критериуми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 21 Nov 2020 13:04:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png критериуми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Д-р Ѓорчев: Без тим, без визија и критериуми – нема успешно справување со коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-gjorchev-bez-tim-bez-vizija-i-kriteriumi-nema-uspeshno-spravuvanje-so-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-gjorchev-bez-tim-bez-vizija-i-kriteriumi-nema-uspeshno-spravuvanje-so-koronavirusot/#respond Sat, 21 Nov 2020 10:51:50 +0000 https://kurir.mk/?p=432490

Министерот за здравство, Венко Филипче, нема стручен тим, нема визија и нема унифицирани, дијагностички и тераписки критериуми за справување со коронавирусот, оцени во петокот познатиот пулмоалерголог професор д-р Анѓелко Ѓорчев во емисијата „Што не е јасно” на Алфа телевизија. „Знаат ли македонските граѓани дека сме први во Европа, односно дека првиот центар за астма во Европа е основан на Клиниката за пулмологија во Македонија. Понатаму, трет национален консензус во светот после американскиот и англискиот имаше Македонија. И сега од први во Европа или трети во светот во справување со респираторни болести, сега имаме ли во оваа ситуација унифицирани дијагностички и тераписки критериуми за справување со оваа болест“, посочи д-р Ѓорчев. Истакна дека актелната Комисија која е најповикана за справување со епидемијата, досега презентира само планови, за кои Ѓорчев оцени дека се неуспешни. „Тие 78 пациенти кои починаа во домашни услови се токму резултат на тоа што немаме протоколи, немаме гајденси, немаме единствена стратегија. Зошто 200 невработени доктори седат дома?! Зошто две илјади медицински сестри седат дома. Со сите мерки се доцни?! А тој што е на чело, министерот за здравство, треба да има тим треба да има визија, треба да ја изменаџира кризната ситуација“, истакна д-р Ѓорчев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-gjorchev-bez-tim-bez-vizija-i-kriteriumi-nema-uspeshno-spravuvanje-so-koronavirusot/feed/ 0
Нов повик и нови критериуми за субвенциониран авиоперевозник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-povik-i-novi-kriteriumi-za-subvencioniran-avioperevoznik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-povik-i-novi-kriteriumi-za-subvencioniran-avioperevoznik/#respond Wed, 22 Aug 2018 10:08:57 +0000 https://kurir.mk/?p=90722

Владата усвои Уредба за начинот и критериумите со кои ќе доделува субвенции на авиокомпании за евтини авиолинии, како и Програма за определување финансии за таа намена за периодот од 2019 до 2021 година. Со тоа и официјално почна постапката за претстојното објавување нов повик за субвенции за авиокомпании кои ќе оперираат од скопскиот и охридскиот аеродром. Со новиот јавен повик, согласно со усвоената Уредба се предвидени измени во условите што треба да ги исполнат авиокомпаниите што ќе достават понуди, информира денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Авиокомпаниите ќе имаат обврска до 10 јануари следната година да воспостават база од најмалку еден авион на скопскиот или охридскиот аеродром за периодот за кој се доделува финансиската поддршка, а на кој аеродром сам ќе одлучи. Со претходниот јавен повик, што минатиот месец беше поништен поради административни пречки на единствената понуда од авиокомпанијата „Виз Ер“ беше предвидено задолжително воспоставување на една база на скопскиот и една база на охридскиот аеродром. Условите за новиот повик предвидуваат најдоцна до 10 јануари следната година авиопревозникот да започне со оперирање на најмалку две нови дестинации од аеродромот во Скопје и да ги опслужува за периодот за кој се доделува финансиската поддршка. Воедно треба авиокомпанијата што сака да добие субвенции треба да започне и со оперирање на најмалку четири нови дестинации од охридскиот аеродром, од кои првите две да ги воспостави до 10 јануари следната година, а останатите две во рок од една година по склучувањето на договорот. На секоја нова дестинација што ќе ја воведе авиопревозникот од аеродромот во Охрид претходните две години не требало да има редовна авиолинија. Потенцијалниот корисник на субвенциите е обврзан и доколку има постојни дестинации да ги опслужува и нив најмалку двапати неделно по која било од ИАТА-сезоните по однапред определен лет на летање за периодот за кој се доделува финансиската поддршка, а доколку ги зголеми фреквенциите за нив ќе добива субвенции. Сугарески најави дека по објавување на Уредбата и Програмата во „Службен весник“ ќе биде формирана Комисија за спроведување постапка за доделување финансиска поддршка која ќе биде објавена нов јавен повик во домашни и странски медиуми и на веб-страницата на ресорното Министерство во најбрз можен рок. - Целата постапка за доделување на финансиската поддршка ќе се врши јавно, фер и транспарентно, рече Сугарески, повикувајќи ги сите заинтересирани авиокомпании да се пријават на повикот и изразувајќи уверување дека ќе се избере авиопревозник кој ќе достави најдобра понуда и ќе ги исполнува критериумите. Сугарески во коментар на неговото очекување за повеќе авиокомпании на претстојниот повик, рече дека во изминатиот период имал сериозни средби со претставници на многу авиокомпании и оти дополнително ќе информираат за усвоената  Уредба и Програма. Такви средби ќе нема во периодот на траењето на јавниот повик, посочи Сугарески. Со субвенции од државата во изминатите шест години од македонските аеродроми оперира „Виз Ер“ и за таа намена има добиено 9,5 милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-povik-i-novi-kriteriumi-za-subvencioniran-avioperevoznik/feed/ 0