редок случај на докажан лажен стечај, а мислам и прв во текстилната индустрија. Ова нека е пример за останатите како не смее да се работи, дека сме доволно упорни и нема да застанеме во борбата за работнички права, преку било какви институционални или судски постапки. Од тука, размислуваме да поведеме постапка и против стечајната управителка, бидејќи имала увид во документацијата, исто како што имаа и надлежните институции и истражни органи. Да видеме како дошло до овој стечај. Зошто УЈП и ОЈО најдоа злоупотреби во документацијата , а не најде стечајната управителка. Знаеме дека стечајните управители во овие 30 години ретко кога преку стечајна маса подмириле оштетени работници, а ова ќе е уште еднаш пример да се сетат која е нивната работа, нивната одговорност, од кого се платени и зошто се платени, порача Ампева. Во пресудата стои дека управителот на фирмата е виновен за сторено кривично дело за „Намерно предизвикување на стечај“, со што има и условна осуда од две години затвор, како и парични глоби. „Гласен Текстилец“ и над 30 работнички продолжуваат со битката, со што преку нова судска постапка ќе бараат исплата на отпремнини, плати и придонесите и други надоместоци од плата, дел од нив останаа без работа неколку месеци пред пензија,а имаше и една бремена текстилна работничка.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-prva-pobeda-i-presuda-za-namerno-predizvikuvane-na-stechaj-vo-tekstilniot-sektor/feed/ 0
Ампева: Соработката со Општина Штип ќе се зајакнува преку конкретни активности https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ampeva-sorabotkata-so-opshtina-shtip-kje-se-zajaknuva-preku-konkretni-aktivnosti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ampeva-sorabotkata-so-opshtina-shtip-kje-se-zajaknuva-preku-konkretni-aktivnosti/#respond Mon, 31 Oct 2022 16:37:53 +0000 https://kurir.mk/?p=753382

Претседателката на „Гласен Текстилец“-Штип Кристина Ампева денеска имаше средба со градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, директорот на ЈП „Исар“ Трајче Здравков и директорот на ЈП „Стипион“ Игор Ефтимов, а на којашто Ампева им додели благодарници за особен придонес во настанот „Текстилијада 6”, информираат во писменото соопштение од „Гласен Текстилец“-Штип. Ампева посочува дека за време на состанокот биле сумирани впечатоците од настанот и соработката која беше остварена со видливи резултати меѓу здружението, јавните претпријатија и општината. – Во заедничко партнерство, организиравме посета и пикник на античкиот град Баргала, каде работничките имаа шанса да се дружат и слушнат повеќе за локалитетот од страна на вработени лица во Музеј на град Штип. Во соработка со Јавните претпријатија „Исар“ и „Стипион“, ЦАЦ Скопје и уметникот Андреј Миновски, ја изработивме и поставивме работничката клупа, која што е изработена од рециклиран материјал, вели Ампева. Посочува дека и наредниот период останува соработката со градоначалникот на Општина Штип, како и со јавните претпријатија. – Соработката ќе се зајакнува преку конкретни активности, промоција на социјалниот дијалог, меѓу сите засегнати страни, можности за формирање на Локален економско – социјален совет на ниво на Штип, се со цел унапредување на работничките права, јакнење на соработката меѓу бизнис секторот и средните стручни училишта, но и подигнување на свеста кај сите чинители за потребата од повисоки плати за достоен живот особено во ваква криза, додава Ампева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ampeva-sorabotkata-so-opshtina-shtip-kje-se-zajaknuva-preku-konkretni-aktivnosti/feed/ 0
Ампева бара конкретни мерки за заштита на граѓаните од можни злоупотреби од трговците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-bara-konkretni-merki-za-zashtita-na-gragjanite-od-mozni-zloupotrebi-od-trgovcite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-bara-konkretni-merki-za-zashtita-na-gragjanite-od-mozni-zloupotrebi-od-trgovcite/#respond Tue, 20 Sep 2022 19:51:30 +0000 https://kurir.mk/?p=735433

