крит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 13 Aug 2023 09:57:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png крит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Силен земјотрес од 4,9 степени на грчкиот остров Крит- опасност од лизгање на земјиште! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silen-zemjotres-od-4-9-stepeni-na-grchkiot-ostrov-krit-opasnost-od-lizgane-na-zemjishte/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silen-zemjotres-od-4-9-stepeni-na-grchkiot-ostrov-krit-opasnost-od-lizgane-na-zemjishte/#respond Sun, 13 Aug 2023 09:57:25 +0000 https://kurir.mk/?p=866206

Земјотрес со јачина од 4,9 степени беше регистриран претпладнево во југозападниот дел на грчкиот остров Крит, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до граѓаните да бидат внимателни поради опасност од лизгање на земјиштето, јави дописничката на МИА од Атина. Епицентарот на земјотресот е јужно од градот Ханиа, бил почувствуван во повеќе делови во конкретниот регион, меѓутоа без да предизвика проблеми. Од бројот за итни случаи 112 беше испратена порака до сите оние кои се јужно од градот Ханиа да избегнуваат опасни подрачја како што се карпи, кањони, поради опасност од лизгање на земјиштето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silen-zemjotres-od-4-9-stepeni-na-grchkiot-ostrov-krit-opasnost-od-lizgane-na-zemjishte/feed/ 0
Злоупотребувале жени, правеле лажно ин витро и нелегални посвојувања – на Крит разбиена криминална организација https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zloupotrebuvale-zheni-pravele-lazhno-in-vitro-i-nelegalni-posvojuvana-na-krit-razbiena-kriminalna-organizatsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zloupotrebuvale-zheni-pravele-lazhno-in-vitro-i-nelegalni-posvojuvana-na-krit-razbiena-kriminalna-organizatsija/#respond Thu, 10 Aug 2023 11:06:23 +0000 https://kurir.mk/?p=865463

Злоупотреба на жени во ранливи категории кои ги користеле како донори на јајце клетки или сурогат мајки, измами на пациенти преку лажни ин витро, посредување при нелегални посвојувања, се делата за кои се уапсени осум лица, членови на криминална организација на грчкиот остров Крит за вршење трговија со луѓе и нелегални посвојувања, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека од декември 2022 година, биле евидентирани најмалку 182 случаи на експлоатација на жени со отстранување на јајце клетки и сурогат мајчинство, а биле откриени над 400 случаи на измами преку лажни ин витро. Меѓу уапсените осум лица, две имале водечка улога од кои едниот е 73-годишен лекар и сопственик на приватна клиника, кој ја координирал и водел криминалната организација. Функционирале преку регрутирање жени од Крит, Солун, но и од странство, кои имале улога на посреднички и биле задолжени за пронаоѓање жени, странски државјанки кои се во ранливи положби за да ги искористат како донори на јајце клетки или сурогат мајки за „клиентите“ на организацијата од целиот свет, односно парови кои не можат да имаат деца или истополови парови кои законски не ги исполнуваат условите за посвојување. Од досегашната истрага на полицијата од декември 2022 година биле регистрирани: 71 жена – донатори на јајце клетки, 98 жени – жртви на трговија со луѓе, кои биле експлоатирани како сурогат мајки, 13 случаи на незаконски процедури за добивање дете преку програма за сурогат мајчинство, четири случаи на незаконски посвојувања, 400 случаи на измама или предизвикување физичка повреда на пациентите преку лажните ин витро во 2021, 2022 и 2023 година. Според полицијата, придобивката за криминалната организација за секоја програма за сурогат мајчинство вообичаено се движела од 70.000 до 100.000 евра, од кои 70 отсто е нето добивка. Во рамките на полициската акција биле откриени 30 жени, странски државјанки, кои или биле донори на јајце клетки или се трудници во процес на сурогат мајчинство. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zloupotrebuvale-zheni-pravele-lazhno-in-vitro-i-nelegalni-posvojuvana-na-krit-razbiena-kriminalna-organizatsija/feed/ 0
Земјотрес утрово на Крит https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotres-utrovo-na-krit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotres-utrovo-na-krit/#respond Thu, 03 Aug 2023 07:47:05 +0000 https://kurir.mk/?p=862851

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди грчкиот остров Крит. Земјотресот е регистриран во 4:18 часот во морето на околу 32 километри југоисточно од заедницата Гудура на источен Крит. Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotres-utrovo-na-krit/feed/ 0
Серија земјотреси го тресат Крит https://arhiva.kurir.mk/svet/region/serija-zemjotresi-go-tresat-krit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/serija-zemjotresi-go-tresat-krit/#respond Fri, 19 May 2023 10:13:55 +0000 https://kurir.mk/?p=836300

