критична фаза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Oct 2020 16:01:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png критична фаза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рот: Се наоѓаме во критична фаза од преговорите за Брегзит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rot-se-naogjame-vo-kritichna-faza-od-pregovorite-za-bregzit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rot-se-naogjame-vo-kritichna-faza-od-pregovorite-za-bregzit/#respond Tue, 13 Oct 2020 16:01:53 +0000 https://kurir.mk/?p=415859

На помалку од сто дена до крајот на транзицискиот период за Брегзит, Европската Унија денеска уште еднаш го повика Лондон да се посвети на изнаоѓање компромис за да се избегне истапување од ЕУ без претходен трговски договор, јави дописничката на МИА од Брисел. Германскиот министер за Европа, Михаил Рот, кој претседаваше со денешниот состанок за општи работи на ЕУ, предупреди дека истапување од ЕУ без претходен договор ќе биде “болно за сите страни, но поболно за Обединетото Кралство“. -Се наоѓаме во многу критична фаза од преговорите, рече Рот на прес конференцијата по Советот за општи работи во Луксембург и порача дека никој не треба да го потценува ризикот од Брегзит без договор, затоа што во средина една од најголемите економски кризи во ЕУ, ова би значело сериозно уназадување за британските, како и за европските граѓани. Михаил Рот увери дека европската страна продолжува да преговара конструктивно и со целосен интензитет за да изнајде заеднички прифатлив компромис за двете страни, заснован на политичкиот договор постигнат минатата година, исто така, по макотрпни преговори помеѓу Лондон и Брисел. Тој ги повика Британците да преговараат во компромисен дух и нагласи дека европската страна веќе направила отстапки и е подготвена на други доколку тоа може да помогне да се постигне квалитетен договор кој ќе ги заштити правата на европските граѓани во Обединетото Кралство како и интегритетот на Република Ирска, членка на ЕУ. На 31 декември, Обединетото Кралство треба конечно официјално да ја напушти Европската Унија со завршувањето на транзициската фаза. Оваа фаза беше договорена минатата година за да им остави време на двете страни да ги финализираат најкрупните проблеми од договорот и да воспостават трговска спогодба. Но за сега напредокот во преговорите е блокиран.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rot-se-naogjame-vo-kritichna-faza-od-pregovorite-za-bregzit/feed/ 0