Здружението „Гласен Текстилец”- Штип по соопштението на Владата за ограничените маржи на прехранбените продукти, упати апел да се спречат злоупотреби на грбот на граѓаните од страна на одредени трговци. Кристина Ампева од Здружението „Гласен Текстилец” вели дека се свесни оти оваа криза особено ги погодува работниците, сиромашните, а со тоа и нивните семејства. -Од почетокот на кризата, упатуваме апели за поголема грижа од страна на Владата за сопствените граѓани и постојани злоупотреби врз грбот на народот од одредени субјекти. И минатиот пат имаше соопштенија за замрзнување на цените на прехранбени продукти, но никој не водеше грижа за постојаните покачувања, иако граѓаните алармираа постојано на злоупотреби, вели Ампева. Посочи дека потребно е Владата да даде конкретни насоки, како да не се прават злоупотреби од страна на трговците. Таа како пример ги посочи мерките во Хрватска. -Почитуван министер и Влада, доколку навистина сакате да помогнете на сопствениот народ и најсиромашните, оние со најниски приходи во време на ваква криза, важно е да дадете јасни насоки и јасни мерки во склоп на ова соопштение. На пример во Хрватска, определени се највисоки цени за лебот, за млеко, за масло, за пилешко, за било какви артикли и максимална сума за истите. Исто, се даваат конкретни насоки од кога стапува на сила оваа мерка и се даваат броеви за пријавувања до пазарен инспекторат (дежурни броеви) на кои граѓаните ќе можат да пријавуваат злоупотреба од страна на одредени трговци, рече Ампева. Забелажа дека државата треба да мисли и на царинењето и ослободувањето и кон трговијата за да има фер конкуренција на пазарот и помош кон нив. – Со вакви соопштенија, ниту се дава сигурност, ниту помош и поддршка кон сопствените граѓани, а ниту кон домашните проиводители, додаде Ампева. Додава дека периодот кој следи ќе биде далеку покритичен, а како Здружение бараат од Владата и министерствата, но и од институциите да донесат навремени и јасни мерки во корист на граѓаните за да можат да ја поминат со помали штети оваа криза. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-bara-konkretni-merki-za-zashtita-na-gragjanite-od-mozni-zloupotrebi-od-trgovcite/feed/ 0
Ампева за Курир: Принудниот одмор на текстилните работници е затишје пред бура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ampeva-za-kurir-prinudniot-odmor-na-tekstilnite-rabotnici-e-zatishje-pred-bura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ampeva-za-kurir-prinudniot-odmor-na-tekstilnite-rabotnici-e-zatishje-pred-bura/#respond Thu, 08 Apr 2021 06:34:57 +0000 https://kurir.mk/?p=494036

Над 6.000 текстилни работници во земјава се на колективен одмор. Претседателката на Здружението „Гласен Текстилец“, Кристина Ампева во изјава за Курир вели дека остануваат да ја следат состојбата која нималку не е во корист на Штип, источниот регион и градовите каде е застапена текстилната и чевларската гранка. Вели, ако не се изгласа 5-тиот пакет на економски мерки ќе имаме ужасна ситуација, огромни проблеми со егзистенција на работниците. -Очигледно е дека текстилните фабрики останаа без работа, поради економско здравствената криза со Ковид 19 која го зафати целиот свет, не само Македонија. Нарачките од странските партнери се запрени, малку се оние брендови кои не запреа со работа. Ова беше очекувано. Ние како текстилна индустрија зависиме од странските партнери и лон производството. Она што го зборевме со години, дека 95% од фирмите во Македонија се зависни од брендовите и немаме менаџерски способности за сопствено производство, дека лон производството е едноставно, но е неплатено, оваа криза го покажа и извади на површина лошото менаџирање и слабостите на лон производите. Останува да се надеваме дека ќе се изгласа 5-тиот пакет на економски мерки, бидејќи во спротивно ќе имаме ужасна ситуација, огромни проблеми со егзистенција на работниците, особено од ваквите ниско платени индустриски гранки. Имаме фирми кои должат по два месеци плата, не се платени придонесите, што значи дека немаат здравствено осигурување, што е исклучително не фер и не човечки во време на ваква здравствена криза. Принудниот одмор е затишје пред бура, особено ако продолжат калкулациите во Собрание од страна на партиите и пратениците, оние кои се избрани од народот, а се однесуваат крајно неодговорно. Не може закон за државјанство да е поважен од работни места и егзистенција на илјадници работници и нивните семејства, вели Ампева за Курир. Претседателот на Организацијата на