Во текот на ноќта во јужниот дел на грчкиот остров Крит биле регистрирани 12 последователни земјотреси со јачина од 3 до 4,5 степени, по синоќешниот земјотрес од 5,1 степени, според претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекас, јави дописничката на МИА од Атина. Лекас, кој заедно генералниот директор на Организацијата денеска се на Крит каде што одржуваат состаноци и ја следат ситуацијата, за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека последователните земјотреси помагаат да се смири феноменот и истакнува дека нема простор за паника. -Не можеме да правиме никакви предвидувања за тоа како ќе се одвива сеизмичката активност, но сепак сме во добра фаза. Но, граѓаните треба да знаат дека ова може да трае со денови, објаснува Лекас и додава дека не може да каже дали земјотресот од 5,1 степен бил главниот. Превентивно, со одлука на градоначалникот на општината во која беше епицентарот на земјотресот, денеска беа затворени училиштата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/serija-zemjotresi-go-tresat-krit/feed/ 0
Силен земјотрес вечерва на Крит https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silen-zemjotres-vecherva-na-krit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silen-zemjotres-vecherva-na-krit/#respond Thu, 18 May 2023 20:07:57 +0000 https://kurir.mk/?p=836045

Силен земјотрес доцна вечерва го погоди грчкиот остров Крит. Според информации на ЕМСЦ, јачината е 5,3 степени по Рихтер. Засега нема информации за причинета штета или повредени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silen-zemjotres-vecherva-na-krit/feed/ 0
Уапсени шест лица на Крит за нелегално поседување и продавање на ретки археолошки антиквитети во вредност од над еден милион евра https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-shest-litsa-na-krit-za-nelegalno-poseduvane-i-prodavane-na-retki-arheoloshki-antikviteti-vo-vrednost-od-nad-eden-milion-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-shest-litsa-na-krit-za-nelegalno-poseduvane-i-prodavane-na-retki-arheoloshki-antikviteti-vo-vrednost-od-nad-eden-milion-evra/#respond Wed, 19 Apr 2023 10:06:10 +0000 https://kurir.mk/?p=825408

Грчката полиција разби криминална организација на Крит која нелегално поседувала и продавала археолошки антиквитети, при што уапсени се шест лица, а откриени и запленети се над 90 ретки археолошки предмети, чија вредност надминува еден милион евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека криминалната организација постоела најмалку три години, била формирана од три лица, кои имале посебни улоги. Двајца биле задолжени за лоцирање на антиквитети и пронаоѓање заинтересиран купувачи и регулирање на деталите за завршување на нелегалната продажба, додека пак третиот ја проценувал културната и паричната вредност на античките археолошки предмети, поради неговите специјализирани знаења добиени од претходно професионално искуство. При претресите спроведени од полицијата биле пронајдени и одземени седум саркофази од Микенскиот период (1400-1300 п.н.е.), а во некои од нив имало коски, како и 88 керамички садови од истиот период, но и од каменото време. -Одземените антиквитети се оценети како особено ретки и нивната вредност се проценува дека надминува 1.000.000 евра, соопштија од полицијата. Уапсените лица биле изведени пред надлежното обвинителство, а полицијата трага по уште три лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-shest-litsa-na-krit-za-nelegalno-poseduvane-i-prodavane-na-retki-arheoloshki-antikviteti-vo-vrednost-od-nad-eden-milion-evra/feed/ 0
Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтер регистриран кај Крит https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotres-so-intenzitet-od-5-2-stepeni-spored-rihter-registriran-kaj-krit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotres-so-intenzitet-od-5-2-stepeni-spored-rihter-registriran-kaj-krit/#respond Tue, 14 Mar 2023 18:42:08 +0000 https://kurir.mk/?p=811930

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска западно од брегот на Крит, соопшти Националната опсерваторија на Атина. Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 18:36 часот по локално време, бил на 98 километри југозападно од островот Китера во Јонското Море, пренесува „Екатимерини“. Длабочината е проценета на 14 километри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotres-so-intenzitet-od-5-2-stepeni-spored-rihter-registriran-kaj-krit/feed/ 0
Земјотрес во соседна Грција – еве каде бил епицентарот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotres-vo-sosedna-grcija-eve-kade-bil-epicentarot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotres-vo-sosedna-grcija-eve-kade-bil-epicentarot/#respond Mon, 09 Jan 2023 08:35:58 +0000 https://kurir.mk/?p=784848