работодавачи најави дека можни се отпуштања на вработените со договор на дело во следниот период и прогласување технолошки вишок на вработени. Ампева посочува дека не можат да ја знаат точната бројка на работници кои би биле отпуштени доколку се случи ова сценарио. -Не можеме да ја знаеме точната бројка. Од страна на колегите од ЗМАИ имаше истражување каде бројката на отпуштени од секторот текстил е 7000 луѓе. Инаку, и досега беа први на удар оние кои ги користеа мерките (бремени, хронично болни, мајки на деца до 10 години), како и оние со договори на определено време. Имаше и многу со незаконски откази, непочитување на договорите за вработување, фалсификувани потписи од страна на работодавачите кај работници на неопределено време. Не се сложувам дека текстилните фирми даваат откази од деловни причини, бидејќи треба да платат опремнина согласно стажот на вработениот кај работодавачот. Тоа е и еден од поголемите проблеми периодов. Имаме стотици работници кои беа принудени да си потпишат спогодбен отказ, да потпишат анекси од неопределено на определено работно време. И сето тоа, за да работодавачите не исплатат она што им следува на работниците при отказ од деловни причини. Ова се деловни причини, а не причини на работникот. Но знаеме дека со децении правата на работникот се на хартија, а ги немаме во пракса во огромен дел, оваа криза исто, извади на површина какви се не злоупотреби се прават на штета на работникот. А додека немаме и институции кои будно ќе следат, интервенираат и не дозволуваат прекршувања на права, ситуацијата ќе продолжи бидејќи неказнивоста од страна на институциите на државата, ги охрабрува дел од работодавачите да ги кршат законите, посочува Ампева. Посочува и дека состојбата во текстилната индустрија е загрижувачка. Добар дел од вработените се соочуваат со откази, несигурност на работно место, приморани да потпишуваат разни спогодби и анекси на договори, исплати под минимална плата, доцнење на плата, неисплаќање на плата и неплатени придонеси, немање на платено здравствено осигурување. -Од друга страна, имаме покачени цени на производи, луѓето каснат со исплата на рати од кредити кон банките, сметките, имаат зголемени трошоци, а немање на редовна плата. И повторно, катастрофална е неодговорноста на поедини пратеници и политички партии да си играат со човечки судбини. Забораваат поради кого се на тие функции и благодарение на кого ги уживаат нивните привилегии и земаат високи и редовни плати. Си играат со трпението на граѓаните и фирмите, па треба да се запрашаат дали може оваа ситуација да ескалира поради нивната неодговорност. Итен е сетот на мерки, државна помош кон граѓаните и фирмите, се останато е популизам, неодговорност и играње со човечки судбини, нагласува претседателката на „Гласен Текстилец“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ampeva-za-kurir-prinudniot-odmor-na-tekstilnite-rabotnici-e-zatishje-pred-bura/feed/ 0
Ампева: Работничка од Куманово ја доби првата кривична пресуда за кршење права во корона-криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-rabotnichka-od-kumanovo-ja-dobi-prvata-krivichna-presuda-za-krshenje-prava-vo-korona-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-rabotnichka-od-kumanovo-ja-dobi-prvata-krivichna-presuda-za-krshenje-prava-vo-korona-kriza/#respond Tue, 22 Dec 2020 10:51:13 +0000 https://kurir.mk/?p=446612

Работничка од приватен сектор во Куманово ја доби првата кривична пресуда за кршење на работнички права за време на корона-кризата, соопшти Кристина Ампева од „Гласен Текстилец”-Штип. Забележува дека за време на оваа здравствено – економска криза, каде што многу работници останаа без работа, со незаконски откази утринава ја добила позитивната вест. -Гласен Текстилец го следеше судскиот случај, на една работничка од Куманово, којашто беше бремена и ги користеше времените мерки донесени од Владата, со коишто бремените беа ослободени од работа. Работодавачот и даде незаконски отказ, поради кршење на ред и дисциплина. Оваа работничка собра храброст и го тужеше работодавачот, со тужба поради работен спор и приватна кривична тужба и ја доби оваа битка, со што судот го усвои тужбеното барање, го утврди незаконитото постапување, со кои се повредени работничките права. Судот го поништи решението за откажување на договорот за вработување, како незаконито, вели Ампева. Посочи дека работничката, која одобрила да се објави информацијата е со цел да се охрабрат работниците, доколку се повредени нивните работнички права и да бидат одлучни и упорни во нивното остварување. – Да се обратите до соодветните институции, како и до „Гласен текстилец“ кој секогаш е на страната на работниците и секогаш достапен да даде помош и соодветно да ве упати при остварувањето на работничките права.Правдата е достижна, само е потребно храброст, одлучност и упорност, порача Ампева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-rabotnichka-od-kumanovo-ja-dobi-prvata-krivichna-presuda-za-krshenje-prava-vo-korona-kriza/feed/ 0
Гласен текстилец: Нејасни се и недоречени уредбите на владата, секој си ги толкува како сака https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilec-nejasni-se-i-nedorecheni-uredbite-na-vladata-sekoj-si-gi-tolkuva-kako-saka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilec-nejasni-se-i-nedorecheni-uredbite-na-vladata-sekoj-si-gi-tolkuva-kako-saka/#respond Wed, 08 Apr 2020 20:28:26 +0000 https://kurir.mk/?p=329431

Во вечерашната „Топ тема“ на Телма телевизија, Кристина Ампева од здружение на текстилните работници,Гласен текстилец, вели дека нејасни се и недоречени уредбите на владата и секој може да си ги протолкува како што сака, како и тоа дека истите не се прецизни. -Нејасни се и недоречени уредбите на владата и секој може да си ги протолкува како што сака, во случајов дел од работодавачите ќе ги изигруваат таквите уредби, вели Ампева. Таа критикуваше дека не видела ниедна уредба што се однесува на работниците, прецизно дефинирана и потенцирана, конкретно што се однесува на платата на вработените кои се под мерките, како хронично болните, бремените жени никаде нема колкава треба да биде платата за нив за месец март. Таа вели дека погрешно е толкувана уредбата дека владата наредила на работодавачите да им дадат право на вработените да искористат годишен одмор од 2019 година, за подоцна да испадне дека оваа одредба не важи за целиот приватен сектор, туку важи само за бремените жени, мајки ослободени со потврда и хронично болните лица. -Отказите треба да се проверуваат дополнително од Трудовиот инспекторат, затоа што не се работи за мали фирми, како што е случајот со фирмата од Скопје којашто има 200 вработени отпуштено, во АВРМ се депонира едно, а во најголем број случаи не им се издаваат на работниците изјавите или спогодбите што ги потпишале, истакна Ампева. Таа исто така истакна дека предложиле во конфекциите да се даде право да се користи годишен одмор за да не се отпуштаа работниците, и вели дека оваа одлука на владата важи само за јавниот сектор што е крајно дискриминирачки без да се побара мислење од синдикатите. Посочи дека во моментов, затоа што ги нема синдикатите, се вршат укинување на додатоци на надоместоци на плата за вработени коишто се на работните места во моментов, побара инспекторите да реагираат за таквите случаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilec-nejasni-se-i-nedorecheni-uredbite-na-vladata-sekoj-si-gi-tolkuva-kako-saka/feed/ 0
Остри реакции за случувањата во конфекцијата МГИ: Алармантна е состојбата со правата на работничките, државата мора да направи притисок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostri-reakcii-za-sluchuvanjata-vo-konfekcijata-mgi-alarmantna-e-sostojbata-so-pravata-na-rabotnichkite-drzavata-mora-da-napravi-pritisok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostri-reakcii-za-sluchuvanjata-vo-konfekcijata-mgi-alarmantna-e-sostojbata-so-pravata-na-rabotnichkite-drzavata-mora-da-napravi-pritisok/#respond Tue, 15 May 2018 10:18:05 +0000 https://kurir.mk/?p=54300