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди грчкиот остров Крит, а епицентарот бил северно од Ираклион. Земјотресот бил на длабочина од 14,4 километри, пренесува „Катимерини“. Засега нема извештаи за евентуална штета. Претходно, рано утринава во 06:12 часот на тоа подрачје биле регистриран земјотрес со јачина од 3,8 степени, а биле забележани и неколку послаби земјотреси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotres-vo-sosedna-grcija-eve-kade-bil-epicentarot/feed/ 0
Уапсени седум криумчари меѓу спасените 483 мигранти кај Крит https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-sedum-kriumchari-megju-spasenite-483-migranti-kaj-krit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-sedum-kriumchari-megju-spasenite-483-migranti-kaj-krit/#respond Sat, 26 Nov 2022 13:24:38 +0000 https://kurir.mk/?p=766880

Од брегот на Либија тргнал рибарскиот брод со 483 лица кои во вторникот беа спасени во близина на грчкиот остров Крит, а мигрантите платиле од 3.000 до 4.000 долари по човек за да стигнат во Италија, соопшти крајбрежната служба на Грција по спроведената истрага, во која се уапсени и седум криумчари, јави дописничката на МИА од Атина. Седумтемина уапсени криумчари биле меѓу спасените мигранти, а „при нелегалниот транспорт управувале со рибарскиот брод, долг околу 25 метри и имале различни улоги на бродот, кој поради вишокот на патници и недостатокот на средства за спасување живот, беше непловен“. По спасувачката акција, била спроведена и прелиминарна истрага од службеници на крајбрежната служба и полицискиот оддел од градот на Ханија на Крит со помош на службеници од Дирекцијата за безбедност и гранична заштита и во соработка со Мобилната канцеларија на Еуропол која резултирала со апсење на седум лица кои, меѓу другото, се товарат и за нелегален влез во земјата; помагање за нелегален влез во земјата; формирање криминална организација; изложување на лица на опасност итн и ќе бидат изведени пред јавен обвинител. Од крајбрежната служба на Грција додадоа дека ги анализира и обработува сите податоци и се истражува евентуална вмешаност на уапсените и во други случаи, како и можна нивна соработка со други членови на организирани мрежи за криумчарење мигранти. Спасените мигранти, од кои 336 се мажи, десет жени, 128 се малолетни момчиња и девет малолетни девојчиња од средата, привремено се пренесени и сместени во патничкиот брод закотвен на пристаништето во Палеохора во југозападниот дел на грчкиот остров Крит. Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис, веднаш по спасувачката акција испрати писма до потпретседателот на Европската Комисија Маргаритис Схинас и комесарката за внатрешни прашања на ЕУ Илва Јохансон и побара ЕК итно да интервенира за релокација на спасените мигранти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-sedum-kriumchari-megju-spasenite-483-migranti-kaj-krit/feed/ 0
Спасените 483 мигранти кај Крит привремено сместени во брод закотвен на пристаниште https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spasenite-483-migranti-kaj-krit-privremeno-smesteni-vo-brod-zakotven-na-pristanishte/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spasenite-483-migranti-kaj-krit-privremeno-smesteni-vo-brod-zakotven-na-pristanishte/#respond Thu, 24 Nov 2022 13:17:56 +0000 https://kurir.mk/?p=765892

Во брод наменет за пренесување патници и возила што е закотвен на пристаништето во Палеохора во југозападниот дел на грчкиот остров Крит привремено се сместени мигрантите, вкупно 483 лица, кои во вторникот беа спасени во морскиот дел јужно од островот, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека во спасувачката акција, 25-метарскиот рибарски брод со кој се пренесувале мигрантите, со помош на италијански рибарски брод и во придружба на патролен брод на крајбрежната служба, една фрегата и други рибарски чамци бил безбедно извлечен до пристаништето во Палеохора По спасувачката акција, вкупно 483 лица, од кои 336 мажи, десет жени, 128 малолетни момчиња и девет малолетни девојчиња вчера, привремено биле пренесени во патничкиот брод закотвен на пристаништето. Како што веќе објави МИА, министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис со писма до потпретседателот на Европската Комисија Маргаритис Схинас и комесарката за внатрешни прашања на ЕУ Илва Јохансон побара ЕК итно да интервенира за релокација на спасените мигранти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spasenite-483-migranti-kaj-krit-privremeno-smesteni-vo-brod-zakotven-na-pristanishte/feed/ 0