Остри реакции од јавноста за случувањата во конфекцијата „Маседониа гармет индустри“, каде што текстилните работнички ги немаат земено платите за март и април. Кристина Ампева од здружението Гласен текстилец во изјава за Курир вели дека ова што се случува со странските инвестиции во Македонија е алармантна состојба. -Ова е алармантна состојба која се случува со странските инвестиции во Македонија. Мора да се најде начин за да се исплатат задоцнетите плати, вели Ампева за Курир, додавајќи дека  државата мора да направи притисок. Таа појаснува дека на работничките им останува правдата да си ја бараат по судска постапка, што според Ампева, е скапо за нив, особено што тие се оставени без две плати, па не можат да си ги дозволат трошоците. -Не се знае и дали по судската постапка тие ќе си ги наплатат платите. Тоа е еден од проблемите со приватните фирми, вели Ампева. Од здружението Женски форум од Тетово, пак, посочуваат дека доколку во иднина текстилните работнички од МГИ организираат нов протест ќе им се придружат во борбата за своите права. -Сме против тоа жените на таков начин да се третираат. Се солидаризираме со сите жени кои обесправени. Во нареден протест би учествувале и ние како организација, вели за Курир Џане Крешова од здружението Женски форум од Тетово. Инаку, сопственик на конфекцијата МГИ е холанѓанецот Марсел Мелес, сопруг на професорката Синоличка Трпкова. Работничките на протестот во неделата се жалеа дека тој за време на состаноците викал по нив, им велел дека не знаат ништо да сработат и вината ја префрлал врз нив, велејќи им дека ги бива само за правење ајвар. За ова се огласи и новинарката Јорданка Ивановска-Јоци. -Зошто Марсел Мелес е интересен случај ? Прво, бидејќи Владата воопшто не реагира околу оваа социјална драма и неправда. А, второ, бидејќи е сопруг на професорката од ФДУ, Синоличка Трпкова, која со години, жолчно и со голема доза на горчина, пишуваше за криминалите на Никола Груевски и на улица протестираше за неправдите кон работниците, за шивачки, за работнички маки, за иселување на млади, за социјална правда. П.С: Заедно сме протестирале за обесправени работници. Јас, се` уште. Таа молчи, напиша Јоци на Фејсбук. Од друга страна, Трпкова во својата последна колумна објаснува дека недоволната продуктивност и лошата состојба на текстилната индустрија е причина за пропаѓањето на МГИ. -И директорот на фабриката и работниците остануваат без работа. Но исто така, и инвеститорите го губат тоа што го вложиле, зашто со инвестицијата преземале ризик. Во овој случај, за жал, сите изгубиле и никој не станал побогат, не купил „мерцедес“, куќи, станови, не бил на одмор на Хаваи, не отворил тајни сметки. Биле вработени 130 луѓе што издржувале семејства во изминатите девет години. И тоа е сиот „ќар” од вложената инвестиција и макотрпната работа. Тие работници стекнале вештини да произведат квалитетен производ, по светски стандард, напиша Трпкова во колумната.

На ова реагираа вработените кои велат дека биле добри работници 10 години и сега одеднаш не ја извршуваат работата како што треба, а се и навредени бидејќи излегува оти само тие се во ќар, а инвеститорот и сопственик во големи загуби. Работничките најавија дека ќе продолжат со протестите. Тие се подготвени да одат до крај и веруваат во правен исход, иако, како што нагласија, судските трошоци се огромни. Во врска со отказите што неодамна ги добија, се пожалија дека биле присилени да ги потпишат. -Ни ги пикнавте изјавите под нос, но да ги пишуваме своерачно, диктирани од вас: Јас таа и таа своеволно давам отказ од лични причини, потпис и дата денешна, кажуваше правничката. Дојдовме по отказите, ве баравме да излезете да ни кажете кога точно плата, господине Марсел, зошто три недели нѐ лажевте, парите се тргнати, патуваат, да легнат на сметка и ќе ве исплатам, рече поранешната работничка Моника Стојановска за време на протестот. Конфекцијата „Маседониа гармент индустри“ на нашиот пазар е точно 10 години. За дел од вработените, неофицијално, сопственикот е ловец на субвенции во државите каде што инвестира, а доказ за тоа им е и најавата за инвестиција во индустриската зона во Врање, соседна Србија. Мелес таму потпишува Мемурандум за соработка со ветување дека ќе вработи 500 вработени во текстилен сектор и оти ќе инвестира 1.3 милиони евра во период од 3 години. Вработените шпекулираат дека слична ситуација Мелес имал и во Тунис, каде претходно имал фирма за која користел субвенции и потоа наеднаш си заминал, но немаат доволно информации за тамошната фирма.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostri-reakcii-za-sluchuvanjata-vo-konfekcijata-mgi-alarmantna-e-sostojbata-so-pravata-na-rabotnichkite-drzavata-mora-da-napravi-pritisok/feed/ 0